Лионел Меси повторно беше на теренот само неколку дена по загубата на својот татко, иако претходно призна дека во тешкиот период не знаел дали ќе може да продолжи со фудбалот. Аргентинецот влезе од клупата во второто полувреме на натпреварот меѓу Интер Мајами и Леон во КОНКАКАФ Лига Купот. Меси не успеа да се запише во листата на стрелци или асистенти, а неговиот тим загуби со 2:3 и остана без пласман во четвртфиналето. Сепак, неговото ...

Новак Ѓоковиќ го промовираше својот документарен филм „Новак Ѓоковиќ: волкот во зима“ (Novak Djokovic: The Wolf in Winter) во Котор, Црна Гора, каде што организираше проекција во друштво на семејството и пријателите. Негова најголема поддршка и овојпат беше сопругата Јелена Ѓоковиќ, која привлече погледи со елегантното издание на синиот тепих. За оваа пригода, Јелена избра цветен фустан од модната куќа „Диор“, вреден околу 4.800 евра. Го ...

Сопственикот на Фејсбук и Инстаграм, компанијата „Мета“ денеска изјави дека отстранила повеќе од 750.000 профили за кои се сомнева дека ги поседуваат Австралијци под 16 години, откако е воведена првата забрана во светот за тинејџерски сметки и вети повеќе мерки во услови на можна регулаторна интервенција, пренесува Ројтерс. Компанијата соопшти дека деактивирала 462.000 сомнителни профили на Инстаграм и 294.000 сомнителни сметки на Фејсбук ...

Од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека утре, 13 август 2026 година (четврток), ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „Мирослав Крлежа“ во општината Центар. Прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа со Ф-100 милиметри на улицата „Мирослав Крлежа“ бб. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на активностите, велат од „Водовод“. Од скопското јавно претпријатие ...

Туристичката инфлуенсерка Хана Стивенсон (31) доживеала исклучително непријатно искуство по само една ноќ помината во хотел во Кембриџ, Велика Британија. Следното утро се разбудила со повеќе од 100 каснувања од креветни бубачки по телото, а на постелнината забележала дамки од крв и самите инсекти, пишува „Пипл“. Стивенсон, која објавува содржини за патувања под името „The Cape Town Blog“, престојувала во хотелот „Тавелоџ њумаркет роуд“ на 26 ...

Европа ова лето се соочува со високи температури, суши и големи шумски пожари, а последиците веќе се чувствуваат и во економијата. Според анализа на холандската банка Triodos, климатските нарушувања би можеле да го намалат БДП на Европската Унија за околу еден отсто, односно да предизвикаат економска штета од приближно 180 милијарди евра. Европската комисија очекува раст на економијата на ЕУ од околу 1,1 отсто во 2026 година. Тоа значи дека ...

Шефот на иранската паравоена единица Басиж, Хосеин Таеб, изјави дека Ормускиот Теснец е „под контрола на Иран“, пренесува „Ерусалим пост“. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа „Трут соушл“ повторно инсистираше дека САД имаат „целосна контрола“ над стратешки важниот поморски пат и дека можеби „ќе го задржат“. „Соединетите Американски Држави имаат целосна контрола над Ормускиот Теснец. Мислам дека ...

Работнички и во наредната сезона ќе смета на својот капитен Виктор Ефремовски, откако денеска потврди дека постигнале договор за продолжување на соработката. Плејмејкерот зад себе има одлична сезона во која беше вистински лидер на екипата. Во македонското првенство просечно постигнуваше по 22,2 поени, додека во АБА2-лигата бележеше 11,2 поени по натпревар, за просечни 26 минути на паркетот во сезоната 2024/25. Ефремовски уште од младинските ...

Украина има само мал дел од пресретнувачките ракети за системите „Патриот“ што ѝ се итно потребни за одбрана од сè почестите руски балистички напади. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за CNN, нагласувајќи дека секојдневно води преговори со сојузниците за да обезбеди дополнителни залихи. Русија во последните недели значително ги засили балистичките напади, особено врз Киев. Во исто време, украинските залихи ...

Петнаесетгодишната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната. Семејството последен пат ја видело вчера околу 16 часот. Нејзината мајка Давида Јанеска за „Слободен печат“ вели дека ќерка ѝ, вчера попладнето околу 16 часот ѝ посочила дека ќе оди на плажа, но потоа телефонот ѝ бил исклучен. Случајот заедно со сопругот го пријавиле во СВР Охрид рано утринава во четири часот. -Носеше црна маица, широки сиви фармерки, црн ранец. Има црна коса. ...

До 7:30 часот утрово во државата се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска вегетација и шамак, кај селото ...

Со премиера на документарен филм кој ги опфаќа клучните моменти и случувања низ кои помина земјата пред 2001 година, патот до Охридскиот рамковен договор, како и развојот на настаните по неговото потпишување, под покровителство на лидерот на ДУИ Али Ахмети, партијата ќе го одбележи 25-годишниот јубилеј од Рамковниот договор во хотелот „Александар палас“. Како што дознаваме, посебен момент на вечерта ќе биде и видеообраќањето на поранешниот ...

Дезире Дуe беше една од клучните фигури во триумфот на ПСЖ над Астон Вила во Суперкупот на УЕФА, па сосема заслужено го доби признанието за најдобар играч на натпреварот. Младиот француски репрезентативец учествуваше во двата гола на парижаните во победата од 2-1. Дуe најпрво асистираше за Квича Кварацкелија, а потоа во 61. минута и самиот се запиша во листата на стрелци. Покрај директниот учинок, офанзивецот беше постојана опасност за ...

Пред токму една година, македонската јавност се збогува од примадоната Милка Ефтимова, која почина на 89-годишна возраст во Скопје. Ефтимова е една од најзначајните македонски оперски уметници, која остави длабока трага во историјата на македонската култура. Родена во Радовиш во 1936 година, своето музичко образование го започнува во Штип, а го продолжува на Музичката академија во Љубљана. На сцената на Македонската опера дебитира во 1961 ...

Европската унија забрзано работи на сопствена инфраструктура за дигитални плаќања, а дигиталното евро се наметнува како еден од клучните инструменти за намалување на зависноста од американските платни гиганти Виза и Мастеркард. Европа сака поголема независност во дигиталните плаќања. Причината е високата зависност од компании со седиште надвор од ЕУ, особено Виза и Мастеркард, кои имаат доминантна позиција на пазарот на картични плаќања во ...

За да се разбере тоа, треба да знаете како кофеинот воопшто делува. Во текот на денот, во мозокот се таложи супстанција која се вика аденозин. Колку подолго сте будни, толку повеќе ја има, и таа го создава чувството на замор. Кофеинот се врзува за истите места во мозокот каде што аденозинот нормално се врзува. Тој не го отстранува заморот, туку го маскира, така што пораката за замор не пристигнува, пишува „Н1“. Поради тоа кофеинот најдобро ...

Ценовниот раст во САД забави во јули, што ги засили очекувањата дека Федералните резерви би можеле да се воздржат од ново зголемување на каматните стапки во септември. Годишната потрошувачка инфлација во Соединетите Американски Држави забави во јули, покажуваат најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД. Инфлацијата се намали од 3,5 проценти во јуни на 3,4 проценти во јули, додека на месечно ниво потрошувачките цени пораснаа ...

Албанското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека во земјата и натаму се активни девет жаришта на шумски пожари, при што пожари се регистрирани во регионите Дебар, Тирана, Драч, Корча и во Ѓирокастро, пренесува „Албанијан дејли њуз“. Според Министерството, околу 450 припадници на службите моментално се на терен и учествуваат во гаснењето на пожарите и во справувањето со активните жаришта. Најголем број сили се распоредени во областа ...

Швајцарската тениска легенда Роџер Федерер повеќе не е дел од клубот на спортски милијардери, откако падот на акциите на спортскиот бренд „On“ значително го намали неговото богатство. Акциите на швајцарската компанија паднаа за повеќе од 20 отсто, поради забавувањето на растот на приходите и неисполнетите очекувања на финансискиот пазар. Како последица на падот на вредноста на акциите, Федерер загуби околу 52 милиони долари, па неговото ...

Големата порота во Лос Анџелес го обвини Ник Рајнер по две точки од обвинението за убиство на неговите родители од прв степен, познатиот режисер Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, во декември 2025 година. Новото обвинение, кое беше отпечатено и објавено во средата на 12 август 2026 година, целосно го менува првичниот случај поднесен против него минатата година, пишува „Пипл“. Покрај обвиненијата за употреба на нож, обвинителите додадоа и нова ...

Украина синоќа изврши голем напад со дронови врз Крим, по што избувнаа пожари во близина на Балаклава и во руски воен објект во северниот дел на Крим, објави „Киев пост“. Според локалниот канал за мониторинг „Кримски ветер“, двата големи пожари во близина на Балаклава, јужно од Севастопол, биле регистрирани на различни локации. Едниот пожар бил забележан во близина на крстосница кај селото Первомајске, каде што мост минува над железничката ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети островот Итуруп во Курилскиот архипелаг, што е предмет на територијален спор меѓу Русија и Јапонија, објавија руските медиуми. Посетата се случува еден ден по големите поморски вежби и ракетното лансирање од страна на рускиот сојузник Северна Кореја, објави „Ројтерс“. Москва и Токио никогаш не потпишаа формален мировен договор од Втората светска војна, бидејќи главната пречка беше ...

Сериозни пропусти во работата на полицијата се откриени во Словенија, каде човек кој лажно се претставувал како полицаец, цели 18 месеци се учествувал во официјални полициски постапки на аеродромот „Брник“ кај Љубљана, пишуваат словенечките медиуми. Првата информација дека маж се претставува како полицаец, врши полициски овластувања и дека носи оружје била евидентирана на 30 септември 2025 година. Информацијата била оценета како вистинита и ...

По разделбата со Дејан Станковиќ, во Црвена звезда започнаа да се разгледуваат различни опции за нов тренер, а едно од позвучните имиња кое се поврзува со белградскиот клуб е Рафаел Бенитез. Шпанскиот стручњак има богато европско искуство и зад себе периоди на клупите на некои од најголемите клубови на континентот. Врвот на неговата кариера беше во Ливерпул, со кој во 2005 година стигна до европската титула по незаборавното финале во ...

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето. Бобе денеска споделува рецепт за вистински деликатес – слатко од модри сливи. – Има нешто посебно во слаткото од модри сливи – ароматично, сочно и богато со вкус. Сливите при варењето се претвораат во мали стаклени топчиња, обвиткани со густ, проѕирен шербет што ја ...

Австрија, Германија, Холандија, Данска и Грција се во напредни разговори за формирање на центар за враќање на мигранти во Уганда, кој според досегашните планови би можел да започне со работа до 2027 година. Проектот засега се разгледува како пилот-иницијатива, а конечната одлука ќе зависи од договорот меѓу петте држави и од решавањето на низа правни и технички прашања. Информациите за планот се објавени во повеќе европски медиуми, кои се ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално се очекуваат и невремиња со силен ветер и со услови за појава на град. Утринските температури ќе се движат од 10 до 21 Целзиусов степен, додека максималните ќе достигнат од 29 до 37 степени. Температурата ќе опадне за неколку степени во однос на ...

Македонскиот ракометен шампион Вардар со сигурна победа го отвори настапот на традиционалниот меѓународен турнир во Струга, совладувајќи го Прилеп со 39-29. „Црвено-црните“ уште од самиот почеток го презедоа натпреварот во свои раце и брзо стигнаа до предност од 8-3. Вардар продолжи во ист ритам и до паузата имаше сигурно водство од 18-13. Во второто полувреме прилепчани не успеаја да направат пресврт и да ја вратат неизвесноста. Вардар ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, ќе ја напушти позицијата на крајот на август, пренесува Гардијан. Според Трамп, таа ќе остане „влијателен глас“ во Републиканската партија пред среднорочните избори во САД во ноември. Трамп изјави дека Левит одлучила да ја напушти позицијата прес-секретар на Белата куќа за да „поминува повеќе време со своите деца и семејство“ и дека „целосно ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 13 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Овни, ќе бидете мотивирани да ги завршите задачите што претходно сте ги одложувале, но внимавајте да не преземете повеќе отколку што можете да се справите. Ова е добро време да започнете нови идеи. Денес ќе сакате повеќе искреност и јасни одговори од вашиот партнер, па затоа отворениот разговор ќе донесе олеснување. Слободните можат да ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87