По две кола од Светското првенство, групната фаза влегува во својата одлучувачка фаза. Во групата Л, Англија и Гана ги држат водечките позиции со по четири бода, Хрватска со три бода бара победа за да обезбеди пласман, додека Панама веќе е елиминирана. Одлуката ќе биде донесена во сабота кога ќе се сретнат Хрватска и Гана, и Англија и Панама, во 23:00 часот. Хрватска мора да победи, бод е доволен за Гана Натпреварот меѓу Хрватска и Гана на ...
Хрватска има предност од 1-0 по првото полувреме против Гана, па во моментов се на првото место во групата „Л“. На бронзената селекција од последниот Мундијал потребно им е реми за сигурен пласман во 1/16-финалето, но Хрватите и со играта на тревникот најавија, но и покажаа дека одат на победа за најмалку второ место во групата. Единствениот гол беше дело на Петар Сучиќ во 31-вата минута со удар од преку 20 метри. На вториот меч од оваа ...
Хрватска – Гана 1:0 и Панама – Англија 0:0, се резултатите по првите полувремиња од двата меча од 3.коло во групата Л. Во Филаделфија со прекрасниот гол од далечина на Петар Сучиќ во 31.минута, Хрватска има водство од 1:0 кое во целост го заслужи. Избраниците на селекторот Златко Далиќ одиграа добро полувреме, Влашиќ го погоди десниот дирек, имаше и уште неколку добри и опасни акции на Хрватите. Гана се “освести“ дури во финишот кога Семењо ...

