Низ процесот за исполнување на критериумите и решавање на пречките кои стоеја на патот, добиваме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, македонско. Како дома, така и во странство. Преведено без ограничувања на сите јазици во светот. Јазикот се користи слободно секаде, во ОН, НАТО, ЕУ, во сите официјални институции, активности и настани. Од држава со многу проблеми и ...

31/03/2024 08:48 - Либертас - +6

Ќе се обидам да укажам на неколку важни факти, а со цел да обопштам некои аспекти кој се нужни за нашата онтолошка сигурност како граѓани , но, тие се важни и за реалната безбедност на земјава. Прво, факт е дека и покрај извесното незадоволство од ЕУ ( без да навлегуваме во пуритански расправи за неа), сепак, огромното мнозинство или ¾ од граѓаните се со многу јасна поддршка ЗА членство на МКД во ЕУ. Значи, концептот за иднината на земјава е со ...

Слушам деновиве од еден малодушен сдсмовец дека некој од „Алфа“ се фалел дека ќе таманеле сѐ живо и диво од „бившата“ власт по победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во мај. Уплашен човекот, ситна риба, па не ја знае српската поговорка дека „врана врани очи не вади“. Пишува: Ана ПАНОВСКА Изборите се ближат. Си велам, ај малку да одморам, да соберам сили за денот потоа. Тој ден треба добро да ја проучам мапата на столчињата во новиот парламент, која ...

Васко Шутаров Се канев да пишувам нешто за животните промени кои се неминовност во нашите животи. Никој не успеал да го замрзне летото трајно и да ѝ забрани на зимата да дојде, никој не успеал да ја направи младоста вечна и да не ѝ дозволи на староста да затропа на врата, никој не успеал да изѕида доволно високи и цврсти бедеми кои би биле брана за брановите од културни, општествени или политички промени, кои исто така неминовно се случуваат, ...

Дојче веле Комисијата на ЕУ ги суспендираше исплатите на Агенцијата на ОН за помош и работа за Палестинците (UNRWA) на еден месец откако израелската влада обвини дванаесет нејзини вработени за соработка со радикалниот исламистички Хамас. Хамас, кој ЕУ исто така го класифицира како терористичка организација, го нападна Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и зеде околу 250 заложници. Терористичкиот напад предизвика голема израелска ...

Еден од главните акценти на законот е валоризација и категоризација со конкретни рокови, а тоа значи ревизија на целокупното културно наследство и почнување од почеток што се покажа како невозможно и несоодветно да биде предмет на закон, бидејќи валоризацијата му претходи на законот. Ова се само неколку главни недостатоци кои нанесоа многу штета. Пишува: Донка Барџиева-Трајковска, претседателка на Центарот за културно наследство Размислувајќи за ...

Содржина на која посебно сме горди во 2023 година е серијата колумни обединети под насловот „Надреден знак“ (#Умна мисла), што ја реализиравме во соработка со Europe House Скопје. Десетмина автори, интелектуалци со задоволство прифаќаа да бидат дел од оваа приказна, во која зборувавме за теми што се важни – екологијата, доброто образование, значењето на спортот, културата. Ви ги споделуваме сите десет колумни на авторите: Домника Кардула, Анита ...

Малкумина знаат дека најстарата илустрација на оваа химна потекнува од 13 век и се наоѓа токму кај нас, во црквата Св.Богородица Перивлепта во Охрид (1295 г.). Пишува: Донка Барџиева-Трајковска, претседателка на Центарот за културно наследство Во деновите во кои го славиме Христовото раѓање, христијаните со радост си спомнуваат на тајната и единствена вечер, кога Дева Марија во јасли го роди Господ Исус Христос. Како што вели Александар Шмеман, ...

И покрај декларираните стратешки „заложби“ на Министерството за култура за унапредување на родовата еднаквост преку програмата за интердисциплинарни проекти која треба да опфаќа проекти во кои се директно вклучени и родовите политики и родовите принципи, „Прво па женско“ – единствениот меѓународен интердисциплинарен фестивал во земјата кој ја промовира феминистичката култура и активизам, годинава повторно доби срамно намален износ на доделени ...

Креаторите на културата се резултат на политички популизам и клиентелизам, па од тука не изненадува фактот што теоријата на Дејвис кај нас е гнила во пракса, бидејќи имаме сиромашна уметност, застарена архитектура, политизирана литература, псевдонаука, клиентелистички институции, ниски морални и религиски вредности Пишува: Даниел Ѓорѓевски Американскиот социолог и културолог Кингсли Дејвис во голем дел од неговите научни трудови нагласува дека ...

Како поранешен пијанист, концертот само ми потврди колку силна пијанистичка класа имала Битола низ децениите, а и сега. А композициите што ја исполнуваа салата не беа само ноти, туку фрагменти од моето минато, како некакви акорди на спомени. Пишува: Љубица Ангелкова Во величественоста што ја има концертната сала на Офицерскиот дом, во изминатата среда, се најдов себеси не само како публика, туку и како некој што се вратил пред многу години ...

Умно.мк во соработка со Europe House Скопје ја креира рубриката „Надреден знак“ во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумна на теми што нè засегаат Пишува: Љупка Вртева, инженерка на годината 2023 во Словенија Колку се важни образовниот процес и независноста на образованието од државата и политиката? Онолку колку што се вредни сите луѓе што ја напуштиле својата држава и со својот потенцијал создаваат општо добро за друга држава. ...

Вработените во Бирото за развој на образованието реагираат на предлозите на ФИНКИ за дислоцирање на БРО и привремено решавање на нивниот просторен проблем. Ви го пренесуваме во целост: Бирото за развој на образованието (поранешен Педагошки завод на Македонија) е најстарата и најзначајната инстутуција во државата во чија надлежност е развојот на предучилишното, на основното и на средното образование, односно изработката на наставните програми, ...

Кога секој наставник би ја гледал паралелката како едно големо, прекрасно семејство, би имале многу подобро образование и посреќни деца Пишува: Маја Георгиева-Павловски, одделенски наставник, семеен и системски советник Во оваа колумна нема да говорам за моите професионални успеси, моето образование, дипломи и сертификати. Во оваа колумна ќе говорам за нешто што ја исполнува душата со мир, спокој и среќа. Нешто што не е поврзано со титулите, ...

Умно.мк во соработка со Europe House Скопје ја креира рубриката „Надреден знак“ во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумна на теми што нè засегаат Пишува: Радмила Живановиќ, психолог-гешталт психотерапевт, Психотерапика Менталното здравје е индивидуална и колективна одговорност. Она што го чувствувам лесно се прелева и влијае врз она што ќе го доживееш ти. Ние сме многу поповрзани отколку што можеби ќе дознаеме во овој краток ...

Колумна на Пеце Лозанов: Потребно ли е да го преиспитаме дизајнот и изградбата на патиштата, да се воведат иновативни материјали и стандарди и да се подобри контролата на квалитетот за да обезбеди отпорност на климатските влијанија и да се подобри безбедноста на патиштата? – Или секоја есен ќе пополнуваме дупки! Ние сме држава од централен Балкан која значително ги зголемува трошоците за патната инфраструктура (некои патишта наплатени и по ...

Ламбе Арнаудов НИТУ ЕДНА РАБОТА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ СА СЕ ЗАВРШИ, СÉ ДОДЕКА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ЈА ЗАВРШИ КАКО ШТО ТРЕБА. Од тука, на сите кандидати за пратеници на следните парламентарни избори ви посакувам да добиете МАНДАТИ. ВИЕ ТОА ГО ЗАСЛУЖУВАТЕ! Сите ние членови на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, истовремено сме горди но и благодарни што ни ја олеснивте работата без и најмалку двоумење да го избереме најдоброто од најдобрите. Убеден сум со вашата духовна ...

Очигледно е дека на граѓаните им требаат други (поинакви) партиски и политички „лидери“, а, пак, на „лидерите“ им требаат други граѓани, со оглед дека овие повеќе не се баш безлична маса што може во недоглед политички да се манипулира! Пишува: Ристе ЉУБОТЕНСКИ Како и сите претходни избори, и овие, „лидерите“ на политичките партии би сакале (и настојуваат) да ги претстават како „историски“! Можеби се историски, и прашање на „живот и смрт“ (се ...

Ние никако не можеме ни да насетиме, а уште помалку да знаеме – зашто тоа низ овие години се покажа невозможно – на што мисли оној од Водно кога вели дека „соживотот е наша најголема вредност“. И од кога тоа ифтарските вечери се „можност за негово продлабочување“ кога тие се ништо друго туку само добро смислен театар на „дружба“ на политичките врхушки и по некој „важен“ странец. Тука почнува и тука завршува тоа „продлабочување“. За жал, наместо ...

Мојата генерација беше родена само неколку години по најголемата катастрофа на дваесеттиот век, Втората светска војна. Често моите врсници денес повторуваат дека ние бевме среќни, затоа што растевме во време на долг мир, барем во Европа. Кога стигнавме на возраст на младинци, сознавме дека ниту светот што го сметавме за симбол за апсолутната модерност во уметноста и за стремежот за слобода и демократија во политиката, очигледно не може да постои ...

Почитувани читатели, денешната колумна ќе ја посветам на култниот објект, сместен во срцето на Градскиот парк Скопје, убавиот Кермес. Во изминатиот век Кермес претставуваше симбол на еден урбан живот за скопјаните и останатите граѓани кои милуваа да го почувствуваат духот на Кермес. Сеќавањата за овој угостителски објект ме навраќаат во најраниот период од моето детство. Во раните 50-ти години на минатиот мојот покоен татко ќе ме фатеше за рака ...

Веројатно се сеќавате на оној магичен стих од 1984 кога Дарко Рундек и „Хаустор“ пееја: „О-о-о ко ќе схватити то?/ Левица, десница, централно“. Левица, десница во тогашна Југославија, четири години по смртта на Тито? Изгледаше како нестварно. Тие стихови, години подоцна, по распадот на Југославија, во различни средини на поранешната федерација беа користени како своевидни апокрифи за случувањата во политиката, чудните сојузи и уште почудните ...

Во време кога претставниците на меѓународната заедница беа дочекувани во завојуваните републики со девизата дека нивните политичари се подготвени да умрат за татковината, јас, на смеа, им велев дека ние сакаме да живееме за Македонија. Некако, секогаш верував дека за умирање има време, сомневајќи се, притоа, во искрените намери токму на најгласните приврзаници на таа опција да умрат први. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од годините на ...

Димитар Грумар Новите технологии создадоа нови божества, со нови религии и нови заповеди. Досега знаевме само десет божји заповеди од севишниот создател на овој свет, а создателот на виртуелниот свет ја донесе и единаесеттата која гласи: Направи профил на свети Фејсбук! Новата религија има убедливо најмногу верници. Тие секојдневно се крстат или се клањаат пред св. Монитор, св. Лаптоп, св. Таблет, св. Мобилен и сите други свети икони од новата ...

29/03/2024 12:35 - Алфа

Ги следам анкетите пред изборите со кои се истражува расположението на гласачите во Македонија. На сите анкети како и во светот водство на претстојните избори му припаѓа на десниот центар. Бран кој го зафати светот со свртување кон традицијата од која се бара одговор на прашања во историски времиња. Сепак добар дел од анкетираните на последните истражувања одговориле дека се уште немат донесено одлука за кого ќе гласат на изборите. Во држава со ...

Полека се заокружува четиригодишниот мандат во кои владееа СДСМ и ДУИ. Многу работи останаа недовршени, а силно беа најавени. Многу работи од страна на нивните министри беа дообјаснувани, барани, повторувани… Една од најповторуваните работи беше – уставот мора брзо да се смени. Цело време се верглаше дека промената мора да се направи оти така барал Брисел, дека со тоа ќе се фатела кваката од влезната порта во ЕУ, дека… Еве и сега во ...

Зоран Спасовски Во одредени ретки извори, понекаде на интернет и главно во бугарски (и пак не во сите случаи) толкувања, старословенскиот јазик сѐ уште се нарекува старобугарски. На пр., многу често за Цар Самуил ќе се сретне: на староб‘лгарски: samoil7. Ова прашање веќе одамна е решено во славистиката. Се работи, се разбира, за терминот со кој се означува првиот словенски книжевен јазик. Еве само накратко да споменеме овде, во минатото имало ...

„Местото ви е во нашето европско семејство“. Најпосле и Босна и Херцеговина, според процената на европските бирократи во Брисел, заслужи да добие поддршка за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ. Уште во време на босанската војна се слушаа пораки на поддршка и охрабрување, дека местото на оваа земја, по завршувањето на воената агресија и крвопролевањата, е во европските интеграции. Оттогаш поминаа цели три децении. Нешто слично ...

Пишува: Стефан БОГОЕВ Почитувани граѓани, драги читатели, за многумина од вас ова можеби ќе биде чудна колумна. Несекојдневна, можеби на моменти двосмислена, но сепак искрена, а и вистинита. Ќе започнам, а верувам и дека ќе завршам со зборот “извинете”. Користењето на овој збор во нашето македонско секојдневие стана реткост, освен во случаи на културно обраќање некому во стилот: Извинете, слободно е седиштето да седнам? Така, скоро секојдневно ...

Јованка КЕПЕСКА Дали приодот кога се вложени како национални заложби за да се оствари идентитетот на македонскиот народ во слободната држава, означен со квалификацијата национален романтизам, останува и понатаму меѓник за признавањето на придонесите на поединците во нашата културна национална револуција? Дали поединците означени со таквиот квалификатив ќе останат и понатаму пострана во нашето историско паметење и без вистинско признавање на ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
1.03
24%
1003
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
2.06
28%
1003
weather icon

Загреб

32ᴼ / 31ᴼ
6.17
40%
1004
weather icon

Софија

35ᴼ / 34ᴼ
2.57
26%
1006
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
2.96
16%
1004
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
3.58
46%
1006
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
4.92
43%
1008
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
27%
1009
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
6.69
33%
1009
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 33ᴼ
2.06
28%
1006
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
6.17
36%
1002
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
29%
1009
Currency

61.56

Currency

52.8524

Currency

71.1471

Currency

34.5425

Currency

38.4843

Currency

65.8599

Currency

7.35727

Currency

0.67308

Currency

0.35593

Currency

0.52473

Currency

1.3085

Currency

0.61322

Алуминиум

2.61

Иридиум

145468.59

Кобалт

42.99

Никел

14886.50

Рутениум

25656.30

Калај

33.31

Сребро

1231.55

Злато

108253.31

Бакар

11.20

Паладиум

40349.19

Платина

46699.21

Родиум

186474.33

Цинк

2.78