Телевизискиот водител Огњен Амиџиќ по третпат стана татко. Тој денеска ја посети сопругата Мина Наумовиќ и нивната новородена ќерка Лола во породилиштето, каде што и двете се чувствуваат одлично. Амиџиќ откри дека моментот кога првпат ја земал ќерката во раце бил посебен и емотивен, особено затоа што по два сина, за првпат доби ќерка. – И Мина и бебето се добро, сè е во ред. Чувството кога ја држев Лола беше совршено. Првпат сум татко на ...

Георгина Родригез, вереница на Кристијано Роналдо, повторно е мета на критики поради изборот на облека. Овојпат, таа беше фотографирана во една црква во Шпанија, а коментарите на социјалните мрежи поради она што го носеше не изостанаа. На фотографијата, Георгина е облечена „едноставно“, со долга бунда и бели чизми со висока потпетица. Во описот на објавата напиша: „Посета на мојот Бог со мојата сестра“. View this post on Instagram A post ...

Далеку во Јужното Кинеско Море се наоѓа подводна дупка што ги остави научниците без зборови. Наречена Змејска дупка, оваа природна бездна нурнува речиси 300 метри под морската површина и се карактеризира со целосен мрак и исчезнување на кислородот. Се смета за еден од најдлабоките познати природни отвори на планетата, а вистинската мистерија лежи во животот што успева да преживее таму. Со длабочина од 301 метар и ширина од 162 метри, ...

Гледањето на омилената ТВ серија континуирано може да изгледа како безопасен начин за опуштање, но луѓето кои гледаат до степен на зависност имаат поголема веројатност да се чувствуваат осамено, покажува ново истражување. Студија објавена во списанието „Плос уан“ пронајде врска помеѓу осаменоста и зависноста од „прекумерно гледање“ (binge-watching addiction), што укажува дека некои луѓе може да ги користат телевизиските серии како начин за ...

Куќите во малечкиот град Нишеми, кој се наоѓа на Сицилија, остануваат несигурно да висат од карпите поради лизгања на теренот предизвикани од силни бура, потврди во вторникот шефот на италијанската агенција за цивилна заштита. Нишеми, со околу 25.000 жители во јужниот дел на Сицилија, се наоѓа на висорамнина која, според властите, постепено се урива. Повеќе од 1.500 лица беа принудени да се евакуираат. Зградите се надвиснуваат над длабочина ...

Навидум едноставна мапа споделена на социјалните мрежи повторно отвори стара географска тема - каде всушност се наоѓа „срцето на Европа“? Картата покажува радиус од 1.000 километри со центар во Прага, а резултатот изненади многумина, дури 36 земји се наоѓаат во тој простор. Важна стратешка позиција Иако станува збор за чисто географија, визуелната претстава силно потсетува на стратешката позиција на чешката престолнина. Прага е речиси ...

Оперската пејачка Наде Талевска привлече внимание со својата најнова фотографија објавена на социјалните мрежи, на која се појавува во значително поинакво, посмело издание. Во ултра кратка мини сукња и отворена маица, Талевска изгледа видно ослабена и самоуверена, а многумина коментираат дека тешко би ја препознале на прв поглед. Фотографијата доаѓа кратко по нејзината искрена исповед за приватниот живот, во која откри дека одамна е ...

Познатиот македонски водител се најде среде големо невреме во Америка со својата сопруга и детално раскажа што им се случува. Станува збор за Дамјан Дренковски кој со сопругата Александра живее во Њу Џерси последниве месеци. Тие се венчаа во септември минатата година. Во делови на Америка, светските медиуми најавија големо невреме поради што се непродни дел од патиштата и се затворени повеќе објекти. Но, водителот Дренковски на оригинален ...

Паркинзи бара да не се злоупотребува барањето за корекција на цени. Има 64 вработени и не станува збор за превработеност, велат од ова јавно претпријатие. Го пренесуваме нивното соопштение интегрално: ЈППЈЛП се оградува од ставовите кои злонамерно, популистички сакаат да го злоупотребат барањето за корекција на цени на услуги на јавните паркиралишта за прибирање на ситни политички поени за дневна употреба. Цените на ова претпријатие не се ...

Во организација на Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ денеска во Битола се одржа панел дискусија под наслов „Положбата на вработените во високото образование во РС Македонија“. Ректорот на Битолскиот универзитет проф. д-р Игор Неделковски истакна дека соработката со Синдикатот е како што доликува во академската сфера. „Синдикалното членство настапува академски, достоинствено, ги разбира проблемите што ги има ...

Некои луѓе имаат способност да ги почувствуваат работите пред да станат очигледни за сите. Нивната интуиција е толку силна што би можеле да се наречат астролошки пророци! Астролозите велат дека овие три хороскопски знаци се непогрешливо чувствителни на емоциите на другите. Ако мислите дека можете да скриете нешто од нив – со среќа! Тие имаат речиси натприродно чувство за луѓе, настани и енергии. РИБИ Рибите буквално ги чувствуваат емоциите на ...

Сè поекстремните временски услови сериозно го загрозуваат одгледувањето какао ширум светот, отворајќи прашања за иднината на чоколадната индустрија. Поради тоа, научниците интензивно бараат алтернативни култури што се поотпорни на климатските промени и би можеле да ја заменат оваа клучна суровина. Околу 60 проценти од светското производство на какао потекнува од Западна Африка, особено од Брегот на Слоновата Коска и Гана, региони со ...

Американката Џесика Фарингтон (46) од Тексас со месеци минувала низ низа проблеми, вклучувајќи ноќно потење, замор и необјаснето губење тежина, без да претпостави што се крие зад наизглед безопасните тегоби. Својата приказна ја споделила за да ги предупреди другите да не ја повторат нејзината грешка и навреме да ги послушаат сигналите што им ги испраќа телото, пишува „Mirror“. Симптомите ги припишувала на животни промени Џесика речиси една ...

Емотивна порака со посебен повод, ѝ испрати водителот Ненад Ѓорѓиевски на својата сопруга Горана. Таа го прослави својот роденден и тој на Инстаграм објави нивна заедничка рпмантична слика и до неа напиша: „Среќен роденден моја единствена“. Ненад Ѓорѓиевски е еден од нашите најпозитивни телевизиски ликови, а каков е на телевизија, таков е и приватно. Водител на Утринската програма на МТВ и на Радио. Но, најмногу е горд татко на близнаците ...

Имотот на Џин Хекман во Санта Фе најде купувач само 11 дена откако се појави на пазарот. Имотот од 53 хектари, со површина од 6,25 милиони долари, официјално беше објавен на 16 јануари од Тара С. Ерли и Рики Ален од „Сотбис Интернешнл Риалти“. Од 27 јануари, куќата беше објавена како куќа во исчекување на продажба. „Ќе има некои купувачи кои едноставно се спротивставуваат на купување имот каде што се случила смрт“, изјави Ерли за „Волстрит ...

Слушалките станаа неопходен дел од секојдневниот живот, без разлика дали ги користиме за слушање музика во теретана, подкасти на прошетка или за опуштање дома. Сепак, експертите предупредуваат дека оваа навика може да предизвика „неповратно оштетување“ на слухот, пишува Express.co.uk. Уште во 2015 година, студија на Ofcom покажа дека просечниот возрасен човек поминува осум часа и 41 минута дневно консумирајќи медиумска содржина или ...

Хјустон, 27 јануари 2026 (МИА) - Нова мапа на далечните галаксии со висока резолуција би можела да им помогне на научниците подобро да ја разберат мистериозната невидлива супстанција, позната како темна материја, којашто, се верува, го одржува универзумот. Темната материја ни впива, ниту испушта светлина, па затоа научниците не можат директно да ја набљудуваат. Наместо тоа, тие гледаат како нејзината гравитација ја искривува и свиткува ...

Повеќето сопственици на кучиња го забележале ова однесување – кучето грицка трева, а често веднаш помислуваат дека нешто не е во ред. Но, ветеринарката Никола Раус, која на ТикТок објавува под името „@drnicolerous.vet“, објаснила зошто кучињата го прават тоа и кога тоа навистина може да биде проблем. Во своето видео, Никола ги издвоила четирите најчести причини: Здодевност или љубопитност „Кучињата се природно љубопитни суштества и понекогаш ...

Речиси секој го пие заедно со ручек, а не сфаќа дека на тој начин го спречува согорувањето на мастите 2 цели дена. Сепак, има начини како како да го рестартирате метаболизмот. Консумирањето пијалаци кои содржат шеќер со оброк веднаш ги зголемува нивоата на инсулин на критични нивоа. Високиот инсулин е главниот биолошки прекинувач за блокирање на согорувањето на мастите во вашето тело. Колку пати сте посегнале по чаша сок мислејќи дека тоа е ...

Се наоѓа на само 20-тина километри од граничниот премин Деве Баир, и ако досега не сте ја посетиле, треба да го направите тоа веднаш, бидејќи третманите тука вредат за секој вложен денар. Станува збор за едни од најстарите и најмоќните бањи на Балканот, сместени во срцето на „градот на овошјето“, Ќустендил, вгнезден на крајниот запад на Бугарија. Овие терми, познати уште од времето на Римјаните под името Пауталија, се вистинска „природна ...

Како што нашите тела се менуваат, растат, се развиваат, губат мускулна маса, минуваат низ хормонални промени така се менуваат и нашите нутритивни потреби. Од најраниот период од животот до староста, експертите препорачуваат следниве упатства: Рано детство и училишна возраст Во најраниот период од животот, храната буквално го гради телото и мозокот. Децата имаат големи енергетски потреби, па затоа им е потребна хранлива храна. Ова значи дека, ...

Како што соопшти МНРиНТ, на настанот, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, одржал поздравно обраќање, при што оддал почит кон жртвите и денешните наследници на македонските Евреи, кои во1943 година биле присилно депортирани. Тој нагласил дека, како полноправна земја членка на ИХРА, македонската влада останува цврсто посветена на борбата против антисемитизмот, искривувањето на историските факти и ...

Номинациите за годинашните награди БАФТА се објавени, а филмовите „Една битка по друга“ (One Battle After Another) и „Грешници“ (Sinners) доминираат во главните категории. Во трката за најдобар британски филм, пак, се истакнуваат „Се колнам“ (I Swear), „Совозач“ (Pillion) и „Баладата за островот Волис“ (The Ballad of Wallis Island). Политички ангажираната серио-комедија „Една битка по друга“, во режија на Пол Томас Андерсон, освои вкупно 14 ...

Нова студија објавена во списанието Clinical Nutrition покажува дека значајните подобрувања на здравјето не зависат толку многу од тоа дали јадеме месо или храна од растителна основа, туку од исклучување на ултра-преработена храна. Сите сакаме да живееме долго, но што е со здравиот живот? Концептот „здрав животен век“ се однесува на годините што ги поминуваме во добро здравје, без хронични заболувања. Тоа е цел што многумина од нас ја делат, ...

Научната заедница повторно упати сериозно предупредување за состојбата на светот, откако таканаречениот „Часовник за судниот ден“ беше поместен на само 85 секунди до полноќ – симболичен момент што означува глобална катастрофа. Ова е најблиската позиција досега, што јасно укажува на зголемените ризици со кои се соочува човештвото. Експертите наведуваат дека главните закани доаѓаат од повеќе фронтови истовремено. Геополитичките тензии, војните ...

Манекенката и водителка Данијела Димитровска ја објави среќната вест дека се омажила за поранешниот фудбалер Јеврем Косниќ, кој е шест години помлад од неа. Јеврем Косниќ е роден во Сент Гален, Швајцарија. Иако ја започнал својата професионална фудбалска кариера во Србија, денес се занимава со сосема друга работа. На почетокот на својата кариера бил член на Црвена звезда, а потоа играл за ФК Рад и ФК Бежанија. Кариерата ја продолжил во ...

Актерката Мелиса Гилберт јавно се огласи по сериозните обвинувања за сексуална злоупотреба на деца упатени кон нејзиниот сопруг, актерот и режисер Тимоти Басфилд, опишувајќи го периодот како „исклучително тежок“. Ѕвездата на „Little House on the Prairie“ во понеделникот објави порака на инстаграм-профилот на „Modern Prairie“, лајфстајл компанијата што основаше во 2022 година, во која им се заблагодари на фановите за поддршката, пренесува ...

Во православниот свет, иконата на Пресвета Богородица не е само „слика“. Таа е жив дијалог. Но, за да го разбереме тој дијалог, мораме да ги познаваме симболите. Дали некогаш сте забележале дека на некои икони Исус, на пример, цврсто ја држи мајка си за рака, а неговата сандала паѓа од ногата? Тоа не е случајност, туку длабока теолошка порака. Секоја икона на Мајката Божја има специфични детали, од положба на рацете, облека до симболи кои ја ...

Голема животна исповед на Сашо Ристески, омилениот актер како кај помладата, така и повозрасната генерација Вечерва од 21.15 часот, на нашиот Јутуб канал ќе имате можност да ја гледате новата емисија „Кафе муабети“. Овој пат гостин ни е Сашо Ристовски, еден од омилените македонски актери како кај помладите, така и кај постарите генерации. Принтскрин/ Јутуб Сашо Ристовски е наш реномиран театарски, телевизиски и филмски актер кој својата ...

„Не бев истата личност. Единственото нешто што ме одржуваше во живот беа моите деца. Моите симптоми се развиваа бавно во текот на пет години. На крајот, бев само школка – едвај преживував, целосно исклучена и повеќе не бев сигурна дали воопшто сакам да продолжам“, ја започнува својата приказна Лорен Ловенштајн, позната како „Дамата на биотоксинот“ (The Biotoxin Lady), која поминала години борејќи се со необјаснети симптоми. Сè започнало во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
4.63
79%
995
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
94%
993
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
81%
1001
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.08
95%
999
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
98%
993
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
5.81
86%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
81%
996
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
91%
998
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
94%
995
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
7.72
67%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.93

Сребро

3688.87

Алуминиум

3.21

Калај

55.63

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Иридиум

209170.35

Цинк

3.29

Родиум

346424.29

Платина

83800.32

Злато

170453.38

Паладиум

64687.30