Климатските промени, загадувањето, прекумерната употреба на пестициди се главните причини за намалување на популацијата на инсектите - опрашувачи. Научниците алармираат дека нивното исчезнување ќе предизвика проблеми во производството на храна и бараат итни мерки за заштита на екосистемите од распаѓање и обновување на природата. Во моментов, на секој трет вид на пчели му се заканува опасност од истребување, а токму тие се дел од инсектите кои се ...

Во случајот конкретно за кај Холидеј ин, вие имате донесено ДУП којшто не соодветствува со ГУП-от. Нити соодветен сообраќаен пристап, нити соодветно зеленило. Го нацртаа зеленилото по балкони. Па таму ли ќе се шетаат луѓето, вели претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Госпоѓо Ивановска, за некој ден се навршуваат четири години од работата на овој состав на Антикорупциската ...

Строги полициски протоколи и обезбедување, четири часовен застој на границата со Бугарија каде влез чекаа бугарски државјани и тензична атмосфера. Вака помина денеска чествувањето на 151 годишнина од роденденот на Гоце Делчев во Скопје. Со силно полициско обезбедување и четири часа затворен граничниот премин Деве Баир за влез во земјава се одбележа 151 годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Embed share Роденденот на ...

Сакаме во ЕУ каде не се зборува за тоа кој си и што си, оти тоа не е работа на тие веќе зачленетите таму да го кажуваат. Редно е да ни го кажат - дали таквата ЕУ се уште постои. Затоа што целото ова што се случува, дури и да е од комшии, многу е!, пишува младиот европски амбасадор Иван Дургутов. Немам дилема дека Европската Унија е најдобрата можност од оние понудените за иднината на земјата во која растев и во која живеам. Причините за тоа се ...

Дополнето 08:37 Приодите кон црквата Свети Спас под силно полициско обезбедување. Полицијата ги контролира сите кои се упатуваат кон гробот на Гоце Делчев. Embed share Полициска контрола на приодите кон Свети Спас Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:00:07 0:00 08:23 Гробот на Гоце како поле за зближување или разединување на Скопје ...

Затворени улици и многу полиција околу местото каде е погребан револуционерот Гоце Делчев, на годишнината од неговото раѓање. Гробот во црквата Свети Спас ќе го посетат делегации од Македонија и организирана група граѓани од Бугарија. Ќе успее ли МВР да обезбеди достоинствено чествување? На денот кога се одбележува 151-годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, полициското присуство е засилено во обид да се спречат инциденти, поради најавата за ...

Првата седмица во Скопје е најтешка за студентите од внатрешноста кои се запознаваат со јавниот скопски превоз и големината на градот. Во неодамна организирана дискусија дел од студентите забележаа и дека има дискриминација од колегите, иако не е директна. Валандовчанката Драгана Занова вели дека како студентка од внатрешноста, била добро прифатена од колегите скопјани кога се запишала на Медицинскиот факултет во Скопје. За неа, потешко од ...

Предлог амнестијата за осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април, поднесена од нивните адвокати, ќе стигне пред пратениците во пресрет на подготовките за уставни измени. Партиите воздржани, единствено јавно даде поддршка владиниот коалициски партнер, Стојанче Ангелов. Судбината на дел од осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година повторно се актуелизира. Тајмингот кога тоа се случува, непосредно пред ...

Една мајка од Бугарија вели дека и е мило што нејзиниот син живее во странство и надвор од дофатот на она што се плаши дека доаѓа во нејзината земја: не само воена мобилизација, туку и распоредување во Украина. „За прв пат не сум загрижена што син ми ја напушти Бугарија“, изјави Елена, која не сакаше да се користи нејзиното вистинско име, за Бугарската служба на РСЕ, објаснувајќи дека се загрижила откако слушнала за „можна воена мобилизација“. ...

Њузлетер 3 февруари 2023 - Како ќе се реши чествувањето на Гоце Делчев, кое стана безбедносен проблем? Како корупцијата, инфлацијата, аерозагадувањето... станаа македонски пандорини кутии кои прават големи проблеми? Има ли МВР план за мирно чествување на Делчев? И оваа недела чествувањето на Гоце Делчев остана безбедносен проблем. Колку се реални ветувањата на шефовите на бугарската и македонската полиција дека нема да дозволат да се распали ...

Граѓаните најмногу пари им должат на банките за потрошувачки кредит - 1 милијарда и 829 милиони евра. Со зголемувањето на основните каматни стапки на НБРМ, економистите очекуваат ново зголемување на каматите, но и на трошоците за оние кои веќе земале заем. Секој граѓанин веќе должи по 1.834 евра. Со зголемени каматни стапки банките им ја честитаа новата 2023 година на граѓаните. Преку електронска пошта тие ги известија своите клиенти дека сега ...

Како наближува роденденот на Гоце Делчев, се вжештуваат работите околу посетата на неговиот гроб во Скопје. Одбележувањето е означено како „настан од висок ризик“, по најавите за доаѓање организирани бугарски групи. Кога нема тензии и годишници, ретко кој знае каде е гробот на Гоце Делчев. Ако патот ве носи кон скопското Кале, пред угорницата од десната страна на улицата е сместена црквата „Свети Спас“. Тука се наоѓа гробот на познатиот ...

Северна Македонија останува без работна сила. Цели семејства се иселуваат во странство во потрага по подобар живот, а некои европски држави ги зголемуваат квотите за работници од Балканот. Македонските компании бараат итно олеснување на процедурите да увезат работници од Бангладеш и Далечниот Исток. Пред шест години Дафина од Струмица одлучила да ја напушти Македонија. Потрагата по подобар живот била причина да замине во Германија, каде сега ...

Студентка на универзитет во Архангелск е наведена како „екстремист“ и би можела да се соочи со повеќе од една деценија затвор откако колеги студенти ги пријавија нејзините антивоени објави на социјалните мрежи. Руската влада не чекаше да започне судењето на Олесија Кривцова, 19-годишна студентка во северниот град Архангелск, пред да ја додаде на својата листа на „терористи и екстремисти“ на 10 јануари. Назначувањето дојде откако Кривцова го ...

Додека експертите предупредуваат дека над 1 милијарда млади на возраст од 12 до 35 години ризикуваат да го загубат слухот поради продолжена и прекумерна изложеност на гласна музика, младите најчесто притискаат „ок“ ако уредот на кој слушаат на слушалки ги извести дека музиката е прегласна Кога слушам музика најчесто тоа е на слушалки, сакам да е пуштено гласно „до даска“ и ретко или воопшто не размислувам за можните последици врз слухот. Вака ...

Од договор за добрососедство, до вето за влез на Македонија во ЕУ, протести и остри изјави од двете страни. Како дојдовме дотука - Ова се дел од клучните настани кои изминатите неколку години ги одбележаа македонско-бугарските односи: 1 август 2017 Македонскиот и бугарскиот премиер Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје потпишуваат Договор за добрососедство, како обид за наминување на отворените прашања во делот на историјата и малцинствата. Во ...

„Вековниот апсолутизам во Русија, а особено нејзиното искуство од советскиот тоталитаризам, го оставија општеството длабоко трауматизирано. И сега оваа траума доби форма на војна“, вели истакнатиот руски романсиер Владимир Сорокин во интервју за РСЕ. Владимир Сорокин е меѓу најпознатите руски автори во последните 50 години, водечки постмодернист чии дела се преведени на десетици јазици. Со години, овој 67 годишник го делеше своето време меѓу ...

Електронската наплата на сметките за вода од скопскиот регион сега е во рацете на фирма која е основана само 4 дена по назначувањето на сега веќе разрешениот в.д. директор Марјанчо Митовски. Тој го потпишал договорот за јавната набавка, а по разрешувањето останува како втор човек во Водовод. Нова фирма чија основна дејност се интернет портали, ама нема своја веб страница, го доби тендерот за системот за електронска наплата за сметки во скопскиот ...

Целта на хибридните закани со кои во изминатиов период се соочи регионот се за Русија да го шири своето влијание, а ЕУ и НАТО да се откажат од интеграција на земјите, вели во интервју за РСЕ, Џејсон Вајсмeн - Специјален советник за борба против тероризмот во Европскиот парламент. Регионот и земјава во изминатиов период се соочува со дојави за бомби во училишта, институции, трговски центри и станбени објекти. Иако се испостави дека се работи за ...

Почеток на „голем народен“ собир. Вака десничарските партии и движења во Србија ги опишаа своите идни акции насочени против француско-германскиот предлог за решавање на односите со Косово. Аналитичари во Србија велат дека тие нема да се проблем за претседателот Александар Вучиќ. Потпретседателката на српското движење Двери и пратеничка во српскиот парламент Тамара Миленковиќ Керковиќ за РСЕ изјави дека националниот собир значи лансирање на ...

Власта отвора нови случаи против корупција, но „фалинките“ во правосудството ги поткопуваат тие напори, наведува Транспарени интернејшнал. Годинава Македонија е на 85-то место, со 40 индексни поени на Индексот на перцепција на корупција. Подобри од нас во регионот се Црна Гора и Косово. Недостигот на интегритет при избор на клучни фигури во судството и неефикасното водење на тековните случаи против корупција ги поткопува напорите во вистинска ...

Не смее да се дозволи инцидент на чествувањето на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по средбата со неговиот бугарски колега Иван Демерџиев. Тој, пак, изјави дека нема да дозволат некои луѓе и закани да го разгорат огнот меѓу двата народи. Македонската полиција нема да дозволи да се случи никаков инцидент на 4 февруари, кога во Скопје се одбележува 151 годишнината од ...

Децата се лесни жртви на социјалните мрежи и институциите и граѓанските организации се загрижени што за случаите доцна се дознава. Што се случува со децата жртви откако ќе се откријат злоупотребите и сторителите? Граѓаните на Велес уште се во шок дека четворица нивни сограѓани и еден од Тетово се во притвор откако полицијата открила дека со месеци сексуално злоупотребувале 14-годишно девојче. Според истражните органи, насилството започнало кон ...

Македонија има највисока инфлација во регионот, па затоа има и најголем пад на вредноста на просечната плата во регионот од над 5 проценти. Црна Гора има голем, а Албанија мал раст на реалните плати. Србија и Босна и Херцеговина имаат мал пад на вредноста на просечните плати. Реалните плати во Македонија во изминатата година се намалија за скоро 5 отсто, иако луѓето просечно добиваат повеќе пари. Главна причина за падот е зголемувањето на ...

„Мислам дека во моментов е очигледно оти има многу Руси кои се целосно свесни за тоа колку лошо минува војната во Украина“. Ова за Радио Слободна Европа го вели Лоренс Фридман британски историчар кој е специјализиран за меѓународни односи, надворешна политика и стратегија. Лоренс Фридман има напишано академски трудови за Студената војна, нуклеарното одвраќање и политиката на воените операции. Во 2019 година, Oxford University Press ја објави ...

Руската Федерација е еден од факторите на кои од интерес им е да се одржат живи конфликтите во овој регион, со цел полесно да може да се манифестира влијание. Па така и последната ескалација меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе биде добредојдена за многу трети фактори, коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт, вели министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи за Радио Слободна Европа. Господине ...

ВМРО-ДПМНЕ најави херојска стража на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари. Организаторите на групата на граѓани од Бугарија кои сакаат да дојдат на чествувањето, повикаа тоа да е мирно и Бугарите да не одговараат на провокации. Скопје и Софија в понеделник треба да ги договорат активностите за роденденот на Делчев. Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ најавува стража на гробот на револуционерот Гоце Делчев на 4 февруари, денот кога се одбележува ...

Граѓани се жалат на проблеми при достава на пратки од Македонската пошта. Искуството на РСЕ го потврди проблемот, додека чекаме да стигнат новогодишните честитки, пошта ги поскапе дел од услугите. По цел месец е потребен за писмата кои патуваат во Скопје по пошта да стигнат до назначената адреса. Дел од нив и воопшто и не стигаат. Такво е искуството на редакцијата на Радио Слободна Европа со новогодишните честитките кои на 15 декември од поштата ...

Незавршени, и неставени во употреба патишта, како и локални улици се дел од листата на Владата за изградени нови 1300 километри патишта. За време на владеењето на премиерот Ковачевски, нов е само експресниот пат Крупиште-Кочани, а на останатите километри патишта е извршена реконструкција. Само знаците сведочат дека на автопатот Пријателство веднаш после наплатната рампа кај Петровец кон Катланово се врши реконструкција. Но, освен возилата на кои ...

Њузлетер 27.01.2023 - Како и зошто дојде до толкаво заострување на македонско - бугарските односи? Кому е од интерес разгорување омраза меѓу двата народа? Гоце Делчев стана безбедносен проблем Како го разбираат светот некои од денешните политичари и во Македонија и во Бугарија? Сигурно не како поле за културен натпревар меѓу народите. Да не зборуваме за оние најрадикалните, кои се закануваат дури и со атентати. Тензиите меѓу двете земји, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.01
73%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.17
84%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
75%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
62%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52