43.п.н.е – Роден е Публиј Овидиј Насон, еден од најталентираните римски поети, пријател на Вергилиј и Хорациј. Во своите исклучително музикални стихови најмногу внимание и посветуваше на љубовта. Неговите дела се одликуваат со фантазија, со психолошко забележување, со духовитост и хомор. Умре во 17-та година на новата ера. 1413 – Умре англискиот крал Хенри Четврти, основач на династијата Ланкастер. На престолот дојде во 1399 година ...

Во брзиот и често бучен начин на живот, многумина забележуваат дека престојот во природа носи чувство на мир и олеснување. Доволно е кратка прошетка во парк, планина или покрај вода за да се почувствува разликата. Но, ова не е само субјективно чувство – природата навистина има конкретно влијание врз телото и умот. Намалување на стресот Една од најочигледните придобивки од престојот во природа е намалувањето на стресот. Кога сме опкружени со ...

Василиса Володина нагласува дека покрај материјалната благосостојба, секој знак во хороскопот ќе се развива духовно и емотивно и ја нагласува важноста за рамнотежа помеѓу духовните и материјалните вредности за долгорочна среќа. Рускиот астролог Василиса Володина открива дека за еден хороскопски знак следните 20 години ќе бидат низа од непрекината среќа . Овој знак, според неа, го напушта минатото со сите негови грешки и неуспеси и влегува во ...

Охрид, 21. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Alok ги здружи силите со Khalid на новиот сингл „Dive Into Me“, соработка што ја спојува електронската музика со современ R&B елемент и го потврдува нивното значајно меѓународно партнерство. „Dive Into Me“ се издвојува по својата продукција, каде препознатливиoт dance ритaм на Alok се среќава со топлиот и експресивен глас на Khalid. Резултатот е песна што ги балансира мелодијата и ритамот, создавајќи ...

Балканците се познати ,,весаљаци”, играорци, пејачи. Топли луѓе кои знаат да извадат пијалок и мезе на маса, да пуштат музика и да се веселат до зори. Правилото во поранешна Југославија гласеше отприлика вака: ,,Во Босна немој да пееш, во Србија немој да играш, а во МАкедонија немој ниту да пееш, ниту да играш, бидејќи тие, Македонците, тоа најдобро го прават. На социјалните мрежи се споделува видео од свадба во Србија на која најдобро е ...

Хартијата за печење го олеснува подготвувањето на храна со децении бидејќи спречува лепење, ја намалува потребата од дополнително масло и го поедноставува чистењето на садовите. Сепак, иако хартијата за печење е несомнено практична, сè повеќе се поставува прашањето дали е целосно безбедна за здравјето . Оваа хартија е направена од целулоза и дополнително е обработена за да биде отпорна на влага, маснотии и високи температури. Најчесто, таа е ...

Бизовачки бањи во Осиечко-барањската жупанија во Хрватска добиле необично лоша рецензија од една посетителка кој им дала оценка од два од пет. Причината за нејзиното незадоволство била навистина необична, врз основа на името на бањата, таа очекувала таму да види бизони, што, се разбира, не се случило. Имено, бањата го добила своето име од градот Бизовац, покрај кој се наоѓа. Во својата рецензија, незадоволната гостинка накратко објаснила ...

Животот во Скопје никогаш не застанува. Нашето секојдневие е постојан баланс помеѓу брзите состаноци, сообраќајниот метеж на Партизанска и оние скапоцени моменти на релаксација покрај Вардар. Сите сме биле во ситуација кога бучавата од градот ни го прекинува важниот повик или кога се обидуваме да направиме совршена фотка од ноќниот град, а добиваме само заматени светла. Со новата Samsung Galaxy S26 серија, технологијата престанува да биде ...

Кинески универзитет ги повика студентите да „уживаат во цвеќето и да се заљубат“ за време на пролетниот распуст, како дел од иницијативата на државата за поттикнување на младите да стапат во брак и домашна потрошувачка. „Сичуанскиот стручен колеџ за авијација објави на својот официјален ВиЧет („WeChat“) профил дека темата за пролетните празници (1 до 6 април), е „Гледајте цвеќе и уживајте во романтиката“, пренесуваат странските медиуми. ...

Џамбо се пофали на Фејсбук со забавата која ја приредил на една свадба во Германија. Македонскиот трубач со интернационална кариера, Џамбо Агушев во моментов е еден од најдобрите свирачи на труба во земјава и пошироко. Уште од многу млад неговите родители увиделе дека има огромен талент за овој инструмент и знаеле дека ќе стане исклучително успешен. Тоа и се случило, Џамбо денес има светска кариера каква посакува секој македонски музичар. ...

Норвешката престолонаследичка Мете-Марит жали поради своето пријателство со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин, кој ја „изманипулирал и измамил“, рекла денеска, во рамки на обидите да се спречи еден од најголемите скандали што го потресоа кралското семејство. Откако Министерството за правда на САД објави милиони документи поврзани со Епстин, беа откриени врските на покојниот финансиер со истакнати луѓе ширум светот, вклучувајќи го и ...

Клубовите за врескање, каде што луѓето се собираат за да врескаат како вид терапија за ослободување од стрес, стануваат сè попопуларни во САД, пренесуваат тамошните медиуми. Ограноците од „Клубот за вресок“ (Scream Club) во Сиетл и Чикаго споделија дел од своите сесии. Имено, групата луѓе којашто се собира во Западен Сиетл велат дека врескањето ги ослободува од нивните фрустрации, на пр. поради неодамнешно губење на работата, или стресот ...

„Твитер“ гори откако Бојан Јовановски-Боки 13 најави концертен спектакл во Белградската Арена. Откриено е дека неговиот концерт е закажан zа 12 декември годинава, а со истиот ќе одбележи 25 години кариера. На сцената ќе настапи оркестар од 30 музичари и хор од 100 луѓе, додека визуелниот концепт ќе се менува на секоја трета композиција. Во рамки на шоуто се најавени и бројни гости. „Една ноќ, 1000 спомени“ - најави Боки на својот инстаграм ...

Сместен на 2.700 метри надморска височина, темниот тунел Анзоб, долг 5 километри, ги поврзува двата најголеми градови во Таџикистан и, поради опасните услови, го носи озлогласениот прекар „тунел на смртта“. Замислете тунел во кој е целосен мрак, само светлата на автомобилот донекаде покажуваат што се наоѓа пред вас. Освен светлина, тунелот нема ниту вентилација. Ако некаде на средина мора да излезете од автомобилот, ќе останете без воздух. И ...

Тој побара на влезот на Општина Пустец да се постави информативна табла на македонски, албански и англиски јазик, на која ќе биде истакнато логото на општината со сонцето. Исто така, нагласи, дека истото лого треба да биде поставено и во салата на Советот на општината. „Според законот за локална самоуправа, пред влезот на институцијата и во салата на Советот треба да стои логото на општината. Во Општина Пустец, откако во 2018 година, ...

Маргита Стефановиќ Маги, клавијатуристка на групата Екатарина Велика, која според многумина беше првата и последна рок хероина од поранешна СФРЈ. Имаше само 43 години. Заминувањето на Црната принцеза, како што оваа икона на новиот бран и на рок музиката во осумдесеттите години ја нарекуваа фановите и музичките критичари, беше трагично – напуштена и заборавена од сите. И покрај нејзиниот професионален успех, Маги со години се бореше со ...

Секој маж сака да знае дали жената со која излегува е добра во кревет. Овие 8 знаци го докажуваат тоа. Луѓето често бараат брзи и лесни одговори на прашањето како да препознаат дали жената е добра во кревет. Но, вистината е дека повеќето популарни идеи за тоа се доста површни. Вистинската интимност ретко се одредува со надворешни гестови или научени сценарија. Многу поважно е како се чувствувате кога сте околу неа. Како се менува атмосферата ...

Царот Константин во Антиохија изгради соборна црква со особена убавина. Народот ја нарече Златна црква, заради позлатата однатре и однадвор и многубројните садови во црквата од злато и сребро. Царот ѝ подари на оваа црква голем имот за издржување на свештениците, чиј број во неа беше голем. Чувар на оние садови и на сите драгоцености во црквата беше Теодорит, свештеник со голема вера и ретко благочестие. Тогаш почна да царува Јулијан ...

Ако барате идеја за ручек што ќе ги воодушеви сите на трпезата, оваа грчка посна мусака е вистинскиот избор. Комбинацијата од тенко сечени компири, сочен модар патлиџан и богат доматен сос со лук и медитерански зачини создава јадење што мириса на сончевите улици на Грција. Подготвена во мали земјени тавчиња, оваа мусака добива посебна длабочина на вкус – секој слој се пече рамномерно, а соковите се задржуваат внатре, правејќи го јадењето ...

Ако барате десерт што е посен, здрав, миризлив и неверојатно вкусен – ова банана лепче со малини и свежо нане ќе ве освои уште од првиот залак 🍓🍃. Комбинацијата од природна сладост од бананите, киселкастите малини и освежувачкото нане создава вистинска експлозија на вкусови, додека темното чоколадо и протеинот му даваат длабочина и хранливост. Совршено за појадок, ужина или десерт – и да, ќе исчезне од чинијата за неколку минути! 🛒 ...

Доаѓањето на пролетта и променливите температури честопати носат здодевен проблем во нашите домови – влага во плакарите. Сигурно некогаш сте го отвориле вашиот плакар и вашата омилена маица мириса на „влага“, иако е чиста. Пред да потрошите пари на скапи освежувачи на воздух полни со хемикалии, пробајте ги триковите што ги користеле нашите баби, кои повторно се хит на социјалните мрежи. Чудотворна креда против влага Обичната бела креда што ...

Нашите социјални врски имаат големо влијание врз нашето здравје. Пријателите и семејството можат да ни дадат поддршка во тешки моменти и да поттикнат здрави навики. Сепак, не сите врски се корисни – некои може постојано да создаваат стрес и негативни ефекти врз телото. Нова студија објавена во списанието PNAS ги истражувала ефектите на тешките и стресни социјални врски. Истражувачите се фокусирале на луѓе кои ги нарекле „вознемирувачи“ – ...

Филмот и модата заедно создаваат визуелни приказни што остануваат во колективната меморија. Креативен Ден, настанот кој стана препознатлив македонски бренд, продолжува да биде сцена каде младите дизајнери го добиваат својот глас, а креативноста се претвора во искуство што се гледа и памети. Повеќе од 30 тимови од девет средни училишта и девет градови, ќе учествуваат во петтото јубилејно издание на овој уникатен едукативно-креативен моден ...

Јајцата не треба да се варат директно во вода – пареата ги готви рамномерно и спречува пукање.“ Оваа техника: • спречува пукање на лушпата • овозможува лесно лупење • дава кремаста жолчка и мека белка • го задржува природниот вкус Постапка чекор по чекор 1. Подготовка на јајцата • Јајцата ставете ги во сад • Додајте: • 1 лажичка сода бикарбона • 1 лажичка сол • Прелијте со вода и оставете 5 минути • Нежно истријте ги и исплакнете Ова помага ...

Денешницата е напната од утро до мрак. Парадоксално, никогаш не сме имале повеќе алатки за олеснување на животот, а никогаш не сме биле поуморни и постресни. Причините за оваа напнатост се повеќеслојни. Брзината на живот, постојаната изложеност на информации, несигурноста, како и притисокот „да се биде продуктивен“ создаваат состојба во која мозокот речиси никогаш не одмора. Дури и кога телото мирува, мислите продолжуваат да трчаат. Но, ако ...

Секој 22 март, православните верници го одбележуваат празникот Младенци, ден посветен на паровите кои се во првата година од брачниот живот. Овој празник, кој ја спојува христијанската традиција со древните обичаи на будењето на пролетта, е препознатлив по „младенчињата“ – посни колачиња што се премачкуваат со мед. Симболиката на овие медени колачиња е јасна – желбата заедничкиот живот на младенците да биде сладок и долг, исто како и пролетта ...

Потребни состојки За 1 кора (се печат 3 кори): • 4 белки • 5 лажици шеќер • 1 лажица брашно • 1 лажица лебни трошки (презла) • 4 лажици мелени ореви Прв дел од фил: • 500 мл млеко • 2 кесички ванилин пудинг • 5 лажици шеќер • 5 лажици брашно Втор дел од фил: • 12 жолчки • 80 мл вода • 150 г шеќер Дополнително: • 250 г путер • 175 г шеќер во прав • 100 г бела чоколада • 100 г црна чоколада • шлаг за декорација Постапка Подготовка на кори: ...

Смислата за хумор не е само талент, таа е комбинација од искуство, интелигенција, емпатија и храброст. Најчесто, најсмешните луѓе не се оние со најлесен живот, туку оние кои научиле да го гледаат светот од повеќе агли и да изберат да се насмевнат. Што вели психологијата, кои луѓе најмногу развиваат смисла за хумор и како општеството ги гледа? Еден од најчестите профили на луѓе со силен хумор се оние кои искусиле предизвици, загуба, стрес, ...

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл млако млеко 1 литар млака вода 70 мл масло 20 г свеж квасец 2 кг брашно 3 лажички сол За премачкување: 1 полна лажица цврст јогурт или кисела павлака 1 жолчка од јајце 1/2 чајна чаша вода 50-60 мл (ако јогуртот е густ) ПОСТАПКА: 1. Во поголем сад убаво измесете ги состојките потребни за тестото, ќе добиете меко и малку лепливо тесто, па оставете го да ферментира најмалку 2 часа. 2.Повторно премесете го ферментираното ...

Помина повеќе од еден месец по драматичното киднапирање на пејачот Даниел Кајмакоски, кој беше нападнат по настап во Белград, случајот сè уште нема епилог, пишува српски „Курир“. Во оваа прилика се огласи неговиот адвокат Бранислав Станишиќ, кој посочи дека истрагата се темели, пред се, на претпоставки, а не на цврсти докази. Според неговите зборови, одредени траги упатуваат на можноста дека во целиот настан биле вклучени лица кои во минатото ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
55%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
47%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
49%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
54%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.62
80%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
56%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
6.17
66%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
48%
1013
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
34%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
60%
1015
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.79
39%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
7.2
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Кобалт

66.14

Родиум

350443.14

Злато

166450.52

Платина

60154.05

Рутениум

56199.51

Калај

43.90

Алуминиум

3.18

Паладиум

45911.27

Иридиум

258288.78

Бакар

10.68

Цинк

3.07

Сребро

2840.84