Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Аријана Гранде ја потврди обновената романса со поранешното момче Рики Алварез, откако за првпат објави нивни заеднички фотографии на Инстаграм. Во средата, на 12 август, 33-годишната поп-ѕвезда сподели серија фотографии од различни моменти, меѓу кои се најдоа и неколку дискретни фотографии со Алварез, со кого беше во врска од 2015 до 2016 година. На една од фотографиите, Гранде ги фотографира нивните усогласени комбинации пред огледало, без ...
„Спотифај“ ќе започне да ги означува профилите на музички изведувачи создадени со вештачка интелигенција со ознака „ВИ лик“, а нивната музика по правило нема да се појавува во уредувачките и алгоритамските препораки на платформата, пишува „ТекКранч“. Компанијата соопшти дека од средината на септември корисниците на „Спотифај“ ќе почнат да забележуваат ознаки „ВИ лик“ на одредени профили на изведувачи. Ознаката ќе покажува дека идентитетот на ...
Денеска со почеток од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ фудбалерите на Шкендија ќе го играат реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА против шкотскиот Хибернијан. Тетовските „црвено-црни“ од првиот меч имаат минимална негатива (2:1) која играчите на тренерот Артим Положани ќе се обидат да ја анулираат пред своите навивачи за пласман во плејофот. Во однос на првиот меч одигран во Единбург каде ...
Француската фудбалска федерација (ФФФ) официјално го објави новиот стручен штаб на Зинедин Зидан, кој го наследува Дидие Дешан. Највозбудливата вест е враќањето на легендарниот чувар на мрежата, Фабиен Бартез, кој ќе ја преземе функцијата тренер на голманите. Назначувањата, лично одобрени од претседателот на федерацијата, Филип Дијало, врз основа на предлозите на Зидан, носат здив на свеж воздух и богато искуство. Повторното обединување на ...
Речиси еден месец ќе помине, а иако премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавуваа дека многу брзо ќе се исчисти водата во Гостивар, откако беше загадена со фекалии, ниту Институтот за јавно здравје, ниту Агенцијата за храна и ветеринарство немаат дадено официјална потврда дека водата е чиста и може да се пие. Додека премиерот е на екскурзија, министерот за внатрешни работи, кој го водеше кризниот ...
Комисијата за заштита на конкуренција на својата официјална страница објави Известување за концентрација со која „Проекс интернационал Л.Л.Ц“, Косово ќе стекнe контрола над „Тинекс маркет“ ДООЕЛ Скопје. Комисијата информира дека на 10.8.2026 година, до неа е доставено известување за концентрација со која „Проекс интернационал Л.Л.Ц“. со седиште во Приштина има намера да стекнe контрола врз Друштвото за трговија на мало „Тинекс маркет“ ДООЕЛ. ...
Денес околу 37.000 луѓе, што биле прогонувани од режимот на поранешна Источна Германија (ГДР), добиваат надомест во вид на пензија, изјави повереничката на Бундестагот за жртвите на диктатурата на СЕД, Евелин Цупке. СЕД, односно Социјалистичката партија на единството на Германија, беше владејачка партија во ГДР од 1946 до 1989 година. Право на месечен надомест имаат луѓето што во ГДР биле затворени подолго од 90 дена поради политички ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува искрено и длабоко сочувство до семејството, колегите, пријателите и сите кои го познаваа и соработуваа со Лирим Хајредини. Хајредини повеќе од 16 години ја извршуваше функцијата оперативен директор на телевизијата Алсат, каде што остави значаен професионален белег и придонес во медиумскиот сектор. Неговата професионалност, посветеност и придонес во медиумската заедница ќе останат ...
Петнаесетгодишната Кристина, која беше исчезната и се трагаше по неа од вчера попладнето, е најдена денеска во Охрид, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „Слободен печат“. „Денеска (13.08.2026) во 12:20 часот на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила ...
Мартин Филиповски, гитаристот на „Некст тајм“ искрено кажа што мисли за Јаков Јозиновиќ, а ги искоментира и критиките дека тој и брат му се популарни со обработени песни. Близнаците Мартин и Стефан Филиповски од дуото „Некст тајм“ гостуваа во емисијата „Полиграф“ кај Стефонатор, каде што зборуваа за својата музичка кариера, авторските песни, но и за обработките на македонски народни песни по кои во последните години станаа особено ...
Андреј Рајатоски, познат по неговите ангажирани видеа како „Градинарот“, како и здружението „Млади од семејна разновидност“ и „Зелени пионери“ се добитниците на Наградите за младинско учество за 2026 година. Наградите беа доделени вчера по повод Меѓународниот ден на младите, со кои се оддава признание на младите, младинските организации и поединците кои со својата активност, иницијативи и посветеност придонесуваат за позитивни промени во ...
Британскиот актер Ентони Хопкинс на 21 август ќе го објави својот дебитантски албум со класична музика, насловен „Животот е сон“ („Life Is a Dream“). Албумот содржи 12 композиции што Хопкинс ги создавал во текот на шест децении, а ќе го објави издавачката куќа „Дека рекордс“ („Decca Records“), пишува „Еуроњуз“. На снимањето, одржано во април во лондонската палата Александра, учествувал Филхармонискиот оркестар, со кој диригирал Густаво ...
Маж и жена се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во близина на кичевското село Тајмиште, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во несреќата учествувале кола и товарно возило. „Несреќата се случила околу 8 часот и во неа учествувале патничко и товарно возило. Повредени се маж и жена кои биле во патничкиот автомобил. Тие биле пренесени во Општата болница во Кичево за укажување лекарска помош“ соопшти МВР. ...
Браќата Ендру и Тристан Тејт, обвинети за силување, чувале цела залиха пасоши со различни лажни имиња за да патуваат во странство — меѓу кои и едно име преземено од негативец од роман за познаниот британски шпион Џејмс Бонд, пренесува „Њујорк пост“. Тристан Тејт имал мексикански пасош со својата фотографија и датум на раѓање, но со името „Владимир Скорпиус“, името на главниот негативец во шпионскиот роман за 007 „Скорпиус“, се наведува во ...
Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква реагира на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во Мркоњиќ Град рече дека „Српската Црква е иста и во Мркоњиќ Град и во Пирот и во Мелбурн и во Скопје“. Од Синодот посочуваат дека МПЦ-ОА, е „легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква“, како и наследничка на Јустинијана Прва и на обновената Охридска ...
На 11 август 1999 година, Војчех Кубјак за момент ги симнал заштитните очила за да го фотографира затемнувањето на Сонцето. Во тие неколку секунди не почувствувал ниту болка, ниту печење, ниту каков било знак дека нешто сериозно се случува. Дури подоцна сфатил дека видот му е трајно променет, пишува „РТЛ Белгија“ („РТЛ“). Пред 27 години, Брисел, како и голем дел од Европа, за кратко потонал во темнина поради целосното затемнување на Сонцето ...
Фолк-пејачот Зоран Ванев, кој е роден во Штип, а долги години живее во Швајцарија, со отворено писмо упати серија обвинувања за начинот на кој се организира и финансира фестивалот „Макфест“. Тој ги повика Општина Штип, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство да го испитаат трошењето на јавните средства за фестивалот. Во писмото насловено „Скандал од Макфест до Пастрмајлијада: Како народните пари од ...
Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 пронашле тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. „Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите“ соопштија од Царинската управа. Ова е четврти ...
Утрово е пронајдено телото на еден од двајцата португалски државјани кои исчезнаа пред два дена заедно со уште двајца во Јадранското Море. Телото било забележано од хеликоптер. Потрагата по четвртиот сè уште е во тек, објави Индекс. Четворица млади Португалци исчезнаа во Јадранското Море за време на невреме, имало бранови над три метри Вчера по неколкучасовно пребарување во каналот Велебит беа пронајдени живи маж и жена, а интензивните ...
Душан Влаховиќ официјално e нов играч на Бешикташ, а при пристигнувањето во Истанбул со себе донесе нешто што никој не го очекуваше – две гајби домати. Според турските медиуми, причината за необичниот багаж е поврзана со преговорите за трансферот. Челниците на Бешикташ, кои престојувале во Белград додека се договарал трансферот, наводно биле воодушевени од доматите што ги јаделе за време на заедничката вечера во еден белградски ресторан. ...
Домаќинствата во кои живеат родителите со своите деца и внуци, а понекогаш дури и родителите на родителите, веќе одамна се минато. Современиот начин на живеење, продолжувањето на животниот век, како и работниот ангажман на жените, наметнуваат сè поголема потреба од згрижување на возрасните. Ова создаде една нова стопанска дејност „Социјална заштита со сместување на стари и изнемоштени лица“, шифра под која се евидентирани 36 установи. Цените ...
Градежниот сектор бележи значителен раст. Во јуни 2026 година во земјава се издадени 296 одобренија за градење, што е 39 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани. Според податоците, вкупната предвидена вредност на објектите достигнува 103,5 милиони евра, односно 31 отсто повеќе во однос на јуни минатата година. Од вкупниот број одобренија, 200 се за високоградба, 26 за нискоградба, а 70 за реконструкција. Во јуни е предвидена изградба ...
Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе формираат заеднички политички и воени механизми што произлегуваат од одбранбениот договор потпишан минатата недела. Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека новиот сојуз, исто така, ќе ја продлабочи соработката во одбранбената индустрија, објави Ројтерс. Трите земји го потпишаа „Заедничкиот договор за одбрана од Мека“ на 7 август. Станува збор за сојуз на сунитски партнери на САД, а е ...
По завршувањето на групната фаза на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години, следуваше ден за одмор, но и за преселба на дел од репрезентациите од Скопје во Гевгелија и обратно. Една од селекциите која го продолжува натпреварувањето во Скопје е и македонската кадетска репрезентација. По пет одиграни натпревари во Гевгелија, нашите кадети го продолжуваат шампионатот во борбата за пласман од деветтото до 16 место. ...
Бред Пит се вклучи во дебатата за вештачката интелигенција, велејќи дека таа би можела да биде корисна „алатка“ за филмската индустрија. Искусниот актер и добитник на Оскар го изрази своето мислење за оваа контроверзна тема во ново интервју за списанието „Ескваер“. – Постои големо противење на вештачката интелигенција, но вештачката интелигенција ќе биде токму она што, доколку се користи како алатка, ќе помогне во правењето филмови со среден ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да потроши најмалку 900 милиони долари за градежни проекти во комплексот на Белата куќа, при што се очекува најголемиот дел од средствата да дојдат од даночните обврзници, објави „Вашингтон пост“. Медиумот објави дека администрацијата обезбедила средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директни средства од Конгресот. Средствата биле ...
Романската нуклеарна компанија „Нуклеарелектрика“ утрово соопшти дека започнала постапка за контролирано исклучување на вториот блок во нуклеарната централа „Чернавода“, објави „Романија инсајдер“. Постапката за исклучување на Вториот блок започнала во 8 часот. Производството на електрична енергија постепено ќе се намалува, а од 11 часот нуклеарниот блок ќе биде исклучен од националната електроенергетска мрежа. Националниот енергетски систем ...
Брачен пар од Босна и Херцеговина е осомничен дека го оставил своето малолетно дете во паркиран автомобил пред трговски центар во хрватскиот град Пореч и отишле во продавница, пренесува Кликс. Според соопштението на Полициската управа на Истра, 39-годишен маж и 31-годишна жена, двајцата државјани на Босна и Херцеговина, го оставиле своето дете во заклучен паркиран автомобил со затворени прозорци, со што се прекршени правата на детето. ...
Идните бруцоши ќе можат да аплицираат за 8.851 место на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во академската 2026/2027 година. Првиот рок за пријавување е на 18 и 19 август, а учебната година на 23 факултети на Универзитетот ќе започне на 1 октомври. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, а запишувањето на примените кандидатите ќе биде на 3 и 4 септември. Вториот рок за пријавување за упис на УКИМ ќе биде на 10 и 11 ...
Атхе Мазари и официјално ја продолжува кариерата во Албанија, откако 25-годишниот напаѓач стави потпис со Елбасан, член на најсилната тамошна фудбалска конкуренција. Албанскиот клуб веќе го претстави Мазари, од кого очекува значаен придонес во нападот и голови во новата сезона. Мазари во Елбасан пристигнува по периодот во Шкендија, каде што настапуваше како позајмен фудбалер од Вараждин. Во досегашната кариера има играно и за Работнички, ...