По повод одбележување на 14 Април – Денот на Царинската управа, утре, 31.3.2026, на градскиот Плоштад во Гевгелија, од 11 до 14 часот, ќе се одржи настан „Отворен ден со Царинската управа“. Посетителите во рамки на програмата ќе имаат можност одблизу да се запознаат со различните задачи кои ги извршуваат нашите мобилни царински тимови, како и опремата што ја користат во рамки на секојдневната работа. Различната програма опфаќа демонстрирање ...

Денеска, во Собранието се одржа средба на Комисијата за буџет и финансирање со претставниците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), шефот на Мисијата, Ник Гигинешвили, Јуан Хијао и Фатон Сулејмани. Потпретседателката на Комисијата, Јованка Тренчевска, им посака добредојде и изрази задоволство поради можноста за реализирање на оваа средба. Таа истакна дека ММФ е важен партнер на Република Северна Македонија во справувањето со ...

Работодавачите во Македонија, во моментов, особено имаат потреба од ангажирање на лица во пониско квалификуваните занимања. Дури 7.666 позиции се концентрирани во Скопје, што е повеќе од десеткратно во споредба со Битола (574) и Куманово (530). Најголем дел од огласите се во трговијата (2.452) и преработувачката индустрија (1.938), додека најбарани се работници на производствени линии (827) и хигиеничари (805). Од Советот на странски ...

Во периодот од 26 до 28 март 2026 година, во Сплит, Република Хрватска, се одржа IX Регионален самит за претприемништво во Средна и Југоисточна Европа „300 Најдобри“, кој ги обедини водечките бизнис-лидери, компании и институции од регионот, со цел унапредување на претприемништвото како двигател на современиот економски и општествен развој. На овој престижен настан, Елена Младеновска Јеленковиќ, извршна директорка на М6 Едукативен центар, ...

Во студиото на Радио Лидер гостуваа Драган Томовски од иницијативата на оштетени од Лајонес и економскиот експерт, проф. Дејан Крстевски со кои разговаравме за пропадната приказна на Лајонес, оштетените граѓани кои го тужат Витанов, но и за новата платформа за која се шпекулира низ јавноста која наводно ќе ги вратела парите на граѓаните. Кривична пријава за „МајВорлд“ Томовски појасни дека група оштетени граѓани пред неколку недели поднеле ...

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување, соопшти РКЕ. Кај дизелот цената е зголемена во просек за 1,604%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 2,151% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,055%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените изнесуваат: за бензинот еуросупер БС-95 се намалува за 2,50 ...

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен стартот на подготовките за значаен инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради во Северна Македонија. На состанокот беа презентирани насоките за изработка на подготвителна студија за енергетска ...

Инспекторите засилено на терен, од почетокот на годинава посетиле дури 80% од продажните места на големите маркети, а засилени контроли има особено во последниве две недели. Засега не се забележани поголеми промени на цените, ниту во маркетите, ниту кај трговците и добаувачите. „Забележани се поскапувања на одредени производи, но тоа е поради покачување на цената на влезните фактури, кои пак се зависни од цената на увозниците. Се очекува во ...

Додека глобалните берзи вртоглаво паѓаат поради продлабочувањето на конфликтот на Блискиот Исток, акциите на „Nvidia“, највредната компанија за чипови за вештачка интелигенција, паднаа за речиси 20% од рекордното високо ниво од октомври 2025 година. Овој пад ја доведе компанијата на најниското ниво на коефициентот цена-заработка (PE) по акција од почетокот на 2019 година односно пред „ChatGPT“ да го започне бумот на вештачката интелигенција. ...

Регулаторна комисија за енергетика ги намали цените на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто, при што најголемо поевтинување има кај бензините, додека дизелот останува со непроменета цена. Одлуката стапува на сила од 31 март од 00:01 часот, а како клучна мерка за амортизација на ценовните шокови на светските пазари, Комисијата го намали и трошокот за складирање од 1,70 на 1,20 денари по литар. Согласно новата одлука, бензинот ЕУРОСУПЕР ...

Германската инфлација нагло се забрза во март откако војната со Иран ги зголеми трошоците за енергија, поддржувајќи ја идејата дека Европската централна банка ќе мора да ги зголеми каматните стапки. Потрошувачките цени се зголемија за 2,8 проценти во однос на пред една година - побрзо од растот од 2 проценти во февруари - соопшти во понеделникот статистичката служба. Тоа е највисоко ниво за повеќе од една година и се совпаѓа со средната ...

Добивај вести на Viber „Гледаме иднина во која интелигенцијата е комунална услуга како струјата или водата, и луѓето ја купуваат од нас според потрошувачката и ја користат за што сакаат“ – вели Сем Алтман. Во последниве неколку години ChatGPT станува неопходна алатка без која не можеме да си го замислиме секојдневниот живот. Вештачката Интелигенција ја користиме за сè и сешто – а се очекува дека во иднина таа ќе ни наметне уште една ...

Групацијата Триглав оствари многу добри резултати во 2025 година, при што добивката пред оданочување се зголеми за 9% и достигна 174,1 милиони евра, а нето-добивката се зголеми за 4% и достигна 136,7 милиони евра. Во споредба со 2024 година, вкупниот деловен обем на групацијата органски порасна за 9% и достигна 1.868,3 милиони евра, а вклучувајќи го и новото работење од италијанскиот пазар достигна 2.561,2 милиони евра (раст од 49%). ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали ...

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и Комисијата за пазар на капитал на Република Црна Гора денес, 30 март 2026 година, во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање, со кој се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната соработка и размена на информации во областа на надзорот и регулирањето на пазарите на капитал. Во Меморандумот се предвидува зајакнување на институционалната соработка преку размена на ...

Во современото градежништво, присуството на подземни или површински води на градежниот терен претставува еден од најсериозните инженерски предизвици. Архитектонските и градежните списанија како ArchDaily, Dezeen и стручните хидрогеолошки публикации укажуваат дека ваквите услови директно влијаат врз стабилноста на објектите, носивоста на почвата и долгорочната безбедност на конструкцијата. Првиот чекор: хидрогеолошка анализа Пред било каква ...

Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари годинава вкупно се зголемени за еден отсто во однос на претходниот месец и за 4,2 процента во однос на истиот месецлани, соопшти Државниот завод за статстика. Како што информира, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во февруари 2026 се зголемени за 1,1 отсто во однос на претходниот месец и за 4 проценти во однос на истиот месец ...

Минатата недела, на 25 март, во комплексот Порта Супериум во Скопје, свечено беше отворен првиот салон на Atlas Sofas, бренд кој носи нови стандарди во областа на луксузниот мебел. Со отворањето на овој салон, македонската јавност доби можност да се запознае со ексклузивна колекција на софи и мебел за секој простор, создадени за оние кои бараат врвна удобност и естетика. Просторот е внимателно дизајниран за да понуди уникатно искуство – ...

Голем број небезбедни производи стигнуваат до потрошувачите во ЕУ во 2025 година. Според најновите податоци објавени од најголемата и највлијателна организација на потрошувачи (BEUC) во Европската Унија, минатата година биле испратени 4.671 известувања до системот за алармирање на ЕУ за опасни непрехранбени производи (Safety Gate). Ова, како што истакнува здружението, бара итна ревизија на правилата за надзор на пазарот низ целиот блок, така ...

Министерството за животна средина и просторно планирање и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа прв колективен договор од ваков вид, со кој, како што велат, се прави значаен исчекор кон унапредување на работничките права на вработените. -Со договорот се предвидува постепено зголемување на платите на работниците во Министерството, по 7 отсто почнувајќи од март 2026 година, со дополнителни зголемувања во 2027 и 2028 ...

„Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, со јасна подготвеност за справување со сите предизвици што произлегуваат од надворешните ризици“, истакна гувернерот Трајко Славески во интервју за емисијата „Трилинг“. Тој посочи дека институцијата внимателно ги следи економските движења, особено во услови на зголемена светска неизвесност и засилени ризици од надворешното окружување. ...

Македонскиот пазар е преплавен со евтино увозно млеко. Ако до пред две недели најевтиното млеко можеше да се најде за 60 денари за литар и тоа ако е на акција, сега литар млеко може да се купи и за 45 денари. На дел од нив на пакувањето може да се прочита земја на производител, но на поголем дел стои само ознаката дека е со потекло од ЕУ. За оваа цена има млеко со 3,2 проценти масленост, но има и со помала масленост, но и витаминизирано за ...

Додека цената на златото традиционално го привлекува вниманието на конзервативните инвеститори, среброто во последно време се наметнува како исклучително динамична и профитабилна алтернатива на глобалните пазари. Аналитичарите забележуваат сериозен налет на вредноста на овој благороден метал, кој за разлика од златото, има двојна улога – како сигурно засолниште за капиталот и како неопходна индустриска суровина. Поради зголемената побарувачка ...

Американско-израелските напади врз Иран ги зголемија цените, ги влошија перспективите за светската економија, ги дестабилизираа глобалните берзи и ги принудија земјите во развој да ја ограничат потрошувачката на гориво и да воведат субвенции за енергија за да го заштитат своето најсиромашно население. Континуираните напади и контранапади врз рафинериите, цевководите, гасните полиња и терминалите за танкери во Персискиот Залив се закануваат да ...

Иако сме оддалечени повеќе од 2,5 илјади километри од воените жаришта - Блискиот Исток се чини никогаш не бил поблиску со оглед на економските последици кои ги чувствува Македонија и регионот. Главна закана за разгорување на инфлацијата и нова економска криза носи нестабилноста и растот на цените на пазарите на енергенси. Колку Македонија ќе ја чини кризата на Блискиот Исток, кои се ризиците и што треба, а не се презема за да се амортизира ...

Во Халкбанк се одржа крводарителска акција организирана од Синдикатот на Банката, во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар. Вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост, учествувајќи во оваа благородна мисија. Халкбанк и Црвениот Крст изразуваат искрена благодарност до сите кои дадоа свој придонес, покажувајќи одговорно и хумано однесување кое служи како пример за заедницата. Во ...

Германската влада мора брзо да интервенира за да им помогне на превозниците да спречат прекини во синџирите на снабдување и трошоците за зголемување на цените на дизелот да се пренесат на потрошувачите, предупредува Германското здружение на шпедитери (BGL). Цената на дизелот се зголеми за околу 40 центи по литар од почетокот на војната во Иран, изјави Дирк Енгелхард, раководител на Германското здружение на шпедитери (BGL). За типичен камион ...

Добивај вести на Viber Дали државните пензии во Европа се доволни за да ги покријат трошоците за живот? Според истражувањето на компанијата за плати и човечки ресурси Moorepay, одговорот е не за 20 од 39 анализирани европски земји. Важно е да се напомене дека пресметката на трошоците за живот не вклучува кирија, па затоа вистинската слика може да биде уште полоша, пишува Euronews. Анализата што ги споредува пензиите со трошоците за живот на ...

Светот веќе се дедоларизираше благодарение на зголемените тензии меѓу Истокот и Западот и одлуката на САД да го вооружат доларот во 2022 година со запленување на резервите на руската централна банка. Трамп отиде чекор понатаму, а еден од исходите од војната во Иран ќе биде забрзување на дедоларизацијата, посилен поттик за развој на обновливи извори на енергија и намалување на уделот на доларите во девизните резерви. Тоа е совршена приказна за ...

Просечната нето плата во Србија во јануари надмина 1.000 евра, но мнозинството вработени немаат приходи што ја покриваат просечната потрошувачка кошничка. Од друга страна, малцинството акумулира богатство, па затоа јазот меѓу богатите и сиромашните во земјата станува сè поголем. – Десет проценти од најбогатите во Србија поседуваат повеќе од половина од вкупниот имот – 58 проценти – вели Сарита Брадаш од Центарот за пристојна работа за ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
33%
1003
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
3.13
37%
1003
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
52%
1001
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
19%
1005
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.15
42%
1005
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
95%
1001
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.58
54%
1004
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
56%
1006
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
35%
1005
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
41%
1006
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
6.17
31%
1002
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
6.17
51%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Калај

55.99

Алуминиум

3.64

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Сребро

2812.48

Родиум

320703.70

Цинк

0.00

Платина

68577.54

Злато

151413.64

Рутениум

51376.89

Паладиум

47550.95

Бакар

13.22