Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Инфлацијата во еврозоната забрза во септември, зацврстувајќи ги плановите на Европската централна банка (ЕЦБ) засега да ги задржи каматните стапки непроменети,. Препорачано Откако во август се совпадна со целта од 2 отсто, потрошувачките цени во септември пораснаа за 2,2 отсто на годишно ниво, поттикнати од базичниот ефект на енергенсите и зголемените трошоци за услуги. Мерката што ги исклучува нестабилните цени на енергијата и на храната ...
Со нето-добивка по вработен од 600.000 денари (безмалку 10.000 евра) во текот на 2024 година компаниите од градежниот сектор се убедливи рекордери во Македонија во однос на овој показател за продуктивноста, објави Блумберг Адрија, повикувајќи се на податоци на Народната банјка на Северна Македонија. Податоците на Народната банка покажуваат дека нивната добивка по вработен лани била двојно поголема од просекот на целиот корпоративен сектор, кој ...
Добивај вести на Viber Државата нема да ги добие парите што Вера Иванова ги наплати од продажбата на концесијата на дијализниот центар „Диамед“ за над 10 милиоони евра на шведски „Диаверум“. Средствата беа замрзнати околу шест години. Со првостепена пресуда во 2023 беа конфискувани околу 11,5 милиони евра, но од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека во меѓувреме Иванова правосилно била ...
Добивај вести на Viber Од самиот почеток, Фактор е препознатлив како водечки портал за економија и бизнис, медиум кој секогаш оди подлабоко – не само да информира, туку и да анализира, да критикува и да отвора теми кои другите ги премолчуваат. Во изминативе 13 години изградивме кредибилитет и доверба кај нашите читатели, бизнис-заедницата и институциите. Нашите економски анализи се цитирани, нашите вести поставуваат стандарди, а нашата ...
Работата на федералната власт во САД е прекината, првпат по шест години. Тоа не значи дека државата целосно престанува да функционира, бидејќи запирањето на основните функции би предизвикало општествен колапс, но економската штета може да биде далекусежна. Вакви настани не се непознати во САД – тие се дел од политичкиот фолклор, заедно со традиционалните кризи околу „плафонот на задолжување“ (што не е исто што и затворање на владата, иако често ...
Добивај вести на Viber Големо задолжување одобрија акционерите на Титан Усје по гласањето со кое се овозможи да се реализираат две зделки чија вкупна вредност надминува 18 милиони евра. Компанијата Титан Усје веќе најави дека се планираат две зделки чија вредност изенсува по 9,2 милиони евра со Шаррцем Ш.П.К. од Косово и со Титан Глобал Финансе ПЛЦ. Предлогот даден од Одборот на директорите беше усвоен од акциониерите на вонредно Собрание. Со ...
Добивај вести на Viber Од 12 октомври, во Европската унија (ЕУ) ќе започне да се спроведува нов систем за евидентирање на влезови и излези – EES (Систем за влез/излез). Постепено ќе ја замени сегашната практика на печатирање во пасоши, а целосната имплементација треба да се постигне до 10 април 2026 година, беше објавено на официјалната веб-страница Europa.rs. Што велат Хрватите: Сè е подготвено за 12 октомври Како што Министерството за ...
Добивај вести на Viber Заменик-Претседателката на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Нина Неданоска, заминува во словенската Шпаркасе, каде ќе работи како член на Надзорниот одбор. „Ова назначување не е само лично признание за нејзината долгогодишна посветеност, експертиза и визија, туку и силна потврда за кредибилитетот на нашата институција, Преку своето искуство во водечки меѓународни банки, Нина покажува што значи лидерство во ...
Додека Брисел го обвинуваат за економска немоќ и заостанување зад Америка и Кина, бројките говорат спротивно: Европската Унија (ЕУ) е единствената голема економија во светот што истовремено остварува суфицит во трговијата и со стоки и со услуги. Со ова, ЕУ стана најголемиот светски извозник на услуги, четири пати посилен од Кина и 58 отсто поголем од САД. И покрај критиките дека ЕУ не може да постигне таков успех, Стариот Континент го докажа ...
Инфлацијата во еврозоната забрза во септември, зацврстувајќи ги плановите на Европската централна банка (ЕЦБ) засега да ги задржи каматните стапки непроменети. Откако во август се совпадна со целта од 2 отсто, потрошувачките цени во септември пораснаа за 2,2 отсто на годишно ниво, поттикнати од базичниот ефект на енергентите и зголемените трошоци за услуги. Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот на денот, во избор ...
Глобалниот долг остана стабилен на ниво од 235 отсто од светскиот БДП, покажуваат најновите податоци на ММФ, но сепак се наоѓа на историски високи нивоа. Додека приватниот сектор ја намалува задолженоста, владите ширум светот продолжуваат да го зголемуваат јавниот долг, што го отвора прашањето за одржливоста на јавните финансии во наредниот период. Долгот на САД кои сега се во буџетска блокада, според најновите податоци на ММФ се зголемил од ...
Со нето-добивка по вработен од 600.000 денари (безмалку 10.000 евра) во текот на 2024 година компаниите од градежниот сектор се убедливи рекордери во Македонија во однос на овој показател за продуктивноста. Податоците на Народната банка покажуваат дека нивната добивка по вработен лани била двојно поголема од просекот на целиот корпоративен сектор, кој изнесувал 300.000 денари (околу пет илјади евра), и е значително поголема од добивката по ...
Прилеп, 1 октомври 2025 (МИА) - Решавање на проблемот со недостиг од работна сила, адаптирање на дуалното образование на потребите на стопанството и заштита и поддршка на домашното производство, побараа стопанствениците од Прилепскиот регион на денешната седница на Управниот одбор со заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и со директорката на Агенцијата за иновации, научна технолошки развој и претприемништво- ИНОВА, Даниела ...
Цената на биткоинот порасна, додека повеќето други ризични средства паднаа. Зголемувањето се случи откако американските пратеници не успеаја да постигнат договор за финансирање на владата, што резултираше со затворање на владата, објави CNBC. Овој развој на настаните укажува на промена во перцепцијата за криптовалутите, кои сè повеќе се сметаат за безбедно засолниште за капиталот во време на геополитичка нестабилност. Златото, чија цена исто ...
Економија НАМАЛУВАЊЕ НА ФЕДЕРАЛНАТА БИРОКРАТИЈА ЗА ОСУМ ОТСТО, германски план за модернизација на државната администрација 01.10.2025 Германската влада усвои план за модернизација на државата и државната администрација. Планот предвидува околу 80 мерки за поголема ефикасност, поблизок контакт со граѓаните и дигитализација. Имплементацијата на првите проекти треба да започне веднаш, објави Министерството за дигитализација и модернизација на ...
Казните за непочитување на Законот за нефер трговски практики ќе се зголемат повеќекратно од сегашните 20 илјади евра, најави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. На средба со претставници на прилепската регионална стопанска комора тој порача дека со вакви измени ќе се обезбеди поголемо почитување на законските правила. „Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме за поголемо почитување на Законот за нефер трговски ...
Блокирани се осум тони црвени лути пиперки, произведени во Албанија и извезени во Хрватска, поради тоа што содржеле превисоки концентрации на престициди штетни по здравјето на луѓето, јавија хрватските медиуми. Блокираното количество зеленчук ќе биде уништено во Хрватска, наведува телевизијата. Препорачано Ова не е првпат зеленчук и овошје произведени во Албанија да бидат блокирани во Хрватска, поради присуство на забранети пестициди. На ...
Просечните бруто маржи во хрватските продавници пораснаа во речиси сите категории на производи во малопродажбата во споредба со претходната година. Според истражувањето на Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција, просечните маржи за прехранбени производи минатата година биле највисоки во категоријата пекарски производи, проследени со кондиторски производи Препорачано . Во исто време, зголемување на просечната бруто маржа е забележано во ...
Бугарската Комисија за заштита на потрошувачите конечно го лансираше интернет-порталот „Колку чини“, кој треба да ги прикажува дневните цени на разни прехранбени и непрехранбени производи по град и малопродажен синџир. Досега, цените се наведени само за два малопродажни синџири – Била и Лидл, како што е очигледно од информациите прикачени на порталот. Проверката на „Сега.бг.њус“ покажа дека е доста тешко за човек да се снајде на него, бидејќи ...
Според времето на градење на клучни инфраструктурни проекти, Македонија може да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Пругата кон Бугарија исцртана на хартија пред еден и пол век, почна да се гради во 1994 година, а, според најновите прогнози, треба да заврши во 2031 или во 2032 година, значи цели четири децении. Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна во 2014 година, плановите се да заврши до крајот на 2026 година или на почетокот од 2027 ...
Негативните демографски трендови – стареењето на нацијата и иселувањето на младите се голем проблем и за бизнисот. Компаниите последниве години буквално водат битка како да ги задржат младите работници кшто останаа во државата. Од друга страна, дополнителен проблем е наталитетот, кој е многу опаднат и кој е уште еден сериозен предизвик за власта и за бизнисот. Работодавците велат дека засега сè уште се снаоѓаат некако со работна сила, но велат ...
Кириите за студентски соби во Германија се зголемија за 74 проценти за десет години. Но, разликите се големи – не е исто како да се оди во Минхен или во некој мал универзитетски град. Препорачано „Да студираш и да живееш во Минхен или Зиген?“ Тоа или слично прашање што многу студенти си го поставуваат пред почетокот на зимскиот семестар. Каде всушност можам да си дозволам да студирам – и да живеам? Истражувачкиот институт Емпирика се занимаваше ...
Преработените земјоделски производи носат поголем профит за земјоделецот отколку да се даде производот како суровина. Дополнителна придобивка е кога земјоделецот ќе ги брендира своите производи и ќе ги понуди на пазарот. За продажба на преработените земјоделски производи најчесто се користат социјалните мрежи и се’ се распродава од дома, многу малку останува за на пазарите. Ова се заклучоците од манифестација „Незаменливиот вкус на традицијата“ ...
Потрошувачките цени во Хрватска во септември се повисоки за 4,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година, со што повторно ја забрза инфлацијата на годишно ниво. Податоците на Евростат покажуваат дека инфлацијата во Хрватска во деветтиот месец била меѓу највисоките во еврозоната. Државниот завод за статистика ја објави првата проценка на индексот на потрошувачки цени, според која во септември 2025 година, стапката на инфлација ...
Во фармацевтскиот свет постоеше преседан сличен на старата британска поговорка за автобусите – долго чекаш еден, а потоа два пристигнуваат одеднаш. Во понеделник, два големи британски производители на лекови, GSK и AstraZeneca, објавија важни вести што го потресоа пазарот, пишува CNBC- пренесува Индекс.хр. Препорачано Додека GSK го објави заминувањето на долгогодишната извршна директорка Ема Волмсли, AstraZeneca откри планови за усогласување на ...
Добивај вести на Viber Македонија турист, една од најголемите хотелиерски групации има нов претседател на Управнот одбор. Одлука за разрешување на досегашниот претседател Горан Ташков е објавена на Македонска берза, а согласно објавата, неговиот мандат престанува во моментот на објавување на одлуката. Согласно објавата поставена на веб страната на Македонска берза, нов претседател на Управен одбор на Хотелско угостителско акционерско друштво ...
Големата наградна игра „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“ веќе донесе радост во првите домови. Во рамки на првите две неделни извлекувања, најверните потрошувачи од Скопје, Штип, Битола, Кавадарци, Ресен и Куманово ги добија своите награди – модерни iPhone 15 телефони, PlayStation 5 конзоли и пакети со производи „Моја Кравица“. Со тоа, уште еднаш се потврди дека брендот кој со децении е дел од семејните моменти, сега носи и возбудливи ...
Добивај вести на Viber Со особена чест и задоволство, А1 Македонија го најавува официјалниот почеток на нова генерација млади таленти кои ќе ја следат платената пракса во рамките на реномираната програма A1 WayUp за 2025/2026 година. Оваа програма, која годинава се одвива петта година по ред, претставува значаен мост помеѓу академското образование и професионалниот развој, овозможувајќи им на младите професионалци да стекнат бесценето практично ...
Добивај вести на Viber Градежната компанија Настел продолжува со продажба на акции од фарамцевстката компанија Реплек. Сепак, тие и понатаму имаат над пет проценти од акциите во Реплек. Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува Акционер со над 5 отсто односно компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ продаде 12 акции, со што поседува вкупно 16.379 или 6,32 отсто од вкупниот број на акции - ...
Европските акции денес пораснаа бидејќи инвеститорите ја следеа ситуацијата околу новите тарифи на американскиот претседател Доналд Трамп и евентуалното затворање на федералната влада во Вашингтон- пренесе Политика. Препорачано Паневропскиот STOXX 600 го заврши денешното тргување со пораст од 0,5 проценти, францускиот CAC 40 доби 0,4 проценти, индексот DAX во Франкфурт доби 0,7 проценти, а лондонскиот FTSE 100 доби околу 0,5 проценти, објави ...