Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Во четвртокот на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски му била врачена поканата за во затвор, но сѐ уште не му е доставена пресудата. Ова денеска на прес конференција го истакна Јакимовски, кој се пожали дека на ваков некоректен начин му се одолговлекува времето за жалба до Врховниот суд. Осуден сум на едногодишна затворска казна за поставување времена градба која што служела на граѓаните на Карпош 13 години, која не ...
Ракометарите на Фуксe Берлин се првите финалисти на овогодинешната ЕХФ Лига на шампиони. Берлинските „лисици“ денеска на Ф4 турнирот во Келн, во германската пресметка го победија минатогодишниот шампион Магдебург во полуфиналето со 40:35. Ова беше еден вид одмазда на Фуксе Берлин против Магдебург за поразот во финалето минатата сезона. Данецот Матијас Гидсел го предводеше победничкиот тим со девет гола, додека Тим Фрајхофер додаде осум. Омар ...
На социјалните мрежи е објавена ретка архивска снимка од младоста на македонската музичка легенда Блага Петреска. На снимката, Блага е со темна коса, а објавата, споделена од страницата „ВБУ Музичка архива“, потсетува на далечната 1967 година, кога младата пејачка настапила на фестивалот „Омладина“ во Суботица со песната „Ветерот, ти и јас“, чиј комплетен автор е Гоце Димитровски. Црно-белата снимка открива едно поинакво време, кога Петреска ...
Украинската нуклеарна централа Запорожје е повторно поврзана со мрежата по поправките извршени како дел од локализираниот прекин на огнот посредуван од МААЕ, откако централата беше без струја речиси три дена, објави Меѓународната агенција за атомска енергија. Ова беше деветнаесетти пат од почетокот на војната електраната да биде без електрична енергија. Прекинот се случило откако резервниот далновод Фероплавна бил исклучен во средата поради ...
Хотелските соби треба да претставуваат одмор од секојдневието, но тоа не значи дека сè што се наоѓа во нив е навистина чисто. Напротив, дел од предметите за кои гостите најчесто не размислуваат можат да бидат меѓу најнехигиенските во собата. Вработени во хотели и луѓе од индустријата издвоиле седум работи што е подобро да се избегнуваат, пренесува „Вајс“. Далечински управувач Според хотелски хигиеничари, далечинскиот управувач од телевизорот ...
Скопјанец пријавил дека вчера, среде бел ден на територијата на општина Карпош, бил пресретнат од три автомобили, по што бил претепан и киднапиран, а потоа оставен во селото Шишево. На 12.06.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е.(36) од скопско пријави дека околу 14 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со патничко возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила „хјунади“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“, ...
Повредата е минато, а британската тенисерка Ема Радукану реди победи на турнирот во Квинс Клуб во Лондон. Таа денеска ја совлада Камила Рахимова со 2:0 во сетови 6:3 и 7:5 за пласман во полуфиналето. При водство од 6:3 и 3:1, Британката незгодно се лизна, но продолжи, накратко носејќи лента преку левата бутина, која подоцна ја отстрани. 23-годишната тенисерка в сабота ќе се соочи со американската тениска Ива Јовиќ за место во финалето во ...
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, пристигна со португалската репрезентација во Флорида, Соединетите Американски Држави, каде што ќе игра на Светското првенство во 2026 година. Пристигнувањето на португалската репрезентација беше снимено и од камерите на ФИФА, кои објавија видео од Роналдо како излегува од авионот по слетувањето во САД. Како што беше случај многу пати во текот на неговата кариера, португалската ...
Заштитениот предел Вјоса-Нарта во Албанија, каде што е местото Зврнец, и островот Сазан се едни од најважните природни живеалишта и подрачја за размножување илјадници заштитени фламинга, морски желки и ретки средоземни фоки. Зврнец е директно поврзан со делтата на реката Вјоса, која е прогласена за прв Национален парк за диви реки во цела Европа. Кушнер и Трамп буквално планираат да градат хотели таму, а граѓаните – збеснаа. Токму поради таа ...
Капитенот на турската фудбалска репрезентација, Хакан Чалханоглу, изјави дека неговиот тим ќе доминира на претстојниот натпревар против Австралија на Светското првенство, бидејќи е поквалитетна и поталентирана. – Селекторот го анализираше противникот со нас. Знаеме дека се физички силен тим, дека се добри во корнери и слободни удари бидејќи имаат високи и силни играчи. Но, мислам дека ќе доминираме на натпреварот утре, бидејќи имаме ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска негираше дека договорот на Иран со САД ќе биде потпишан утре. Потпишувањето на меморандумот со САД во Исламабад нема да се случи во недела, рече тој, пренесе Скај њуз. Се бројат часови до потпишување на првичниот договор меѓу САД и Иран Багеи изјави дека не може да се исклучи можноста за потпишување меморандум со САД во наредните денови, но додаде дека ...
Полска е во шок откако во село во близина на Жешов се пронајдени остатоци од човечки фетуси и медицински отпад закопани на приватен имот. Земјиштето претходно и припаѓаше на 57-годишна жена- патолог која е приведена, пишува Еуроњуз. Ужасот бил откриен додека градежна механизација работела на уредување на пристапниот пат кон куќата. По пронаоѓањето на првите остатоци, на местото веднаш пристигнале истражни органи, кои започнале детална ...
Манекенката Емили Ратајковски отворено проговори за својот љубовен живот по разводот од актерот Себастијан Бер-Меклард, откривајќи детали за периодот што следувал по крајот на нивниот брак во 2022 година. Во искрен есеј објавен во „Д кат“, Ратајковски признава дека по разводот започнала да излегува со различни мажи и да се впушта во краткотрајни врски, нешто што дотогаш било целосно непознато за неа. Таа низ доза на хумор се осврна на ...
Погребот на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ќе започне во Техеран на 4 јули и ќе заврши со погреб во неговиот роден град Машхад на североистокот од земјата на 9 јули, објавија денес државните медиуми. Хамнеи беше убиен на првиот ден од израелските и американските воздушни напади врз Иран на 28 февруари. 86-годишниот верски лидер ја водеше Исламската Република 36 години. Погребната церемонија ќе го вклучи и светиот град Ком, ...
Канада, еден од трите домаќини на Светското првенство во фудбал, го отвори турнирот во петокот попладне пред домашната публика во Торонто. Но, почетокот не одеше според планот. Босна и Херцеговина поведе со 1:0, а како што натпреварот се приближуваше кон крајот, на домаќините им се закана од пораз во првиот настап на домашен терен. Во 78-та минута сè се промени. Сајл Ларин, кој влезе од клупата, најдобро се снајде пред голот и постигна гол ...
За првпат откако е изградена, Град Скопје започна со целосна реконструкција на улицата „101“ во Волково, која е една од најважните сообраќајници за жители затоа што претставува директна врска со обиколницата и секојдневно ја користат голем број граѓани. Станува збор за целосна реконструкција на коловоз во должина од повеќе од 1.000 метри, изградба на попивателни бунари, уредување на просторот кај последната станица на линијата „22“, како и ...
Бензинот, дизелот и гасот драстично поскапеа во последната година и пол, па многу возачи повеќе од кога било сакаат да ја намалат потрошувачката. Затоа следуваат совети за заштеда на гориво, како и објаснување на некои заблуди кои често кружат меѓу возачите. Дел од мерките навистина носат видлива заштеда, додека други во пракса немаат речиси никаков ефект. Многу зависи од типот на моторот, условите на возење и околностите, бидејќи не може да ...
Прекин во водоснабдувањето денеска ќе има за корисниците на неколку улици во Скопје. ЈП Водовод и канализација најавува прекин на водоснабдување денеска за корисниците на улиците „Бул Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“ од 8 часот изутринава. Прекинот ќе биде поради поправка на затворач со пречник од 300 милиметри на двете улици, а ќе трае до завршување на работните активности. Од 8 часот прекин во водоснабдувањето поради поправка на два ...
Ф4 турнирот на машката Лига на шампионите во ракомет се отвора со голема германска пресметка помеѓу Магдебург и Фуксе Берлин денеска од 15.00 часот во Ланксес арената во Келн. Актуелниот шампион Магдебург бара нов чекор кон одбрана на европската круна, додека Фуксе Берлин сака да се одмазди за минатогодишниот пораз во финалето. Второто полуфинале го носи дуелот помеѓу Алборг и Барселона од 18.00 часот, судир помеѓу данската велесила и ...
Заврши јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а на последниот фестивалски ден беа доделени наградите и гостуваше Београдско драмско позориште со претстава по текст на Дејан Дуковски. Јубилејното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржа од 5 до 12 јуни во Прилеп. Традиционално, на последната фестивалска вечер беа доделени наградите, а во чест на наградените гостуваше Београдско драмско ...
Осумдесет и тригодишен скопјанец бил спасен од давење во реката Вардар на подрачјето на Карпош, информира Министерството за внатрешни работи. Од полициијата велат дека на 12 јуни во 7.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 7 часот очевидец извлекол машко лице кое се давело во водите на Вардар. Станува збор за Д.И. (83) од Скопје, кој, според информациите, имал здравствени проблеми. На местото интервенирала екипа на Итната ...
Мојата перцепција за Европа, за членство, не е на зелената маса да блокирате некој друг. Напротив, да креирате заеднички политики или да му помогнете на тој другиот да седне до вас, за да можете полесно да ги надминете проблемите кои ви се заеднички. Но, повторно велам, ние, како и досега, некако сме исклучок. Но, не поради нашата себеисклученост во поглед на многу прашања, туку поради тоа што некој друг сега има забелешка на нешто што е само ...
Со денешната победа над Црна Гора од 2:1 во молдавскиот град Кињишев, најдобрата македонска тениска репрезентација се избори за враќање во Втората светска група од Дејвис купот, каде ќе настапува во 2027 година. Решавачкиот поен нашите тенисери го освоија во играта на двојки каде Калин Ивановски и Олег Приходко ги победија Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2:0 во сетови 7:6 (4), 6:2. Во првиот сет немаше ниту еден брејк, а во тај ...
Вукашин Јовановиќ донесе злато за Македонија на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во карате во Бразилија, Бразил. Во категоријата -67 кг., нашиот натпреварувач во борбата за златниот медал триумфираше против Белгиецот Амин Абделмалки со резултат 2:2 (3:2) по судиско изјаснување. Претходно во групата А запиша победи над Мартин Густаво Асерето Коротеа од Чиле, Сирапат Чумвонг од Тајланд и Хосеиф Вафа од Иран. Сите ...
Швајцаруја дебатира за ограничување на населението на 10 милиони. Утре граѓаните ќе гласаат за ова прашање на референдум. Што би значело тоа за земјата и Европа? Дали тоа би испратило катастрофален сигнал и за Германија? Покрај „Референдумот против Законот за државна служба“, швајцарските гласачи ќе гласаат и за народна иницијатива: „Не за Швајцарија од 10 милиони жители“. Ова е она што го одлучи Федералниот совет, распишувајќи го ...
САД и Иран се согласија за рамка за мировен договор по повеќе од три месеци војна, а се очекува страните да го потпишат првичниот договор во следните 24 часа, изјави во неделата пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Премиерот, кој посредува во војната, рече дека Пакистан се подготвува за електронски потпис, по што ќе следат разговори на техничко ниво следната недела. We are closer to a peace deal than ever before. With finalisation likely ...
Партизан остана без шанса да ја освои деветтата титула во АБА лигата, откако загуби од Дубаи, кој со победата од 83:81 во „Белградска арена“ ја доби финалната серија со 3:1. Со овој пораз, „црно-белите“ ја завршуваат сезоната без ниту еден трофеј, првпат по 2021 година, иако беа во конкуренција за четири различни титули. Тимот на Дубаи, предводен од словенечкиот селектор Александар Секулиќ, одлично го отвори натпреварот и уште на стартот ...
За кратко време по крајот на регуларниот дел од сезоната, кој кулминираше со одигрувањето на финалниот турнир во М20 лигата, селекторот на машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија, Никола Велев, го определи и „возниот ред“ поврзан со подготовките на оваа наша репрезентативна селекција за обврските кои следуваат во текот на летото. А тоа е настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години кои од ...
САД и Иран сигнализираа дека се блиску до договор за завршување на војната, а висок функционер на американската администрација изјави дека двете страни се согласиле за текстот и дека Вашингтон очекува да потпише почетен договор во наредните денови. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека иако промени во договорот се сè уште можни, прелиминарниот договор покажал дека неговата земја излегла посилна од конфликтот. ...
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски доби големо признание во Германија, откако беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во Втората Бундеслига за сезоната 2025/26. Чуварот на мрежата на Битигхајм зад себе има извонредна сезона, во која беше еден од најзаслужните за успешниот поход на клубот кон враќање во германската ракометна елита. Томовски во Виртемберг пристигна пред почетокот на сезоната од редовите на Потсдам, а веднаш ...