
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Со можноста да се изрече доживотен затвор за најтешки случаи за уништување на животнта средина, Северна Македонија влезе во друштвото на неколку нации кои го ставија „екоцидот“ во своето законодавство. Но, дилемите се дали ваквиот закон ќе се спроведува или ќе биде само на хартија? Северна Македонија стана дел од глобалното движење во борбата против уништувањето на животната средина, откако го криминализираше „екоцидот“ со последните измени на ...
Од „поддршка“ на стадионот и скандирање „Косово е Србија“ до заеднички собири на кои се величат фашистичките водачи од минатото. Објавите на социјалните мрежи укажуваат на оваа повеќегодишна соработка меѓу ултранационалистичките групи од Србија и Романија. Радио Слободна Европа (РСЕ) идентификуваше неколку романски и српски организации кои соработуваат во одбраната на „националните“ и „православните“ вредности. Истовремено, тие учествуваат во ...
Дијабетичарите се вознемирени од помагалата што ги добија. Од МАЛМЕД велат дека тендерот е според законот. Од веледрогеријата „Д-р Пановски“ , пак, тврдат оти испораката е направена според нарачката од Министерството за здравство. Од две зла, е бирано помалото, велат извори на Радио Слободна Европа за тоа како по последниот тендер, до дијабетичарите стигнаа глукометри за кои велат дека се без оригинално пакување, во најлонска кеса и без ...
Град Скопје ќе биде Европска престолнина на културата за 2028 година. Но, европските експерти кои ја разгледувале апликацијата во декември 2022 година, нотирале серија забелешки за понудената програма и инфраструктурни проблеми. Како Скопје ќе стане град на културата, градските власти не одговараат. Во радиус од еден километар, центарот на главниот град долго време изгледа на градилиште без роковник. Тарабите се уште ги кријат започнатите, но, ...
Парламентарните избори во Словачка, кои ќе се одржат во сабота, на 30.09.2023, би можеле да имаат одек и пошироко од оваа релативно мала централно европска држава. Ако им се верува на анкетите, постојат големи шанси Роберт Фицо, популист од партијата Смер, да се врати на власт откако беше премиер од 2006 до 2010 година и повторно од 2012 до 2018 година. Неговото враќање може да има големо влијание за западната политика, особено кон Украина. ...
Последната реформа на образованието по историја е направена во 2004 година и оттогаш се користат истите учебници. Кај учениците нема голем интерес, ниту им се приближува историјата која треба да создава критичко мислење, а не млади подложни на политички манипулации, вели историчарот Петар Тодоров. Гоце Делчев, Методија Андонов Ченто, цар Самоил...Ова се само некои од историските личности за кој во македонската јавност се воделе и се водат ...
Редовно на социјалните мрежи гледаме фотографии, видеа од политичари со деца од најразлични пригоди, па се поставува прашањето што од ова е злоупотреба на деца за политички цели? Експерти велат дека тоа е важно да се разграничи, бидејќи и покрај укажувањата, политичарите се уште тоа како да не го разбираат. На 31 август годинава премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше на отворање на детска градинка во Карпош 3. Покрај Ковачевски, настанот ...
Обвинетите чиј кривичен прогон ќе запре поради измените на Кривичниот законик, ќе може да бараат отштета за времето поминато во притвор, а парите ќе ги добијат од државниот буџет. Искуството покажува дека за отштета се исплаќале суми од 50, па до речиси 100 евра за ден поминат во притвор. Од 2017 година до сега, Врховниот суд донел 39 одлучи да им исплати оштета на граѓани за лежење во затвор. Од нив, во 31 биле поради неосновано лишување од ...
„Стоите во три реда, како во војска, рацете зад грб, главата исправена, оделото закопчано“. Вака соговорникот, вработен во кинеската компанија „Џиншан констракшн“, за Радио Слободна Европа (РСЕ) опишува како изгледаат средбите на работниците и менаџерите пред смената во рудникот во Мајданпек, на истокот на Србија. Изјавата за РСЕ ја дава анонимно затоа што, како што вели, се плаши од одмазда од работодавецот и губење на работното место. ...
Ситуацијата на северот на Косово на 25 септември е мирна, но косовската полиција сѐ уште го држи затворен приодот кон селото Бањска во општина Звечан, по смртоносниот напад од вооружени и маскирани лица на 24 септември. Косовската специјална единица поставила оклопно возило и други возила на раскрсницата Балабан, која води кон Бањска. Косовската полиција на 24 септември во раните утрински часови била нападната од маскирани лица, откако тргнала ...
Ситуацијата во соседството не се одразува на безбедноста во Северна Македонија, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска. Властите со загриженост следат што се случува во Косово и повикуваат на дијалог. Македонските државјани кои вчера беа во близина на насилството, се упатени дома. Безбедно се вратија дома македонските државјани кои вчера беа сместени во бања во близина на манастирот во селото Бањска на северот на Косово, каде што имаше ...
Северна Македонија планира да отвори нов рудник за јаглен среде поставените амбициозни цели за енергетска транзиција. Со ова државата ги игнорира меѓународните обврски и домашните стратегии и планови, но уште еден рудник во Пелагонискиот регион значи комплетна негрижа за здравјето на граѓаните кои страдаат од чести канцерогени заболувања, реагира граѓанската организација „Еко свест“. Владината компанија за производство на електрична енергија – ...
Очигледно не беше спонтан напад, изјави за Радио Слободна Чарлс Капчан, професор на Универзитетот Џорџтаун и поранешен директор за европски прашања во Советот за национална безбедност на САД во администрациите на Бил Клинтон и Барак Обама. Косовската полиција соопшти дека еден полицаец е одговорен за нападот на триесетина добро вооружени лица во Бањска ноќта меѓу саботата и неделата. Во акцијата на полицијата убиени се тројца напаѓачи, а ...
Тензии на северот на Коаово откако изутрината во местото Бањска е убиен косовски полицаец, а подоцна косовската полиција соопшти дека според официјални информации досега се убиени тројца напаѓачи во реонот на Бањски манастир акде имало 30 тина напаѓачи. Косовската полиција соопшти дека според официјални информации досега се убиени тројца напаѓачи на север на Косово. Во соопштението на косовската полиција се додава и дека четворица напаѓачи се ...
Премиерот на Косово Албин Курти соопшти дека околу 30 вооружени луѓе се обиколени од косовската полиција во и околу Бањскиот манастир откако во Звечане беше убиен полицаец, а двајца беа ранети. На пресконференција за новинарите, косовскиот премиер Албин Курти го нарече денешниот ден како „тежок ден“ за Косово, откако изутрината во пукање во Звечане загина еден полицаец, а двајца беа повредени. „Убиството на полицајците треба да се претвори во ...
Илузорно е да мислиме проблемот со аерозагадувањето можеме да го решиме две, три или четири години. Праксите покажуваат дека тоа се случува од десет до 20 години, одобено за големите градови, вели министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во неделното интервју на РСЕ. Г-ѓо Шукова, британски Гардијан објави дека сите во Европа дишат токсичен воздух, но во Северна Македонија е најтоксичен. Дали сте запрепастена од овој ...
Синовите тинејџери на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров - Адам, Ахмат и Зелимхан, ги полнат насловните страници на домашните медиуми, но и на тие во Москва. Кадиров, во време на засилени гласини за неговото здравје, сака да испрати порака до сите со политички амбиции, дека власта останува во рацете на неговите деца, коментираат аналитичари. На прв поглед, тој изгледа како секој друг средношколец во облека на опасно момче и со бејзбол капа свртена ...
Северна Македонија протера руски свештеник под сомнение за шпионажа. Една недела подоцна, и Бугарија го протера истиот свештеник кој со години живеел во Софија. Што знаеме за архимандритот Васијан, претставникот на Московската патријаршија во Софија? Рускиот 48-годишен свештеник секој ден со години го напушта својот стан наутро елитна улица „Саборна“ која се наоѓа во центарот на Софија. Додека пешачи 350 метри до црквата каде што служи - Руската ...
Покрај борбата за лекот „трикафта“, пациентите со цистична фиброза тешко доаѓаат и до основната терапија со „креон“. Пациентите повторно не ја исклучуваат опцијата да организираат нов протест. Голготата на пациентите со цистична фиброза и борбата да се стигне до лекот „трикафта“ кој за нив живот значи, се уште трае. Кон почетокот на месец март вкупно 12 пациенти почнаа да примаат „трикафта“, но останатите 68 пациенти во земјава, кои се ...
Њузлетер 22.09.2023 - Се отвораат картите од политичките игри под маса во врска со уставните измени. За пензионерите засега нема поголеми пензии, но за нив и за другите граѓани, за кои нема повисоки плати, има “гарантирани цени“. Законот за амнестија заглави во Влада Главна тема деновиве во јавноста, по медиумите, меѓу политичарите беше и сеуште е: кој сѐ се сретнал или не се сретнал со „политичкиот пензионер“ и бегалец Никола Груевски, што ...
Северна Македонија треба да се погрижи нејзините закони не само да се во согласност со Уставот, туку и со европските очекувања и стандарди, вели специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар коментирајќи ги последните измени на Кривичниот закон во Северна Македонија. Во интервју за Радио Слободна Европа тој вели дека корупцијата е најголемиот проблем во земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Во ...
Покрај напаѓачкиот дискурс со обвинувања, двете најголемите политички партии истовремено се соочуваат и со внатрепартиски превирања поврзани со дебатата за уставните измени. Во моментов, тоа најмногу е изразено кај најголемата опозициска партија, каде во конфликт влегоа поранешниот и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски. Меѓупартиските обвинувања за политички пазари со измените на Кривичниот законик и предложениот па ...
Додека малите трговци реагираат дека не им е исплатливо да користат ПОС терминали и тврдат оти се повеќе одбегнуваат да ја нудат оваа услуга на клиентите, банките сметаат дека провизиите се соодветни и оти половина од тоа што тие го наплаќаат им оди за давачки кон трети страни. Плаќање со картички од година во година е сè популарно меѓу граѓаните и бележи нагорен тренд. Се зголемува и бројот на ПОС терминали кои ги користат трговците, но често ...
Амбасадорот на Соединетите Држави во Приштина, Џефри Ховениер, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека САД очекуваат и Косово и Србија да ги спроведат сите обврски преземени со Охридскиот договор за нормализација на односите. Според него, Косово треба да продолжи со формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство и „тоа треба да биде меѓу првите чекори“. „Сметаме дека тоа треба да биде целосно во согласност со сегашниот Устав ...
На протестот пред Влада револтираните пензионери ги повторија барањата за покачување на минималната пензија, но потенцираа и дека не се на иста линија со раководството на Сојузот на пензионери. Некои пензионерски здруженија ќе бараат и повеќе да не плаќаат чланарина во Сојузот, а размислуваат и за формирање нов. Дојдовме овде поради гладот во нашите стомаци, не сме партиски определени, нашите барања се единствени и реални, порача од говорницата ...
Кој сè ќе биде амнестиран? Владата го врати да се доработи Предлогот за амнестија на лесни кривични дела наводно од технички причини. Во меѓувреме опозициските партии бараат амнестија и за посериозни кривил ни дела. Амнестијата причина и за раздор меѓу Мицкоски и Груевски. Сè погласни се сомнежите дека зад Предлог законот за амнестија, со кој треба да се амнестираат „ситни риби“ и зад веќе донесените измени на Кривичниот закон, со кој ...
Азербејџанската и страната на етничките Ерменци се согласија на итен прекин на огнот на вториот ден од разгорувањето на борбите на територијата на Нагорно-Карабах, откако де факто раководството на азербејџанската енклава составена од претежно етнички Ерменци го прифати предлогот на руската мировна мисија и се согласи да разговори за „реинтеграција“ на територијата во Азербејџан. Запирањето на интензивните борби во децениската горлива точка на ...
Кога ќе се изморел, коњот легнувал среде патот за да се одмори. Патниците чекале, возачот на трамвајот пушел цигара и си правел муабет со минувачите. Но, битно, Скопје имало трамвај, исто како и во Виена, на крајот на 19 век. Е денеска Виена има електричен, Скопје нема никаков. Знаете ли дека во Скопје имаше трамвај на крајот на 19 век. А сега нема Трамвај. Епa, првиот трамвај во Виена се појавил во 1864 година, а Скопје имало трамвај во 1884 ...
И покрај апелите за прекин на огнот во кои досега загинаа десетици во отцепениот регион, Азербејџан испраќа сигнал дека ќе продолжи со воените операции започнати ден претходно во отцепениот регион Нагорно-Карабах, бидејќи ерменските сили немаат намера да се предадат. Министерството за одбрана на Азербејџан рано на 20 септември соопшти дека она што го опиша како „антитерористичка операција“ насочена кон терористи продолжува да се одвива ...
Њузлетер, 04.08.2023 - Од руска „остра моќ“ во Македонија, преку Илинден, до најновите случувања на украинскиот фронт се движеа темите кои ги обележаа изминатите 7 дена. Во Македонија доминираа острите меѓупартиски обвинувања, кои ги продлабочуваат веќе познатите и присутни поделби. Во светот војната во Украина и натаму е топ тема. Остра моќ Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Русија спроведува влијание во Северна Македонија според ...