Лиса Су не е само успешна извршна директорка – таа е симбол на трансформација, иновација и лидерство. Во време кога во технолошкиот свет доминираатмажи, таа докажа дека вистинскиот лидер се мери според визијата, храброста и резултатите. AMD денес е силен играч во индустријата на полупроводници и микрочипови, а нејзината приказна е инспирација за идните генерации инженери и лидери. Нетo богатството на Лиса Су надминува 1,3 милијарди долари, што ...

Овој оглас изненади многумина во регионот Едно козметичко студио во Белград кое веќе со години постои во центарот на овој град бара козметичар или козметичарка. Како што пишува во самиот оглас на ова козметичко студио потребен му е работник од оваа област со искуство и знаење за различни третмани, а она што посебно привлекува вниманието е платата. Фото: Фрипик Имено, во огласот месечната заработка во нето износ се движи од 45.000 до 60.000 ...

Звучи како на филм, ама доколку живеете во Италија или имате европски пасош, овој „филм“ може да ви стане реалност… Власите во Италија со нова идеја како да ги оживеат руралните краеви од својата земја, а истата стана и вирална во цел свет. Имено, бројни општини од руралните делови на земјата како и напуштени села од пред некое време ја спроведуваат иницијативата со која даваат стари куќи по симболична цена од само едно евро. Купците имаат само ...

Електронското плаќање, било со картички или преку други технологии, би можело да стане задолжително во сите продажни места во Германија, пишува „Welt am Sontag“. Целта, велат, е борба против даночното затајување. Според извештајот, Унијата (CDU/CSU) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) планираат да ги обврзат трговците да прифатат барем една форма на електронско плаќање покрај готовината. „Ние се залагаме за вистинска слобода на ...

Еден од најпознатите маркети се соочува со сериозни проблеми Еден од најпознатите германски маркети, „Лидл“, кој наскоро треба да ги отвори првите продавници и во Македонија, во својата матична земја се соочува со сериозни обвинувања, пишуваат германските медиуми. Компанијата е обвинета од страна на германските здруженија за заштита на потрошувачите дека манипулира со потрошувачите. Според овие здруженија, околу 100 милини корисници на ...

Колкава пензија ќе зимаат работниците во Хрватска зависи од висината на платата која што ја имале во текот на кариерата. Оваа сума денес секој може да ја премета со помош на калкулаторот кој е достапен на веб страницата „МојаМировина.хр“ со која управува централниот регистар на осигурениците (REGOS). Со помош на овој калкулатор може да ја процените својата идна пензија на основа на години на работен стаж, платите и состојбата на личната сметка ...

Викендов, од 4 до 6 април 2025 година, во хотел „Аквалина“- Охрид, се одржа Вториот конгрес на македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега- МЗМСАРИН, конгрес со интернационално учество. Вториот конгрес сплоти околу 250 учесници, колешки и колеги од скоро сите јавни и приватни здравствени установи од земјава и регионот и уште еднаш на задоволство на сите се покажа обединетост на медицинските сестри во ...

Рускиот буџетски приход од нафта и гас нагло падна во првото тримесечје, што ја одразува високата споредбена основа од 2024 година и пониските просечни цени, покажаа податоците објавени на веб-страницата на Министерството за финансии. Во периодот од јануари до март, Русија оствари приход од нафта и гас во износ од 2,64 билиони рубљи, односно 30 милијарди долари, според податоците на Министерството, цитирани од новинската агенција ТАСС. ...

Американскиот претставник за трговија Џејмисон Грир денеска потврди дека таканаречените реципрочни царини, најавени од претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе стапат во сила утре. Грир изјави дека САД моментно преговараат со околу 50 земји, но дека не можат да го чекаат исходот од тие разговори. – Царините стапуваат во сила истовремено со започнувањето на непосредните преговори – рече Грир. Новата царинска стапка, која се применува на речиси сите ...

Царинската управа соопшти дека денеска на аеродромот во Скопје е спречен обид за шверц на злато во вредност од половина милион евра. Против две лица белгиски државјани кои се обиделе да го шверцуваат златото е поднесена кривична пријава. Царинските службеници, како што информира директорот на Царинската управа Бобан Николовски, се посомневале во патниците откако утврдиле дека во нивните куфери забележале голем број празни кутивчиња за накит и ...

Министерката за финансии не очекува негативни ефекти од царинската стапка на САД врз македонската економија и буџетот, ниту пак очекува некаква брзи негативни ефекти врз извозот, компаниите и отпуштање на работници. Според неа, трговската размена со САД е многу ниска и изнесува под 1% од целиот извоз и нема да се почувствува директно влијание. -Директни ефекти нема да има. Не постои компанија која ќе го зголеми производството преку ноќ за да ...

Американскиот производител на авиони Боинг повторно се најде во центарот на вниманието на глобалните трговски тензии, кои сега се закануваат да го загрозат еден од клучните елементи на неговото закрепнување – испораките на моделот 737 MAX на кинеските авиокомпании. Откако администрацијата на актуелниот претседател Доналд Трамп месецов воведе високи тарифи од 34% на кинески стоки, кинеските власти веднаш одговорија со реципрочни мерки – ...

Меѓу најбогатите луѓе во светот, Ворен Бафет е еден од ретките чие лично богатство порасна годинава откако царините на претседателот Доналд Трамп предизвикаа распродажба која збриша трилиони долари во вредност кај глобалните акции. Нето вредноста на Бафет годинава се зголеми за 11,5 милијарди долари, на 153,5 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Блумберг“. Ова е и покрај падот од 14,5 милијарди долари што се случува од 2 април, ...

Компанијата „Викресофт“, која беше основана од „Мајкрософт“ во соработка со кинески партнери, денеска престанува да работи, објави кинескиот медиум „Кајинг“, повикувајќи се на информирани извори. Ова е во согласност со одлуката на Мајкрософт да ги суспендира услугите за поддршка на клиентите во Кина, кои ќе ги вклучуваат корисниците на оперативниот систем Windows и програмите за обработка на текст Office. Затворањето на компанијата ќе остави без ...

Дигитализацијата на бизнисите и на општеството е природна еволуција – очекуван исход од развојот на технологиите, поттикнат од потребите на нашите граѓани и компании. Ние сме сведоци на раст на интересот на бизнисите и на институциите за новите дигитални решенија коишто им решаваат многу предизвици. Ако порано нашите презентации и конференции за вакви решенија се сведуваа на коментари од посетителите од типот „ова е интересно”, сега гледаме ...

Бугарија за прв пат се претставува со национален штанд на изложбата за мебел и ентериер Salone del Mobile 2025 година. Форумот се одржува од 8 до 13 април во Милано, Италија. Осум компании го презентираат квалитетот на бугарскиот мебел и дизајн. Нашиот штанд се наоѓа во сала 3 на изложбата, информираат од Стопанската комора на дрвопреработувачката и индустријата за мебел. Salone del Mobile е една од најголемите и најавторитетните изложби во ...

Додека глобалните пазари бележат драстичен пад во последните недели предизвикан од царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, единствениот од 10-те најбогати луѓе во светот чие богатство се зголеми оваа година е Ворен Бафет. Според индексот на милијардери на Блумберг, богатство на Бафет се зголеми за 12,7 милијарди долари годинава и изнесува 155 милијарди долари, што го става на шестото место на светската листа на најбогати ...

„PayPal Holdings“ објави забавување на растот во бизнисот со обработка на плаќања со картички, иако нејзиниот профит во четвртиот квартал ги надмина очекувањата на аналитичарите, пишува „Bloomberg“. Растот на вкупниот обем на плаќања за небрендираниот бизнис за обработка на плаќања на „PayPal“ – обемот на плаќања што ги обработува за други бизниси, а не за себе – падна за 2% во четвртиот квартал, во однос на 29% една година порано. Компанијата ...

Поради најновите давачки воведени од американскиот претседател Доналд Трамп, некои глобални компании решија времени да ја стопираат дистрибуцијата на производи во САД. Минатата седмица Трамп воспостави основен надоместок од 10 проценти на сиот увоз, а одредени држави се соочуваат со давачки до 50 отсто. Многубројни производители се надеваат на спогодби за помали стапки и одлучија да го суспендираат извозот сè додека не видат во кој правец се ...

Царински службеници на влез во државата на граничен премин Блаце запленија 504 кутии со 126 килограми тутун за наргиле во вкупна вредност од 971.772 денари. Тутунот за наргиле е откриен при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички. Патникот кој инсистирал побрзо да помине поради сомнително однесување е селектиран за детална контрола при што се пронајдени 504 кутии од 250 грама тутун за наргиле со вкупна тежина од 126 килограми. ...

Бизнис ТУРИСТИТЕ ОД КАНАДА, ДАНСКА И КИНА ЈА „ЗАОБИКОЛУВААТ“ АМЕРИКА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА! 08.04.2025 Промените во надворешната дипломатија и воведувањето на царините на увоз по реизборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави , почнуваат да влијаат и на желбата на туристите да ги посетат САД, пишува лондонски Индипендент. Компанијата Tourism Economics соопшти дека очекува бројот на луѓе кои доаѓаат во САД од ...

Повеќе комфор во домот и незаборавни патувања – изборот е твој, а со Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка уживањето станува достапно лесно и едноставно. Сега и со намалени каматни стапки за уште повозбудлива нова авантура. Потрошувачкиот кредит до 2.000.000 денари од Комерцијална банка ти овозможува вистински задоволства при што имаш едноставна постапка за аплицирање и најважно од сѐ помало месечно оптоварување на твојот буџет. Имаш ...

Минатата година, околу 27.000 странски работници кои веќе имале договори за квалификувани работни места ја напуштиле Германија, бидејќи германската Агенција за вработување проценила дека нивните плати не се доволно високи, што било повод да не добијат работна дозвола. Ваквата состојба е честа иако германските компании имаат потреба од работна сила која сакаат да ја обезбедат од странство. За главен виновник за состојбата се посочува ...

Со одлука на менаџментот, сите вработени во телевизијата Клан Македонија од вчера се отпуштени од работа, дознава 4NEWS.mk. Ова е уште еден сигнал дека оваа медиумска куќа со национална лиценца, која во минатото се промовираше како глас на граѓаните, се соочува со крајот на своето постоење. Телевизијата сè уште не ја подмирила годишната обврска кон Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), а според наши информации, рокот за ...

Од Жито Полог АД Тетово преку Македонската берза информираа за реизбор на членовите на Одборот на директори. Во истиот остануваат Катерина Дамјановска, Стојна Маџарова, неизвршен член и Сашо Босилков. Тие имаат нов мандат од четири години, ќе имаат месечен паушал од 20 илјади денари, како и право на други трошоци, поврзани со нивното работење. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Тетовски Жито Полог лани со добивка и зголемени приходи Генералниот извршен директор ...

На друштвата Тутунски комбинат АД Прилеп, Вабтек МЗТ АД Скопје, Жито Караорман АД Кичево и ДС Смитх АД Скопје им е изречена мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата, информираа од Македонската берза. -На друштвата Тутунски комбинат, Вабтек МЗТ и Жито Караорман, котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи (Биланс на ...

Од Димко Митрев АД Велес преку Македонската берза информираа дека Атанас Киров е избран за извршен директор – генерален директор без ограничувања за период од два месеци, а за претседател на Одборот на директори за ист временски рој е избран Анѓел Шоптрајанов. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Велешки Димко Митрев лани со намалена добивка Кои се најголемите акционери во велешки “Димко Митрев“ Колкава плата имал лани директорот на велешки „Димко Митрев“ и ...

Кинеската медиумска компанија Caijing ја објави веста дека компанијата Wicresoft, која Microsoft ја основа во соработка со кинески партнери, ќе престане со работа во вторник. Потегот е во согласност со одлуката на Microsoft да ги суспендира услугите за поддршка на клиентите во Кина, кои ќе ги опфатат и корисниците на Windows и Office кои се занимаваат со обработка на текст. Затворањето значи отпуштања најмногу за кинескиот тим на Microsoft, кој ...

Берлин, 7 април 2025 (МИА) – Падот на финансиските пазари е „повик за будење“ што покажува дека трговската војна „на крај ќе има само губитници, соопшти денеска германската Влада по воведувањето на новите американски царини. - Само мораме да дејствуваме интелигентно и јасно за да избегнеме нова трговска војна и ескалација, изјави портпаролот на германската Влада, Штефен Хебештрајт. Тој додаде дека сега не можат да се изразат преку бројки ...

Цените на нафтата паднаа под 65 долари на меѓународните пазари во понеделникот, како одраз на стравувањата на инвеститорите дека најавената зголемена понуда може да се совпадне со намалената побарувачка под притисок на најавените бариери за светската трговија. На лондонскиот пазар со барелот нафта доцна попладнето се тргуваше по пониска цена од 1,17 долари отколку на затворањето на трговијата на крајот од минатата седмица, кога изнесуваше 64,41 ...

Nintendo победи

2 часа - USB - +1
weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 18ᴼ
1.54
73%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
44%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.38
46%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
89%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
1.34
60%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
73%
1017
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
68%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
59%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
3.09
72%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
88%
1015
Currency

61.535

Currency

52.3098

Currency

70.8688

Currency

34.5577

Currency

37.8834

Currency

65.9346

Currency

7.33712

Currency

0.62805

Currency

0.35707

Currency

0.52482

Currency

1.26743

Currency

0.59333