Фудбалскиот клуб Вардар е казнет со 250.000 евра поради утврдени неправилности во работењето во текот на сезоната 2023/24, период кој се однесува на времето пред доаѓањето на новиот сопственик на клубот. Меѓу забележаните прекршувања кај УЕФА се наведуваат постоење на двојни договори со фудбалери, користење на фалсификувана документација, како и исплати кон играчи преку други правни субјекти и компании, практика која не е дозволена согласно ...

Вардар е казнет со 250.000 евра за незаконско работење. Како што информираше извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски на денешниот брифинг со македонските медиуми, актуелниот шампион спогодбено се договорил со УЕФА за казна од 250.00 евра и засилен мониторинг во следните три години, за незаконските дејствувања на администрацијата. „УЕФА не испитуваше десет месеци и постигнавме спогодба да платиме казна од 250.000 евра и да сме под ...

Египетскиот репрезентативец Јахја Омар ја продолжи соработката со Пари Сен Жермен, ставајќи потпис на нов договор со францускиот гигант. Омар и парискиот гигант ја продолжија соработката до јуни 2030 година, а од клубот истакнуваат дека задржувањето на Омар е дел од стратегијата за одржување на силен и конкурентен состав во наредните сезони. View this post on Instagram A post shared by Paris Saint-Germain Handball (@psghandofficiel) Омар, кој ...

Извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски на денешниот брифинг со македонските медиуми зборувајќи, меѓу другото, и за престојниот летен преоден рок истакна дека има голем интерес од клубови за капитенот на тимот Азер Омерагиќ. „Има голем интерес за ангажман на Азер Омерагиќ со првични контакти до нас до клубот, од клубови Кипар, МЛС во САД, Словачка, Уругвај, но засега нема официјална понуда на клупска адреса, и затоа не може да ...

Јувентус размислува да го ангажира поранешниот играч од средниот ред на Милан, Франк Кеси. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, играчот од Брегот на Слоновата Коска сè уште не го обновил договорот со Ал-Ахли кој истекува на 30 јуни. Саудискиот клуб му понудил на Кеси двегодишен договор вреден 12 милиони евра годишно, но играчот ја одбил понудата и ги прекинал преговорите. Приоритет на Кеси наводно е враќањето во Италија. Поради тоа, Јувентус, ...

Авиокомпанијата „Емирати“, со седиште во Дубаи, го продолжи спонзорскиот договор со Реал Мадрид на уште пет години, односно до 2031 година. „Реал Мадрид и „Емирати“ го обновија партнерството, така што најголемата светска авиокомпанија ќе остане главен спонзор на нашиот клуб до 2031 година“, соопшти мадридскиот гигант. Во соопштението не е наведена вредноста на договорот, но шпанскиот весник „АС“ пренесе дека станува збор за сто милиони евра ...

Црвена звезда денеска претстави неколку засилувања, а меѓу нив е и нашата голманка Јована Мицевска. Црвено-белите имаат амбициозен проект, не целат само кон доминација во домашното првенство, туку сакаат да направат исчекор и во европските натпреварувања. За македонската голманка ова е прв ангажман по епизодата во Слатина од Романија, а во изминатиот период направи пауза откако на пролет стана мајка и сега се враќа на терените. Претходно го ...

Фудбалската репрезентација на Узбекистан се соочи со големи непријатности откако пристигна во Њујорк, каде одигра пријателски натпревар со Холандија, во рамки на подготовките за Светското првенство. Азиската селекција се избори за историско учество на Мундијалот, но по пристигнувањето на аеродромот, беше изложена на детален претрес од страна на американската имиграциона полиција. The Uzbekistan national football team was thoroughly checked in ...

Ѕвездата на Реал Мадрид и капитен на француската репрезентација, Килијан Мбапе, даде интересни предвидувања пред Светското првенство во 2026 година, вклучувајќи ја и вечната дилема меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. За време на предизвикот каде што требаше да го избере играчот за кој верува дека ќе постигне повеќе голови на Светското првенство, Мбапе помина низ серија фудбалски ѕвезди и ги даде своите проценки. Французинот покажа голема ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино секако дека е во центарот на вниманието на светската јавност, ако се знае дека за два дена стартува СП. Познато е дека Џани понекогаш знае да биде и повеќе од театрален, сака да биде “главен“. Инаку во последните денови повторно е хит на социјалните мрежи откако ESPN ги потсети навивачите на интересна ситуација од егзибициски натпревар.Станува збор за настан стар неколку години, но реакциите се речиси ...

Познатиот новинар Фабрицио Романо известува дека Мурињо денес пристигнал во Мадрид за да ги мине формалностите околу договорот и за да се подготви за официјалната промоција, која најверојатно ќе се случи во четврток. Претходно беше објавено дека Мурињо потпишал тригодишен договор со Реал Мадрид, кој ќе важи до 2029 година. Мадридскиот клуб ја активираше клаузулата за откуп на тренерот во Бенфика во износ од 15 милиони евра. Според COPE, ...

Политиката на САД кој одредени нации предизвикува големо вниманание во пресрет на Светското првенство, па пред првиот натпреварувачки ден кој е закажан за задутре, мала непријатност имале Фабио Канаваро и неговите играчи од Узбекистан. Експедицијата на оваа репрезентација имала доста невкусно приземјување на територија на САД, бидејќи стручниот штаб и самите играчи добиле третман како да се криминалци. Узбекистанците предводени од ...

Тетово беше домаќин на „Денот на спортот“, единаесеттиот град во рамките на Плазма Спортските игри за млади, настан кој повторно донесе одлична атмосфера, насмевки и незаборавни моменти. На градскиот плоштад, повеќе од 500 дечиња имаа можност да ја почувствуваат вистинската магија на една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа. Плазма Спортските игри за млади оваа година одбележуваат значаен јубилеј, 30 години постоење, со ...

Серџо Скариоло ќе остане кошаркарски тренер на Реал Мадрид по една од најлошите сезони во поновата историја на клубот. Повторно избраниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да му даде втора шанса, пишува шпанскиот весник „Марка“. Само пет тренери добиле втора шанса во Реал Мадрид по сезона без освоен трофеј. Тоа биле Лоло Саинц (1982/83), Жељко Обрадовиќ (1995/96), Жоан Плаза (2007/08), Еторе Месина (2009/10) и Серхио ...

Колумбиската пејачка Шакира повторно ќе пее на Светско првенство во фудбал, а на церемонијата на отворањето во Мексико Сити таа ќе ја изведе официјалната химна на турнирот „Даи Даи“, која ја сними со нигерискиот музичар Бурна Бој. Шакира исто така ќе има краток настап и на финалето, настапувајќи за време на полувремето како дел од шоуто. Ова е четврто СП за Шакира во последните 20 години, таа ги пропушти само претходните две првенства во ...

Јарон Сиверт ќе биде нов тренер на Мелсунген и ќе го наследи Роберто Гарсија Парондо на клупата на бундеслигашот. Освојувачот на Бундеслигата со Фуксе Берлин ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб од сезоната 2027/28, а со клубот од северен Хесен потпиша договор до летото 2030 година. Раководството на Мелсунген реагираше на одлуката на актуелниот тренер Роберто Гарсија Парондо, кој уште во февруари го извести клубот дека по истекот ...

Градот покрај езерото и ова лето ќе биде во знакот на ракометот, откако од 18 до 22 август ќе се одржи јубилејното петто издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ – Охрид 2026. На турнирот ќе учествуваат осум екипи поделени во две групи, а љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат врвни натпревари и дуели меѓу етаблирани европски и регионални клубови. Група А: Охрид, Загреб, Замалек и Војводина Група Б: Вардар ...

Подготовките на англиската фудбалска репрезентација во Соединетите Американски Држави продолжуваат во необична атмосфера, откако по серијата безбедносни проблеми, тимот беше погоден и од силен земјотрес во близина на местото каде што е сместен. Според информациите, потресот бил почувствуван и во кампот на Англија, предизвикувајќи вознемиреност кај играчите и членовите на стручниот штаб. Иако немало повредени и не е пријавена материјална ...

Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, имаше три блокади во третиот натпревар од финалната серија против Њујорк, кои на крајот беа доволни за да урне голем НБА рекорд. Имено, Вембањама, играјќи во својата прва плејоф сезона, го зголеми својот вкупен број на блокади на 70, надминувајќи го рекордот на Дикембе Мутомбо за најмногу блокади во дебито во плејофот. Во 1994 година, Мутомбо имаше 69 блокади во 12 натпревари од плејофот. Денешниот ...

Тренерот на шампионот на БиХ, Борац Бања Лука, Винко Мариновиќ, е повреден во навистина бизарна несреќа. Тој изгуби два прста при косење трева. Според информациите од БиХ, Мариновиќ, кој е тренер на тимот каде настапуваат македонските ререзентативци Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, бил невнимателен додека косел трева, и загубил два прста. За среќа, ги пронашол отсечените прсти во тревата. Му била укажана помош и прстите му биле зашиени. ...

Заостанатиот меч од 12. коло на Општинската фудбалска лига меѓу Единство и Спартмани беше одигран за комплетирање на сезоната. Екипата на Балдовци забележа убедлива победа од 1:6 во Пиперово со што ги освои трите бодови. За Спартмани тоа беше триумф број осум оваа сезона и истата ја завршува на второто место, додека пак сега Интер Кукла заврши на третото место. Тимот на Единство од Пиперово со девет бодови сезоната ја заврши на претпоследното ...

Фудбалската репрезентација на Норвешка на оригинален и емотивен начин го одбележа пласманот на Светското првенство, нивно прво учество на мундијалската сцена по пауза од цели 28 години. Наместо традиционално тимско фотографирање, норвешките репрезентативци позираа во дресовите на клубовите во кои ги направиле своите први фудбалски чекори. Со овој потег тие им оддадоа почит на средините каде што започнал нивниот развој и на луѓето кои им ...

Норвешката фудбалска репрезентација на уникатен начин го прослави враќањето на Светското првенство. Цели 28 години чекаше Норвешка за повторно да биде дел од завршницата. Последен пат беа на Мундијалот во 1998 година, што значи настапот на СП 2026 ќе биде прво за нив во 21 век. Овој единствен момент, фудбалерите кои се повикани да бидат дел од националниот тим го прославија на посебен начин, со групна фотографија и тоа облечени во дресовите ...

Младиот фудбалер Никола Најдовски во новата сезона ќе има нова средина, откако 22-годишниот фудбалер потврди дека се разделува со прволигашот Тиквеш. Најдовски вели дека во овие 17 месеци бил максимално ангажиран, посветен и фокусиран за доброто на клубот. „Горд сум што го носев дресот на Тиквеш во изминатиот период. Во текот на овие 17 месеци бев максимално ангажиран, посветен и фокусиран за доброто на клубот, секогаш давајќи го својот ...

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија утрово пристигна во Аликанте, Шпанија, каде во петок и сабота ја очекуваат уште два настапи во годинешното издание на Европската лига 2026. По првите два убедливи порази на турнирот во Порто од Португалија и Унгарија, избраничките на селекторот Гавриловиќ ги очекува уште потежок викенд. Шпанија и Азербејџан важат за исклучително квалитетни селекции кои на првите турнири веќе ги ...

Иако сеуште не е официјално, сепак медиумите на Островот, но и во Европа, наголемо шпекулираат дека Пеп Гвардиола е во блиска пријателска врска со позната ТВ водителка. Станиува зборт за Натали Пајк пка им помогна на навивачите на Манчестер Сити да се збогуваат со нивниот менаџер, а потоа му сподели лична порака: „Те сакам, Пеп“. Двојката разви блиско пријателство откако често разговараа на каналот на клубот. Натали, поранешна манекенка на ...

Манчестер сити е блиску до финализирање на преговорите за нов договор цо хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиола, и покрај тоа што неговиот тековен договор важи до 2028 година. Англискиот шампион сака да го врзе 24-годишникот со долгорочен договор и со тоа да го обезбеди неговиот престој на „Етихад“. Реал Мадрид, Барселона и Баерн покажаа сериозен интерес за хрватскиот дефанзивец, но инсајдерот Бен Џејкобс известува дека сè ќе биде решено ...

Тенискиот свет повторно е на нозе – Роже Федерер се враќа на теренот на Отвореното првенство на САД како дел од специјален егзибициски настан што ќе се одржи во Њујорк на 25 август. Легендата на светскиот тенис, освојувачот на 20 гренд слем титули и човекот што го освои трофејот пет пати по ред во Њујорк, повторно ќе стапне на централниот терен на стадионот „Артур Еш“, за прв пат од 2019 година. Настанот наречен „Роже Федерер: Икона се враќа ...

Фудбалската федерација на Иран (ФФИ) соопшти дека предвидениот број влезници за нивните натпревари на СП 2026 се повлечени и од таа причина голем број навивачи на оваа репрезентација и покрај тоа што имаат организирано патување нема да можат да ги следат натпреварите. Во соопштението ФФИ истакнува дека бројни навивачи имаат резервации за карти за пат и резервации за сместување, но ќе останат без влезници за натпреварите. „На помлаку од три ...

Реал Мадрид потпишал договор со дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис, со важност до јуни 2030 година, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Миланскиот клуб ќе добие 20 милиони евра за трансферот на 30-годишниот холандски репрезентативец. На 20 натпревари од минатата сезона во Серија А, Дамфрис постигна 3 гола и имаше 1 асистенција. sportmedia.mk Реал Мадрид потпишал договор со дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис, со важност до јуни 2030 ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.61
77%
1017
weather icon

Белград

13ᴼ / 10ᴼ
1.42
88%
1017
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
0.26
85%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
0.99
95%
1018
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.53
86%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.56
89%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
62%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.39
48%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.48
57%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
75%
1014
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
0.89
87%
1016
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
0.8
86%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.3111

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Бакар

13.10

Платина

57324.78

Паладиум

42535.44

Сребро

2269.46

Алуминиум

3.46

Злато

139690.59

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00