
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Лажни и измислени интервјуа со познати лекари на Интернет преку кои граѓаните се доведуваат во заблуда за да купат медицински препарати. Тројца лекари ги пријавиле злоупотребите, но МВР уште ги бара сторителите, а лажните реклами и натаму се објавуваат. „Моментално постои само едно средство што избавува од паразитите. Тоа е антипараразитскиот лек "Паразол". Клиничките испитувања покажаа извонредни резултати“, ова е една од рекламите за чај кој ...
Има повеќе симптоми кои може да укажуваат на депресија кај младиот човек, а некои се и атипични. Ако се појават минимум пет и траат подолго од две седмици, треба да се вклучи алармот, посочуваат експерите. Според истражувањето на „Мозаик Меик“ речиси 50 % од средношколците биле анксиозни. Даниела од Скопје е мајка на три деца. Еден средношколец и две девојчиња во основно. Вели дека како и секој родител се соочува со предизвици во текот на ...
Русија, за една година од инвазијата, извршила повеќе од 31.000 различни видови тортура во Украина и неопходно е да се донесе правда за жртвите и нивните семејства, изјави добитничката на Нобеловата награда за мир, Украинката Олександра Матвијчук во интервју за Радио Слободна Европа. Пишува Анета Дуровиќ. Центарот за граѓанско општество, на чие чело се наоѓа Олександра Матвијчук, е една од трите организации на кои им беше доделена Нобеловата ...
Податоците на граѓаните беа и се безбедни, ниту се одлеани, ниту биле украдени, гарантира директорката на ФЗО Магдалена Филиповска Грашкоска. Во тек е истрага за сајбер нападот, па детали околу бараниот откуп и дали бил исплатен не откриваат. Истрагата ќе покаже кој е виновен за сајбер нападот врз Фондот за здравство, беше накусо одговорот на една од директорите на Фондот Магдалена Филиповска Грашкоска. Таа демантираше дека бил побаран милионски ...
Дури 84,2 % од анкетираните вработени биле жртви на политички мобинг покажува истражувањето на невладината организација Лаг Агро лидер. Но деградацијата, заканите, казните само заради различна политичка припадност ретко се пријавуваат заради стравот од губење на работното место и недовербата во институциите. Дали жртвите ќе може да се заштитат со внесување на политичкиот мобинг во постоечкиот Закон за вознемирување на работното место? Колку може ...
„Сава“ и „Дунав“, се кодни имиња за српски доброволци кои тврдат дека војуваат во Укрина, на страна на руските сили. Тие отишле таму да им помогнат на своите „браќа“. Во видеата на Телеграм нивниот идентитет е скриен зад фантомки. „Сава“ и „Дунав“, освен што се реки што течат низ Србија, се и кодни имиња за двајца борци кои тврдат дека од Србија им се приклучиле на руските сили во Украина. Следејќи ги објавите за нив, Радио Слободна Европа (РСЕ) ...
Поддршката за Украина нема да запре, Украина „никогаш нема да биде победа за Русија“, а американските санкции кон Русија ќе бидат проширени, порача американскиот претседател Џо Бајден во својот говор во Варшава. Неговиот полски колега, Анджеј Дуда, посетата ја нарече важен знак за безбедноста. Американскиот претседател Џо Бајден во говорот пред Претседателската палата во Варшава на 21 февруари ја повтори одлучната поддршка за полскиот сосед ...
Има десеткратно зголемување на капацитетот на соларни централи за струја. Ќе има периоди, особено летно време, кога струјата преку ден, ќе биде речиси бадијала. Власта најавува задолжително поставување батерии во соларните централи за вишоците струја да се чуваат за кога ќе треба. Со инвестицискиот бум во изградбата на соларни централи за производство на струја, кои произведуваат само додека има сонце, може да дојде до ситуација во исто време да ...
Сите политичари јавно се залагаат за „ветинг“ во правосудниот систем, но во пракса роднини на функционери од ДУИ, СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ се дел од новоизбраните обвинители и судии кои ќе ја бранат правдата. Антикорупциска предупредува, законот не дозволува роднини да работат во иста институција. Стануваат ли обвинителите и судиите наследна функција? Десетина роднини на актуелни функционери од најголемите партии во земјава како и деца на обвинители ...
Рускиот претседател во говорот до нацијата не навести крај на војната во Украина, остана на ставот дека Западот е виновен за ескалација на конфликтот, а се пофали и дека Русија ги има сите финансиски ресурси за да ја гарантира својата национална безбедност и развој и покрај санкциите од Западот. „Русија сакаше мир во Украина, но Западот имаше други идеи“, рече рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање до нацијата. Говорот на 21 ...
Обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин до нацијата може да изгледа како голема работа: се случува три дена пред годишнината од неиспровоцираната инвазија на Украина, и еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден дојде во ненадејна посета на Киев и го осуди „бруталниот“ напад на Москва врз суверена земја. Пишува Стив Гутерман. Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ѝ се обрати на нацијата, откако ја откажа својата редовна ...
Две недели по сајбер нападот, Фондот за здравство најавува дека системот целосно се враќа во функција. За информатичарот Гоце Арсовски, последиците од нападот може да ги гледаме во годините што доаѓаат, а одговорноста за ова е на државата и институциите. Сајбер нападот со денови ја блокираше работата на Фондот кој ги има податоците на скоро сите граѓани во земјава- нивни осигуреници, при што ги остави без плати здравствените работници, ја запре ...
Американскиот претседател Џо Бајден допатува во ненадејна посета на Киев. Ова е негова прва посета на земјата зафатена со војна. Украинскиот претседател ја оцени посетата како „исклучително важен“ знак за поддршка. Една година од инвазијата, Бајден оцени дека Путин погрешил. „Кога Путин ја започна својата инвазија пред речиси една година, тој мислеше дека Украина е слаба, а Западот е поделен. Мислеше дека може да не надмине. Но тој крајно ...
Пратениците шести ден по ред дебатираат за владината реконструкција, а крајот на расправата не се гледа. За тоа време министерствата за здравство и правда се обезглавени и нема кој да потпише ниту набавка на лекови, ниту пак да се спроведат предмети кои се врзани со рокови како што е екстрадиција. Набавката на инсулин и на терапија за ретки болести за годинава, набавката на медицинска опрема за потребите на Клиниката за хирургија, Клиниката за ...
Пензионираната професорка Мимоза Костоска е една од оние кои волонтерски дежураат на телефонот „Ало Бушавко“ за да ги слушаат 24/7 младите и децата и се обидуваат да им помогнат. Бараат помош, но најчесто некој да ги сослуша затоа што се тажни, фрустрирани или исплашени. Велешанка Мимоза Костоска не е баш типична пензионерка. Има 64 години, сака да се дружи со млади и класичните костимчиња да ги комбинира со модни додатоци во впечатливи бои. По ...
Извештаите, видео снимките и фотографиите од Вуледар, укажуваат дека руските единици претрпеле големи загуби во опрема, а некои извештаи говорат и за стотици жртви. Според еден извештај, од речиси триесет руски тенкови и оклопни возила останало само пепел. Според друг, можеби биле убиени дури 500 руски војници. Роднините на војници од една руска единица избезумено разменуваат СМС пораки и објави на социјалните мрежи обидувајќи се да ги најдат ...
Застареноста на делото за Даравелски е веќе завршена работа, но конфискација на имотот не зависи од застарувањето, вели во неделното интервју основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски. Според него реална е опасноста поранешниот шеф на УБК Мијалков да се спаси од казната во „Титаник 2“, но се надева дека нема да застарат предметите „Таргет-тврдина“ и „Трезор“ во кои исто така тој е еден од обвинетите. Бубевски не очекува со супервештачењето, ...
Бирократите на Европската унија (ЕУ) ќе им дозволат на производителите на храна да додаваат инсекти во прав на списокот со состојки, чија комбинација ќе биде канцерогена - оваа објава на бугарски политичар стана вирална на Интернет и стана дел од широка збунувачка кампања во Бугарија. Георги Георгиев Готи (Georgiev Gotti) е маргинален политичар и влијателен на социјалните мрежи во Бугарија и тврди дека е во крстоносна војна за да ја спаси ...
Укинати пресуди, вратени предмети на повторно судење, петгодишни судски рочишта, намалени затворски казни е исходот од предмети поврзани со аферата за масовното прислушување на над 20 илјади луѓе. Тогашното СЈО поднесе 17 обвиненија против 94 луѓе, а затворска казна денеска одлежуваат десетина, а неколку живеат во азил. Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески е последниот функционер кој годинава го премина затворскиот праг во ...
Тензиите меѓу српското малцинство од северно Косово и косовската полиција ги одвраќаат странските инвеститори. Тие го сметаат Косово за опасен регион во кој не сакаат да ги вложат своите пари, велат косовски бизнисмени и ја повикуваат владата да го реши овој проблем. Кога во декември Србија ги стави силите во највисока борбена готовност како одговор на инцидентите во Косово меѓу полицијата и малцинските српски демонстранти, акционер во најновиот ...
Секоја година во земјава околу 6.000 луѓе во просек се дијагностицираат со рак, а ракот е и втора најчеста болест од која се умира во земјава. Пациентите во немилост заради игри со тендерите за набавка на лекови, државата го скрати буџетот за рано откривање на некои видови рак, а превентива - нема. Недостиг од лекови, нередовна терапија, долги листи на чекање за термин, ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат пациентите со малигни ...
Њузлетер 17.02.2023 - Младите и вештачката интелигенција, промаја во Владата, паѓаат системите на државни институции. Младите, вештачката интелигенција и образованието Еден неодамнешен твит вели: „Младите и образовани си заминуваат од државата, па ќе ја оправаме со вештачка интелигенција“. Од младите побаравме став за тоа како развојот на технологијата ќе влијае врз нив, а од експертите - како да се извлече корисното. Некои од средношколците ...
Со откажувањето на еврообврзницата од 600 милиони евра Македонија праќа лош сигнал до меѓународните институции и може да добие повисоки камати во повторената постапка. Министерството за правда соопшти дека еврообврзницата им стигнала на потпис откако министерот Тупанчески веќе поднел оставка. До одржувањето на новата аукција за еврообрзница, прашање е и колку државата може да ги сервисира долговите, но и тековните обврски во Буџетот. Поранешниот ...
Пратеници кои имаат по неколку стана во Скопје наплаќале илјадници евра за патни трошоци во Собранието. Граѓаните коментираат дека наплатиле како да патувале до Месечината. Пратениците се бранат дека патните трошоци им се многу пониски отколку на владините функционери, кои имаат службени возила. Пратениците наплаќаат патни трошоци како да патувале до Месечината и назад, а не до Струга или Крива Паланка, коментираат граѓаните на социјалните мрежи ...
Судските предмети Транспортер , Тортура, ТНТ и Титаник не потонаа иако се повикуваа на аболицијата на екс претседателот Ѓорѓе Иванов. Европскиот суд за човекови права ја отфрли жалбата на осуммина поранешни функционери како преуранета. Сепак имаат право повторно да се жалат пред истиот суд. За Обвинителот Јовески ова е доказ за доверба во македонските институции. Европскиот суд за човекови права во Стразбур не ги ослободи од гонење поранешните ...
Буџетот за финансирање проекти од национален интерес во културата е намален за речиси 5 милиони евра од лани. „Сатарот“ удри по речиси секоја дејност. Поради недоволно пари, некои манифестации најавија откажување. Власта вели - ова е максимумот, аплицирајте во странски фондови. Оваа година нема да се одржи ОФФест, се заканува откажување на Малиот битолски Монмартр, за три и пол пати се намалени парите за Д Фестивал и Таксират, македонски ...
Утре истекува рокот за преименување на двата бугарски клуба во земјава, според законот со кој се осудува промовирање фашизам. Од клубот „Цар Борис Трети“ побарале промена, од „Иван Михајлов“ најавуваат тужба. Министерот Османи разговараше со претставници на македонските Бугари. Ден пред истекување на рокот за промена на имињата на бугарските клубови во земјава, „Иван (Ванчо) Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, претставници на македонските Бугари на ...
Министерството за правда засега е без министер. Премиерот предложи реконструкција на Владата по што оставка поднесе досегашниот министер Никола Тупанчевски. Во Собранието се очекува изборот на министер од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога. Тој ќе биде 19-ти по ред министер за правда. Министерството за правда е рекордер по сменети министри во изминативе 3 децении. Од независна Македонија до денеска на ова министерско столче седнаа 19 ...
Владимир Путин ја опишува војната во Украина како пресврт кога Русија конечно му се спротивстави на Западот - но некои во руската елита стравуваат дека ја турнал нивната земја во долгo и бесплодно трошење на животи и ресурси. Кога рускиот претседател нареди испраќање војници во Украина на 24 февруари лани, тој очекуваше брзо да победи, да добие место во историјата покрај царевите и да им одржи лекција на Соединетите држави за преродбата на ...
Сајбер нападот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги врати во функција хартиените обрасци, донесе страв и многу нервози кај граѓаните и медицинскиот персонал. Тие алармираат за проблеми со боледувањата, породилното отсуство, а неизвесно е и кога ќе земат плати здравствените работници. „Системот е паднат“- ова е оправдувањето кое го добила Теодора Цветковска, која како нова мајка неколкупати имала безуспешен обид за поднесе документи за ...