Кристал Палас е пред назначување на нов менаџер, а најсериозен кандидат за клупата на лондонскиот премиерлигаш е францускиот стратег Пјер Саж. Според најавите, преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и официјализацијата на соработката се очекува во наредниот период. Саж зад себе има успешна сезона на чело на Ленс, со кој го освои Купот на Франција и беше меѓу главните конкуренти во борбата за врвот на табелата. Неговиот тим забележа ...

Точно 1376 денови откако го одигра последниот меч во својата професионална кариера, Серена Вилијамс му се врати на тенисот, и тоа на терените во Квинс Клубот во Лондон. Големата грен слем шампионка се врати на тениските терени по пауза од четири години и тоа го направи во голем стил, односно играјќи заедно со 25 години помладата Викторија Мбоко. 44-годишната ветеранка во друштво на тинејџерката запиша победа на тревната подлога во Квинс ...

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, е во последна фаза од преговорите со Катарската кошаркарска асоцијација и ќе стане репрезентативец на таа земја. Според Харис Ставру од грчкиот „Спорт24“, кошаркарот на Панатинаикос ќе потпише петгодишен договор вреден 30 милиони долари и ќе стане натурализиран играч на репрезентацијата на Катар. „SDNA“ наведува дека на Нан му е понуден договор вреден 10 милиони долари, но според тој извор, МВП-то на ...

Сега веќе актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Вардар обелодени дека во изминатите десет месеци е водена правна битка со институциите при УЕФА во која што Вардар е обвинет, а потоа и е докажано како точно дека имал двојни фалсификувани договори со своите поранешни играчи Дарко Глишиќ односно Мартин Блажевски. Договорите потпишани од поранешна управа на клубот, се секако нелегални, и нормално дека не смеат да постојат како такви, ...

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со пораз од Азербејџан на домашен терен на „Петар Милошевски“ во Битола од 1-3 го заврши настапот во квалификациите за СП во лигата Ц. Гостинките поведоа со 0-1 со погодокот на Бакарандѕе во 8. минута од натпреварот. Само три минути подоцна нашите девојки успеаја да израмнат на 1-1 преку Мустафа. До крајот на првиот дел Азербејџанките постигнаа уште два гола (1-3), преку Молајева во 28. и ...

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е во контакт со Арсенал и се обидува да го обезбеди трансферот на италијанскиот репрезентативец Рикардо Калафиори. Идниот тренер на Кралевите, Жозе Мурињо, наводно изречно го побарал доаѓањето на Калафиори. „Специјалниот“ се враќа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ по реизборот на Флорентино Перес за претседател на клубот. Договорот околу преземањето на тренерската функција од страна на Мурињо е ...

Селекторот на узбекистанската фудбалска репрезентација Фабио Канаваро се запраша зошто тој и неговиот тим биле единствените кои биле подложени на интензивни безбедносни проверки кога пристигнале во Њујорк, САД, за пријателскиот натпревар затворен за јавноста против Холандија. Узбекистанската делегација пристигнала во Њујорк во понеделник, а поранешниот италијански репрезентативец Канаваро рекол дека му било кажано „тоа е правило“ откако ...

Претстојното Светско првенство во фудбал донесе многу промени на конечните листи на националните селекции, што веќе стана вообичаено пред големите натпреварувања. Иако некои фудбалери имаа одлични клупски сезони и беа лидери на играта во своите тимови, на крајот сепак не успеаја да освојат место меѓу патниците на Светското првенство. Причините за ова се различни – од преголема конкуренција на одредени позиции и тактичките идеи на ...

Продолжуваат промените на тренерски план кога станува збор за Серија А шампионатот. Денеска и официјално екипата на Аталанта му се заблагодари на досегашниот тренер Рафаеле Паладино. Тој повеќе не е кормилар на екипата. Сега, со овој птег, управата на клубот отвара простор да го промовира Мауруцио Сари за нов кормилар, како што е веќе најавено. Паладино инаку беше назначен во ноември 2025 година, наследувајќи го Иван Јуриќ. Имаше договор до ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на Милан во Скопје. „Овој спортски камп е убава и ретка можност нашите деца да се запознаат со филозофијата, дисциплината и вредностите на еден од најголемите и најтрофејни фудбалски клубови во светот. Можност да учат од врвни професионални тренери, да стекнат нови знаења и искуства и да ги направат своите први, но ...

Некои натпревари не завршуваат по последниот свиреж, туку остануваат во меморијата како рани што не зараснуваат. За Гана, таков е натпреварот против Уругвај во четвртфиналето на Мундијалот во Јужна Африка 2010. Поради епилогот од натпреварот, секое споменување на „Сокер сити“ во Јоханесбург буди гнев и неверување кај секој Ганец. ВИДЕОАНКЕТА: За која репрезентација ќе навиваат граѓаните на Мундијалот? Само еден пенал ги делеше „црните ...

Милан остана без тренери и без цел директорски тим по крајот на сезоната, а во период кога се очекуваат коренити промени во спортскиот сектор, целосно непосакувани се проблемите кои се јавуваат во вид на неуспешни позајмици. Великанот од „Сан Сиро“ ќе мора да носи одлуки за клучни фудбалери како Леао, Модриќ, Рабио и Мењан, па токму поради тоа, тројцата отпишани фудбалери од минатата сезона ќе донесат дополнителен товар за новите структури, и ...

Во групата Ф ќе играат Холандија, Јапонија, Шведска и Тунис. Лалињата се големо фудбалско име кога станува збор за Светските првенства. Сепак, веќе подолго време не се толку убедливи како во ерата на Кројф, Ван Бастен и Ван Нистелрој. Затоа не е исклучено да го испуштат првото место во групата Ф. Веројатно ова е најизедначената група на овогодишното Светско првенство. Нема јасен фаворит за првото место, но нема ниту изразен аутсајдер. ...

Фудбалерите на Чиле извојуваа победа над ДР Конго со резултат од 2-1 (0-0) во пријателски натпревар одигран во Франција. За Конго, ова беше генерална проба пред почетокот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, додека Чилеанците не се квалификуваа за овогодишниот Мундијал. Самиот натпревар беше многу негледлив и без многу возбудувања, а решавачкиот момент се случи во 52 минута. Тогаш Лукас Сепеда, напаѓачот на Елче, го постигна ...

Екс репрезентативецот на Буркина Фасо, Без Азиз Загре, почина на 27. годишна вораст од последиците од туморот на коленото. Талентираниот фудбалер ја заврши прерано кариерата минатата година, за да се посвети на лекувањето откако му беше дијагностицирана тешката болест. Иако тој имал операција, и туморот бил одстранет сепак, подоцнежната рехабилитација била неуспешна. Загре последно беше дел од рускиот второлигаш, тимот на Шиник Јарослав, а ...

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново потврди дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб Берат Имери и за новата сезона, односно тренерот кој обезбеди историски влез за тимот од Арачиново во фудбалската елита на Македонија останува на кормилото на дебитантот. Клубот преку соопштение ја потврди соработката со стратегот Берат Имери и за новата сезона. „Фудбалскиот клуб Шкендија 77 со особено задоволство ја известува јавноста, ...

Ливерпул се смета за фаворит во трката за ангажман на крилниот напаѓач на Спортинг Лисабон, Франсиско Тринкао, во текот на летниот преоден рок. Според португалските медиуми, Црвените се подготвени да ја активираат откупната клаузула на португалскиот репрезентативец, која изнесува 50 милиони фунти. Сепак, евентуалниот трансфер најверојатно ќе зависи од заминувањата од „Енфилд“ по доаѓањето на новиот менаџер Андони Ираола. Тринкао веќе има ...

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека испратил понуда од 150 милиони евра до градскиот ривал Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан Алварез. Флорентино Перез победи на неодамнешните избори и остана на чело на Реал Мадрид, а сега го оствари своето предизборно ветување. Тој претходно нагласи дека, доколку остане претседател, Реал ќе испрати понуда вредна точно 150 милиони во вторник за еден од најдобрите фудбалери во светот. Атлетико ја отфрли ...

Вардар доби значајно засилување во стручниот штаб пред почетокот на новата сезона. Нов физиотерапевт на „црвено-црните“ е Тоше Трајковски, добро познато име за вардаровите навивачи и човек кој веќе има оставено длабока трага во клубот. Трајковски се враќа во редовите на Вардар по неколку години, откако претходно беше дел од најуспешниот период во поновата историја на клубот, во ерата на Сергеј Самсоненко кога „црвено-црните“ доминираа на ...

Пред почетокот на квалификацискиот натпревар меѓу женските фудбалски репрезентации на Македонија и Азербејџан во Битола, беше организирана мала свеченост во чест на долгогодишната капитенка Викторија Панчурова. Панчурова денес го одигра последниот натпревар во дресот на македонската репрезентација, ставајќи крај на својата репрезентативна кариера по долгогодишни настапи и значаен придонес за развојот на женскиот фудбал во Македонија. Во знак ...

Играчот од средниот ред на Вардар, Давид Бабунски, со оптимизам гледа на иднината на клубот и смета дека „црвено-црните“ се движат во вистинска насока благодарение на новиот проект и амбициите што ги носи новото раководство. Искусниот фудбалер истакна дека Вардар има обврска да биде пример не само во македонскиот фудбал, туку и во спортот воопшто, поради својата историја, традиција и значење. „Вардар тргна во добар правец. Ние треба да бидеме ...

Убави вести пристигнуваат од општина Василево. По повеќегодишна пауза, ФК Василево повторно ќе биде активен и ќе се врати на фудбалската сцена, носејќи нова надеж за развој на спортот и младите во оваа општина. Враќањето на клубот претставува значаен момент за локалната спортска јавност, со оглед на тоа што ФК Василево во минатото беше препознатлив спортски колектив кој обединуваше генерации, создаваше пријателства и претставуваше гордост за ...

Новиот тренер на Вардар, Кристијан Фабиани, го одработи новиот тренинг со „црвено-црните“ и испрати јасна порака за амбициите на клубот во новата сезона. Аргентинскиот стратег истакна дека е задоволен од почетокот на подготовките и од односот на фудбалерите, нагласувајќи дека пред тимот стојат големи предизвици како на домашната, така и на европската сцена. „Задоволен сум. Играчите тренираат добро и подготвени се за работата што нè очекува. ...

Вардар веќе втор ден се подготвува за новата сезона под водство на новиот тренер Кристијан Фабијани. Аргентинецот го наследи Гоце Седлоски, кој ја презеде селекторската функција во репрезентацијата на Македонија. „Задоволен сум како се подготвени играчите и како се појавија на првиот тренинг. Имаме големи амбиции, зацртани цели, но ова е фудбал ќе видиме што ќе се случи во следниот период. Македонската лига е компетитивна. Лигата расте, но ...

Томас Тухел избра 26 играчи за Светското првенство и со својот избор предизвика лавина од реакции во Англија, од едноставна причина што надвор од списокот остави елитни ѕвезди како Фил Фоден, Кол Палмер, Трент Александер Арнолд, Хари Мегваер, Лук Шо и други. Германскиот стручњак се уште е предмет на разговор во англиската јавност и тоа посебно се интензивира пред премиерата која ќе ја има тимот на мундијалот, а во низата елитни имиња кои се ...

Два македонски одбојкарски селекции во јуниорска конкуренција ова лето ќе имаат квалификациски натпревари. Станува збор за селекциите до 20 години во машка и во женска конкуренција, кои во август во Софија и Сараево ќе бидат дел од балканските првенства кои ќе ја имаат и улогата на Зонски квалификации. „Овие две репрезентации се нашиот фокус меѓу младите репрезентации ова лето. Јуниорите ќе одат во Софија каде ги чека силен турнир од ...

Извршниот директо на Вардар, Миленко Неделковски, на брифинг со новинарите информираше дека клубот се соочувал со голем проблем и можно исфрлање од европските натпреварување поради лошото менаџирање на претходните раководства на клубот. По пријава на двајца фудбалери, Глишиќ и Блажевски, УЕФА покренала истрага за потпишување на двојни договори, па целиот процес траел десет месеци. „Десет месеци имавме процес со уефа, се однесува за ...

Вардар ги раскина договорите со напаѓачот од Уганда, Фангор Бајо и со Фаустин Сенгор, информираше извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски. Исто така нема документи за Ибрахим Олајсебикан кој може да си оди. Извршниот директор информираше и дека нема вистина во информацијата за ангажман на македонскиот репрезентативец Бојан Димовски, а во тек се преговорите за продолжување на соработката со Цветковиќ. „Имаме простор за уште еден до ...

Претстојниот Мундијал ќе го преокупира вниманието на светската јавност во следните месец и повеќе. Ретко кој нема да биде заинтересиран за случувањата во САД, Мексико и Канада, каде што ќе се одржи најсилниот фудбалски турнир на планетата годинава. Многумина прогнозираат, типуваат, гласно размислуваат, а за Спортспорт, тоа го прават дек од македонските фудбалски репрезенаттивци. Овојпат тоа е Никола Серафимов, стоперот на репрезентацијата на ...

Жорди Алба стави крај на играчката кариера и се одјави со освоен трофеј во МЛС Купот, а во период кога ужива во пензионерските денови, доста интерес привлече неговото гостување во подкатстот на Марио Суарез. Поранешниот играч на Атлетико Мадрид повикува голем број ѕвезди да бидат дел од неговото шоу, па така последен гостин беше извонредниот лев бек кој освои се што може да се освои во својата кариера. Алба се проби во фудбалската елита како ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.61
76%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
1.42
87%
1018
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
0.44
85%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
0.57
95%
1018
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
83%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.54
93%
1018
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
60%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.01
51%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.48
60%
1016
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
79%
1016
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
0.45
85%
1016
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.72
77%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.3224

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Платина

57324.78

Сребро

2269.46

Злато

139690.59

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Бакар

13.10

Паладиум

42535.44

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.46