Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Само што почна, ќе запре бербата на јаболката, а наместо на нивите, земјоделците по се изгледа ќе го преседат октомври дома, бидејќи сè уште не се собрани ни тутунот, ни грозјето и ајварката. Обилните дождови, првиот октомвриски снег и продолжениот пад на ниските температури ќе ги оштетат и црвените и црните домати и пиперките на отворено бидејќи е можна појава на слана, по што овие производи ќе бидат добри само за во ѓубре, објаснува за ...
Добивај вести на Viber Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација - Скопје објави нова цена на фактура за комунални услуги. Поскапувањето е започнато од 1 септември. Цената на водата за пиење за домаќинства е зголемена од 18,5 денари на 20,5 денари по метар кубен. Кај категоријата домаќинства е зголемена и цената на услугата за собирање и одведување на урбани отпадни води од 12,5 на 13,5 денари по метар кубен вода. Зголемена е и ...
Државните институции, јавните претпријатија и општините заклучно со јуни 2025 година, имаат достасани а неплатени обврски од дури 690,8 милиони евра, или околу 4,2 проценти од бруто-домашниот производ, алармира Институтот за економски политики и развој „Фајненс тинк“. Најголеми долгови се забележуваат кај јавните претпријатија во сопственост на државата, тие имаат достасани долгови за околу 366 милиони евра, или учествуваат со 53 отсто во ...
Познати фармацевтски компании пријавија недостиг од важни лекови на хрватскиот пазар. Станува збор за лекови за намалување на мастите во крвта кои се меѓу најпрепишуваните фармацевтски препарати во Хрватска. Белупо, така, го пријави недостигот од нивниот лек Росикс Дуо 20 мг/100 мг тврди капсули, 30 капсули во блистер, активни состојки росувастатин калциум и ацетилсалицилна киселина. Препорачано Причините за недостигот се од комерцијална ...
Цената на свежото млеко скока за речиси 50 проценти од фармите до полиците во бугарските маркети, покажува споредбата на големопродажните цени објавени од Државната комисија за стокови берзи и пазари, со оние на мало, поставени на најновата веб-страница, развиена во согласност со барањата на Законот за усвојување на еврото. Страницата ја одржува Комисијата за заштита на потрошувачите. Препорачано Сепак, наместо сите трговци со продажни места ...
Списокот од 1.000 кодови за кои ќе има намалување на цената на полиците во супермаркетите ќе биде даден во првите 15 дена од октомври, според изјавите на министерот за развој Такис Теодорикакос по средбата што ја имаше со претставниците на синџирите супермаркети и прехранбената индустрија. Препорачано „Постојано се бориме за подобрување на животниот стандард во секојдневниот живот на граѓаните, со намалување на даноците, зголемување на платите. ...
Врвните раководители на 28 од најголемите европски компании ветија во среда дека ќе ги зголемат своите инвестиции во Европа за просечно 50 проценти до 2030 година, под услов креаторите на политиките на Европската унија (ЕУ) да спроведат реформи за зајакнување на конкурентноста и безбедноста на блокот. Обврската беше презентирана во Конфедерацијата на данската индустрија (DI) во Копенхаген на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер ...
До крајот на следната година, Србија треба да инсталира 960.000 нови паметни броила, а градот Ниш ќе биде првиот каде што уделот на овие броила за потрошувачка на електрична енергија ќе биде околу 90 проценти. Главната предност на овие броила е што потрошувачката може да се следи дневно. На пример, кога клима уредот работи во лето, потрошувачката се зголемува за 10 до 12 киловат-часови секој ден, а ако работи 10 дена, тогаш потрошувачката е ...
Според најновите податоци од Управата за јавен долг, од јули оваа година, листата на доверители ја предводат купувачи на српски еврообврзници. Тие имаат 10,3 милијарди евра српски долг во свои раце, пишува Форбс Србија. Веднаш зад нив се сопствениците на државни долгорочни обврзници издадени во динари. Тие имаат 7,1 милијарда евра, според извештајот на Управата за јавен долг. Препорачано Комерцијалните банки се на трето место меѓу доверителите. ...
Хрватска, заедно со Естонија и Словачка, продолжува да води мртва трка за тронот во однос на растот на годишната стапка на инфлација во Европа. Но, во еден од нејзините сегменти, Хрватите сè уште се пред сите, вклучително и Словаците и Естонците, бидејќи цените на билетите за кино, театар и концерти низ цела Европа во последната година се најмногу поскапени. Препорачано Хрватска е и европски вицешампион во однос на стапката на инфлација со ...
Добивај вести на Viber На вчерашниот прв академски час, во присуство на студентите и професорите на Економскиот факултет, официјално беше означено отворањето на новата, современа, креативна лабораторија – ProLab, реализирана со поддршка од ПроКредит Банка. ProLab е чекор кон модерното образование – место каде што студентите ќе можат слободно да експериментираат и да создаваат решенија за предизвиците на иднината. Новата креативна лабораторија е ...
Грета Тунберг, познатата шведска активистка за климатски промени, иако глобално призната и наградувана, живее скромно, со проценето богатство од околу 100.000 долари, главно стекнато преку авторски права за книги и права за документарни филмови, кои најчесто ги донира во добротворни цели. Препорачано Во исто време, нејзината посветеност на борбата за животната средина честопати водеше до конфликти со законот: првиот сериозен инцидент се случи ...
Судејќи според изјавата на премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, оваа година нема да има намалување на придонесите, една од клучните економски мерки за зголемување на бројот на вработени, чиј број е во опаѓање за прв пат од 2014 година, ако ја исклучиме пандемиската 2020 година. Првата фаза (намалување на придонесите, оп. а.) започна на 1 јули, но се покажа дека работодавците не ги префрлија доволно придобивките од ...
Според податоците од порталот Некретнине.хр. цените за изнајмување станови во најважните универзитетски центри во Хрватска продолжија да растат во текот на август 2025 година во споредба со истиот период минатата година. Најголеми зголемувања се забележани во Дубровник, Риека и Задар, додека Пула е исклучок со пад на цените. Загреб како најголем универзитетски центар Загреб, најголемиот универзитетски центар во Хрватска со повеќе од 60.000 ...
Постојат многу причини зошто луѓето одат во странство. Некои едноставно сакаат да патуваат и да запознаваат нови култури, додека други бараат подобра и побезбедна иднина. Живеењето во странство – без разлика дали некој е дигитален номад, патник или пензионер – не само што дава можност за нови искуства и запознавање на светот, туку може да биде и начин за значителни заштеди. Препорачано Додека трошоците за живот во некои земји се високи, во ...
Нацијата ни старее, а младите што останаа сè потешко се задржуваат во државата. Компаниите последниве години буквално водат битка за секој работник, додека демографската слика покажува алармантен пад на наталитетот и раст на старото население. Работодавците сè почесто признаваат дека спасот го гледаат во автоматизацијата и роботизацијата – процес кој веќе почна во дел од индустријата, но кој бара системска поддршка и визија. „Сè уште некако се ...
Најновите податоци од платежната статистика на Народната банка за вториот квартал од 2025 година покажуваат натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата, отколку шалтерите. Во споредба со истиот период минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9% по број и за 20,9% по вредност. Особено е брз ...
„Мерцедес-бенз“ направи огромен скок напред во технологијата на електрични возила (EV). На тест возење, модифицираниот електричен модел EQS, опремен со напредна литиум-метална батерија во цврста состојба, помина неверојатни 1.205 километри без запирање за повторно полнење, на патот од Штутгарт до Малме. Импресивен факт е дека по пристигнувањето, дополнителни 137 км опсег останале во резерва. Препорачано Овој рекорд не е само обична ...
Здружението на пензионери Битола ги информира пензионерите од Битола, Новаци и Могила дека можат да се јават на јавниот оглас објавен од Министерството за енергетика, рударство и минерално сурови за поддршка на домаќинствата кои спаѓаат во категоријата на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за доделување право на купен и вграден инвертер клима уред за домаќинството. Право да аплицираат имаат домаќинства со ниски приходи и домаќинства ...
Сушата оваа година остави сериозни последици врз полињата, што го постави прашањето дали зимските култури ќе бидат значително поскапи од претходно на цел Балкан- пишува Каматица. Професорот на Земјоделскиот факултет во Белград, Ѓорѓе Моравчевиќ, објаснува дека цената најмногу зависи од квалитетот на производот, на кој влијаеле лошите временски услови. Препорачано – Сè уште нема да ги разгледуваме негативните резултати од сушата, сезоната на ...
Германската влада усвои пакет реформи со кои има намера да започне фундаментална модернизација на државата и администрацијата. На крајот од дводневниот состанок во Берлин, федералниот кабинет ја одобри таканаречената „програма за модернизација“, која вклучува повеќе од 80 поединечни мерки, објави ДПА. Целта е да се намали административниот товар врз граѓаните и бизнисите и да се поедностават процесите. Препорачано Според германскиот канцелар ...
Поради пад на температурите, грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје почнува од денеска. Греењето официјално почнува на 15 октомври, но може и порано, доколку прогнозата за средна надворешна температура е еднаква или помала од 12 степени. Според УХМР за денеска се прогнозираат 10 степени. Од ЕСМ апелираат до сите корисници да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации, ...
Добивај вести на Viber Милијардерот Илон Маск, најбогатиот човек во светот, накратко надмина 500 милијарди долари, објави списанието Форбс во среда. Нето вредноста на шефот на Тесла и Спејс Екс достигна 500,1 милијарда долари во среда, пред да падне на 499,1 милијарда долари, според листата „Милијардери во реално време“ на Форбс. На листата на Форбс, по него следуваат ко-основачот на Оракл, Лари Елисон, со богатство од 350,7 милијарди долари, и ...
Кинеско-сингапурскиот моден бренд „Шејн“ (Shein) објави дека ќе ги отвори своите први постојани физички продавници во Франција во ноември. Имено, првата локација ќе биде во Париз. По неа, ќе следат уште пет продавници во трговски центри во Дижон, Рејмс, Гренобл, Анже и Лимож, се вели во соопштението на компанијата. Отворањето е овозможено преку партнерство со малопродажната група „Сосиете де грандс магазинс“ (‘Société des Grands Magasins’ – ...
Аитоникс е официјален дистрибутер на светски познати ИТ брендови како Acer, Acronis, Dell Technologies, Lenovo, Lexmark, Motorola, NJoy, Philips и Xerox. Покрај дистрибуцијата на ИТ производи, компанијата е препознатлива и по долгогодишната експертиза во развојот на специјализирани софтверски решенија. На настанот беа присутни бројни гости – партнери, клиенти, претставници на меѓународната заедница и соработници на компанијата. „Да се одбележи ...
Израелските војници пресретнаа меѓународна флотила што се обидуваше да достави лекови и храна во Појасот Газа. Тие се качија на бродовите што се приближуваа кон енклавата, објавија организаторите на мисијата. Флотилата, која се состои од повеќе од 40 цивилни бродови, транспортира околу 500 парламентарци, адвокати и активисти. Таа планираше да ја пробие израелската блокада на Газа. Израелците ја започнаа операцијата кога флотилата беше на околу ...
Од денеска, 2 октомври 2025 година, на Официјалниот пазар – подсегмент Берзанска котација, се примени две нови емисии на државни обврзници издадени од Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Станува збор за обврзници без девизна клаузула, со различни рокови на достасување и каматни стапки: Државни обврзници со доспевање во 2027 година Вредност на емисијата: 495.810.000 МКД Број на издадени хартии од вредност: 49.581 Номинална ...
Во последните години, граѓаните на Европа се соочуваат со значително поскапување на основните прехранбени производи, што го оптоварува секојдневниот живот и семејните буџети. Иако инфлацијата во еврозоната значително се намали – од врвот од 10,6% во октомври 2022 година до околу 2% денес – цените на храната остануваат високи и тврдоглаво поскапи отколку пред пандемијата. Европската централна банка (ЕЦБ) ја става храната во посебен фокус, ...
Онлајн купувањето веќе одамна не е луксуз, туку навика што се вовлече во секојдневието на илјадници Македонци. Од облека и технички уреди, до козметика, алат, па дури и прехранбени производи – сè може да се нарача со неколку кликови. Особено последниве години, кога на пазарот се појавија евтините кинески апликации како Тему, кои буквално го „заразуваат“ купувачот со бескрајни попусти и бесплатна достава. „Нарачав една ситница за проба, а сега не ...
Економија Министрите на Г7 се согласиле за важноста на трговските мерки 02.10.2025 Министрите за финансии на Г7 денеска објавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија. Таргетирајќи ги оние кои продолжуваат да ги зголемуваат купувањата на руска нафта, како и оние кои го олеснуваат заобиколувањето на спроведувањето на санкциите наметнати врз Русија,. Министрите за финансии на Г7, исто така, изјавија дека се ...