
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Власта инсистираше на одржување на попис на население, но и десет месеци по објавувањето на првите резултати се уште нема план како ќе се бори со иселувањето. За две децении земјата изгубила околу девет отсто од жителите. Пописот, пак, им го олесни работењето на општините и бизнисот. Каде да се отворат градинки, а каде старечки домови. Дали во некој град има доволно работници за да се отвори фабрика. На овие прашања локалните власти, ...
Ситуацијата во Косово се закануваше да зоврие на крајот на 2022 година, со блокади на патиштата поставени од етничките Срби во северниот дел на земјата. Србите кои протестираа беа револтирани поради апсењето на поранешниот српски полицаец Дејан Пантиќ на Косово. По притисокот и од САД и од Европската унија Даејан Пантиќ на крајот беше ставен во домашен притвор со цел да се смири тензијата. Српскиот претседател Александар Вучиќ на 29 декември ...
Според замислата, во метаверзумот ќе можете да правите многу работи - одење на виртуелен концерт, патување преку Интернет, купување или пробување дигитална облека... Подготвил: Емил Златков Метаверзум е нов популарен збор што ја освојува имагинацијата на технолошката индустрија. Таткото на Фејсбук - Мета - е најпознатиот учесник на овој футуристички виртуелен концепт, но секако не е единствениот. Целосното спојување под водство на Марк ...
Бугарскиот истражувачки новинар Христо Грозев обвинува дека текстови со руска пропаганда, напишани од руското воено разузнавање, за 150 до 300 евра се пласираат во бугарските медиуми преку Македонецот Дарко Тодоровски, кој е на докторски студии во Москва и се претставува како новинар и воен аналитичар. Тодоровски за РСЕ ги негира обвинувањата. Македонските власти велат дека такви пари по официјални канали нема. Преку официјалните финансиски ...
Милиони евра годишно се излеваат од земјава низ коруптивни канали. Ако државата ревносно ги „затнува тие одводи“ ќе останат пари доволно за изградба на нов Клинички центар или пруга до Бугарија, децениски ветувани неизградени проекти. Корупцијата годишно јаде 5 проценти од светскиот бруто домашен производ или за илустрација колку вкупната вредност на светските гиганти Гугл и Амазон. Оваа слика ја даваaт истражувањата за корупцискиот индекс на ...
Скопјани со недели дишат токсичен воздух, а главниот град е на врвот на листите со најзагадени градови во светот. Аерозагадувањето годишно зема и над 4000 човечки живот, смрт која може се спречи. Нови мерки од надлежните нема, а граѓаните губат надеж дека ќе биде подобро. Иако маглата се крена, остана загадениот воздух во главниот град. Скопјани со недели дишат токсичен воздух, а најлоши се резултатите од мерната станица во Лисиче каде имаше и ...
Поддржувачите на екстремно десничарскиот поранешен претседател на Бразил, Жаир Болсонаро вчера ги нападнаа Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд, како мрачно ехо на инвазијата на американскиот Капитол пред две години од страна на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп. Во неверојатни сцени кои потсетуваат на инвазијата на зградата на американскиот Капитол на 6 јануари 2021, поддржувачите на Болсонаро ги пробија ...
Бразилските безбедносни сили повторно ја презедоа контролата врз зградата на Конгресот и продолжуваат со отстранување на демонстрантите од седиштето на Врховниот суд и претседателската палата Планалто. Приврзаници на поранешниот претседател Болсонаро упаднаа во клучните бразилски институции. Бразилските безбедносни сили почнаа голема операција откако стотици приврзаници на поранешниот претседател Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот, ...
Верувам дека годинава, во која Христос, повторно и повторно се раѓа меѓу нас, ќе се роди и во срцата на оние луѓе кои го потиснале мирот внатре во своите души и дека повторно ќе заживее таа желба да се живее во мир, да се подаде рака еден на друг, бидејќи знаеме дека без тоа попусто би било нашето живеење. Секое живеење во страв, не е живот, вели владиката Пимен, митрополит на европската епархија. Отец Пимен, во една од вашите колумни велите – ...
На политички план оваа година најголем предизвик ќе бидат уставните измени и предвремените избори, вели претседателот на Институтот за демократија Социетас Цивилис, Марко Трошановски во разговор за РСЕ. Според него, изборите не се неминовни, но, притисокот врз Владата за нивно распишување ќе расте. Трошановски кои ќе бидат предизвиците на политички план во оваа 2023 година во земјава? Она што е најважно на политички план, секако е внесување на ...
Во време на владеење на СДСМ се зголеми минималната и просечната плата, но со зголемените трошоци за живот, денешната плата вреди само 10 отсто повеќе отколку пред пет години. СДСМ за пет години на власт го зголеми долгот на државата колку што ВМРО-ДПМНЕ за 10 години владеење. Плановите за капитални инвестиции се рекордни секоја година, но ретко се стига до реализација од 80 отсто. Влегуваме во „грчко сценарио“, нè чека должничко ропство, ...
Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски, кој за време на пандемијата беше во првите борбени линии, хуманата мисија ја продолжува со помагање на лицата со атипичен развоје. Вели дека во секого може да се препознае што може да направи и да се вклучи во заедничкото секојдневие. Кога државата би ги слушала родителите на децата со атипичен развој многу полесно и побрзо би се подобриле условите за овие дечиња, вели Денис Јанкуловски, еден од ...
Унгарскиот премиер се опорави од првичниот шок од војната во Украина за да ја зацврсти својата контрола на власт и да создаде дополнителен „клин“ меѓу Унгарците и нејзините европски соседи. Се со помош на провладината медиумска империја. Подготвил: Емил Златков Во октомври, кога почна есента и Русија го интензивираше своето бомбардирање на цивилната електрична мрежа на Украина, за да ги измачува и замрзне Украинците до потчинување, владата во ...
Агенцијата за разузнавање за РСЕ вели дека во соработка со безбедносни служби на земји членки на НАТО биле спречени терористички напади во Македонија и во соседството во кои биле инволвирани поддржувачи на екстремистичката идеологија на ИСИС. Дел од нив биле претходно осудени за тероризам. Терористички акти кои се подготвувале на одредени локации во државата, како и напад врз комерцијален објект со користење на експлозивен појас кај нас и во ...
Над 12 проценти од учениците во Македонија имаат проблем со дислексија. Иако се забележува тренд на препознавање на лицата кои имаат проблем со читањето и пишувањето, наставниците и учениците со дислексија бараат поголема ангажираност од надлежните за да им се олесни образовниот процес. Буквите оро играат. Кога ќе ја отворам книгата, прво ја превртувам и тогаш почнувам да читам. И одеднаш буквите си ги менуваат местата и мене ми се чини како да ...
На крајот Украина мора да се обнови и тоа ќе чини милијарди. Има барања Русија да ја плати сметката, по пат на репарации или можеби со продажба на руските средства моментално замрзнати во странство. За многумина тоа може да звучи како добар план, но дали е практичен, па дури и легален? Само неколку недели откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна неиспровоцираната целосна инвазија на неговата земја врз Украина на 24 февруари, ...
Шефот на дипломатијата Османи и денеска не го објави списокот на личности со МКарта, велејќи дека за тоа треба нивна согласност. Но, затоа предупреди дека треба уставни измени да се случат поскоро бидејќи е можно да прекинат преговорите со ЕУ. За претседавањето со ОБСЕ тој рече дека приоритет ќе биде Украина. Не треба да губиме време за комплетирање на уставните измени за внесувањето на Бугарите во Уставот, изјави денеска министерот за ...
Минатата година високата инфлација, разгорена од растот на цените на храната и енергијата, го испразни џебот на граѓаните. Годинава, институциите предвидуваат забавување на инфлацијата и се прогнозира да достигне 8 - 9 %. Но очекувањата за подобрување на животниот стандард не се воопшто розови. „Катастрофа“. Тоа е одговорот на скопјанката Сузана Ѓуровска, за тоа какви очекувања има за оваа година, во однос на инфлацијата, високите цени, и ...
Во изминатите три години во Македонија беа направени успешни трансплантации на срце, коскени ткива и црн дроб. Во 2023 година се планира да се изврши трансплантација на очни ткива. Во разговор за РСЕ, доктор Маја Мојсова-Мијовска, национален координатор за трансплантации на органи и ткива, вели дека свеста за важноста на органодарителството е зголемена, а чинот на дарување го опишува како најблагороден и најхуман. Доктор Мојсова-Мијовска во ...
Од прогласување партнерство „без ограничувања“ до навигација по инвазијата на Москва на Украина, 2022 година беше година на превирања што ги урна претпоставките. Што можеме да очекуваме во 2023 година? Автор: Рид Стендиш Додека руските тенкови влегуваа во соседна Грузија под закрила на ноќта во август 2008 година, првичната реакција на Пекинг беше тивка иритација. Тогашниот кинески лидер Ху Џинтао, наводно, бил фрустриран и засрамен што Москва ...
Пандемијата со Ковид 19 не е завршена, но лекарите велат дека грипот и другите вирози се во фокусот, а ковидот останува како придружна инфекција. Загадениот воздух го засилува ширењето на респираторните вируси. Во Европа се размислува за нови мерки за патниците од Кина, поради нов бран инфекции. Ако во изминатите две години, ковид пандемијата беше меѓу главните теми околу новогодишните празници, годинава ковид скоро и да не се споменува, на ...
Изненадени амбасадори од изборите за први луѓе во битка против корупцијата, судии кои јавно говорат за судски бизнис и кодошење, ослободен од вина Мијалков за најголемата афера со прислушкување. Ова се само дел од скандалите кои ја одбележаа минатата година во правосудниот систем. А граѓани се жалат дека со години чекаат правда за роднините кои им загинале во сообраќајната несреќа во Ласкарци Неправда и незадоволство од правосудниот систем ...
Светските сили во 2022 работеа на оживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015, кој гарантира дека нуклеарната програма на Техеран не е за вооружување. Но, дали Вашингтон и партнерите ќе треба да бараат други опции за да се спротивстават на иранскиот нуклеарен напредок? Автор: Голназ Есфандиари 2022 би можела да се гледа како година во која дојде до ескалација на тензиите меѓу Иран и САД доколку пропаднат разговорите за заживување на ...
Македонија во 2022 година не направи значителни дострели на спортски план. За поголеми успеси во иднина клучни се два фактори: човечкиот и системскиот, вели претседателот на Олимпискиот комитет Даниел Димевски. Со системскиот ќе се добијат долгорочни резултати, а индивидуалци може да направат резултати во краток рок. Во светот, за прв пат спортска година заврши со Мундијал, но беше и година на контроверзи. Кога во март минатата година ...
Пред Божиќ минатата година, судот го пушти поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков во домашен притвор. Како што му тргна, среќно и му продолжи – во изминатата година скопска Апелација му укина две пресуди од вкупно 20 години затвор. Изминатата 2022 година може да ја прогласиме за година на Сашо Мијалков. На неколку дена пред крајот на претходната 2021 година, судот му го укина притворот на поранешниот директор на Управата за безбедност и ...
Мирна новогодишна вечер, без многу работа за полицијата и лекарите. Македонските граѓани ја дочекаа новата 2023 година, некои во домашна атмосфера, други во угостителските објекти, а некои и покрај високата концентрација на отровните честички во воздухот, сепак славеа на градскиот плоштад во Скопје. И покрај густата магла и загадениот воздух, многумина граѓани синоќа сепак ја дочекаа Новата 2023 година на градскиот плоштад во Скопје. Иако ...
Културните институции минусите на сметката може да ги покријат со повеќе настапи, барем шест дена во неделата. Не можам да замислам дека во Операта понекогаш имаме два-три настана во месецот. Тоа не е добро за уметниците, за оркестарот, за хорот, за балетот. Тоа е како да земете еден фудбалски тим и еден недела да нема тренинзи, се разбира дека нема добро да го одигра натпреварот, вели тенорот Благој Нацоски. Нацоски настапивте во Скопје во ...
Две илјади дваесет и втората, барем што се однесува до светските настани, ќе остане забележана како година во која почна најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна. Преглед на настаните во светот во кој секако доминира она што се случуваше во и околу Украина. ЈАНУАРИ Соединетите држави и Русија на 10 јануари во Женева започнаа тешки преговори за кои Вашингтон се надеваше дека може да ја спречат опасноста од нова руска инвазија врз ...
Актерите во земјава велат дека постојано расте бројот на невработени во нивната фела. Невработена е и Сара Климоска, иако е една од најангажираните актерки. Некои од младите актери веќе и не се ни надеваат на вработување во некој од театрите, па сосема се насочуваат кон независната сцена. Македонската актерка Сара Климоска, според платформата Европска филмска промоција (ЕФП) е една од 10-те најдобри актерски таленти во подем во Европа. На ...
Ниту среќна, ниту весела не беше 2022. Годината ја одбележаа високите цени на храната, скапата струја и парно, протестите против Францускиот предлог, против бугарските клубови, а протестираа и студентите. Превозниците, пак, блокираа. Македонија сепак почна преговори со ЕУ, а СПЦ ја призна МПЦ. Новата година ни донесе нова влада на чело со премиер кој граѓаните не го гласаа на избори. Собранието доцна на 16 јануари 2022 избра нова влада, а ...