Во првата половина од годинава, странските инвестиции во Албанија достигнале 760 милиони евра, или девет милиони повеќе споредено со истиот период минатата година, кога тие изнесувале 751 милиони евра. -Не само за туризам, Албанија стана магнет и за странците да инвестираат во земјата. Инвестициите главно се во недвижности, најмногу инвестирале Италијанците, Турците, Австријците и Холанѓаните, додека растечки интерес има и од Косово, Швајцарија, ...

Асфалтираат улици, местат бекатон плочки, ги поправаат детските игралишта, го одржуваат уличното осветление и ги чистат и менуваат филтрите на фонтаните… Компаниите се радуваат кога ќе добијат некаков тендер од државата или од општините, ама потоа не можат да си го наплатат сработеното, оти извршителите ни со прст не ги допираат нивните сметки. Повеќе од 15 години трае „битката“ на Стопанската комора на Македонија да се интервенира во Законот за ...

Модулот стартува на 21 октомври и е наменет за млади од 18 до 25 години, кои сакаат да стекнат знаење и вештини во области какви што се анализа на податоци, визуализација на податоци, анализа на внатрешни бизнис фактори и примена на вештачката интелигенција во бизнис секторот. Со модулот „Бизнис аналитика“ младите ќе научат како да ја искористат моќта на податоците и вештачката интелигенција за реални бизнис-решенија. „Наша визија е да им ...

Правиме сè за да ја подобриме поврзаноста со соседите, преку регионална соработка, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, говорејќи на панел-дискусија за енергетската транзиција и карбон неутралноста на конференцијата „Circular Gaia Symposium“ во Атина, презентирајќи ги проектите, иницијативите и приоритетите на нашата земја во енергетскиот сектор, јави дописничката на МИА од Атина. Министерката ...

Нуклеарен физичар од Принстон, машински инженер кој ѝ помогнал на НАСА да го истражува производството во вселената, невробиолог од Националните здравствени институти на САД, познати математичари и бројни експерти за вештачка интелигенција… Листата на истражувачки таленти кои ги напуштаат САД за да работат во Кина станува подолга и постојано расте. Најмалку 85 млади и етаблирани американски научници се приклучиле на кинеските истражувачки ...

Кинеската онлајн платформа за облека Шеин го најави отворањето на својата прва физичка продавница во Франција, врз основа на договор со сопственикот на стоковната куќа Сосиете де Грас Магазинс (СГМ). Продавницата во стоковната куќа БХВ во центарот на Париз ќе се отвори на почетокот на ноември, а продавници се планирани и во стоковните куќи Галери Лафајет во Дижон, Гренобл, Ремс, Лимож и Анже. Физичките продавници во Франција ќе бидат нов чекор ...

Социјално одговорниот пристап кон финансиската дисциплина и наплатата на побарувања доби нов облик во Македонија. Национална агенција за наплата (NAN), која е дел од Flex Group, денес го одбележа првиот роденден, со осврт на резултатите постигнати во првата година од своето работење. Основана како одговор на сè поголемите предизвици во наплатата на побарувања, NAN функционира како платформа што овозможува правна, но флексибилна и дискретна ...

Добивај вести на Viber Бројни предмети се запленети во текот на изминатата недела од страна на Царинската управа. Од оваа институција честопати споделуваат што се заплениле, но и покрај казните и одземањето на производите, граѓаните продолжуваат со обидите да пренесат разни производи без да ги пријават и без да платат царински давачки. - Во првиот случај, царинските службеници реагирале кога забележале лице кое се обидувало да префрли ...

Банката на Америка (BofA) ги зголеми своите прогнози за цената на бакарот, посочувајќи ги прекините во работата на дел од најголемите рудници во светот, но и зголемената побарувачка, бидејќи овој метал станува сѐ помалку достапен на глобалните пазари. Според најновите проекции, цената на бакарот се очекува да достигне просек од 11.313 долари за тон во 2026 година, што е зголемување од 11% во однос на претходната проценка, и 13.501 долари во ...

Привременото затворање на Октоберфест во среда во германскиот град Минхен значеше огромни загуби и за операторот на шаторот и за работниците. Како што објавија германските медиуми, затворањето на настанот само во еден од значајните големи финансиски одделенија. Затворањето на Октоберфест предизвикува загуби од околу 75 милиони евра по оператор. Препорачано Има значителна загуба и за персоналот. Келнерите и келнерките можат да заработат просечно ...

Сè уште не се собрани ни тутунот, ни грозјето, ни последните пиперки за ајвар, а земјоделците низ земјава веќе гледаат во небото – со трепет и со страв. Обилните дождови, првиот октомвриски снег и продолжениот пад на температурите најавуваат тежок месец за оние што останаа на нивите. Наместо во редовите меѓу насадите, дел од производителите веќе седат дома – беспомошно. „Сè ни отиде под вода. Тутунот е влажен, грозјето почнува да гние, а не ...

Добивај вести на Viber Во свет полн со краткотрајни блесоци, постојат вредности што не подлегнуваат на времето. Вредности трајни што се како дијаманти, врежани длабоко во сеќавањето на генерациите. Божиновски часовници и накит ја имаат истата мисија уште од самиот почеток – да ја препознаат и овековечат вистинската скапоценост. Таа мисија природно се сретна со фестивалот „Браќа Манаки“ – најстарото филмско чествување на Балканот и еден од ...

Јазот меѓу богатите и сиромашните во Германија расте и кај пензионерите – еден од пет пензионери има на располагање максимум 1.400 евра месечно, а друга петтина преживува со максимум 1.790 евра, објави Дестатис во четврток, информира ДПА. Спротивно на тоа, 20 проценти од пензионерите имаат најмалку 2.870 евра за живот. Статистичарите во пресметката вклучија само пензионери над 65 години – тоа се 16,5 милиони луѓе. Препорачано Тие користеа модел ...

Со нето-добивка по вработен од 600.000 денари (безмалку 10.000 евра) во текот на 2024 година компаниите од градежниот сектор се убедливи рекордери во Македонија во однос на овој показател за продуктивноста, анализира Блумберг. Податоците на Народната банка покажуваат дека нивната добивка по вработен лани била двојно поголема од просекот на целиот корпоративен сектор, кој изнесувал 300.000 денари (околу пет илјади евра) и е значително поголема од ...

Од понеделник, 6 октомври, Македонија официјално станува дел од Единствената зона за плаќања во евро (SEPA – Single Euro Payments Area). Овој историски чекор ќе им овозможи на граѓаните и компаниите во земјава да вршат и примаат плаќања во евро на ист начин како во земјите од Европската Унија и пошироко. Придобивки за граѓаните и компаниите: Поевтини: Надоместоците за трансакции во евро ќе бидат значително пониски во споредба со досегашните ...

Добивај вести на Viber Ø Отворен повик за новиот модул „Бизнис аналитика“ Ø Врвни експерти и ексклузивни предавачи Ø 3 недели напредна програма A1 Македонија продолжува со својата посветеност кон развојот на дигиталните вештини кај младите и го најавува модулот „Бизнис аналитика“ во рамките на својата едукативна платформа A1 Академија, која има за цел развој и унапредување на дигиталните и аналитички вештини кај младите. Модулот стартува на 21 ...

Конференцијата ДИГИ Пеј 2025 ги собира врвните бугарски експерти, банки и финтех компании за да дискутираат дали моменталните плаќања ќе ги заменат картичките, па дури и готовината. Додека паричниците на Бугарите се уште се преполни со банкноти, над 1 милион клиенти веќе се потпираат на трепкачки трансфери преку мобилен број. За само една година, нивниот број скокна за над 30%, а трансферите во 2025 година вредат речиси 500 милиони лева! Август ...

Министерството за финансии соопшти дека е исплатена нова транша од 1,2 милијарди денари (околу 19,4 милиони евра) од централниот Буџет кон Развојната банка, наменета за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании. Средствата се обезбедени под поволни услови преку унгарскиот заем и се дел од пошироката програма за поттикнување на приватните инвестиции. Со оваа уплата, вкупно 190,5 милиони евра веќе се трансферирани во економијата преку ...

Владата на Италија го усвои новиот буџет со дефицит од само 3 отсто од БДП за оваа година, што ѝ овозможува на владата на премиерката Џорџа Мелони да одвои повеќе средства за намалување на даноците и за одбраната. Според официјалното соопштение, дефицитот се очекува да се намали на 2.8 отсто во 2026 година, а потоа на 2.6 и 2.3 отсто во наредните години. Растот се предвидува да биде само 0.5 отсто во 2025 и 0.7 отсто во 2026, додека јавниот ...

Во 2015 година, Винер Лајф заедно со ВФП Фонд Менаџмент, го создаде првиот Unit Link производ на македонскиот пазар – иновативен спој на животно осигурување и инвестирање во реномирани светски компании. Денес, една деценија подоцна, резултатите се следниве: – Над 12.000 склучени Unit Link полиси – Пораст на Фондот ВФП Премиум Акции за 103% Unit Link останува пример за модерен и сигурен финансиски инструмент кој комбинира заштита и можност за ...

Инфлацијата во еврозоната во септември се зголеми на 2,2%, што ја надмина прогнозата на Европската централна банка и ги зголеми изгледите дека каматните стапки ќе останат непроменети подолго време. Зголемувањето се должи на поскапи услуги и побавното намалување на трошоците за енергија. Особено загрижувачки е растот на цените на храната, кој ја надминува вкупната инфлација и продолжува да ја намалува куповната моќ на граѓаните. Во некои земји, ...

Компанијата за развој на вештачка интелигенција (ВИ) Open AI достигна проценка од 500 милијарди долари, според нејзината последна проценка, што ја прави највредниот приватен стартап во светот. Со тоа, ја престигна компанијата SpaceX во сопственост на Илон Маск, која претходно беше проценета на 400 милијарди долари. Препорачано Таков силен скок на проценката се случи откако сегашните и поранешните вработени продадоа акции на инвеститори во ...

На европските берзи утрово цените на акциите достигнаа нови рекордни нивоа, што најмногу се должи на растот на рударскиот и банкарскиот сектор. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 проценти во 9:30 часот наутро, на рекордни 569 поени, и е на пат кон својот најголем неделен раст од април. Во исто време, лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,32 проценти, на 9.457 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,28 проценти, на ...

Вредноста на глобалните спојувања и аквизиции (M&A) во третиот квартал од 2025 година достигна 1,26 трилиони долари, што е раст од 40 проценти во споредба со истиот период минатата година. Тоа е еден од најсилните квартали во последната деценија, објавува Ројтерс. Сепак, додека вредноста на зделките расте, бројот на трансакции е на рекордно ниско ниво – склучени се само 8.912, најмалку во последните 20 години за третиот квартал. Препорачано ...

Владата на Гана, втор најголем производител на какао во светот по Брегот на Слоновата Коска, денес објави зголемување од 12,3 проценти на цената што им се плаќа на производителите за сезоната 2025/26, објави Франс Прес, пренесува БТА. Зголемувањето на светските цени и напорите за подобрување на животниот стандард на земјоделците беа наведени како причини за овие акции. Препорачано Цената што им се плаќа на производителите ќе се зголеми од ...

На покана на Фондацијата IFRS Лондон, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) за првпат ја претставуваше Северна Македонија на глобалната конференција „Глобални поставувачи на стандарди“ (World Standard-setters Conference), организирана од страна на оваа реномирана глобална фондација. Конференцијата, која важи за најпрестижен светски настан посветен на меѓународните сметководствени стандарди, обедини повеќе од 130 делегати ...

Добивај вести на Viber Што се случува кога ќе се соберат тимови од пет различни држави, секој со своја култура, пазар и искуство? Ако ги слушате разговорите, погледнете насмевките и идеите што се разменуваат ќе сфатите дека не зборуваме само за конференција, туку за создавање на заедничка визија. Третата годишна продажна конференција на Flex Credit Босна и Херцеговина не беше класичен собир за презентација на резултати. Беше доказ дека кога ќе ...

Не размислуваме за запленување на руски имот запленет во ЕУ, изјави портпаролот на Европската комисија во врска со предлозите за користење на руски државен имот во корист на Украина. Фактот дека Русија се подготвува да заплени странски имот со забрзано темпо покажува дека санкциите на ЕУ функционираат, коментираше тој. Според него, релевантниот декрет на рускиот претседател Владимир Путин се однесува на приватен странски имот, додека ЕУ ...

Акциите и валутите на пазарите во развој се тргуваат со малку промени, бидејќи затворањето на американската влада ги одложува објавите на економски податоци и ги принудува глобалните инвеститори да направат пауза. Индексот MSCI за валути на пазарите во развој се намали за 0.1отсто, додека индексот што ги следи акциите од земјите во развој останува стабилен. Тајландскиот бат заостанува зад другите валути, бидејќи трговците се подготвуваат за ...

Неизвесноста на американската економска политика го забавува кредитирањето на компаниите во Еврозоната, според анализата на група економисти објавена денес на блогот на Европската централна банка. Анализата покажува дека шоковите на американската политика го намалуваат растот на новите кредити за фирмите во Еврозоната за околу 0,5 процентни поени, а ефектите се развиваат во текот на две години- пренесе Телеграф. Препорачано Банките со послаба ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
88%
1017
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
78%
1019
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
100%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
60%
1018
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.56
86%
1019
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
80%
1018
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.47
72%
1018
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1016
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
3.09
87%
1018
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
80%
1018
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
68%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056