За 4,2 процента е намалено индустриското производство во февруари годинава во споредба со истиот месец од минатата година. Најголемо влијание врз падот на индустриското производство, според Државниот завод за статистика (ДЗС), има намалувањето на производството во одделите: Производство на облека со 5,4 отсто; Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 13,5; и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со ...

Земјите од Персискиот Залив претрпеа економска штета од повеќе од 50 милијарди долари поради затворањето на Ормускиот теснец, додека тензиите на Блискиот Исток ескалираат од почетокот на американско-израелскиот напад врз Иран на 28 февруари, а морскиот теснец останува затворен, според анализата на Истражувачкиот центар за енергетски стратегии и политики на Турција (TESPAM). Затворањето на Ормускиот Теснец, кој опслужува 20 проценти од ...

Добивај вести на Viber Халкбанк АД Скопје, преку пакетот за млади Halk EZ, го започнува караванот „Ај реално“ - иницијатива што има за цел да им даде простор на младите да зборуваат отворено, без притисок и без страв од осуда. Првата станица на караванот е СОУ „Јосип Броз Тито“ во Битола. Караванот ќе го води младата Кики Мукаетова, која со искрен младешки пристап ќе разговара со средношколците на теми блиски до нивната реалност. Модератор ...

И оваа година меѓу 12 и 15 илјади македонски граѓани се очекува да заминат на сезонска работа во Хрватска, најмногу во туристичкиот сектор. Најбарани се работниците во угостителството – келнери, собарки, помошници во кујна, готвачи и пицари, но има побарувачка и за кадар во одржување, чистење, транспорт и логистика. Платите се движат од околу 1.000 до 5.000 евра, во зависност од позицијата и искуството. Келнерите и собарките заработуваат од ...

План или хаос? Урбаниот развој на македонските градови 01.04.2026 • Став Урбанизам Помеѓу визија и реалност Урбаниот развој на македонските градови денес се движи помеѓу планирањето и реалноста на терен. Во последните години, градовите се менуваат со забрзано темпо, како резултат на економски, демографски и пазарни влијанија. Сепак, оваа динамика не секогаш е проследена со јасно дефинирана долгорочна визија. Наместо континуиран и координиран ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе ја анализира состојбата со цената на лебот и ќе преземе мерки доколку се утврди дека има неоправдано зголемување, посочувајќи дека во спротивно ќе следуваат санкции. „Ја анализираме состојбата и денеска во текот на денот ќе имам состанок на оваа тема. Ќе го видиме инпутот и да видиме дали врз основа на тој инпут којшто тие го декларираат навистина има потреба од такво зголемување. Доколку ...

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) по консултациите со македонските власти, предвидува дека шокот од цените на енергенсите, кој произлегува од тековната војна на Блискиот Исток, се очекува да влијае негативно врз растот на македонската економија и повторно да создаде инфлаторни притисоци. Монетарците посочуваат дека реалниот раст на БДП се проектира да забави на 3,1% во 2026 година, а во исто време, повисоките глобални цени на ...

Златото со векови важи за симбол на сигурност и стабилна инвестиција, а во време на економска неизвесност повторно добива на значење кај инвеститорите. Во тој контекст, УНИБанка ја проширува својата понуда со инвестициско злато, кое се претставува како долгорочно решение за зачувување на вредноста на капиталот. Од банката посочуваат дека инвестициското злато нуди стабилност на која граѓаните можат да се потпрат, без временски ограничувања, ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека актуелните конфликти во Иран веќе директно влијаат на глобалните енергетски пазари, особено на транспортот на нафта и гас преку Хормускиот Проток. Во видео обраќање до учесниците на Меѓународниот форум за транспорт и логистика, Путин рече дека безбедноста на испораките станува одлучувачки фактор и дека Русија може да понуди алтернативни и безбедни правци за меѓународна трговија, објави ...

По еден месец војна на Блискиот Исток и силен раст на цените на нафтата, нордиските земји прибегнуваат кон сè посилни енергетски субвенции и олеснувања за своите граѓани, а во понеделник за првпат беше спомната и можноста за ограничување на продажбата на гориво на бензинските пумпи. Тоа го изјави шведската министерка за финансии Елизабет Свантесон. „Ако кризата продолжи, ќе имаме проблеми со високите цени, а можеби дури и со пристапот до ...

Цената на нафтата падна под граница од 100 долари по барел, додека европските берзи бележат силен раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека војната со Иран може да заврши „многу брзо“. Нафтата од типот Брент во моментов се тргува по цена од 99,32 долари за барел, што претставува значителен пад во однос на претходниот период, кога цените беа под силен притисок поради геополитичките тензии. Истовремено, европските ...

Бордот директори на Светската банка синоќа одобри кредит за Романија во износ од 650 милиони долари. Според информациите на Светската банка што го пренесуваат романските медиуми, средствата од кредитот се поддршка на Владата на Романија во активностите за зацврстување на финансиската стабилност, развој на приватниот сектор и креирање нови работни места. Заемот треба да создаде нови можности за граѓаните на Романија, во сложени околности во ...

Енергетиката како двигател на развојот, младите како носители на иднината и партнерствата како клуч за успех – ова беа централните пораки од настанот „Енергија што поврзува: Северна Македонија – Австрија, партнерство за иднината“, што се одржа во Скопје, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Амбасадата на Република Австрија и австриската библиотека при Филолошки факултет „Блаже ...

„Hide My Email“ (Сокриј го мојот е-маил) е функција која им овозможува на корисниците што плаќаат „iCloud+“ да генерираат анонимни е-мајл адреси кои ги препраќаат пораките на приватната адреса на корисникот. Епл наведува дека не ги чита пораките што се препраќаат. Сепак, судските документи покажуваат дека оваа функција за приватност нема да ги спречи органите на редот да откријат кој е сопственик на анонимната „iCloud“ адреса. Според судските ...

„Оракл“ (Oracle) почна да ги известува вработените дека укинува илјадници работни места, јави Си-Ен-Би-Си, бидејќи производителот на софтвер се соочува со остар пад на цената на акциите поврзан со голема капитална обврска за изградба на својата инфраструктура за вештачка интелигенција. Додека основната дејност на „Оракл“ е под пазарен притисок поради конкурентскиот ризик од нејзините генеративни модели на вештачка интелигенција, компанијата ...

Азиските земји се свртуваат кон јагленот, бидејќи војната со Иран ги попречува испораките на нафта и гас. Континентот е изложен бидејќи се потпира на увезено гориво, од кое голем дел минува низ Ормускиот теснец – пречка за околу една петтина од глобалната трговија со нафта и природен гас. Јагленот е краткорочно решение, велат експертите, додека обновливите извори на енергија се долгорочно решение. Јагленот е составен дел од плановите за итна ...

Зголемувањето на цените на ѓубривата и потенцијалните недостатоци од прекините во испораката поради војната во Иран ги натераа земјоделците и американските земјоделски групи да се подготвуваат за пролетната сезона на садење, зголемувајќи ги трошоците за земјоделците и потенцијално отфрлајќи некои од нив. Водачите во земјоделството велат дека ситуацијата е резултат на веќе лошата земјоделска економија. Експертите предупредуваат на сериозни ...

Добивај вести на Viber Европа се соочува со сериозен енергетски шок поради конфликтот со Иран, кој може да доведе до нарушување на снабдувањето, раст на цените и нов инфлаторен бран, пишува Politico. Според европските лидери, последиците би можеле да бидат споредливи со кризата за време на пандемијата или почетокот на војната во Украина. Клучниот проблем е Ормуски теснец, преку кој поминува околу 20 проценти од светската нафта и гас. ...

Железната руда напредуваше откако го забележа својот најголем месечен раст од септември 2024 година, поддржан од тропските бури во Австралија и тековниот ценовен спор помеѓу државниот купувач на Кина и големиот рударски гигант „БХП Груп“ (BHP Group). Фјучерсите во Сингапур за состојката за производство на челик пораснаа за дури 1,3 проценти во средата, откако во март додадоа повеќе од 7 проценти за да го завршат месецот на 105,48 долари за ...

Лебот повторно поскапува. Тивко, без голема најава, но доволно гласно за да се почувствува во секое домаќинство. Од неколку пекарници низ државата веќе стигнуваат сигнали дека цената на белиот леб од 450 грама, кој до вчера се купуваше за околу 35 денари, наскоро ќе се движи околу 40. Во некои продавници, граѓаните велат дека зголемувањето веќе почнало. Сецканиот бел леб, пак, одамна ја надмина таа граница. „Вчера беше 37, денес е 40. Утре ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја објави можноста за непосреден крај на воената операција против Иран, нагласувајќи дека американските сили би можеле да бидат повлечени во следните неколку недели. Неговите изјави доаѓаат во време на зголемени тензии на Блискиот Исток и сериозни нарушувања на глобалниот енергетски пазар, додека ситуацијата околу Ормутскиот теснец е дополнително комплицирана. Трамп изјави дека Соединетите Американски ...

Волстрит доживеа драматично враќање на пазарот кон крајот на март, со пораст на акциите бидејќи цената на нафтата падна поради надежите дека војната што ги потресе глобалните пазари и ги наруши снабдувањето со енергија можеби се ближи кон крајот. Акциите го забележаа својот најголем раст од мај поради шпекулациите дека и САД и Иран можеби бараат излез од конфликтот. S&P 500 доби 2,9 проценти, а Nasdaq Composite додаде 3,8 проценти. ...

Добивај вести на Viber По повеќе од еден век постоење, германскиот производител на очила Menrad прогласи банкрот, оставајќи околу 100 вработени без работа. Според информации од германските медиуми, по стечајната постапка, поранешните работници добиле вкупно околу еден милион евра од социјалниот програм, што во просек изнесува околу 2,5 месечни плати по вработен. Стечајниот управник Флоријан Цистлер изјавил дека ова е максималниот износ што ...

Добивај вести на Viber ГД Гранит АД Скопје во 2025 година оствари позитивен финансиски резултат, благодарение на вложувањата во профитабилни акции, и покрај значителниот пад на приходите, покажуваат неревидираните консолидирани извештаи објавени на Македонска берза. Согласно објавата вкупните приходи за периодот јануари–декември достигнале околу 52,7 милиони евра, што е намалување од 16 проценти во однос на претходната година. Сепак, ...

Добивај вести на Viber Во време кога трошоците за живот постојано растат, сè поголем број луѓе се соочуваат со парадокс – занимања што се клучни за функционирањето на општеството остануваат ниско платени. Ваквата состојба е особено изразена во Германија. Според податоци објавени од германскиот портал „wmn.de“, меѓу најслабо платените професии се работните места во чистење, земјоделство, угостителство и туризам, како и во текстилната ...

Добивај вести на Viber Иако транзицијата кон зелена енергија требаше да биде алтернатива на зависноста од нафта, актуелниот конфликт со Иран покажува дека и овој сектор е сериозно ранлив на геополитички шокови. Наместо решение, обновливите извори се соочуваат со нови предизвици, бидејќи клучните суровини и материјали за нивното производство – како литиум, кобалт и ретки метали – зависат од истите глобални транспортни рути и синџири на ...

Добивај вести на Viber Веста дека Јапонија „произвела нафта од вода“ звучи како револуција што би можела да ја намали зависноста од фосилни горива. Но зад ваквите наслови стои многу покомплексна приказна за иднината на енергетиката. Јапонската компанија ENEOS навистина успеала да произведе течно гориво користејќи јаглерод диоксид и водород. Во пракса, CO₂ се извлекува од воздухот или индустриски извори и се комбинира со водород, кој ...

Додека војната на Блискиот Исток продолжува да ги зголемува цените на енергијата, глобалните пазари не излегуваат од режимот на страв. Инвеститорите денес неуморно бараат засолниште од новиот бран на инфлацијата, гледајќи како дури и златото тоне, очајно се обидуваат да најдат сектори кои не само што можат да издржат зголемување на цените, туку и да излезат посилни. Малопродажбата (англиски: retail) се смета за врвен дефанзивен сектор кој ...

Добивај вести на Viber Неколку општини во Италија веќе со години нудат напуштени куќи за симболична цена од едно евро, но регионот Трентино оди чекор подалеку – нуди и значителна финансиска поддршка за сите што ќе одлучат да се преселат и да ги обноват овие имоти. Од 2026 година, Трентино обезбедува до 100.000 евра за купување и реновирање на напуштени куќи. Во програмата се вклучени 33 населени места, а регионалните власти издвоиле вкупно ...

Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“, кој се реализира со поддршка на Европската Унија во рамки на IPA 2021 програмата, со вкупен буџет од околу 840.000 евра и времетраење од 24 месеци. Целта на проектот е зголемување на пазарните можности, економски развој и продуктивностa, како и подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор во согласност со ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
31%
1004
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
37%
1004
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
46%
1001
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
20%
1005
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
44%
1006
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
94%
1002
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
5.14
42%
1004
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
56%
1006
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
38%
1006
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
38%
1006
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
6.69
31%
1003
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
5.66
55%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Бакар

13.22

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.64

Кобалт

45.39

Паладиум

47550.95

Сребро

2812.48

Злато

151413.64

Рутениум

51376.89

Платина

68577.54

Калај

55.99

Родиум

320703.70