Домаќинствата во кои живеат родителите со своите деца и внуци, а понекогаш дури и родителите на родителите, веќе одамна се минато. Современиот начин на живеење, продолжувањето на животниот век, како и работниот ангажман на жените, наметнуваат сè поголема потреба од згрижување на возрасните. Ова создаде една нова стопанска дејност „Социјална заштита со сместување на стари и изнемоштени лица“, шифра под која се евидентирани 36 установи. Цените ...

Градежниот сектор бележи значителен раст. Во јуни 2026 година во земјава се издадени 296 одобренија за градење, што е 39 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани. Според податоците, вкупната предвидена вредност на објектите достигнува 103,5 милиони евра, односно 31 отсто повеќе во однос на јуни минатата година. Од вкупниот број одобренија, 200 се за високоградба, 26 за нискоградба, а 70 за реконструкција. Во јуни е предвидена изградба ...

Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе формираат заеднички политички и воени механизми што произлегуваат од одбранбениот договор потпишан минатата недела. Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека новиот сојуз, исто така, ќе ја продлабочи соработката во одбранбената индустрија, објави Ројтерс. Трите земји го потпишаа „Заедничкиот договор за одбрана од Мека“ на 7 август. Станува збор за сојуз на сунитски партнери на САД, а е ...

По завршувањето на групната фаза на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години, следуваше ден за одмор, но и за преселба на дел од репрезентациите од Скопје во Гевгелија и обратно. Една од селекциите која го продолжува натпреварувањето во Скопје е и македонската кадетска репрезентација. По пет одиграни натпревари во Гевгелија, нашите кадети го продолжуваат шампионатот во борбата за пласман од деветтото до 16 место. ...

Бред Пит се вклучи во дебатата за вештачката интелигенција, велејќи дека таа би можела да биде корисна „алатка“ за филмската индустрија. Искусниот актер и добитник на Оскар го изрази своето мислење за оваа контроверзна тема во ново интервју за списанието „Ескваер“. – Постои големо противење на вештачката интелигенција, но вештачката интелигенција ќе биде токму она што, доколку се користи како алатка, ќе помогне во правењето филмови со среден ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да потроши најмалку 900 милиони долари за градежни проекти во комплексот на Белата куќа, при што се очекува најголемиот дел од средствата да дојдат од даночните обврзници, објави „Вашингтон пост“. Медиумот објави дека администрацијата обезбедила средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директни средства од Конгресот. Средствата биле ...

Романската нуклеарна компанија „Нуклеарелектрика“ утрово соопшти дека започнала постапка за контролирано исклучување на вториот блок во нуклеарната централа „Чернавода“, објави „Романија инсајдер“. Постапката за исклучување на Вториот блок започнала во 8 часот. Производството на електрична енергија постепено ќе се намалува, а од 11 часот нуклеарниот блок ќе биде исклучен од националната електроенергетска мрежа. Националниот енергетски систем ...

Брачен пар од Босна и Херцеговина е осомничен дека го оставил своето малолетно дете во паркиран автомобил пред трговски центар во хрватскиот град Пореч и отишле во продавница, пренесува Кликс. Според соопштението на Полициската управа на Истра, 39-годишен маж и 31-годишна жена, двајцата државјани на Босна и Херцеговина, го оставиле своето дете во заклучен паркиран автомобил со затворени прозорци, со што се прекршени правата на детето. ...

Идните бруцоши ќе можат да аплицираат за 8.851 место на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во академската 2026/2027 година. Првиот рок за пријавување е на 18 и 19 август, а учебната година на 23 факултети на Универзитетот ќе започне на 1 октомври. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, а запишувањето на примените кандидатите ќе биде на 3 и 4 септември. Вториот рок за пријавување за упис на УКИМ ќе биде на 10 и 11 ...

Атхе Мазари и официјално ја продолжува кариерата во Албанија, откако 25-годишниот напаѓач стави потпис со Елбасан, член на најсилната тамошна фудбалска конкуренција. Албанскиот клуб веќе го претстави Мазари, од кого очекува значаен придонес во нападот и голови во новата сезона. Мазари во Елбасан пристигнува по периодот во Шкендија, каде што настапуваше како позајмен фудбалер од Вараждин. Во досегашната кариера има играно и за Работнички, ...

Директорите на државните инспекторати од први октомври ќе се избираат според правилата утврдени со Законот за високи раководители, а нивниот мандат ќе биде продолжен од досегашните четири на пет години. Ова е предвидено со предложените измени на Законот за инспекциски надзор, со кои се менува начинот на избор, условите за именување и разрешувањето на директорите на државните инспекторати. Една од клучните промени е укинувањето на досегашната ...

Повеќе од 20 цивили се убиени, а десетици други се повредени во судирите во југоисточниот судански град Гејсан, во близина на границата со Етиопија, соопшти канцеларијата на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OЦХА) во Судан. „Локални извори во државата Син Нил во вторникот известија дека повеќе од 20 цивили се убиени, а многу други се повредени во судирите во градот Гејсан. Ескалацијата на насилството ...

Тијани Рејндерс би можел да го напушти Манчестер Сити по само една сезона, откако Ал Кадисија испратил понуда од 60 милиони евра за холандскиот репрезентативец. Според информациите, клубовите веќе постигнале договор околу трансферот, а единствено што се чека е Рејндерс да даде согласност за преселбата во Саудиска Арабија. Холанѓанецот и претходно беше поврзуван со трансфер во текот на летниот преоден рок, а интерес за неговите услуги ...

Хеликоптер „Апачи“ на американската армија вчера се урна во градот Саладо, во сојузната држава Тексас, а двајцата пилоти загинаа, објави „Си-би-ес њуз“. Портпаролот на шерифската служба на округот Бел, Бил Колман, изјави дека во хеликоптерот имало двајца војници, кои биле прогласени за мртви на местото на несреќата. Тој рече дека хеликоптерот се урнал во поле и не удрил во куќи или други објекти. „Можеше да се види дека станува збор за силен ...

Шпанскиот олимписки скејтбордер Дани Леон успеа да создаде една од највпечатливите фотографии поврзани со неодамнешното затемнување на Сонцето. Тој прецизно го темпираше својот скок токму во моментот кога Месечината поминуваше пред Сонцето, создавајќи неверојатна сцена во која неговата силуета се најде пред затемнетиот сончев диск. Леон снимката ја објави на социјалните мрежи, каде што за кратко време стана вистински хит. Шпанецот моментот ...

Културниот едукативен центар „Лабораториум“, во склоп на летната иницијатива „Скопје вибрира“, организира сликарска сесија со македонскиот сликар и графичар Роберт Дандаров, замислена како неформална средба за создавање, разговор и размена помеѓу креативци, а хост на вечерта ќе биде младата уметница Ивана Павловска. За разлика од класичниот формат на ликовна работилница, настанот нема да се фокусира на формално предавање или еднонасочно ...

Со изведба на претставата „Кармен“ на НУ Драмски театар Скопје на 14 август во Неготино ќе биде отворен театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трето издание на фестивалот што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев (1962-2013). Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е слободен. Публиката во Неготино од 14 до 23 август ќе има ...

Европската Унија подготвува построги правила за пестицидите во увезената храна, а анализата на Заедничкиот истражувачки центар (JRC) покажува дека во најлошото сценарио цената на кафето би можела да скокне за дури 332 проценти. Новите правила на Брисел би можеле значително да влијаат врз цените и достапноста на дел од земјоделските производи на европскиот пазар – пишува Informat.ro. Европската комисија разгледува мерки со кои би се ...

Брутално убиство се случило среде бел ден на улица во Бразил, кога млада жена со нож брутално нападнала 81-годишен маж додека возел велосипед, пренесува Прототема. Нападот се случил во понеделникот во државата Форминга и е снимен од уличните камери. На видеото може да се види како 24-годишната жена оди по улицата и во моментот кога човекот поминува покрај неа на велосипед таа без никаква причина вади нож од ташната и го прободува постариот ...

Македонската претставничка Ева Величковска го имаше своето прво официјално претставување на Мис на светот 2026, чие јубилејно 75. издание вчера беше свечено отворено во заливот Халонг во Виетнам. Дваесетгодишната Величковска е дел од годинашниот избор заедно со претставнички од 106 земји и територии, а по свеченото отворање сподели фотографии од вечерта со своите следбеници на Инстаграм. „Вечерта на отворањето на ‘Мис на светот’. Каква ...

По повеќе од 17 години поминати во затвор, претседателката на државата ја помилува Шефије Јакупи од Зајас, која го уби сопругот кој ја малтретирал и го искасапи телото со електричен нож за леб, пишува „Фокус“. 71-годишната Јакупи од кичевското село Зајас доби помилување од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со што казната и се намалува за 1 година и 6 месец. Таа беше осудена на 20-годишна затворска казна, па ова значи дека таа треба ...

На младите низ Македонија им треба места каде ќе се собираат и ќе одржуваат културни и социјални настани. Места каде ќе си пуштаат и филмови, каде ќе дискутираат за екологија, технологија или љубов, каде ќе учат заедно со другарите после школо или факултет. Во услови кога дискотеките и клубовите се затворени, а казината станаа единствените места за излегување после полноќ, недостатокот од простори требаше да го пополнат младинските центри, ...

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го изрази своето задоволство од играта на тимот по победата од 1:0 над Депортиво Ла Коруња во пријателски натпревар. Посебен акцент беше ставен на способноста на тимот да победи дури и во тешки ситуации, што е јасен знак за напредок. „Беше сериозен натпревар против тим кој се врати во Ла Лига. Противникот нè натера да играме сериозно. Беше тежок натпревар. Ми се допадна што во толку ...

Бугарскиот град Бургас е избран за домаќин на 71. издание на Изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во мај 2027 година, соопштија Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и Бугарската национална телевизија (БНТ). Евровизиската недела ќе кулминира со три вечери во живо – првото полуфинале ќе се одржи на 11 мај, второто на 13 мај, додека големото финале е закажано за сабота, 15 мај 2027 година. Натпреварот ќе се одржи во „Арена Бургас“, ...

По повод Светската недела на доењето, тим од Клиничката болница „Жан Митрев“ учествуваше на стручно предавање на тема „Доење: Едукација и поддршка на родителите“, организирано од Доење со љубов и Бебелогија, со цел да се подигне свесноста за важноста на доењето и да се истакне улогата на здравствените работници во поддршката на секое семејство. Д-р Рената Димитриоска, специјалист по педијатрија и супспецијалист по неонатологија, која одржа ...

Цената на кафето на светските берзи доживеа остар скок, поттикнат од стравувањата дека климатските промени и можното враќање на феноменот Ел Нињо би можеле да ги загрозат приносите во најважните региони за производство на кафе- пишува Тs2.tech . Фјучерсите за кафе во понеделникот пораснаа за дури 18,5 отсто, достигнувајќи 3,57 долари за фунта. Тоа е најголемиот дневен скок на цената на оваа земјоделска суровина од 2000 година. Наглото ...

Утрово пронајден мртов е директорот на телевизија „Алсат-М“, Лирим Хајредини. Неговото безживотно тело е пронајдено во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Тој беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик „Алсат-М“. Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција. Утрово пронајден мртов е директорот на телевизија „Алсат-М“, Лирим Хајредини. Неговото безживотно тело е пронајдено во ...

НАСА предизвика бројни реакции за време на директниот пренос на вчерашното затемнување на Сонцето, откако прикажа мапа на која окупираниот полуостров Крим беше прикажан како дел од руската територија, објави „Њу војс оф Украина“. НАСА го пренесуваше настанот во живо додека целосното затемнување на Сонцето можеше да се набљудува од Гренланд, Исланд, северна и централна Шпанија и делови од Португалија. 🤦🏻 Несіть інше NASA, це зламалось Під ...

Брзите тестови за дрога од плунка можат за неколку минути да покажат присуство на одредена дрога, но не можат да ја утврдат нејзината точна концентрација во примерокот, кога била земена и дали возачот во моментот е неспособен безбедно да управува со возило. Токсиколозите предупредуваат дека станува збор за прелиминарен скрининг, а не за конечна токсиколошка анализа, поради што земањето на примерокот, обуката на полицајците, постапувањето по ...

Освојувачот на ЕХФ Европскиот куп, екипата на ГРК Охрид со победа го започна настапот на 54. издание на Струшкиот турнир откако на ракометното игралиште на женска плажа беше поуспешен од домаќинот Струга со резултат 37-24. Домаќинот пружи одличен отпор во првото полувреме, дури и водеше. Стружани отворија одлично и поведоа со 4-2, а се одржуваа во водство до 7-6. Потоа избраниците на Борис Ројевиќ одговорија со два гола за прво водство ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07