Предрасудите, стереотипите и стигмата за лицата со Даунов синдром се уриваат, но многу бавно. Најголем проблем е борбата во институциите за нивна инклузија во сите делови на општеството. Државата уште не обезбедува образовни асистенти, а овие луѓе тешко можат да снајдат работа. Петнаесет годишната Вера од Струмица, која има Даунов синдром, е меѓу првите во Македонија која гордо зачекори на модните писти. „Убави сме, свои сме“, под ова мото за ...

Косово и Србија треба веднаш да почнат со спроведување на Договорот и да ги земат како позитивен пример односите меѓу Северна Македонија и Грција, порача специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Тој оценува дека клучен предизвик во регионот е борбата со корупцијата. Постигнатиот договор меѓу Косово и Србија во саботата во Охрид е правно обврзувачки за двете страни од секој аспект. И двете земји ќе бидат оценувани за ...

Mитингот на ДУИ во Чаир раководството на партијата го смета за критичен момент за иднината на партијата и нејзината улога во политиката во државата. Фракцијата во партијата „Огнената група“ одржа митинг во Чаир пред три недели на кој остро беа критикувани министрите на ДУИ, а особено Груби. Внатрешниот јаз во Демократската унија за интеграција (ДУИ) се очекува да кулминира вечерва на најавениот митинг, кој едната група во партијата го нарекува ...

Сашка Кузманова од Кавадарци е единствена во Македонија која изработува перики од природно влакно и ги подарува на онколошки и хематолошки пациенти. Листата на чекање е долга, процесот долг, а таа е една, па сака да направи тим бидејќи повеќе раце значат и повеќе перики. Oткако видеото на РСЕ со долгокосиот основец Максим Каески предизвика голем интерес во јавноста, го прашавме главниот јунак какви се реакциите. „Возрасните ми кажаа дека сум ...

Неколку дена откако беше обвинет од меѓународниот трибунал за воени злосторства во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе бара повеќе од кога било да покаже солидарност од неговиот кинески колега Си Џинпинг при посетата во Москва, анализира Ројтерс Само три дена откако беше издаден налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин од Меѓународниот кривичен суд, кинескиот лидер Си Џинпинг го посетува во Москва. Тој ќе биде првиот шеф ...

Кандидати со корупциски афери, обвиненија и руски врски, некои со просрпска, некои со процрногорска ориентација, како и еден инфлуенсер од социјалните мрежи се борат за претседател на Црна Гора на денешните избори. Граѓаните на Црна Гора денеска избираат претседател на државата меѓу седуммина кандидати. Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот, а право на глас имаат 542.154 граѓани. Изборите се одржуваат во ек на политичка и ...

Околу 110.000 вработени во јавниот сектор земаат плата која е скоро колку минималната во државата, а токму ниските плати се главна причина поради која работниците заминуваат во странство, вели претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Во ваква ситуација администрацијата се повеќе останува без стручни кадри. Г-не Деаноски, дали последното зголемување на минималната плата на 20.000 денари ќе ...

По 12 часа средби Косово и Србија постигнаа договор за спроведување на европскиот предлог за нормализација на односите, соопшти Борел. Лидерот на Србија вели дека ништо не потпишал и дека денеска не бил денот „Д“. Косовскиот премиер вели дека сакал да потпише договор и анекс, но Србија одбила. Курти вели дека основниот договор е де факто признавање меѓу Белград и Приштина. Косово и Србија постигнаа договор за тоа како да го спроведуваат ...

Лидерите на Србија и на Косово, Вучиќ и Курти во Вилата Билјана во Охрид разговараат за за нормализација на односите, под покровителство на ЕУ. Дојдов за договор, но сè уште нема готов текст, рече Курти пред средбата. Вучиќ, пак изјави дека „не планира ништо да потпише“. Шефот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел вели дека се разговара за имплементација на анексот. Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени кон Охрид, оценува високиот ...

Средбата во Охрид на двајцата лидери, Вучиќ и Курти е историска шанса не само за двете земји, туку и за целиот регион, рече Габриел Ескобар, специјалниот американски пратеник за Западен Балкан во интервју за Радио Слободна Европа. Со Ескобар разговараше Дорунтина Балиу. Претставникот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека очекува финализирање на анексот за спроведување на Договорот за нормализација меѓу ...

Невообичаено топли температури ја одбележаа зимата која календарски веќе одминува. Повозрасните граѓани велат дека не паметат толку топла зима како годинашната. Влијанието на климатските промени веќе се чувствува врз земјоделството, шумарството, здравството, инфраструктурата и други сектори. И во Европа е регистрирана втората најтопла зима од почетокот на метеоролошките мерења. Сонце и температури до дваесеттиот степен. Расцветани дрвја, штркови ...

Европската унија очекува лидерите на Србија и на Косово во Охрид да се договорат за планот за спроведување на договорот за нормализација на односите. Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека „не планира ништо да потпише“. Косовскиот премиер Албин Курти е оптимист за состанокот, но вели дека не зависи сè од него. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на 18 март се среќаваат во Охрид, во рамки на ...

Клучна година за македонските евроинтеграции ја нарече високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, годинава во која се очекуваат уставни измени за отворање на кластерите од преговорите со ЕУ. Европските дипломати очекуваат резултати од истрагите за корупција на високо ниво. Сите политички партии да ги преземат своите обврски и искрено да работат на продолжување со чекорите по европската патека е пораката која денеска во Скопје ...

Замрзнувањето на цените е задоцнето, велат синдикатите кои сметаат дека заради тоа е незначително. Со новата владина мерка, цените се враќаат на ниво од септември минатата година, кога инфлацијата веќе беше висока. Додека власта се рекламира дека се бори против високата инфлација во земјава, последната владина мерка за замрзнување на цените наиде на критики од синдикатите кои сметаат дека овој потег е задоцнет. Нивниот став е дека последното ...

Во повеќе региони од Русија се испраќаат покани за регрутирање, со барање за ажурирање на податоците. Дел од експетрите во ова гледаат вовед кон нова мобилизација, иако Кремљ го негира тоа. Во Воронеж, јужно од Москва, воените канцеларии за регрутирање испраќаат наредби до мажи за регрутирање, со барање да ги ажурираат информациите за контакт. Слично на тоа, во регионот Пенза кон истокот, „се врши расчистување на личните податоци“, изјави ...

Њузлетер 17 март 2023 - Од македонските пекарски картели, руските ловци и американските дронови, па се до Оскарите... Кои беат главните теми изминатите седум дена... Пекарски картел Владата во два наврати замрзнуваше цени. Првин на стандардниот леб, а потоа и на млекото, сирењето, шпагетите, макароните... Меѓу две замрзнувања паднаа и сериозни обвинувања од министерот за економија Крешник Бектеши за пекарски картел во главниот град, или како што ...

Во Скопје денеска се оддржува состанокот за Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу премиерот Димитар Ковачевски и еврокомесарот за надворшени работи Жозеп Борел. Ова е 16-ти состанок по ред за договор кој земјава го потпиша прва во регионот во 2001-вата година. Изминаа 22 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Оваа спогодба која ќе биде главна тема на денешниот состанок во Скопје меѓу еврокомесарот за ...

Тие што сакаат да градат мали хидроцентрали не се откажуваат од намерите и покрај судирот со сите кои се борат за заштита на националниот парк. Ова продолжува и покрај донесениот Закон за прогласување на Шара за заштитено подрачје и помпезните ветувања на властите дека со тоа ќе запре изградбата на малите хидроцентрали. Иако Законот за прогласување на Шар Планина за националнен парк беше донесен пред две години, и натаму постои можност за ...

Жени страдаат од лекарски грешки, а правдата е бавна во случаите кога при „рутински“ операции остануваат и без неколку органи. Невладините алармираат за одолговлекувањето на случаите, но жените кои излегоа во јавност со своите случаи веруваат дека ќе добијат правда. На жена од Тетово и ги отстраниле двете гради, а потоа се утврдило дека и била поставена погрешна дијагноза и нема рак. Родилка од Дебар отишла на лекар за да се поради и „заврши“ со ...

Француско-германскиот предлог е првенствено договор за нормализација, а не за признавање на независноста на Косово, рече специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар во Белград. Тој очекува в сабота во Охрид, „признание“ дека Заедницата на српски општини претставува „важен дел од односите меѓу Србија и Косово“. Очекувам оваа година да се постигне договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, рече на 16 март, ...

Во услови кога во Македонија има над 112 илјади невработени, власта повторно ја отвора дебатата за увоз на работници од странство. Велат дека недостигаат 10 илјади работници. Место да зголемат плати, тие бараат работници од Бангладеш, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Поевтино е да увеземе 100 политичари, кои можат да обезбедат работа за повеќе од 110 илјади невработени, отколку 10 илјади работници, коментираат граѓаните на социјалните ...

Последниот раст на цените на становите ги тера купувачите да се подзамислат за купување нов стан. Но и натаму парите наместо во банка, ги инвестираат во недвижнини. Годишно во земјава се градат по околу 5000 нови станови, додека третина од веќе изградените зјаат празни. Цените на становите се вивнаа „до плафон“, додека во земјава секој трет стан е празен, а годишно во просек се градат по околу 5000 нови станови. Прво пандемијата, а потоа руската ...

Министерката за одбрана Славјанка Петровска потврди дека земјава ѝ донирала авиони и тенкови на Украина за да се одбрани од руската инвазија. Количините не се соопштуваат. Македонија имаше 4 авиони и 31 тенкови. Повеќе земји изразуваат подготвеност да испратат авиони во Украина, но досега официјално никој не испратил таква помош. Македонија е една од ретките земји која на Украина досега ѝ донираше воени авиони. Ниту една членка на НАТО, барем ...

САД и Русија со спротивставени ставови за вчерашниот инцидент со пресретнувањето на дрон над Црното море. САД смета дека Русија го крши меѓународното, додека Русија обвинува за провокација со летање дрон во близина на полуостровот Крим, кој Москва илегално го анектираше од Украина во 2014 година. „Дрско кршење на меѓународното право“ предизвикано од „небезбедно и непрофесионално“ однесување. Вака Соединетите Американски Држави го опишуваат ...

При пропаст на банка државата гарантира враќање на депозити до 30.000 евра, праг кој треба да порасне на 100.000, ама кога земјава ќе влезе во ЕУ. Спротивставени се мислењата за тоа дали овој праг треба да биде прескокнат порано, со оглед на инфлацијата и светските кризи во банкарскиот сектор. Пропаѓањето на две големи банки во САД, повторно ги разгоре стравовите за тоа што ќе се случи со парите на граѓаните при пропаѓање на одредена банка и ...

Најмалку тројца руски дипломати кои беа протерани од ЕУ по руската инвазија врз Украина сега се акредитирани руски дипломати во Србија. Двајца од нив се поврзани со руските разузнавачки служби. Неколку земји како причина за протерувањето ја наведоа наводната шпионажа. Во месеците по почетокот на руската инвазија врз Украина минатата година, стотици руски дипломати беа протерани од земјите членки на Европската унија (ЕУ) или беа ставени на црната ...

Учебната година за три месеци ќе заврши, а учениците се уште немаат добиено учебници по англиски јазик. Ниту учебниците за трето и шесто одделение по новата програма за следната година не стигнаа до учениците. МОН најавува нов закон, но наставниците се сомневаат дека тоа е решение. Учебникот по историја во кој беа откриени низа грешки во лекциите се уште не е повлечен. Ваквите пропусти, но и многу други што се појавија годинава, МОН планира да ...

Бугарија мора да ја прифати својата одговорност за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка и да се соочи со своето мрачно минато, вели за РСЕ Драги Ѓоргиев, копретседател на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања. Да се припишува вина на Бугарија за депортацијата, смета неговиот бугарски колега Ангел Димитров. Ниту во Бугарија, но и во Северна Македонија засега нема реакција од официјалните државни претставници ...

На платениците, дел од групата Вагнер, која се бори на страната на Русија во Украина, им било речено дека нивните семејства ќе добијат исплата од 71 илјада долари, доколку бидат убиени. Но многу семејства не се информирани за смртните случаи на нивните роднини и не ги добиле ветените пари. Се шпекулира дека тое е можеби намерен потег на платеничката група. Пишува Андреи Красно. Првиот пат кога Виталиј Вотановски беше контактиран за да се дознае ...

Македонските граѓани ја живеат една од најтоплите зими. од проблеми со вода за пиење, намален принос на земјоделските култури, па се до зачестени невремиња - ова се дел од последиците кои се очекуваат од ваквото време. Топлата зима ги израдува граѓаните, но ги загрижи земјоделците и научниците. Македонија ја живее една од најтоплите зими во последните седумдесетина година, откако започнаа редовните мерења на температурите. Или како што ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
67%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
41%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
59%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.79
62%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.68
68%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
64%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
4.63
50%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
54%
1013
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52