За кратко време по крајот на регуларниот дел од сезоната, кој кулминираше со одигрувањето на финалниот турнир во М20 лигата, селекторот на машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија, Никола Велев, го определи и „возниот ред“ поврзан со подготовките на оваа наша репрезентативна селекција за обврските кои следуваат во текот на летото. А тоа е настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години кои од ...
Денеска со почеток од 10.00 часот, ќе се одржи првиот собир на македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Овој настан, затворен за јавноста, означува старт на третиот дел од претквалификациската трка за пласман на репрезентацијата во квалификациите за Евробаскетот во 2029 година. Селекторот Жозеп Мариа Берокал, во согласност со својата стратегија, состави поширок список на кошаркари, ...
Во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со првиот тренинг официјално започнаа подготовките и на машката младинска репрезентација на Македонија до 20 години за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Селекторот Никола Велев на првиот собир го дочека најголемиот дел од 18. кандидати кои беа избрани по завршувањето на селективните тренинзи, а воедно беше утврден и планот за работа во подготвителниот период. Младите македонски кошаркари ...

