
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Додека да се свртиш времето кога ќе треба да се донесат клучните одлуки за стратегијата за претседателските и парламентарните избори ќе дојде без да го забележиш. За двете главни политички партии ова време протекува како песокот во песочниот часовник. Изгледа многу, но по едно две обѕрнувањата гледате дека во горниот дел речиси не останал песок. Секогаш и секаде било јасно дека партијата што е на власт е во стратешка предност пред секои избори. ...
Хрватска на 1 јули ја одбележа, а може да се каже и ја прослави десетгодишнината од влезот во Европската унија. Тоа беше добра можност да се истакнат позитивните и негативните страни на тој настан, што го направија и власта и опозицијата. По тој повод, поранешниот (првиот) хрватски комесар во Европската комисија, Невен Мимица, изјави дека влезот во ЕУ е фаќање на „последниот вагон од последниот воз“ на пат кон Брисел. Хрватска отсекогаш се ...
Мојата „Бејби-бум“ генерација, родена во периодот меѓу 1946 и 1964 година, можеби најсоодветно треба да се дефинира како „генерација со најголема среќа“. Таа е првата што порасна без војна и најголемиот дел од тинејџерските години ги помина радувајќи се на слободата и перспективите во иднина. Ама немаше к’смет да продолжи да живее во уредена и нормална држава. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Доаѓа уште една „најлуда ноќ“! Традиционален дочек, во ...
Порталот на Бранко Геровски, Инфо Плус, ја разбрани јавноста, со информацијата, како што се наведува, поткрепена од анонимен извор на Министерството за здравство, дека, овој ресор “ има валкан план со цел др. Елена Ковачевска Башуроска, актуелна ВД. директорка на Кардиолошкиот центар во Охрид, да ја тргне од функцијата. На душа и се става тоа што не сакала, под партиски диктат и притисок, да прими, прифати префрлање на млад лекар, етнички ...
Македонските државни функционери конечно се зафатија да го решаваат хаосот и понижувањата кои ги трпат граѓаните поради наметнатиот рок до 12 февруари да ги сменат личните документи. Од власта сега решително велат дека се ќе направат само за доброто на граѓаните. Ама… Прво министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во ноември изјави дека процесот на менувањето „ќе заврши во наредните два месеца“. Најверојатно чекувајки народот да трпи, да ...
Изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп изгледа сериозно ги извади од патики асовите на ДУИ. Неговата директна порака до лидерот Али Ахмети, искажана во разгвор со него во четири очи, дека „по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар“, ги вознемири првите луѓе на оваа партија. Веројатно поради општата перцепција дека во овие две години ДУИ е ...
Историски гледано секогаш рудниците развивале населени места и во непосредна близина градови околу себе. Таков еден случај е рудникот Алшар. Постојат факти дека во 1978 година се случила средба на раководството на СФРЈ на која се дебатирало дали овој рудник да се даде на НАСА за Американците да го експлоатираат металот кој се наоѓал таму. Станува збор за лорандит, минерал на талиумот. Во близина на рудникот во кој се копало 5.000 години е ...
Пред речиси три децении темата помирување во Македонија беше отворена со колумна чиј наслов прашуваше: Кој со кого ќе се помирува. Долги години помирувањето е отворена тема и треба да добие научен и институционален карактер. Во поново време понуди за помирување во јавноста се испорачаа под услов. Помирување под услови може да настане само со диктатура. Ироничната реакција на јавноста ваквото државно уредување го нарече: ,,Помират’’. Најнапред ...
Понижувањето и малтретирањето на македонските граѓани околу ултимативното менување на личните документи уште трае. Долгите редици на мразот, нервозите, караниците, некому и му се слошуваше, одењата и по неколку дена по ред за да се стави во докуметните омилениот збор на власта – „северна“ не е нормална слика за организирано општество. Ова пред два дена конечно го виде и шефот на државата Стево Пандаровски. Тој побара да се одложи ултимативниот ...
Наближуваат парламентарните избори. Ќе се менувале извесни законски одредби за да се подобрел изборниот процес. Ама некако не се наоѓа сила за да се направи Македонија една изборна единици што ќе значи многу попрецизно отсликување на гласот на народот во самото Собрание. А, некако се бега и од едно друго барање на граѓаните – да се намали бројот на пратеници во македонскиот парламент. Одамна верглаат народните избраници дека е неопходна реформа ...
Принципите на општественото и на политичкото уредување, парламентаризмот, повеќепартискиот и претставничкиот систем веќе подолго време се во длабока криза и тоа не само во Република Северна Македонија, туку и во светот воопшто. Се прават обиди за наоѓање нови модели на уредување на таквиот политички систем, но некои нови значајни идеи сѐ уште нема. Значи, потрагата по алтернативи на современата демократија и на нејзините принципи е ширум ...
За разлика од Украина, за која на декемврискиот ЕУ-самит беше донесена одлука за почеток на преговори за членство во рекордно кус рок, Македонија остана да го чека стартот на нејзините преговори во сенката на барањето за „добрососедско“ внесување на бугарското малцинство во уставот. И Виктор Орбан се закануваше со вето, повикувајќи се на загрозените права на унгарското малцинство во Украина, но одлуката за отворање на украниските преговори сепак ...
Од пациенти да бараш и земаш пари и да ги условуваш е крајна мизерија, и тоа во државна болница со државни ресурси, сопственост на сите нас. И око да не ти трепнуе уште чалам со парите крадени, балканска психопатологија. А и на вас пациенти што им давате пари, исто срам да ви е, каде да иде тој што нема? За 48 часа би ве решил сите да ми дадат можност, незаменливост во медицина не постои, странец ќе донесам за пари да работи со хоштаплерајпт да ...
Плачот над судбината на загубената држава се слуша секој ден еве веќе две децении, а отрезнувачките зборови дека таа е тогаш спасена, речиси да ги нема. Всушност, ако некоја партија сака да добие на избори, мора да внимава да не ја негира позицијата на националистите. И тука СДСМ „трајно“ загуби, а ВМРО-ДПМНЕ „трајно“ доби. Пишува: Денко МАЛЕСКИ Првата интервенција во нашиот Устав ја направивме само дваесетина денови по неговото донесување во ...
Со динамиката на глобалниот свет во постојана промена, нашата држава се наоѓа на крстопатот на значајни економски и политички промени. Во текот на последните години, земјата се соочи со низа економски потреси, главно поради глобалните кризи и инфлацијата која го затресе светот. Соочена со намален економски раст и висока стапка на инфлација, Македонија стои пред серија предизвици кои бараат стратегиски и промислени одлуки. Но, 2024 година е ...
Страшо АНГЕЛОВСКИ Насловот на текстов е позајмен од насловот на една грандиозна двотомна книга, објавена пред точно 100 години, напишана од Освалд Шпенглер, а која го носи истиот наслов – “Залезот на западот“. Во неа, Шпенглер ќе запише: “…Има култури кои се расцветуваат и кои стареат, народи, јазици, вистини, богови, пејзажи, како што има и млади и стари дабови и борови, цвеќе, гранки и лисје. Но, нема човештво кое старее. Секоја култура има ...
Пренесено од Дојче веле Во мојата втора колумна за Дојче Веле, пред шест години, пишував за чеховската меланхолија со која последните години си заминував од престојот во Македонија. Кога денес зборувам со моите роднини и пријатели, ми велат дека сега е уште полошо. Порано барем имале надеж дека од Македонија еден ден ќе стане „саглам држава“. Ми велат дека сега се изморени и фрустрирани, зашто биле истрошени сите политички визии. Немало ...
Одгледан како филосемит и формиран со вградено сочувство за еврејските милениумски маки, кое го примив уште со мајчиното млеко, не можев ниту во кошмарен сон да претпоставам дека ќе доживеам Израел да биде официјално оптужен за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Но, вистина е: еврејската држава чиишто жители и предци настрадаа во геноцидот извршен врз нив во Втората светска војна, којашто е втемелена врз сеќавањето и поуките од ...
Толку ли е кусо нашето паметење? Слушам дебата на телевизија сношти, читам на порталите сабајлево и се прашувам: зарем никој не се сеќава дека холандскиот амбасадор советуваше да ја проголтаме „горчливата пилула“ и да го смениме уставот, да ги искористиме европските фондови за од земјата да направиме Швајцарија па да одбиеме да влеземе во Унијата „под бугарски диктат“? Паметиме само она што се случило дента или најмногу вчера и што политички ни ...
Да возиш по скопските булевари станува се поопасно. Бројот на сообраќајни незгоди станува се поголем. И за жал има се повеќе тешки последици поради тоа. На најпрометните булевари во Скопје какви што се „Партизански одреди“, „Борис Трајковски“, „Србија“, „Никола Карев“, „Јане Сандански“… не помага ни тоа што се работи за релативно добри сообраќајници на кои коловозот е јасно одбележан, а има и соодветни сообраќајни знаци и семафори. Пак таму има ...
Петар Поп-Арсов Годинава започна сосема нормално. Како и секоја претходна. Со скандал! Со инцидент, кошкање, тепачка, со терористички напад! Кој како милува да гледа на настаните. Има за сечиј вкус. Тоа беше еден вообичаен почеток на една македонска година. Случувањата во М-НАВ повторно ја обединија нацијата. Ако за ништо друго, барем вниманието ни го обединија во една точка за полесно да го поминеме празничниот вакум меѓу Нова Година и Божиќ. ...
“На новинарката Душица Мрѓа на 27 април 2017 во #Собранието и било повреденото правот на слободната миска и на слободата на изразување, #Државата не ја заштитила ниту пак и овозможила услови да си работи работата. Освен правата на новинарката, повредено е и правото на граѓаните да бидат информирани особено за настан од висок јавен интерес како #Насилствата во Собранието” – ова е само мал цитат од денешната расправа во #УставниотСуд за мојата ...
Современата демократска држава не може да функционира без политички партии. Од друга страна, доколку државата им се препушти на партиите без да се превенира сеприсутен клиентелизам, за последица може да имаме киднапирана демократијата и заробена држава. Оваа каузална но истовремено опасна врска е докажана преку низа примери во младите демократии на Југоисточна Европа, за жал и кај нас и кај нашите најблиски соседи. Во позадина на клиентелизмот ...
Добивај вести на Viber Борбата на водечките земји од ЕУ ќе биде да се сведе инфлацијата на посакуваната стапка од 2 отсто, но без да се влезе во рецесија. И тоа, според мене ќе биде успех, ако така, Европејците ја добијат битката Нека е среќна 24-та. Имено, оваа е четврта после пандемиската 2020-та, би додал. И така, во новава нема позитивни изненадувања, туку ќе преовладуваат наследени и надополнети кризи, а ништо спектакуларно. Глобалниот ...
Проблемите со либералниот концепт на безбедноста веќе извесен период се предмет на дебата на овој форум. Додека многумина што ја поддржуваат Украина навиваат за некаков пресврт, реалноста на терен е многу сурова. По сè изгледа, по неколку објави на темата овде, а по оние во „Њујорк тајмс“ и на „Политико“ за проблемите со производството, се чини дека новата 2024 година ќе биде мошне тешка и поразителна за либералните демократии во светот. Покрај ...
Фактите остануваат факти, без оглед на тоа колку креаторите на лагите се обидуваат да ги искриват или скријат! ЏАБИР ДЕРАЛА Оние што ги создаваат и шират лагите и манипулациите, потоа и живеат во нив. Живеат и во лагите на оние за кои работат. Тие живеат во имагинарниот свет на сопствените лаги. Тоа се нарекува самозалажување. Што е тоа? Стенфорд енциклопедијата на филозофијата[i] дефинира: „Самозалажувањето вклучува лице кое (а) како последица ...
Зошто сведочиме целосен морален распад и деградација во општеството? Во капиталистичките држави, звисноста на поединецот од следниот изработен час, за следниот залак за кој постојано стравува, е причина за изразен кукавичлак. Едновремено, желбите на една страна и немаштијата на друга, се одржувани да бидат постојано големи, што лојалноста кон државата (општественото/јавното) е лишена од секој морален основ. Во такви услови, лојалноста постои ...
Нема земја без проблеми, ама Македонија ги има премногу. Нема сектор каде нешто функционира. Образованието ни е одлично, на пример, освен што нема учебници. Да не правиме муабет за здравството (онкологија), транспортот (автопатот Кичево – Охрид …), екологијата (целосна загаденост на земјата), правда (нема корупција и има врвен Судски совет), внатрешни работи (ем дувло на злоупотреби, ем лесна замена на документите), земјоделство (постојано ...
Рацин може да е сврзното ткиво на сите нас, со реакциите кон серијата се покажа тоа. И крши едно табу кое е наметнато од некои десни сили дека не можеш да си комунист и Македонец во исто време. Комунизмот е космополитски и интернационален, но тоа можат некои други кои не им се загрозени ни историја, ни јазик, ни идентитет. Во моментот и леви и центар и десни треба да сме прво Македонци па потоа сѐ друго. Може Рацин да нѐ спои во еден тек на ...
Во последно време стана мода да се споредува американскиот претседател Џо Бајден во 2023 година со Џими Картер во 1979 година. Исто како што настаните од 1979 година му пресудија на реизборот на Картер следната година, се вели дека случувањата во 2023 година ефективно ја потонале кандидатурата на Бајден за вториот мандат во ноември. Многу очигледно, и Картер и Бајден се соочија со деморализирачки проблем со инфлацијата. Но, инфлацијата од ...