Листата на Форбс „Милијардери во реално време“ открива и дека уште живееме во капиталистички патријархат. На листата на милијардери од почетокот на 2025 нема ниту една жена во првите 16 милијардери кои „тежат“ над 100 милијарди долари! На листата од околу 250-тина милијардери кои тежат од 10 до 100 милијарди долари ќе наидете на неколку десетици жени, но убедливото мнозинство од нив го стекнале богатството како наследнички или преку развод. ...

Стандардното толкување на руско-украинската војна е дека тоа е „судир на култури“ што го спротивставува западниот либерализам на традиционалниот руски авторитаризам. Но, ова е длабоко погрешно. Далеку од тоа да биде традиционалист, Владимир Путин е само последниот во серијата убиствени модернизатори кои се протегаат од Иван Грозни и Петар Велики до Катерина Велика и Сталин. Кога од Сталин беше побарано да го дефинира болшевизмот во доцните ...