
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Битолскиот владика Петар доби дозвола за отворање скопска телевизија за општ, претежно забавен формат, каква што имаат најголем дел од телевизиите. По успесите во градежниот и туристичкиот бизнис, црквата сега влегува и во медиумскиот бизнис, иронизираат граѓаните на социјалните мрежи. Предлагаат црковната телевизија да се вика Поп ТВ. По успесите во градежниот и туристичкиот бизнис, црквата сега влегува и во медиумскиот бизнис, иронизираат ...
Регулаторна комисија предложи нови цени за водата во Скопје, а Водовод и Град Скопје ќе донесат конечна одлука дали скопјани ќе добиваат повисоки сметки. Додека ЈП „Водовод и канализација“ и натаму се дави во долгови уште не може да ги реши големите загуби поради застарената водоводна мрежа. Цената на водата во Скопје може да поскапи до 30 денари месечно по сметка, доколку „Водовод и канализација“ ја прифати максималната тарифа што денеска ја ...
Самиот Владимир Путин ги испровоцира настаните што доведоа до руската инвазија на Украина во 2022 година, тврди Стивен Хедли, поранешен висок функционер во Белата куќа, отфрлајќи го аргументот на официјален Кремљ дека проширувањето на НАТО кон исток во 2000-тите било причина за војната во Украина Во говор пред руската јавност, една година по најголемата копнена војна во Европа од Втората светска војна, рускиот претседател Владимир Путин ги ...
Жените земјоделки не можат да остварат право на породилно отсуство. Воопшто не се споменати во законите со кои се регулира породилното, а Министерството за земјоделство повремено носи мерки да им исплаќа помош. Здруженијата бараат оваа дискриминација да престане со системско, а не „пилот“ решение. Детето во количка, а таа на нива, за да може да заработи да го прехрани, вака Соња Пусоска од Свето Митрани, крушевско раскажува за РСЕ дека ги ...
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа во која загинаа најмалку 36 луѓе. Тој вели дека ќе ги дознаат причините за оваа трагедија и ќе направат сè за никогаш да не се повтори вакво нешто. Сочувство до Грција стигна од низа земји од Европа. Едно лице е уапсено за железничката несреќа што се случи нешто пред полноќ на 28 февруари во близина на грчкиот град Лариса, соопштија ...
Партиите минатиов месец објавија бројни афери за корупција, но не поднесле пријави до надлежните институции. Антикорупциската комисија на сопствена иницијатива отворила предмети за проверка на имотната состојба на вицепремиерот Артан Груби и на лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари. Сомнежи за злоупотреби беа објавени и за премиерот Ковачевски и за лидерот на опозицијата Мицкоски, но пријави не се стигати ниту до Јавното обвинителство. ...
Навреди, клевети, обвинувања за криминал и семејни квалификации, кои се главна тема за дискусија на собраниската седница за реконструкцијата на Владата, се показател за политичка некултура и опаѓање на квалитетот на парламентниот состав, велат поранешни пратеници за РСЕ. Демонстративното напуштање на Собранието на пратеничките на владејачката СДСМ по како што велат, сексистичките изјави на нивниот колега од опозициската ВМРО-ДПМНЕ е само „јагода ...
Во Пула на 25 март требаше да се одржи концерт на хрватскиот пејач Душко Кулиш и „пријателите“, српските пејачи Драган Којиќ, Ана Бекута и Зорана Миќановиќ. Организаторот тврди дека градоначалникот му рекол „дека не сака српско ѓубре во неговиот град“. Трговскиот суд во Пазин, град во западна Хрватска, на 10 март ќе одлучува по барањето на агенцијата „Илјадарка“ да се одржи концерт на српски фолк пејачи на 25 март. Од пулската компанија ...
Американските санкции од црната листа, не треба да бидат замена за домашните процеси и институции што треба да осигураат владеење на правото во Северна Македонија, порача американскиот заменик-помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. На денешниот брифинг тој повтори дека Западен Балкан останува висок приоритет за САД, а го поздрави и предлогот на ЕУ за нормализација на односите на Косово и Србија. ...
Европа и натаму се соочува со терористички закани и акти, покажува извештајот на Стејт Департментот за 2021 година. Лидер во финансирање на тероризмот останува Иран. Балканските земји без терористички напади во 2021 година, но кај сите од нив, освен Северна Македонија, Стејт департментот посочува дека треба да ги зголемат казните за терористички активности за лицата кои се враќаат од Сирија или учествуваат во странски војни. Најголемите закани ...
Угостителските објекти кубурат со кадар, додека младите сакаат „дигитални професии“. Треба младите да се насочат кон професиите на иднината, но и да се тргне стигмата дека постојат повеќе важни и неважни професии, велат од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Нема работа под стрес, а не мора ни да кажеш каде се гледаш себеси за пет години. Од вештини потребно е да знаеш да собираш и да множиш или да знаеш да работиш на ...
Лидерите на Србија и на Косово на 27 февруари се договорија да продолжат со дијалогот за спроведување на европскиот предлог за нормализација на односите. По средбата, Европската служба за надворешни работи го објави предлогот што инволвираните страни го добија минатата година. Го пренесуваме целиот договор. Договорните страни, Свесни за нивната одговорност да го зачуваат мирот, посветени на придонес кон плодната регионална соработка и безбедност ...
Владата денеска треба да донесе одлука дали ќе ја замрзне цената на лебот на максимум 33 денари. Министерството за економија исто така предлага укинување на субвенционирата струја за прехранбените фирми затоа што не ги намалиле цените. Едни обвинуваат за популизам, други за воено профитерство. Популистички потег за зголемување на личниот рејтинг на министерот за економија Крешник Бектеши или борба против „воените профитери“ меѓу производителите ...
Вработени во партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ и државни службеници од цела Србија биле дел од мрежа која ја таргетирала домашната публика на многу интернет сервиси, како и во локалните медиуми. Целта им била да се создаде перцепција за широка поддршка за Вучиќ и за Српската напредна странка. „Лајкот“ за претседателот на Србија, Александар Вучиќ можеби не е секогаш вистински. Барем не според тврдењата на Мета и Твитер, ...
Во Брисел српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти се согласија веќе да не преговараат околу предлогот на ЕУ за нормализација на односите, туку да продолжат да разговараат како да се имплементира. Следната средба на Вучиќ и Курти ќе се одржи во Северна Македонија на 18 март. Лидерите на Србија и Косово начелно се согласија веќе да не преговараат веќе околу предлогот на Брисел, но ќе им бидат потребни повеќе разговори за да утврдат ...
Од Алтернатива не објаснуваат што ќе значи формирање на заедница на албански општини во пракса по примерот на Косово, но уверуваат дека не значи федерализација или укинување на Рамковниот договор. Силни критики дека се должи на непознавање на проблемот меѓу Косово и Србија, па дури и опасна идеја која го поткопува меѓуетничкиот соживот. Првиот предлог на партијата Алтернатива, веднаш откако отиде во опозиција, е формирање на Заедница на албански ...
Хакерските напади последните десетина месеци се поактуелни, особено со неиспровоцираната руска инвазија врз Украина, опасностите и заканите се поголеми, а откривањето се потешко. Но историјата на ваквите напади не е „од вчера“, датумите се од пред 120 години. Хакерските напади врз клучни институции е опасност и по граѓаните и државата. Трендот на сајбер нападите се поактуелен, како во Македонија и на Балканот, така и во европските земји. ...
Дојави за бомби и денеска ги испразнија училиштата. Овие досега лажни аларми предизвикаа хаос во образованието. Учениците губат настава, наставниците мака мачат да ја надоместат, родителите револтирани од целокупните состојби. „Аман веќе со дојавиве за бомби, како ќе се организирам сега, треба да го земам детето, да излезам од работа“, ова е реакцијата кај многу од родителите кои утринава повторно добија повик од училиштата да ги земат децата ...
Лидерите на Србија и на Косово на 27 февруари треба да разговараат во Брисел. На агендата е договорот за нормализирање на односите меѓу двете страни. САД целосно го поддржуваат предлогот на ЕУ и очекуваат напредок од средбата. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, треба да биде домаќин на средбата меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ. Тие со месеци разговараат за договорот под дипломатски ...
Има силен процес на криминализација во државата кој продолжува, а криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое што треба да се справиме, вели пратеникот Павле Трајанов во неделното интервју на РСЕ. Тој вели дека криминалот полека ја гризе државата и затоа не функционира. Според него, во Македонија функционираат две влади: една на Ахмети и друга на Ковачевски. Г-не Трајанов, го напуштате ли бродот што тоне како што го коментираат вашето ...
Кардиолог од Романија е уапсен оти отстранувал пејсмејкери и други срцеви уреди од мртви и ги вградил на живи пациенти. За случајот се обвинети уште четворица медицински лица. Обвинителството истражува 238 вакви случаи. Тие на пациентите им наплаќале меѓу 2000 и 3000 евра за апарат од мртов човек, колку што чини и нов уред. Лекар во Романија е уапсен под обвинение дека незаконски отстранувал стотици пејсмејкери и дефибрилатори од трупови и им ги ...
Руската инвазија во Украина целосно го промени животот на украинските граѓани. И на тие кои останаа дома и на оние кои ги напуштија своите домови и се наоѓаат илјадници километри далеку од татковината. Украинците во Киев се обидуваат да се прилагодат на животот во воени услови. Украинците во Македонија живеат во мир, ама сонуваат за нормален живот во родната Украина. Точно една година од руската инвазија врз Украина, жителите на Киев се ...
Дали функционерите од ДУИ во земјава се недопирливи за правдата. Многу отворени обвинувања за корупциски скандали, но досега ниту еден од ДУИ не одговарал. Според лидерот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов, напуштање и со тоа уривање на Владата е џокерот кој ДУИ секогаш го има в рака. Последните обвинувања за корупција на функционери на ДУИ кои опозицијата ги посочи во Собранието, одново го покренаа прашањето колку институциите се активни ...
Украинската професорка со македонски корени, беше меѓу стотиците Украинци кои спас од војната побараа во Македонија. Една година од почетокот на руската инвазија, таа е вратена назад во родниот Харкив. Лошото македонско образование, го победило стравот од бомбите. Кога пред една година, Русија почна да фрла бомби во Украина, Стојана Семенова, Украинка со македонски корени, заедно со синот и мајката најде прибежиште во Македонија, во селото ...
Една година од руската инвазија на Украина што донесе масовно уништување и го наруши животот на милиони луѓе. Заменик американскиот амбасадор во Скопје, Ерик Мејер во интервју за РСЕ зборува за одговорот на Западот на руската агресија, единството во НАТО и ЕУ, резултатот од санкциите врз Русија, но и кои се идните сценарија. Крајот на војната во Украина не е на повидок, Русија ги интензивира нападите, а не се гледа ниту простор за дипломатско ...
Пораки со поддршка за Украина, најави за помош, нови санкции кон Русија од страна на сојузниците на Киев, доаѓаат на првата годишнина од руската инвазија врз Украина. Украинскиот лидер Володимир Зеленски вели дека Русија мора да ја изгуби војната, а од руска страна пак, доаѓаат ветувања дека Русија е таа што ќе победи. Кина предлага план од 12 точки за да се спречи руско-украинската криза да излезе од контрола. Русија мора да биде поразена во ...
Њузлетер 24.02.2023. Една година од почетокот на Руската инвазија врз Украина, крајот на војната не е на повидок. Во Македонија, мистериозни хакерски напади врз институции, непотизам во судството, младите анксиозни. Инвазија, пустош, жртви На 24-ти февруари, лани, Русија ја нападна Украина. Започна инвазијата врз суверена држава, инвазија, која Кремљ ја нарекуваше „специјална операција“ – термин кој беше задолжителен во Русија, во спротивно, се ...
Ова ќе биде година на нашата победа, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски на годишнината од почетокот на руската инвазија во Украина. На истокот од земјата продолжуваат тешки борби. Украинските воздухопловни сили денеска се во зголемена готовност поради можни руски провокации. Руската инвазија на Украина на 24 февруари влезе во својата втора година, а во меѓувреме со несмален интензитет продолжуваат тешките борби на исток и југ. „На ...
Со кавги, довикувања и навреди расправаа денеска пратениците со претставниците на Владата во Собранието на седницата за пратенички прашања. Се обвинуваа меѓу себе за коруптивни зделки, но и за лажните дојави за бомби и недостгот на лекови. За вечерва закажана седница за избор на нови министри. Жестока и тензична атмосфера со надвикување, навреди и обвинувања за кој е поголем криминалец и која партија е покорумпирана. Ова е атмосферата во ...
Една петтина од кандидатите кои ја завршија Академијата за судии и јавни обвинители се роднини на функционери. Правосудството се полни со синови, ќерки, сопруги и снаи. Добро е што барем нема да има љубовни афери во судовите, сите се роднини меѓу себе, се шегуваат граѓаните на социјалните мрежи. Да не знае човек дали е семеен ручек, куќна слава или судско рочиште. Таткото функционер, обвинет за криминал, синот судија, а мајката член на Советот ...