Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Фудбалерите на Пари Сен Жермен го освоија европскиот Суперкуп откако вечерва во финалето во Салзбург славеа над Астон вила со 2-1. Резултатот беше отворен по 20 минути кога Грузиецот Кварацхелија стрелаше на асистенција од Дуе. Иако, ПСЖ опасна знаеше да биде и Астон вила, па така пред крајот на првото полувреме премиерлигашот дојде до израмнување. Во 45. минута Маџо се погрижи за 1-1. Францускиот гигант во второто полувреме имаше поголем ...
Еден од основачите на пекарскиот бренд „Силбо“, Боби Милев, го презеде управувањето на најголемото друштво во земјата што ги спроведува теоретските и практичните испити за идни возачи, објави „Фактор“. Сопственикот на „Жито клас Силбо“ од минатиот месец е управител на „Авто испитен центар“, како и на сообраќајните центи во Карпош, Центар, Чаир, Аеродром и Гази Баба како подружници. „Авто испитен центар“ од минатиот месец има нов сопственик, ...
Четиригодишно момче од Македонија, за кое албанските медиуми пишуваа дека се вика Богдан, денеска исчезна од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив и здрав, објави JOQ Albania. Претходно, како што објавија повеќе албански страници на социјалните мрежи, четиригодишното момче исчезнало во областа Алто Маре. Според пријавата, семејството подолго време го барало детето, а ...
Лето и лубеница, има ли нешто подобро? Уште ќе уживаме во ова прекрасно освежување во текот на горештините, но еве што треба да знаете за да не си го расипете стомакот, односно желудникот. Лубеницата е кралица на летната трпеза, но откако ќе ја исечеме, не може бесконечно долго да чека во фрижидерот. Колку дена останува безбедна за јадење и според кои знаци можете да препознаете кога е време да ја фрлите. Во лето речиси и да нема подобро ...
Кога имаме доволно време за размислување, најчесто носиме рационални одлуки – документите ги чуваме на безбедно место, фотографиите во албум, а вредните предмети ги заштитуваме. Но, кога мора да реагираме во еден миг, логиката честопати останува во втор план, пишува „Сенса“. Тогаш можеби нема да посегнеме по најскапиот предмет, туку по оној што во нас буди чувство на дом, сигурност, припадност или лична вредност. Токму на оваа идеја се ...
„Пеперутките“ во стомакот често ги доживуваме како знак дека сме се заљубиле и дека меѓу нас и некого постои посебна хемија. Но, психолозите предупредуваат дека овој интензивен почетен занес не мора да значи дека сме ја пронашле вистинската личност. Иако чувството на возбуда во стомакот може да биде пријатно, тоа всушност е тесно поврзано и со нервозата, исчекувањето и неизвесноста. Затоа, само врз основа на него не може да се процени дали ...
Ако комарците ви ги уништуваат летните вечери на вашата тераса, постои едноставно природно решение – растение чиј мирис не им се допаѓа, а кое му дава на вашиот надворешен простор свежина и прекрасен изглед. Кога топлината малку ќе се смири, пријатно е да седите на свеж воздух, да пиете освежителен пијалак или да разговарате со пријателите. За жал, тогаш се појавуваат комарците, кои можат брзо да ја расипат опуштената атмосфера, пишува ...
Лос Анџелес Лејкерс наскоро би можеле да добијат нови сопственици, откако Џош Кушнер и Боб Ајгер постигнаа договор за купување на култната НБА-франшиза за рекордна сума од повеќе од 12 милијарди долари. Славниот клуб така ќе ја промени сопственичката структура само една година откако Марк Волтер го презеде од семејството Бас за 10 милијарди долари. Продажбата сè уште треба да добие официјално одобрение од гувернерите на НБА, но се очекува ...
Во Белград денеска се случил сериозен инцидент, откако возач на автобус наводно не му запрел на еден човек на постојка. Револтиран, тој откорнал гранка од дрво и со неа почнал да удира по друг автобус. Фејсбук-страницата „Мој Београд“ објави снимка од инцидентот, на која се гледа како најмалку петмина полицајци го опколуваат насилникот во обид да го совладаат. Според информациите, човекот во раката држел скршена чаша, со која расекол еден од ...
Топлотните бранови што ја погодија Франција во изминатите неколку месеци би можеле да предизвикаат директни и индиректни економски загуби во вредност од 10 до 15 милијарди евра, изјави француската министерка за животна средина Моник Барбју, повикувајќи се на најновите проценки на Националниот институт за статистика и економски истражувања (ИНСЕЕ), пренесува Ројтерс. Барбју предупреди дека периодот на екстремни горештини сè уште не е завршен ...
Организаторите на изборот за песна на Евровизија изменија некои од досегашните правила, донесоа одлука дека доколку земја вклучена во воен конфликт победи на натпреварот, нема да може да го организира настанот следната година. Измената беше одобрена од управното тело на натпреварот по повратните информации од јавните сервиси што учествуваа на Евровизија 2026 во Виена, пишува „Би-би-си“. Според новите правила, победничките земји исто така ќе ...
Илјадници астрономи, туристи и љубители на небесните феномени се собраа во Шпанија и Исланд за да присуствуваат на целосно затемнување на Сонцето, настан што се случува на овие простори за првпат по речиси 75 години. Илјадници луѓе беа сведоведоци на прекрасната глетка низ Европа. LIVE: It’s eclipse day. Come watch with us. Totality begins in Iceland at 1:45pm ET (1745 UTC) and in Spain at 2:28pm ET (1828 UTC). https://t.co/SlVVfuUUsr — NASA ...
Како одговор на растечката закана од сили како Русија и опасноста од екстремисти и странски сили, германската влада одобри закон за проширување на овластувањата на разузнавачките агенции, пренесува Еуроњуз. Целта е да се зајакне германската Федерална разузнавачка служба (БНД) и нејзината домашна разузнавачка служба (БфВ) и да се намали зависноста на Германија од податоците доставени од сојузничките држави. Овластувањата на германските ...
Стареењето не е само приказна за брчките, поспориот ритам на живот или промените што ги носат годините. Тоа со себе носи искуство, мудрост и сила што човекот ја стекнува поминувајќи низ разни животни предизвици. Но, како што минуваат годините, луѓето почнуваат да ви поставуваат прашања кои на прв поглед изгледаат сосема безопасни. Некои се само љубопитни, додека други можат да кријат осуда, притисок или обид да дознаат нешто што всушност не ...
Младиот напаѓач на Евертон, Мартин Шериф, (20), официјално е обвинет од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поради наводно прекршување на правилата за обложување. Фудбалерот е обвинет дека поставил бројни облози на фудбалски натпревари во период од 15 месеци. Шериф сега се соочува со можност за суспензија или парична казна и треба официјално да одговори на сериозните обвиненија што му ги поднесе надлежното тело. „Дејли мејл“ објави дека ...
Истанбул го пречека Душан Влаховиќ. „Црно-белиот“ дел од турската метропола е во делириум по денешната потврда дека српскиот репрезентативец ќе го облече дресот на Бешикташ. Силниот напаѓач околу 20:30 часот пристигна во градот на Босфорот, каде што беше пречекан од навивачите на Бешикташ. 🔥🔥🔥 DUSAN’DAN İLK ÜÇLÜ! pic.twitter.com/1VVIxS5oQN — Haber Kartalı (@HaberKartali) August 12, 2026 „Неверојатно е. Многу сум среќен што сум тука. Знам ...
Легендарниот рокер Ози Озборн и официјално стана член на елитниот „клуб на милијардери“ на музичката платформа Спотифај, откако неговиот кулен хит „Crazy Train“ надмина една милијарда стримови. Со ова достигнување, Ози им се придружува на култните рокенрол и метал имиња кои веќе ја преминаа оваа бројка, како „Металика“ со „Nothing Else Matters“, „Enter Sandman“, „Master Of Puppets“, „Слипнот“ со „Duality“, „Ван Хален“ со „Jump“, „Ганс енд ...
Украинскaта војска во текот на оваа година ослободила 745 квадратни километри окупирана територија и вратила под своја контрола 26 населени места на југоисточниот фронт, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс. Операцијата, која според него се одвива точно според планираното, е спроведена од страна на воздушно-десантните единици и дополнителни воени формации долж потег од 60 километри на спојот меѓу ...
И покрај напорите и борбата на тимот ветеринари од Битола, младиот елен кој вчера беше прегазен на патот Кичево-Демир Хисар, денеска угина, јавија активистите за заштита на животните. Состојбата на Срндакот, кој во меѓувреме го добил името Мартин, драстично се влошила во текот на попладнето, а тој бил итно пренесен во хируршка сала поради обемно внатрешно крвавење. Животното беше удрено од возило, а возачот продолжил и го оставил на асфалтот ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва изјави дека неколку луѓе се повикани на информативен разговор во врска со денеска проширените шпекулации дека водата во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли. На социјалните мрежи утрово молскавично се проширија информации дека скопската вода е загадена, поради што мораа да реагираат и властите, а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и се напи вода од чешма на ...
По 18 сезони во НБА, легендарниот американски кошаркар Расел Вестбрук одлучи да стави крај на професионалната кариера. МВП-играчот од 2017 година зад себе остава огромно наследство, како лидер на вечната листа по бројот на трипл-дабл натпревари. Деветкратниот ол-стар играч во текот на кариерата настапуваше за неколку НБА-франшизи, но најдлабока трага остави во дресот на Оклахома. Вестбрук кариерата ја завршува и како петти најдобар асистент ...
Холандската фудбалска федерација постигна договор со Чави Ернандез, кој во иднина ќе ја предводи репрезентацијата на Холандија. Поранешниот фудбалер и тренер на Барселона ги договори сите детали со федерацијата и потпиша договор кој ќе трае до 2030 година. За Чави ова ќе биде нов предизвик во тренерската кариера, откако претходно работеше во Ал Сад, а потоа ја предводеше и Барселона. Сега Шпанецот ќе има задача да го врати холандскиот ...
Поетесата Ана Бунтеска сподели фотографија со својата долгогодишна пријателка, пејачката Биба Додева, која деновиве е во Скопје. „Душата на место“, напиша Бунтеска покрај заедничката фотографија и додаде три виолетови срца. Биба и Ана се блиски пријателки со години, а Бунтеска беше меѓу оние кои јавно ѝ се радуваа на пејачката кога во април 2022 година се омажи за својот партнер Срѓан Шрепфлер. „Бибо моја, ви посакувам вечна љубов. Да се ...
Мароканските власти уапсија група лица осомничени за поттикнување нови обиди за нелегално преминување во шпанските енклави Сеута и Мелила, објави мароканското Министерство за внатрешни работи, наведувајќи дека повиците за масовни преминувања на 15-ти август се шират на социјалните мрежи, пренесува Калибер. Министерството соопшти дека последните денови следело анонимни објави и пораки со кои се повикува на колективни обиди за нелегален влез ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека вечерва се активни дури четири пожари во Полошката Котлина, во околината на Тетово, а според неговите информации, тие се подметнати. „Еден од пожарите се наоѓа на територијата на општина Јегуновце во атарот на село Копанце каде гори шума и ниска вегетација. Вториот е на територијата на општина Тетово во атарот на село Џепчиште каде гори ниска вегетација. Третиот ...
Џед Спенс е пред заминување од Тотенхем и преселба во Интер, откако двата клуба постигнаа усен договор за трансферот на англискиот репрезентативец. Според фудбалскиот новинар, Фабрицио Романо, бил постигнат договор вреден нешто повеќе од 30 милиони евра, а преостануваат да се завршат само финалните формалности и документацијата. Со тоа завршува трансфер-сагата која траеше неколку недели. Интер го постави Спенс меѓу своите приоритети за ...
Турските фудбалски клубови продолжуваат да трошат огромни суми во летниот преоден рок со цел да привлечат големи европски ѕвезди. Денеска двајца познати напаѓачи ги ставија потписите на договорите со своите нови клубови. Пред десетина дена беше официјализиран еден од најголемите и најинтересните трансфери ова лето, откако Мохамед Салах го засили Трабзонспор. Денеска одговор стигна од Бешикташ и Фенербахче, кои претставија сериозни засилувања ...
Додека американската администрација објавува тајни документи за НЛО, германските ловци на НЛО, астрономи-аматери, собрани околу Истражувачката мрежа за вонредни небесни појави во Лицелбах (ЦЕНАП) – во последните месеци добиле повеќе од 14.000 пријави. Директорот на ЦЕНАП, Хансјорген Келер, вели дека никогаш досега не забележале толку голем интерес од јавноста за небесните појави, пишува „Евроњуз“. – Добиваме меѓу три и шест пријави дневно. ...
Сојузниците во НАТО денеска изразија солидарност со Романија и Полска на состанок посветен на неодамнешните нарушувања на воздушниот простор на двете земји, кои се меѓу источните членки на Алијансата, пренесува Еуроњуз. Неколку дронови во последните недели го нарушија воздушниот простор на Романија, а претседателот Никeушор Дан изјави дека тоа што го прави Кремљ е „недозволиво и неподносливо“. На 29 јули крстосувачка ракета падна на полска ...
Бугарскиот митрополит на САД, Канада и Австралија Јосиф, кој беше пријавен за исчезнат во Њујорк, е пронајден жив и во добра општа здравствена состојба во болница на Менхетн во Њујорк, пренесе „Ортодокс тајмс“. 83-годишниот архијереј, кој е на чело на бугарската црква во прекуокеанските земји 40 години, бил примен во болницата откако се повредил во сообраќајна несреќа во петокот, на 7 август. Митрополитот Јосиф последен пат бил виден околу ...