Репрезентацијата на Шведска со победа ја заврши главната фаза на Европското првенство и славеше со убедливи 34-21 над селекцијата на Швајцарија. Скандинавскиот тим покажа доминација на теренот и само рутински го потврди своето учество во натпреварот за петтото место на турнирот. Мечот започна со израмнета игра, Швајцарија се држеше во егал во првите 15 минути, но потоа сите параметри беа во корист на Швеѓаните, кои до крајот на првиот дел ...

Шведска се прости од своите навивачи во Малме со убедлива победа над Швајцарија од 34:21, ставајќи крај на една турбулентна главна фаза на Европското првенство. Иако сонот за полуфинале згасна претходно поради триумфот на Хрватска, актуелниот европски првак покажа достоинство и со триумф заминува за Хернинг. Сепак, на нивниот настап остана дамката од вчерашниот дуел со Унгарија, но сепак и тој подарен бод не им помогна да се вклучат во ...