Бизнис ГЕРМАНИЈА НАПРАВИ ПРЕСВРТНИЦА ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА 07.04.2025 Бројот на системи за користење на сончевата енергија во Германија надмина 5 милиони. До минатата недела околу 5.005.000 соларни инсталации биле регистрирани во Федералната агенција за мрежа. Германското здружение на соларна индустрија овој податок го означи како „пресвртница во енергетската транзиција“. - Ниту една друга форма на производство на електрична енергија не ...

Огромните реципрочни царини што претседателот Доналд Трамп ги објави во средата оставија многу држави во шок, бидејќи тие се значително повисоки од очекуваните и предвидените. Но, можеби најголема забуна и недоразбирање предизвика начинот на кој тие се пресметуваат, особено нивото на царините што одредени земји наводно ги наплатуваат за американските производи. На пример, за Македонија реципрочната царина е 33%, а нивото на царини што наводно се ...

Најпосакуван автомобил во Македонија е Cupra Formentor, покажаа резултатите од гласањето на Златно тркало 2025, по двонеделно активно учество на автомобилските ентузијасти од целата држава. Ова петто издание на Златно тркало 2025 донесе рекорден интерес – досега најголем одзив во историјата на изборот, со вкупно 30.630 гласови распределени во пет категории. Освен главната награда – најпосакуван автомобил во Македонија, Cupra Formentor кој доби ...

Бизнис ЗА МИЦОТАКИС АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ ЗА ГРЧКИТЕ МАСЛИНКИ И ФЕТА „НЕМА ГОЛЕМА ЛОГИКА“ 07.04.2025 Сакам очекувањата да ги задржам на ниско ниво, бидејќи во никој случај не знаеме како ќе реагираат САД. Очигледно, постои силен интерес за уникатни производи од примарниот сектор што се извезуваат во САД. Маслинките, маслото, фетата, се производи кои воопшто не се произведуваат во САД, така што воведувањето царини, барем според мене, нема многу ...

ОКТА АД – Скопје, и оваа година продолжува со поддршка на талентираните студенти преку доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2025/2026 година. Во рамките на заедничката платформа на Групацијата HELLENiQ ENERGY, на која што компанијата и припаѓа, ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии со максимално времетраење од две години. Меѓународната стипендија нуди можност за аплицирање на универзитети во една ...

Бавните Федерални резерви треба да ги намалат каматните стапки, остро порача денеска претседателот Доналд Трамп. До минатата недела, тој многу потивко ја критикуваше политиката на Централната банка во споредба со својот прв мандат. Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, не дава знаци дека ќе попушти, иако изрази загриженост од потенцијалниот инфлациски ефект на новите царини. ФЕД ќе треба да види вистински напредок во однос на ...

Инфлацијата во март 2025 година споредено со февруари бележи намалување од -1,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објави на Фејсбук министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. „Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи се стабилизираат и се намалуваат. На годишно ниво во март 2025 година споредено со март 2024 година инфлацијата мерена преку трошоците за ...

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит. и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50, ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 68,50 ден/лит. ...

Домашниот пазар за снабдување со електрична енергија се соочува со значајни предизвици и нови можности. Како дел од „PPC Group“, водечка енергетска компанија во Југоисточна Европа, ЕДС е подготвен да зачекори во нова ера на раст и иновации. Компанијата неодамна го назначи Александар Сарџовски за нов генерален директор, чие визионерство и стручност ќе бидат клучни за креирање на идните стратешки насоки. Со богато искуство во корпоративно ...

„Работиме со нашите партнери и очекуваме ова наскоро да се корегира, ова е резултат на грешка. Нашата размена е во дефицит, а тие држави кои имаа дефицит немаа толку високи давачки. Во контакт сме со повеќе институции. Во наредниот период очекуваме да се реши проблемот“. Вака изјави премиерот Христијан Мицкоски на прашање зошто Македонија се соочува со 33% царини од администрацијата на САД во споредба со Албанија и Косово на кои од САД им се ...

Компанијата Амазон воведува нова опција наречена „Купи за мене“, дизајнирана да им овозможи на корисниците целосно да го автоматизираат онлајн купувањето – дури и кога производите не се достапни на самата платформа на Амазон. Оваа функција користи напредни модели на вештачка интелигенција за да купува од страници на трети лица во име на корисникот, вклучувајќи избор на производи, внесување лични податоци и завршување на трансакцијата. Засега ...

Бизнис ПРИСТИГНА ОБЈАСНУВАЊЕ ЗОШТО „НЕКОИ ОСТРОВИ НАСЕЛЕНИ СО ПИНГВИНИ“ СЕ НА АМЕРИКАНСКАТА ЛИСТА НА ЦАРИНИ 07.04.2025 Тарифите наметнати од САД за многу земји ширум светот ќе останат во сила „денови и недели“, изјави американскиот секретар за трговија Хауард Лутник. Тој додаде дека „некои острови населени со пингвини“ се вклучени во списокот за да не можат земјите да ги користат за да ги избегнат царините. - Она што се случува е дека ако се ...

Акциите на берзите во Азија денеска бележат остар пад со што се продлабочува глобалната берзанска криза предизвикана од трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп. Тргувањето на јужнокорејската берза беше запрено на пет минути, бидејќи беше активиран прекинувачот за тргување дизајниран да спречи панично продавање. Јапонскиот индекс Nikkei потона на почетокот на тргувањето на берзата во Токио за повеќе од 8%. Тој индекс, што ...

Бизнис ШПАНИЈА ЈА „ТРЕСЕ“ СТАНБЕНА КРИЗА, ШПАНЦИТЕ ПРОТЕСТИРААТ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ЗА ДОМУВАЊЕ 07.04.2025 Шпанските граѓани вчера масовно протестираа во 40 градови низ земјата поради високите трошоци за сместување и изнајмување станови, како и поради немањето станови. Најголемиот марш поради високите трошоци за домување се одржа во Мадрид под слоганот „Стави крај на станбениот бизнис“, што се одржа во организација на синдикалните организации, ...

Без разлика дали си студент, административен работник или аналитичар – Excel е алатка што секој треба да ја владее! На нашата МИНИ обука за MS Excel, ќе научиш како да користиш формули, табели, графикони и напредни алатки за анализа и визуелизација на податоци. Обуката е наменета за почетници, но води до напредно ниво преку практични вежби и реални примери. Креирање и уредување на Excel документи и шаблони Формули, функции, сортирање и ...

Доколку планираш патување во Турција, сега е идеално време да ја искористиш можноста за вистинска гастрономска авантура. Со твојата Visa картичка издадена од Комерцијална банка можеш да добиеш до 25% попуст во избрани ресторани низ цела Турција преку апликацијата GastroClub. Што треба да направиш: 1. Регистрирај се на апликацијата GastroClub. 2. Искористи го промотивниот код „VISA“. 3. Уживај во попустите додека истражуваш нови вкусови и ...

Вчера, на 5.4.2025 за прв пат успешно e извршeн дигитален пренос на тест слика (видео и аудио) преку катарскиот сателит Es’Hail QO-100, што се наоѓа во геостационарна орбита на околу 38.000 km од Македонија. Со ова Македонија се запиша на листата земји кои емитуваат и примаат дигитална телевизија преку овој сателит, вели Дејан Трајковски. Неговиот ФБ статус ви го пренесуваме во целост: „Ова техничко достигнување не е мало, ако се земе предвид ...

Бизнис ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА СООЧЕНА МЕЃУ ЕДИНСТВОТО НА ЕУ ИЛИ ПРИЈАТЕЛСТВОТО СО ТРАМП!? 06.04.2025 Италијанската премиерка Џорџа Мелони е под притисок од нејзините италијански партнери во ЕУ да „одбере страна“ во трансатлантската трговска војна, бидејќи има право да стави вето на притисокот на некои големи земји-членки Брисел да одговори остро на американските царини. Италијанската премиерка која има пријателски односи со американскиот ...

Бизнис ЗОШТО ВО ХРВАТСКА Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА КУЌИТЕ ЗА ОДМОР? 06.04.2025 За прв пат по 50 години, во Хрватска е намален бројот на викендички, покажа истражувањето на социолозите од Институтот Иво Пилар. Податоците од последниот попис на населението покажуваат пад на бројот на куќите за 7 отсто во споредба со претходниот попис во 2011 година.Од 1971 година, секој попис бележи зголемување на бројот на куќите, но во 2021 година нивниот вкупен број ...

Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и очекувам многу скоро убава вест за македонските граѓани и македонската економија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали и како зголемените даноци од САД ќе влијаат на македонската економија. – Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и со Министерството за економија, кое што го предводи Хауард Лутник, кој што е мој личен пријател, и со Министерството ...

Скопскиот аеродром во февруари 2025 година опслужил 177.994 патници, што претставува благо зголемување од 0,3% во споредба со истиот месец минатата година. И покрај позитивниот тренд во февруари, бројот на движења на авиони бележи пад од 3,8%. Сепак, кумулативно за првите два месеци од годината, аеродромот забележал вкупно 386.622 патници, што е за 5,1% помалку во однос на истиот период во 2024 година – односно 20.728 патници помалку. ...

Електричните машини за урбана хигиена на БРАКО беа изложени на големиот саем Експо Резидуос 2025 (Expo Residuos) кој се одржа во главниот град на Мексико од 25 до 27 март. Застапникот на Грин Машинс, мексиканската компанија Мегамил, и претставниците на фирмата-ќерка на Грин Машинс во Калифорнија, САД, во прв план ги понудија електричните компактни машини од моделот 400ze, кои се управуваат рачно и овозможуваат чистење на пешачки површини, ...

Канадскиот „BlackBerry“ прогнозира пад на приходите за фискалната 2026-та година бидејќи очекува послаби трошоци за своите производи за сајбер безбедност. „BlackBerry“, некогаш доминантна сила на пазарот на паметни телефони, се сврте кон продажба на софтвер за уреди и автономни возила. Но, во моментов, компаниите ги намалуваат трошоците за технологија и ги рационализираат буџетите, што влијае на компаниите како BlackBerry“. Компанијата ...

Бизнис АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ СЕ ЗАКАНА ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ДИЈАМАНТИ ВО ИНДИЈА 06.04.2025 Новите високи американски царини се закануваат да го загрозат извозот на скапоцени камења и накит од Индија, што ги доведува во опасност работните места на илјадници работници во тој сектор, пред се во областа Сурат, каде што се полираат дијамантите, објави Ројтерс. Соединетите држави, каде се продаваат повеќе од 30 отсто од индискиот извоз на скапоцени ...

Според анкета спроведена меѓу повеќе од 3.000 вработени во Nvidia, дури 76% од нив се изјасниле дека се милионери, а една третина имаат нето вредност над 20 милиони долари. Овие податоци ја отсликуваат финансиската добивка која ја носи работата во една од највредните технолошки компании во светот. Сепак, богатството не доаѓа без цена. Извештајот на Entrepreneur открива дека многу вработени во Nvidia редовно работат до 2 часот по полноќ, седум ...

Бизнис ПОСЛАБ РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА СПОРТСКАТА ОПРЕМА ВО ЕУ 05.04.2025 Годишната стапка на промена на цените на спортските добра и услуги во Европската Унија изнесува 5,2 отсто, што е за 0,9 процентни поени помалку во однос на 2023 година, објави Евростат. Канцеларијата за статистика на ЕУ задолжена за статистика забележува дека цените на опремата за спорт, кампување и рекреација на отворено пораснале многу побавно во споредба со претходната ...

Голем дел од стоките увезени во САД од остатокот од светот почнаа да се оданочуваат со дополнителна царина од 10 отсто, создавајќи невидена ситуација во светската трговија, чие влијание допрва ќе се чувствува во наредните денови, јавија американските медиуми. Оваа универзална минимална стапка од 10 проценти, од која одредени производи се ослободени, американската царина ќе ја наплати покрај постојните царини. „Денеска стапи на сила 10 отсто ...

Бизнис БОЈКОТОТ ОД ПОТРОШУВАЧИТЕ БЕЗ УСПЕХ, трговците во Црна Гора со зголемен прометот 04.04.2025 Приходите на трговските синџири во Црна Гора од 31 јануари годинава, кога се случи првиот бојкот, до 14 март, кога беше последен, изнесуваат 108,48 милиони евра и се повисоки од истиот период лани за 2,27 милиони или 2,14 отсто, покажуваат податоците на Даночната управа доставени до весникот Дан. Досега имаше три големи бојкоти на сите трговски ...

Деновите кога доброто CV гарантираше одлична работа одамна се зад нас. Новите трендови на вработување носат револуција, па така компаниите сѐ повеќе бараат личности наместо хартија. Работодавачите не сакаат веќе само дипломи и искуства напишани на лист, туку вистински карактери кои имаат нешто повеќе да понудат. Филип Трајановски, сопственик на мала фирма во Скопје, објаснува дека денес најмалку гледа во CV кога бара нов вработен. „Долго време ...

Претседателот Доналд Трамп денеска им рече на инвеститорите дека, среде пазарните потреси предизвикани од неговото воведување нови царини низ светот, сега е вистинското време да се инвестира во Соединетите држави. – Кина одигра лошо, ги фати паника, тоа е единственото нешто што не требаше да го направат – рече Трамп. – За многуте инвеститори кои доаѓаат во Соединетите Држави и инвестираат огромни суми пари – моите политики никогаш нема да се ...

Nintendo победи

5 часа - USB - +1
weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.68
73%
1013
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
85%
1013
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
54%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 20ᴼ
2.06
63%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
77%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
68%
1016
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
5.14
70%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
85%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
88%
1016
Currency

61.535

Currency

52.3098

Currency

70.8688

Currency

34.5577

Currency

37.8834

Currency

65.9346

Currency

7.33712

Currency

0.62805

Currency

0.35707

Currency

0.52482

Currency

1.26743

Currency

0.5964