И денеска Македонија ја очекува претежно сончево и многу топло време, со температури кои во најтоплите региони ќе се искачат и до 38 степени. Иако во поголемиот дел од денот ќе преовладува стабилно време, попладне во планинските предели се можни краткотрајни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 20 степени. Во главниот град се ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а на одделни места ќе достигне и до 39 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Промена на времето се очекува од среда, кога ...

