
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Изминативе денови на многу прес-конференции и ТВ-емисии се изнесуваа многу вистини и невистини за пропаѓањето на 14 тендер за ПАХЕ „Чебрен“. Како директен учесник во истражувањата на физибилити студијата за „Проектот за интегрално уредување на Вардарска Долина“ и јас имам свој став и мислење, односно моја вистина. Во рамките на оваа студија секако спаѓаат и истражувањата на водотокот на Црна Река. Градењето нови хидроелектрани со стара техничка ...
РИБАРО Откако вевчанци и други граѓани реагираа на нападите од црковните великодостојници, кои се нафрилија со остри осуди за дел од маските што се претставија на овогодинешниот Вевчански карневал, Синодот на МПЦ, како што дознава АХА, на таен собор одржан во Бигорски манастир, решил да се извини, да ги послуша верниците и конечно, како што посочиле „црквата еднаш засекогаш да се доближи до народот“. За таа цел, како што известуваат изворите на ...
Американските актери и сценаристи во 2023 година се впуштија во штрајк, во кој еден од главните барања им беше да се регулира користењето на творбите генерирани од вештачката интелигенција. Најголемиот американски синдикат за актери (SAG-AFTRA) бараше поголема заштита при реплицирањето на лицата и гласовите на актерите со помош на вештачка интелигенција, додека сценаристите од САД здружени во синдикатот на сценаристите (WGA) бараа заштита од ...
Интересно во политичките анкети нарачани, скриени, нeнарачани, најавени или ненајавени, реални и не; најдебелата линија им припаѓа на т.н “неопределени” која со години наназад е константа. За неа сите се тепаат. Во тој опсег Дафа и Влатче, пред некој ден токму нив ги беа повикале да им дадат поддршка ( на ВМРО, де); но, овој повик како ќе го третираме : како започната кампања, или како несигурност и неизвесност за изгледите од нивен успех !? ...
Мојата најголема предност како социолог што работи 40 години е собирањето емпириски материјал, истражувањето врз основа на научни методи и проверувањето на заклучоците на други автори за темата што сум решил да ја обработам. Деновиве на безбројни ФБ профили во Македонија, како резултат на објавувањето на многубројните портали, беше објавен Извештајот од World Population Review каде што се наведува дека Македонија е на 108 место со IQ на ...
Во претходните изданија на списанието „Фокус“ спомнав две можни сценарија на Америка за изборите кои не очекуваат. Првото е Америка да се замеша со сопствено влијание врз исходот на изборите, типичното поведение на големите сили од памтивек до денес. Второто е да не остави самите да се вариме во сопствениот македонски сос. Што ќе одлучат е вон нашето влијание како држава. Конечно, затоа зборуваме за НАДВОРЕШНА политика. Информацијата дека ...
Има многу добри модели наоколу за да им се помогне на земјите во развој и на индустријализираните земји да изградат подобри демократски институции. Но, со своите неуспешни обиди да се подготви нов устав, Чиле нуди лекција за тоа што да се избегнува. Иако е една од најбогатите земји во Латинска Америка, Чиле сè уште страда од наследството на бруталната диктатура на генералот Аугусто Пиноче и историските нееднаквости. Земјата постигна одреден ...
Тема која многу малку се експлоатира на Запад е новата контраофанзива која Русија ја спрема во Украина. Ова можеби е и разбирливо ако се знае дека голем дел од мајнстрим медиумите веруваа или беа убедени во успехот на украинската офанзива се додека не стана јасно дека ситуацијата на терен ја издава целата пропагандна машинерија во тој контекст. Подготовката на руските сили за контраофанзива ќе даде ново светло во оваа бесмислена војна во која ...
Сиромашно момче од древна Индија по име Тхалиб пловел до градот Бавангар за да ги учи на писменост децата од богатите семејства. Ненадејно фатила голема бура и бродот се распарчил. Многу луѓе се удавиле. Тхалиб со надчовечки напори се обидел да спаси средовечна жена, но не му успеало. Во неговите раце му останал нејзиниот скапоцен ѓердан. На брегот тој обзнанил за ѓерданот и по некое време се појавил мажот на покојната. Сакал да го награди ...
Екстремно десничарската политичка групација за Идентитет и демократија (ИД) со 12,5 или 93 пратенички места се позиционира како трета по ранг во Европскиот парлемент, покажуваат последните испитувања на јавното мислење пред европските избори закажани за мај годинава. На четврто место е конзервативната група Европски конзервативци и реформисти. Првото и второто место останува и понатаму за Европската народна партија и Социјалистите и ...
Дали македонската јавност, или „јавност“, како сакате, во оваа веќе грозоморна колективна траума ќе се осмели да ја преиспита (и) сопствената одговорност за сите нешта што ни се случуваа(т)? И кога, и како ќе го направи тоа? На пример, за оваа „гасна комора“ во којашто континуирано нѐ држат, или за оние свирепи и бесмислени убиства на една млада 14-годишна девојка и 2-годишно девојче како врв на насилната хистерија што владее во државава, ...
Тогаш… Се дели американска помош. УНРА ја викаат постарите. Кој знае дали е правилно изговорено. Во секој случај во тоа време немавме основни познавања од англискиот. Во училиштата доминираа францускиот и рускиот јазик. На големите лимени кутии што личеа на цилиндри, цврст стисок на две раце како визуелен приказ за пријателството помеѓу американскиот народ со останатите народи во светот и нагласено присуство на американското знаме. Труманово ...
Почитувани читатели, во денешната колумна, редовно посветена на стечајот на Еуростандард банка, ве информирам дека наредниве денови ќе биде отпечатена и промовирана книгата колумни напишани за голготата со Еуростандард банка. Во книгата ќе бидат објавени сите мои колумни поврзани со стечајот на Еуростандард банка, објавувани изминативе 40 месеци. Книгата ќе ја издадам водејќи се од постулатите дека пишаната и отпечатена книга остава длабоки ...
За разлика од Украина, за која на декемврискиот самит на Европската Унија беше донесена одлука за почеток на преговори за членство во рекордно кус рок, Македонија остана да го чека стартот на нејзините преговори во сенката на барањето за „добрососедско“ внесување на бугарското малцинство во Уставот. И Виктор Орбан се закануваше со вето, повикувајќи се на загрозените права на унгарското малцинство во Украина, но одлуката за отворање на ...
Добивај вести на Viber Русија е кошмар за Западот. Веќе отворено се зборува за нејзина намера да води војна со НАТО. Се пишуваат најразлични сценарија. Реално ли е тоа или нереално, но личи како обид да се поттикне Западот да преземе нешто конкретно по “паузата“ во давањето оружје и пари на Украина. Пауза која уште трае. И во САД и во Европа. Заговорниците на ваквиот приод велат дека ако Украина ја загуби војната, тогаш на ред ќе дојде Европа. ...
Одгледан како филосемит и формиран со вградено сочувство за еврејските милениумски маки, кое го примив уште со мајчиното млеко, не можев ниту во кошмарен сон да претпоставам дека ќе доживеам Израел да биде официјално оптужен за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Но, вистина е: еврејската држава чиишто жители и предци настрадаа во геноцидот извршен врз нив во Втората светска војна, којашто е втемелена врз сеќавањето и поуките од ...
Наодите од „студијата“ за интелигенцијата на народите беа пренесени безмалку од сите медиуми во републиката, целосно некритички, без притоа да се направи напор да се истражи позадината на порталот и особено на авторите на методологијата и конкретната студија. Тони ПОПОВСКИ Измината седмица, македонската и албанската нација се разбудија „попарени“ од наодите на глобалното истражување за коефициентот на интелигенција на нациите, објавено на ...
Полека истекуваат мандатите на претседателот Стево Пендаровски и особено на премиерот Димитар Ковачевски кој за нешто повеќе од 10-тина дена ќе ја напушти владината фотелја. Но, иако се при крај со мандатот и двајцата засилено работат за доброто на Македонија. Еве на пример, Пендаровски веќе утре ќе патува во Давос, Швајцарија. Тој таму на 16 и 17 јануари ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум. Форумот има многу ...
Токму пред шест години пишував во мојата втора колумна за Дојче веле за чеховската меланхолија со која во последните години си заминував од мојот престој во Македонија. Кога денес зборувам со моите роднини и пријатели, тие ми велат дека сега било дури и полошо. Порано барем имале надеж дека од Македонија, еден ден, ќе стане „саглам држава“. Ми велат дека се изморени и фрустрирани, затоа што биле истрошени сите политички визии. Немало политичка ...
Убедувањето на повеќето политичари дека поседуваат отпор кон отстапувањата што позицијата може да ги произведе, е главно пропорционално на нивните амбиции. Колку е поголема желбата за моќ, толку е поголема убеденоста во себе и во сопствените одлуки. Пишува: Перо КОСТАДИНОВ Периодот околу новогодишните и божикните празници е време кога секој од нас размислува за тоа што поминало зад нас и за она што би сакале да се оствари во следната година. ...
Трката во вооружување на Балканот не престанува и покрај очајната економска и социјална состојба. Дел од причините се внатрешни, односно играње на картата на политика на стравот, придржување до старата филозофија дека единствена одбрана е воената, а соседите се милитантни, но и поради фактот дека војските се и натаму едни од најпрестижните институции (таму каде што граѓаните не веруваат во ниту една демократска институција, довербата е висока во ...
Верувам сите сте пиеле турски чај… и сте го земале здраво за готово, без особено да размислувате за него, сметајќи го просто како парче од чаршискиот пејзаж на Балканот, дискретно ехо на османските столетија. Но грешите, турскиот чај нема ништо заедничко со османската епоха на султани и паши, аги и бегови. Но со што има тогаш заедничко? Од Херцеговина до Кина Има со еден град покрај огромната река Јангце, за кој убеден сум дека сте чуле – ...
Нема никакво значење ако на следните избори дојде до промена на персоналните и партиските носители на власта. Ако политичката изолација во однос на ЕУ, од една, и дивеењето на криминалот и корупцијата, од друга страна, останат повторно наше политичко и општествено секојдневие, тогаш воопшто не ќе има смисла да се живее и работи во „оваа држава“. Пишува: Ристе ЉУБОТЕНСКИ Не е некоја политичка новост или мудрост што одамна не се знае дека ...
МУХАМЕД ХАЛИЛИ Не ми е намера во предизборието со некој критички осврт да влиаем на снижување на процентот на довербата на гласачите на било кој политичар, на тие кои сеуште не одлучиле за учество во било која трка а посебно на претседателот на државата Пендаровски, за кого сум гласал на последните претседателски избори и кој ми е ценет пријател. Сепак неговото изјаснување пред некој ден дека бил дел од групата која работела на подготвување на ...
Во врска со новите лични документи кои луѓето со уцени ги тераат да ги вадат, а на телефон нема шанси да се закаже, што е проблемот да се направи следното: 1. Автоматски МВР од базите да ги извади податоците на луѓето кои немаат продолжено ВАЖЕЧКИ документи. 2. Да им ги направат документите бесплатно (само тие кои имаат некоја промена да пријават) и да направат повеќе пунктови за подигање. Распоредот да биде објавен за да нема гужви. На пример ...
Скопје, европски град на некултурата 😣 Замислете дека сте странец и првпат го гледате Скопје. Ние сме изгледа навикнати, па не обраќаме внимание. Но, замислете дека сте странец. На Камениот мост, културно-историски споменик, има графити. Вардар не само што е каки боја, туку плива и цврст отпад по реката. Обраснато секаде. И ова е само еден поглед во ЦЕНТАРОТ на градот. Во каков свињарник живееме. Скопје, европски град на некултурата. ...
Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во својата последна колумна „Рудниците градат градови и држави“ се осврна на значењето на рударскиот сектор за земјава, а најави и докази за, како што ги нарече, агендата на манипулаторите кои наметнуваат активизам против отворањето на рудници со модерни технологии. Тој истакнува дека историски гледано секогаш рудниците развивале населени места и во непосредна близина градови околу себе. -Таков ...
Васко Шутаров Древниот стремеж за летање Долгиве јануарски ноќи се така податливи за будење на потребата од топлина и светлина, за будење на поривот за тивко разгорување на кандилцето во себе и поривот покрај домашното огниште да се соберат и гушнат најблиските околу себе! Овие долги јануарски празнични ноќи се и така податливи, интимно секој во себе да ја разгори и светлината и топлината и преку исконскиот стремеж за летање кон ѕвездената шир, ...
Колумна на Трифун Костовски Почитувани читатели, денешната колумна ќе ја посветам на градот Краков, некогаш главен град во средновековната историја на Полска, многу моќна држава која се протегала од Северното Балтичко Море, па сѐ до Црното Море на југ. Како човек сум вљубеник во полската култура, нејзиното културното наследство и историја. Но мојата почит кон оваа држава е уште поголема зашто ми овозможи да се изградам како силен стопанственик ...
Одговорот е: Да. Само треба да се прочита, а потоа и да се дејствува ЏАБИР ДЕРАЛА Кога правото се користи за дисторзија на процесите и постигнување на скриени цели во полза на поединци или структури на моќта – правдата и владеењето на правото исчезнуваат. Кога системот ќе се соочи со криминална и партиска окупација, тешко може да се извлече од тие канџи, особено ако: Знаете на што мислам? Ако одговорот е не, веројатно тука треба да го напуштите ...