Во чест на Светскиот ден на уметноста во Сули ан беше отворена изложбата на дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности кои се претставија со слики, графики, цртежи, инсталации и дигитални дела. Во дворот и на терасата на горниот кат свои дела изложија: Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона Петрова, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Марија Ќурчиева, Ивона Младеновска, Горјана Калевска, Сара Милошевска, ...

Џермаја Торонка е студент од Сиера Леоне, Африка, кој создаде иновација која може да снабди со електрична енергија илјадници домови без многу напори и без да и наштети на животната средина. Овој млад човек пронајде начин како да генерира чиста енергија од чекорењето на луѓето, пренесува BBC. Веќе неколку години Торонка, кој сега има 21 година, се занимава со проблемот со недостигот на електрична енергија во неговата земја. Тој додека бил дете ...

Новата академска година само што не почнала, а за многу студенти тоа значи и селење во студентски дом или друг вид сместување. За да им помогне на студентите полесно да се преселат, порталот „Студентски“ направи листа со работи што може да им го олеснат престојот во новиот дом на студентите. Мал вентилатор Иако моментално можеби не размислувате за летото, вентилаторот во собата е вистински спас кога ќе се зголемат температурите. ...

Црвената е традиционална боја со која се бојадисуваат велигденските јајца. Црвената боја ја симболизира пролеаната крв на Исус Христос при мачењето и распнувањето на Велики петок. Денес постојат многу техники за бојадисување јајца и шарање на велигденските јајца, а поголем дел од нив вклучуваат вештачки бои. Сепак, доколку повеќе сакате природни варијанти, тогаш ние пронајдовме еден начин со кој ќе добиете убава црвена боја, а да не употребувате ...

Губењето на слухот е голем проблем кој се повеќе се шири. Дури се процвенува дека над 700 милиони луѓе во светот или 10% од глобалната популација ќе имаат прблеми со слухот, велат од СЗО. Неодфамна се појавија тврдења дека вакцините за КОВИД-19 како нуспојава предизвикуваат губење на слухот, но досега нема студија која го потврдила тоа. А сега компанијата Frequency Therapeutics, која настана на Универзитетот МИТ, пронајде нов метод за третирање ...

Ако “Apple” се држи до својот вообичаен распоред, би требало прв да го видиме “Apple Watch Series 8” во септември. “WatchOS 9” веројатно за прв пат ќе го видиме на “WWDC” во јуни. Има уште време до одржувањето на двата настани, но гласините се се почести. Според извештаите на “Bloomberg”, се очекува “Apple” оваа година да открие три нови модели на часовници. Заедно со ...

Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 29-ти пат распишува конкурс за нови композиции, што ќе го имаат премиерното издание на 2 и 3 септември, преку Фолк и Интернационалната вечер, на најубавата сцена на Балканот, Долни Сарај во Охрид. Фолк- вечер ќе се случува на 2 септември и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори ...

Голем број студенти на економските факултети се декларираат како антиматематичари. Математиката се користи секојдневно, а повеќето предмети вклучуваат одредено ниво на математика. Предметите по математика не можат да се совладуваат исто како и теоретските, поради што ви пренесуваме техники за полесно учење математика. 1. Вежбајте, вежбајте и повеќе вежби Невозможно е да се научи математика со читање и слушање. Мора да ги засукате ракавите и сами ...

– Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, соопшти дека успешно е реализирана двонеделна студиска посета на 40 студенти од Србија, Црна Гора и Косово, во рамки на проектот е-ВИВА (e-VIVA), од програмата Еразмус+. Студентите во периодот од 3 до 16 април, како што посочија од Институтот, имаа можност да се стекнат со услужно (сервисно) ориентирани ...

Професорскиот кадар од Универзитетот за туризам и менаџмент е секогаш спремен својата експертиза да ја пренесе на сите млади лица кои сакаат да ги прошират своите знаења. Таков пример е денешната обука за презентациски вештини која на учениците од средното училиште Јахја Кемал им ја пренесе деканот на Факултетот за туризам проф. д-р Сашко Граматниковски. Интерактивниот пристап со дирекни примери, многу позитивна енергија и размена најдобро ја ...

„Биди Економист“ е дводневен настан со серија предавања, работилници и други активности за афирмација и запознавање на професиите кои произлегуваат од Економскиот Факултет во Штип. На настанот ќе можат да присуствуваат сите заинтересирани, а ќе бидат опфатени актуелни теми. Настанот на некој начин претставува отворени денови на факултетот на кои преку интерактивен начин идните студенти ќе се запознаат со можностите, но и со дел од ...

Дали некогаш сте читале книга која на почетокот ви се чини дека е сосема нормална, но во еден момент ќе ве извади од памет со комплицираниот пресврт и чудесниот крај? Одеднаш сфаќате дека неповрзаните карактери и настани на некој начин се многу испреплетени меѓу себе, па не можете да ја оставите книгата сѐ додека не го дознаете крајот. Еве неколку примери за такви книги. Дури и да сте страстен читач и одлични во решавање мистерии, овие приказни ...

Секаде се верува дека луѓето кои градат кариера во областа на науката и технологијата се многу интелигентни, додека оние кои се определуваат за општествени науки се верува дека имаат пониска интелигенција. Но, она што многумина не го знаат е дека пишувањето може да ви ја подобри интелигенцијата. „Заклучете ги библиотеките ако сакате, но нема порта, нема брава, нема квака што може да ја затвори слободата на мојот ум.“ – ...

Ла Каса дел Арбол е една од најпознатите атракции во Бањос, Еквадор. Станува збор за куќичка на дрво на височина од 2600 метри, а доколку ги прашате локалните жители, но и оние кои ја посетиле, ќе дознаете дека таа е евтина, забавна и нуди најдобар поглед на околината. Ла Каса дел Арбол стана едно од најбараните искуства ширум Еквадор, како за домашните, така и за меѓународните посетители, а интересно е што се споменува во речиси секој блог за ...

Обожува историја, како што вели, делумно и поради тоа што добар дел од неа искусила и самата. Италијанката која го пропуштила формалното образование поради Втората светска војна, се вратила во училница по својата училишна диплома и тоа на 90 години. Анунцијата Мурџа е најстарата личност во историјата на своето вечерно училиште, каде оди за да добие диплома за средно училиште. Полага испити кои обично ги полагаат деца на возраст од 14 години. Таа ...

Оваа илустрација која за првпат била објавена во 1858 година, е наречена „Шредеровите скали“, а по неполни два века сè уште предизвикува конфузија кај луѓето. Илустрацијата која неодамна беше објавена на „Редит“, а потоа стана популарна на сите социјални платформи, е дело на научникот Хајнрих Г.Ф. Шредер, а она поради кое сите ги „чешаат главите“ е како е можно скалите да изгледаат потполно поинаку ако ...

Објавен е првиот трејлер за 3-Д анимираната серија „Агент 203“, што скопското студио „Ви хаус анимејшн“ ја прави за светскиот пазар. Серијата е наменета за деца над седумгодишна возраст, а премиерата е најавена за пролет 2023. Ќе има 26 епизоди во времетраење од по 22 минути. Главен лик е девојчето Зои, интергалактичка агентка, која заедно со нејзиниот партнер, вонземјанинот Улав и со најдобрите пријатели се бори против ...

Матурантот Џонатан Вокер слави откога е примен на 27 колеџи и универзитети, меѓу кои „Харвард“, „Стенфорд“ и МИТ. Покрај тоа, тој добил и стипендии во износ од 4 милиони долари. „Многу се изненадив кога видов дека сите се заинтересирани за мене и сакаат да студирам на нивната институција“, рече Вокер во интервју за „Еј-би-си њуз“. Вокер, кој живее во Панама Сити, Флорида, нагласи дека нашол по ...

Новата апликација за паметни телефони, која им овозможува на корисниците да снимаат автомобили со камера и да утврдат дали тие го прекршуваат ограничувањето на брзината, предизвикува контроверзии по само неколку недели на пазарот во Велика Британија. Апликацијата наречена Speedcam Anivhere може да ја користат пешаците за да снимаат автомобили. Корисникот потоа може да ја зачува сликата со брзина на возилото и да генерира извештај. Идејата е овој ...

Ректорот на Универзитетот за туризмот и менаџмент Скопје, проф. д-р Аце Миленковски и нашиот магистар по човечки ресурси, а денешен Градоначалникот на Општина Кисела Вода, м-р Орце Ѓорѓиевски потпишаа Меморандум за соработка. Општина Кисела Вода е местото каде Ректорот го поминал своето детство и гордо денес чекореше по истите улици и паркови запознавајќи го својот тим со детските спомени. Истите спомени ги разменија и со градоначалникот ...

Македонските винарии учествуваа на еден од најголемите саеми за вино во Европа – Vinitaly 2022 кој оваа година се одржува од 10-13 Април во Верона, Италија на кој се преставени вина од 4.500 винарии, а саемот привлекува над 20.000 професионална винска публика од целиот свет. Во рамките на саемот, се одржа и посебна Мастерклас дегустација на македонски вина од сортата Вранец и преку стручна презентација беа презентирани посебните ...

Бирање дел од мапа кој некој сака да ја зачува како oфлајн, па преземање на уредите е многу едноставно и не одзема многу време. Навикнавме дека сè е на интернет, а се случува во текот на патување да ни се изгуби сигналот од мобилниoт телефон, па да останеме без конекција што е непријатно доколку за снаоѓање користите онлајн мапа. Google Maps за среќа има опција која овозможува делови од мапа да се симнат и да се користат офлајн. Сигурно е ...

Високиот крвен притисок е една од најзастапените состојби, не бира возраст, а може да биде големо предупредување дека нешто не е во ред. Високиот крвен притисок (хипертензија) бара соодветна терапија, а покрај тоа, можете да го регулирате со исхрана и одредени намирници. За хипертензија често е одговорна генетиката, но ризик фактори се и лошата исхрана и дебелината. Знаци за висок крвен притисок се заматен вид, силни главоболки и болки во ...

Со последните денови од септември доаѓаат првите најавувачи на есента: фотографии од книги и шолја кафе покрај прозорецот додека врне надвор. Ако не можете да изберете помеѓу да останете дома под ќебе со книга во рака и возбудливи патувања во далечни земји, еве ја идеалната комбинација: Џомбочо, јапонскиот град на книги. Се нарекува град, но тоа е област во Токио, веднаш до познатиот град Чиод и Царската палата. Населбата е полна со книжарници, ...

Секој има различни техники и навики како го поминува времето над книгата. Сепак, главен услов за добро совладување на материјата е ефективноста, односно квалитетно потрошеното време учејќи. Нормално, со ефективноста цврсто се приклештени и принципиелноста и дисциплината, но и двете се тешки за остварување. Држејќи се до некои од овие совети, можеби ќе си олесните при процесот на учењето. Направете си распоред Распоредот ќе ви овозможи многу ...

Овој трик би можел да им ги промени животите на сите! Станува збор за трик кој на сите студенти и ученици ќе им го олесни пишувањето на есеи, семенарски или барања. Сигурни сме дека сите ќе се израдувате, а можеме да ви потврдиме дека навистина е корисно. Една девојка сними видео со кое го олеснува школувањето на многу ученици и студенти. Имено, прашање е опција на лаптоп со која копираме и лепиме текст (најчесто во семинарските). Токму поради ...

Ве известуваме дека студентите на високообразовните институции од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка имаат можност да вршат практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија, во текот на месеците јуни, јули и август 2022 година. Пријавата, пополнета од страна на овластеното лице од Универзитетот и од ...

На крајот на семестарот, многу студенти го жртвуваат нивното здравје за да успеат да ги завршат сите проекти на време и добро да се подготват за испитите кои следуваат. Во овој период од учебната година, спиењето е најчесто првата активност од која секој студент би се откажал, за да ги заврши сите обврски. И покрај тоа што многу студенти веруваат дека ќе го надополнат изгубениот сон кога ќе пројде сесијата, честите непреспани ноќи може да ...

Милијардерот требаше да стане член на одборот во саботата, но извршниот директор на Твитер, Параг Агравал, во понеделникот наутро изјави дека Маск ја одбил понудата. Маск минатата недела стана најголемиот инвеститор на Твитер и беше поканет да се приклучи на неговиот одбор. Извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, кој неодамна купи удел во „Twitter“, одлучи да не се приклучи на бордот на директори на компанијата, а веста ...

Повеќето луѓе се согласни дека низ годините поминати студирајќи, ги искусиле најубавите моменти од младоста кои се доживуваат само еднаш. Проблем се само парите, кои голем број студенти ги добиваат како месечен џепарлак од родителите, а кој никогаш не им е доволен за сé. Но, доколку научите како да си го испланирате животот и вашите секојдневни трошоци, можете да имате сé и плус да завршите факултет во рок. Купете користени книги ...

Скопје

7ᴼ/7ᴼ
0.51
87%
1020

Белград

14ᴼ/12ᴼ
4.12
71%
1018

Софија

12ᴼ/9ᴼ
5.14
75%
1023

Сараево

12ᴼ/12ᴼ
2.57
79%
1022

Љубљана

10ᴼ/7ᴼ
2.06
87%
1009

Атина

18ᴼ/14ᴼ
3.6
57%
1017

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
1.54
93%
1019

Подгорица

13ᴼ/8ᴼ
2.06
67%
1019
Currency

61.5162

Currency

57.5386

Currency

71.8542

Currency

37.59

Currency

42.0558

Currency

62.892

Currency

7.94063

Currency

0.62429

Currency

0.36337

Currency

0.52519

Currency

1.77171

Currency

0.68989

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

616639 $

Рутениум

24115 $

Калај

33 $

Сребро

874 $

Злато

75176 $

Бакар

9 $

Паладиум

30692 $

Платина

29370 $

Родиум

151607 $

Цинк

91511 $