
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Бизнисмените се исплашија од новата канадска инвестиција во Штип. Се жалат дека ќе им ги преземе работниците и оти властите треба да спречат ваква конкуренција на пазарот на труд. Место да се жалите, пробајте со поголеми плати, може нема ви бегаат, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Немојте случајно да сте помислиле да ги зголемите платите. Подобро лобирајте властите да забранат отворање нови фабрики за да не ви бегаат работниците, ...
Количините на запленета дрога се намалуваат, нарко-пазарот се дигитализира и модернизира, а мрежите и групите од Западен балкан се битен дел од нарко-бизнисот во Европа, покажува извештајот на Европскиот центар за следење на дрога објавен на крајот на 2022. Подготвил Емил Златков Младите од земјите во Западен Балкан најмногу користат канабис, се вели во извештајот на Европскиот центар за следење на дрога и зависност од дрога, објавен на крајот ...
Украинските власти го ревидираа бројот на загинати при пад на хеликоптер со полицискиот врв во Украина во близина на градинка и станбена зграда. Станува збор за 14 загинати и 25 повредени, претходно беше соопштено дека има 18 жртви. Зеленски оценува дека станува збор за „ужасна трагедија“. Се истражуваат три потенцијални причини за пад на хеликоптерот при што загинаа министерот за внатрешни работи и негови соработници и едно дете. Украинскиот ...
Финансиски инспекции, ревизии и намален буџет се дел од притисоците на кои се жалат вработените во Младинскиот Културен Центар. Разрешениот вд директор на МКЦ Ванчо Богоев јавно посочи дека од Град Скопје му било вршено притисок да потпише вработување на Бени Шаќири, па откако не потпишал на неговoто столче утре ќе седне дипломиран детектив со неколку дена работно искуство во МКЦ. Ни Шаќири ни град Скопје не одговорија на ваквите обвинувањ на ...
Младата македонска актерка Сара Климоска вели дека од местото каде живееш зависи до каде ќе стигнеш професионално. Таа забележува дека наградата за една од најдобрите актерски таленти во подем во Европа ѝ отворила доста кастинзи, но ништо особено, бидејќи поинаку е кога си од Балканот Донка од „Врба“, Доста од „Кајмак“ или едноставно Сара Климоска од Македонија која Европа ја нарече актерска ѕвезда во подем, вели дека ако беше Сара од Њујорк ...
Со најавата за влез на Алијанса за Албанците во власта не се согласуваат дел од помалите партии од владејачката коалиција како и тројката пратеници од Огнената група на ДУИ. Засега само Павле Трајанов јавно истакна дека нема да поддржи реконструкција на, како што вели, непринципелна Влада. Забрзан пат кон Европа со проширување на владината коалиција со Алијанса на Албанците или ситнење на пратеничката група на ДУИ во Собранието. Што ќе донесе ...
Во последните петнаесет години 27 земји донеле одлука за повлекување на признавањето на независноста на Косово, соопштија српските власти. Повлекувањето на признавањето се „нерегуларни меѓународни акти“, кои имаат повеќекратни последици за Косово - вели експертот за меѓународно право, Гзим Висока. На 16 јануари министерот за надворешни работи на Того, Роберт Дисеј, најави повлекување на признавањето на Косово, по средбата со министерот за ...
По филмското бегство од Идризово, функцијата го чинеше само директорот на Управата за извршување санкции. Други лица од повисоките ешалони не беа „казнети“ од Владата. Само со суспензија на службеници завршија и низа други случаи. Со разрешување на директорот на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски, но не и на директорот на затворот Идризово, Шпенд Тахири резултираше случајот со осуденикот Беким Мемети кој избега како на филм ...
Политичарите етикетираат медиуми, фелата осудува, а опозицијата вели дека власта им објавила војна на медиумите. И претходниците на сегашниот премиер Димитар Ковачевски „оценуваа“ работа на медиуми, а тоа жестоко го правеше некогашниот премиер Никола Груевски. Со оценки и етикетирање за уредувачката политика на одредени медиуми во рок од два дена излегоа и премиерот Димитар Ковачевски и најголемиот коалиционен партнер во Владата, Али Ахмети. Тоа ...
Сега знаеме дека Месина Денаро се лекувал од рак, значи многу е болен. Затоа луѓето велат дека некој во светот на криминалот одлучил дека тој повеќе не е корисен, вели професорката од ЕСЕКС, Ана Серги Италијанската полиција завчера околу 10 часот, во приватна клиника во Палемо, Сицилија го пронашла најважниот член на најголемата италијанска мафија, Матео Месина Денаро, додека бил на лекарски третман. Судски извори соопштија дека тој се лекувал ...
Пензионираниот американски генерал Бен Хоџис командуваше со силите на американската армија во Европа од 2014 и 2017 година. Во интервју за РСЕ, тој зборува за недостатокот на кохерентност на руската воена операција и како новите борбени возила и тенкови би можеле да го променат текот на војната. РСЕ: Градовите Бахмут и Соледар се под немилосрдни напади од руските сили, или поконкретно, платеничките сили на Вагнер. Зошто Бахмут во источна Украина ...
Нема одговoрност за случаите во кои државата треба да плаќа милионски отштети поради склучување лоши договори со компании или нивно прекршување. Експертите велат дека има општа амнестија при ваквите случаи, што ја разгорува корупцијата. Никој не презема одговорност за тоа што Македонија плаќа милионски суми отштети поради склучување штетни договори за државата или нивно прекршување. Така на пример, за купопродажниот договрор за рафинеријата ...
Владата се пофали дека лани имало рекордни капитални инвестиции. Тоа е така во апсолутна вредност, но тука треба да се има предвид и рекордната инфлација, односно истите пари сега вредат помалку. Опозицијата, пак, обвинува дека владата повеќе се задолжува отколку што инвестира. Премиерот Димитар Ковачевски се пофали дека 2022 година била рекордна година според реализација на капиталните инвестиции, и оти оваа година ќе биде уште подобра. ...
Политичките и деловните лидери од денеска до петок ќе се сретнат во швајцарското одморалиште Давос на Светскиот економски форум, на кој на дневен ред се прашањата од геополитичката нестабилност до климатските промени. Ќе дојдат со приватни авиони кои загадуваат 50 пати повеќе од возовите. Сепак, додека бараат консензус и решенија за глобалните предизвици, активистите за заштита на животната средина тврдат дека нивните аранжмани за патување може ...
Високата стапка на инфлација, од 18,7%, најмногу ќе ги погоди ранливите категории граѓани, оти тие најголемиот дел од парите го трошат за храна, велат економистите. Во економската „бура“ која ни се случува, сиромаштијата ќе се продлабочува, прогнозираат аналитичарите. Од еден маркет во друг. Од една продавница до друга во која кашкавалот или јогуртот се поевтини за неколку денари. Пензионерката Лилјана Настева пешачи и по неколку километри кога ...
Не личи на татко на партијата да фаќа страна, туку Али Ахмети треба да се врати на старо, кога и покрај поделбите во размислувањата, тој бил оној што на крај ги седнувал и пресекувал, вели потпретседателот на ДУИ и пратеник Изет Меџити. Господине Меџити во текот на изминатата недела излеговте на терен, што личи како да сте во внатрепартиска кампања. Од друга страна овој викенд на терен се излезени и другите ваши сопартијци предводени од Артан ...
Кина се бори со огромен пораст на нови инфекции на коронавирусот. Властите не ги објавуваат сите бројки на починати, заразени и хоспитализирани, па СЗО бара од Кина точни бројки. 10 земји вклучително и САД, ќе ги тестираат патниците кои доаѓаат од Кина. ЕУ ги повика своите членки да го сторат истото. Извор АП Додека Ковид-19 ја соборува Кина со пораст на нови позитивни случаи, Светската здравствена организација и другите земји бараат од ...
Американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер вели дека ОБСЕ ќе ги користи сите механизми на располагање за да ја повика Русија на одговорност за војната во Украина. САД ја следат состојбата на Косово, а ОБСЕ помага во дијалогот. Сериозен проблем на Западниот Балкан е корупцијата. Северна Македонија на 12 јануари и официјално го презеде претседавањето со ОБСЕ оваа година, а приоритет во оваа најпредизвикувачка година за организацијата ќе биде ...
Огнената група во ДУИ бара лидерот Али Ахмети да не се става на страната на Артан Груби, од кого се назадоволни. И „огнените“ и другиот табор од ДУИ излегуваат на терен на средби со граѓаните. Ахмети, пак, во Тирана на состанокот со албанскиот премиер Еди Рама, беше придружуван од Артан Груби. „Огнената група“ во Демократската унија за интеграција (ДУИ) сака Али Ахмети да биде претседател на сите во партијата, а не да фати страна. Впечатокот на ...
Во единаесеттиот месец од руската инвазија, рускиот претседател Владимир Путин ја реконструира воената команда за Украина. Ова ги изненади руските и западните експерти и покрена нови прашања за тоа како Кремљ го гледа крајот на најголемата европска војна во последните 80 години. Во единаесеттиот месец од руската инвазија на која не му се гледа крајот, претседателот Владимир Путин ја реконструира воената команда за Украина. Ова ги изненади ...
Њузлетер 13.01.2023 Енормното загадување стана (не) нормално Во Македонија стана „нормално“, секоја зима, луѓето да живеат во услови на енормно загадување. Скопјани со недели дишат токсичен воздух, а главниот град е на врвот на листите со најзагадени градови во светот. Аерозагадувањето годишно зема и над 4000 човечки животи. Нови мерки од надлежните нема, а граѓаните губат надеж дека ќе биде подобро. „Постојат решенија, но, тоа што не постои ...
Справувањето со војната во Украина и изнаоѓање на, според најавите, креативни решенија за да и се помогне на земјата, бидејќи одлуките во ОБСЕ се носат со консензус, а членка е и Русија. Ова се приоритетите на македонското претседавање. Оваа година е најпредизвикувачка за ОБСЕ во чиј фокус ќе биде конфликтот во Украина е пораката која може да се извлече по денешната седница на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на која беше презентирана ...
Човек со пушка во Струга уби десетина улични кучиња, што предизвика вистинска вербална војна на социјалните мрежи. Едни обвинуваат дека е психопат, други дека луѓето имаат право да се штитат од глутниците. Само ретки посочуваат дека проблемот треба да го решат властите, а не самоповикани пиштолџии. Активистите за заштита на животните утре пред владата ќе одржат протест откако жител на струшкото село Ливада пред два дена со пушка уби десетина ...
Посетата на рускиот владика Антониј на Македонија е непотребен и неразумен излет и негативно ќе влијае и врз стратешките интереси на држава, а може да доведе до нарушување на односите со Вселенската патријаршија, смета професорот Александар Спасеновски. Претседателот Пендаровски оцени дека нема да има проблем се додека средбите остануваат во црковни рамки. Негативни политички и религиски последици ќе има посетата на високи претставници на ...
Кризите за човекови права што се случија лани предизвикаа огромно човечко страдање, но исто така отворија нови можности за глобално лидерство во однос на човековите права, изјави Тирана Хасан вршител на должноста извршен директор на Хјуман рајтс воч на објавувањето на годишниот светски извештај. Тирана Хасан се осврна врз новиот модел за глобално лидерство за човековите права, велејќи дека во свет во кој моќта се променила, веќе не е можно да се ...
Премиерот Димитар Ковачевски и американскиот дипломат Дерек Шоле во Скопје зборувале за борбата притив корупцијата, но не и за „црната“ листа на САД. Шоле доби македонски дрес на подарок, по што замина за Косово, а ќе ја посети и Србија. Американската црна листа на санкции, за која се зборуваше дека може да биде проширена со актуелни македонски функционери не била тема на разговор меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и американскиот ...
Евроинтеграциите и уставните измени во фокусот на средбата во Тирана на лидерите на албанските партии од Македонија со премиерот на Албанија, Еди Рама. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека се договарале штетни агенди, а премиерот Ковачевски е убеден дека Рама е наш докажан пријател. Протоколарна средба која не треба да предизвика турбуленции на нашата политичка сцена, но од која политичарите ќе се обидат соберат по некој поен, вака аналитичарот Сефер Селими ...
Недостигот од педијатри кулминира, а здравствените власти се уште бараат начин како да го решат проблемот, макар и привремено. Во меѓувреме со сезоната на грипови и аерозагадувањето, бројот на деца на кои им треба лекарска помош расте, а лекарите прават натчовечки напори за да ги прегледаат сите. Гужви во болничките ходници, редици родители со болни деца, ваква е сликата на речиси сите поликлиники и амбуланти во земјата. Со сезоната на вируси и ...
Албанската ТВ Ора објави дека има прислушувања кои покажуваат дека високи функционери од владејачката коалиција во Македонија директно интервенирале за да се оневозможи успешна операција против шверц со дрога преземена од странска агенција. Телевизијата објавува дека бил вмешан и Трајче Заев, брат на поранешниот премиер. Владејачките партии, но и Заев досега не се огласија. Досега нема никаква реакција, ниту од владејачките СДСМ и ДУИ, а не се ...
Обвинителството денеска поднесе обвинение против Жан Митрев и неговата приватна клиника. Вкупно 283 пациенти се пријавиле како оштетени, а за кривичното дело кое му се става на товар на Митрев, предвидена е казна затвор од 1 до 10 години. Судот е на потег да го оцени обвинителниот акт. Од Клиниката велат - Се гледаме на Суд. Измама е кривичното дело за кое судот ќе цени дали ќе му се суди на докторот и сопственик на приватна болница Жан Митрев, ...