Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека со текот на времето, сите ќе се навикнат на системот „Безбеден град“. Како што вели, можно е во иднина, кога ќе се нормализира возењето, мерките да се ублажат. „Ефектите веќе се видливи и кога ќе го видиме ефектот – спасени човечки животи – сметам дека тоа вреди. Мислам дека со тек на време сите ќе се навикнат повнимателно да ги почитуваат ...

Во врска со изборот на Влада со Бадентерово мнозинство, Изет Меџити изјави дека не е убеден оти тоа е најдоброто решение, но додаде дека може да се разговара како идеја и темелно да се анализира со експерти од областа. Меџити во „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека „изборот на Влада со Бадентер не значи факторизација на Албанците, туку факторизација на неМакедонците“, што, како што нагласи, треба внимателно да се промисли, имајќи предвид дека во ...