Екстремните температури и наглите временски промени значително го зголемија бројот на интервенции на Итната медицинска помош. Дополнителен предизвик се долгите времиња на чекање, кои поради недостиг на кадар, возила и сообраќаен метеж често достигнуваат и до 40 минути или повеќе. Се поставува прашањето: како да се обезбеди побрза и поефикасна Итна медицинска помош во услови на сè почести топлотни бранови? АНКЕТА: Дали сметате дека жештините ...
Летната работа сè почесто станува избор на средношколците кои сакаат да заработат сопствени пари и да стекнат прво работно искуство. Таа носи и позитивни страни како одговорност и самостојност, но отвора и прашања за условите и искористувањето на младата работна сила. Дали е тоа животна школа или само сезонски џепарлак – останува отворена дилема за која вреди да се размисли. АНКЕТА: Дали средношколците треба да работат преку лето? Да/Не ...
Работен век од четири децении, а по пензионирањето повторно на работа – сè повеќе пензионери се враќаат на пазарот на трудот. Дали тоа е личен избор за да останат активни или потреба поради недоволни примања? Како да се обезбеди достоинствена старост и дали пензијата денес е доволна за нормален живот? Анкета: Дали пензијата е доволна за нормален живот? Да / Не. Работен век од четири децении, а по пензионирањето повторно на работа – сè повеќе ...
Базенот во Тетово, кој со години се градеше и двапати беше пуштан во употреба, денес е во центарот на дебата за полова сегрегација. Иако во летниот период треба да биде отворен за сите граѓани, Општината воведе термини во кои базенот можат да го користат исклучиво жени и девојки, додека на мажите им е забранет влезот. Дали станува збор за оправдан одговор на барањата на дел од граѓанките или за опасен преседан што отвора поделби во јавен ...

