Со комплетирањето на групната фаза, познати се осумте екипи кои одат директно во осминафиналето на Лигата на шампионите и ќе го чекаат својот ривал во елитата со еден меч помалку во нокаут-рундата. На табелата доминираат англиските екипи. Пет од осум екипи меѓу најдобрите доаѓаат од Островот. Тоа се Арсенал, Ливерпул, Тотенхем, Челзи и Манчестер Сити. Има по еден претставник од Германија, Шпанија и Португалија. 1. Арсенал 2. Баерн Минхен 3. ...

Согласно новиот начин на ждребување на УЕФА за плеј-оф фазата во Лигата на шампионите, по крајот на групната фаза познати се и сите учесници во нокаут-рундата во елитното друштво. Најдобрите осум одат директно во осминафинале, додека оние од 9 до 24 позиција играат 1/16-финале. Екипите се распоредени согласно позициите на табелата во Лигата на шампионите. Ждрепката за првата нокаут-фаза ќе се изврши на 30 јануари со почеток од 12:00 часот. ...