Демнење и сексуално вознемирување станаа кривични дела, напад врз адвокати, здравствени и медиумски работници ќе се казнува со затвор. Ќе се казнува и економско насилство. Ова се дел од измените на кривичниот законик кој по две години во собраниска процедура, вчера тивко помина на пленарна седница. Напади и закани врз адвокати, здравствени и медиумски работници од сега ќе се третираат како напади врз службени лица, се предвидува во измените на ...

Развитокот на вештачката интелигенција отвора нови опции. За некои ова е страшно, а за други нормално и потребно. Од младите побаравме став за тоа како развојот на технологијата ќе влијае врз нив, а од експертите - како да се извлече корисното. На Тик-Ток му требаа девет месеци, a на Инстаграм, две и пол години за да го достигне бројот на корисници на четботот ChatGPT, создаден е од OpenAI, компанија поддржана од Мајкрософт. Ова го покажуваат ...

Се очекува САД да испратат ново оружје со поголем дострел во Украина. Вашингтон одговори на молбата на претседателот Зеленски за ракети кои можат да погодат длабоко зад линијата на фронтот. Дали руските сили ќе треба да се прилагодат за да не се соочат со потенцијални катастрофални загуби. Новото оружје, ракета со мал дијаметар со лансирање од земја (GLSDB), ќе и овозможи на украинската војска да погодува цели на двојно поголема оддалеченост од ...

Во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија во државава денеска е ден на жалост. Скопјани се сеќаваат на солидарноста со која Скопје беше повторно изградено, но и со сомнеж гледаат во новите градби за кои градежниците и сеизмолозите не можат да кажат дека сите се безбедни. Страшните слики од урнатините во земјотресот во Турција и Сирија ги потсетија Скопјани на катастрофата со која се соочи главниот во 1963 година. На Денот ...

Алијанса за Албанците влегува, Алтернатива излегува. Владејачкото мнозинство се зголемува, но неизвесно е за колку. Невообичаено, пратеници од владејачкото мнозинство да најавуваат дека ќе гласаат против реконструкцијата. ДУИ останува со едно министерско и едно заменичко место помалку. Влезот на Алијанса за Албанците (АА) во Владата нема да го зголеми владејачкото мнозинство за колку што се очекуваше. АА во парламентарното мнозинство влегува со ...

Граѓаните се жалат на недостиг на одредени антибиотици, лекови за притисок, епилепсија, авто-имуни заболувања. Од Агенцијата за лекови Малмед велат дека недостигот на лекови е резултат на глобалната енергетска криза, но дека граѓаните не треба да стравуваат дека ќе останат без терапија Веќе неколку недели пациентка која боледува од лупус (автоимуна болест) низ аптеките го бара лекот декортин. Безуспешно. Овој кортикостероиден лек кој се користи ...

Кога американскиот државен секретар Ентони Блинкен го откажа своето патување во Пекинг, тој внимателно ги избра зборовите. Кинеското лансирање на шпионски балон на голема височина над Соединетите држави е неприфатливо и неодговорно, рече тој, но Блинкен ја одложи, а не ја откажа неговата посета. Соборувањето на балонот, како и на два неидентификувани авиони во петокот и саботата над Алјаска и Канада покрена прашања за тоа дали противникот ...

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска најавува дека проектот БРТ кој го наследи од нејзниот претходник до СДСМ се ревидира, отстранети се недостатоците и дека е во почетна фаза, но не открива кога ќе стартува на терен. Градоначалничке Арсовска првата година од мандатот - Град Скопје остана еден ден без јавен превоз, приватните превозници не возат со што се создаде хаос во јавниот превоз, имаше протест во Водовод, за да финишира со ...

Бројот на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија надмина 24.000 луѓе. Спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините, а милиони се останати без покрив над главата. ОН го опиша настанот како најлош во последните 100 години. Шефот за помош на ОН Мартин Грифитс денеска го опиша разорниот земјотрес што ја погоди јужна Турција и северозападна Сирија, како „најлошиот настан во последните 100 години во овој регион“. Коментарите на Грифитс доаѓаат ...

Никој ниту презема, ниту чувствува одговорност за луѓето кои умираат поради нефукционалниот здравствен систем. Државата најде пари за неколку најкритични пациенти со цистична фиброза еден ден по смртта на Благојче Илијевски, кој три години го чекаше лекот од јавното здравство. Надлежните не гледаат одговорност за смртта на Благојче Илијевски, пациент со цистична фиброза кој три години чекаше државата да го купи лекот, за него, но и за останатите ...

Цените на храната на светските берзи паѓаат десет месеци по ред и сега се пониски од лани. Во Македонија храната за една година е поскапена за скоро 28 отсто. Министерот за економија Крешник Бектеши се закани дека ќе им ја укине субвенционираната струја на прехранбените фирми кои не ги поевтиниле производите. Ако прехранбените компании не ги намалат цените на основните прехранбени производи, ќе им ја укинеме повластената струја што ја добиваат ...

Во услови на излив на сочувство за Сиријците погодени од земјотресот, Дамаск го искористи моментот за да го повтори своето долгогодишно барање помошта да биде координирана од неговата влада, која Западот ја избегнува од почетокот на војната во Сирија во 2011 година. Западните сили не покажаа знаци дека се подготвени да го исполнат тоа барање или повторно да се ангажираат со сирискиот претседател Башар ал Асад, но неговата позиција е зајакната ...

Њузлетер 10.02.2023 - Катастрофален земјотрес во Турција и Сирија, катастрофални последици од некои политики во Македонија. Се иселуваат млади, бегаат лекари, никнуваат кладилници и коцкарници. Катастрофален земјотрес, хуманоста на дело Земјотресот со сила од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија веројатно ќе биде еден од најсмртоносните оваа деценија, велат сеизмолозите. Илјадници жртви, разурнати домови, страотни ...

Бројот на граѓани кои сметаат дека членство на Македонија во ЕУ е добра работа драстично се намалил во изминатата година од 69 на 49 отсто. Од друга страна, над 40 отсто од граѓаните би се иселиле кога би можеле. Бугарската блокада на евроинтеграциите го зголеми негативниот став кон Бугарија. Драстично опадна бројот на граѓани кои поддржуваат членство на Македонија во Европската унија (ЕУ). Сепак, намерата за иселување не се намалува. Според ...

Секоја година државата се задолжува за да врати стари долгови. И со последната еврообврзница ќе се враќаат долговите и каматите за еврообврзницата од 2016 година. Но, оваа еврообврзница е со поголема камата од издадената пред седум години. Од 2025 до 2027 за враќање доспеваат неколку милијарди евра. Деветта по ред еврообврзница издаде земјава во вредност од 600 милиони евра за враќање на стари долгови кои доспеваат за отплата. Од Министерството ...

Дури и во време кога повеќето игри од „старата школа“ имаат дигитална верзија, некои сепак сакаат да ги играат во живо. За да ги врати младите кон подзаборавените навики, Универзитетското студентско собрание на УКИМ организира натпревар во брза географија, шах, рубикова коцка и јамб. Иако светот се дигитализира, има млади кои уште сакаат да играат со пријателите лице в лице, наместо онлајн. Ваков е впечатокот на 21-годишната Емилија Митовска, ...

Промената на регистарските таблички на автомобилите со нова ознака НМК, која произлегува од Преспанскиот договор, според пресметките на Радио Слободна Европа вкупно ќе ги чини граѓаните 11 милиони евра. Крајниот рок за оваа обврска е до февруари следната година. Промената на регистарските таблички во текот на годинава со ознака НМК наместо досегашната МК ќе ја платат граѓаните во државната каса. Оваа обврска за граѓаните произлегува од ...

Најсмртоносниот земјотрес во Турција во една генерација му донесе на претседателот Реџеп Таип Ердоган огромен предизвик за спасување и реконструкција што ќе ги засени претстојните избори во мај кои може да бидат најтешките од неговите две децении на власт. Еден ден откако се случи земјотресот, во кој загинаа илјадници луѓе во Турција, опозициските партии и некои жители во најтешко погодените области се пожалија дека властите се бавни или ...

Владата предлага спортските обложувалници и автомат-клубовите да не смеат да бидат поблиску од 500 метри до училиштата. Сличен предлог имаше ДУИ во 2018, но не помина. Во Асоцијацијата на спортски обложувалници реагираа дека ваков закон само ќе им го уништи бизнисот, илјадници луѓе ќе останат без работа, владата ќе остане без милионски приходи, а ќе се појават диви обложувалници. Пратениците на ДУИ се надеваат на пресврт во обидот да ги тргнат ...

Нефункционалниот систем ги брка младите лекари од земјава. Од Македонското лекарско друштво велат дека за една деценија си заминале 2.000 лекари. Министерот Сали признава дека има проблем, ама смета дека најголемиот одлив на лекари бил за време на претходната власт. Лошите услови за работа и тешкотијата да се дојде до посакуваното работно место во здравството заедно со партизацијата и непотизмот ги бркаат лекарите од земјава, сметаат од ...

Повеќе ништо не планираме однапред, оти војната не научи дека плановите ништо не вредат ако немате дом во кој ќе ги остварите, раскажуваат за РСЕ украински државјани кои речиси една година од руската инвазија во Украина живеат во Македонија. Од 6000 Украинци, само 378 имаат престој од хуманитарни причини, а имаат и тешкотии да почнат бизнис или да се вработат. Звукот на силни експлозии што го разбудиле утрото на 24 февруари во 5 часот и 30 ...

Американскиот претседател Џо Бајден во неговиот втор говор за состојбата на Унијата пред двата дома на Конгресот ја осуди руската инвазија на Украина и ја промовираше американската поддршка за владата во Киев. Тој повика на обновување на „душата на нацијата“ и на столбот на САД - средната класа. Бајден во своето прво обраќање на заедничка седница на Конгресот откако републиканците ја презедоа контролата над Претставничкиот дом ги повика ...

На тие луѓе таму да не си им во кожа, вели еден граѓанин дојден да донира за настраданите од земјотресот во Турција на пунктот за донации на Плоштадот Македонија во Скопје. Владата веќе испрати спасувачки тимови, Црвениот крст отвори телефонски броеви за донации, а многу општини најавија помош. Ќебиња, топла зимска облека и обувки, пакети со конзервирана храна и хигиенски производи почнаа да носат граѓаните на пунктот за донации на плоштадот ...

Северна Македонија во изминатите години се соочува со масовно иселување, особено на младите, а тој тренд нема да запре и во иднина, ако се суди според последните истражувања. Тоа го покажаа и бројките на спроведениот попис. Речиси секој во државата познава некого кој се иселил во странство или кој допрва планира својата иднина да ја гради надвор. Таков е случајот и со семејството Паневски. Сопругот на Катерина Богдановска Паневска во октомври, ...

Младите се загрижени дека поради политички пресметки ќе го загубат своето МКЦ, најголемата независна културна сцена. Вработените бараат директор избран на конкурс со вештини за водење културна установа. Скопската градоначалничка Данела Арсовска обвинува за сомнителни работи, без завршена ревизија. Скопскиот џез фестивал, Mлад отворен театар и Скопско лето се родија во „Домот на младите 25 мај“, како што во седумдесеттите гласеше името на ...

Земјотресот со сила од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија веројатно ќе биде еден од најсмртоносните оваа деценија, велат сеизмолозите. Што велат тие за тоа што се случило под површината на земјата и што да се очекува: Каде потекнува земјотресот? Епицентарот на земјотресот бил на околу 26 километри источно од турскиот град Нурдаги на длабочина од околу 18 километри на Источноанадолскиот расед. Земјотресот се ширел ...

Од Инфективната клиника велат дека во цела држава нема серум против беснило поради проблеми со тендерите. Повеќе од 40 години нема регистрирано случај на беснило, но сепак, лекарите предупредуваат дека државата мора да располага со одредени количини од серумот ако се појави потреба. Серум против беснило нема повеќе од една година во државата. Од Клиниката за инфективни болести во Скопје велат дека причината се проблеми во тендерските процедури ...

Смената на министри и луѓе на челни позиции во институциите повторно во фокус на партиските договори за коалицирање. Законот за висока раководна служба заглави низ институциите. Експертите предупредуваат дека мора да се инсистира на квалитет, за добро функционирање на државата. Две министерства, неколку заменички позиции, заедно со повеќе директорски места е сосема извесно дека ќе добие Алијанса на Албанците ако донесе конечна одлука за влез во ...

Силен земјотрес со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди во понеделникот централна Турција и северозападна Сирија, при што загинаа околу неколку стотици луѓе. Претседателот Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со гувернерите на осум погодени провинции за да собере информации за ситуацијата и спасувачките напори, се вели во соопштението на неговиот кабинет. Бројот на загинати во Турција е над 900, додека биле повредени ...

Силен земјотрес со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди во понеделникот централна Турција и северозападна Сирија, при што загинаа околу 200 луѓе. Започна потрага по преживеани затрупани во урнатините. Претседателот Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со гувернерите на осум погодени провинции за да собере информации за ситуацијата и спасувачките напори, се вели во соопштението на неговиот кабинет. Сириските државни ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.01
73%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.17
84%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
75%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
62%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52