Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница разгледуваше приговори за лично избирачко право и од болни и немоќни лица на кои не им било прифатено барањето за гласање во домашни услови. На седницата беа прифатени неколку од овие приговори, а членовите на ДИК нагласија дека на лицата на кои им се прифатени приговорите за лично избирачко право бидејќи ги нема во Избирачкиот список, кој веќе е заклучен, и во апаратите за биометриска ...
Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, а почнува зимското сметање. Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и ...
За три до шест месеци ќе стигнат првите дигитални услуги до граѓаните преку отворање на Центарот за услуги, а за две години до граѓаните ќе бидат достапни и сите најбарани услуги од администрацијата, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски од Прилеп каде, во центарот на градот преку караванот на Министерството се промовира националниот портал uslugi.gov.mk -Очекувам дека за три до шест месеци ќего отвориме Центарот за ...
Денот на белиот стап е потсетник дека разликите не не делат туку не зближуваат и прават побогати. Да создадеме и живееме во општество каде секој чекор, глас и допир се чувствува, оти има значење. Нема хендикепирани луѓе, има хендикепирано општество. Крајно време е од оваа држава да направиме пристојно место за сечиј живот, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на отворањето на настанот по повод 15 Октомври - Меѓународниот ден на ...
На 14.10.2025 во 16:50 часот на патарина „Петровец“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода М.А.(28) од Босна и Херцеговина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик. Имено, тој на патарината поминал со товарно возило со босански национални ознаки и притоа платил со банкнота од 10 евра за која вработениот се посомневал дека е фалсификувана. Банкнотата е одземена за понатамошна ...
- Во медиумите излегоа аудио снимки од кои се слуша како Фатмир Дехари наместо да биде градоначалник и да ја користи општина Кичево за добробит на граѓаните, тој сексуално ги малтретира и се изживува врз вработените. Овие снимки се скандалозни, а односот на Дехари на нив понижувачки за секоја жена, истакна на прес-конференција Емилија Ангелова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ. Ова, вели таа, не е само навреда кон жените во општина Кичево, туку и кон ...
На 14.10.2025 во 19:05 часот на магистралниот пат Радовиш- Струмица, во близина на крстосница за село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода Е.В.(23) од Радовиш. Околу 18:40 часот на наведената локација, тој со патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во банкина покрај патот, а при преземање мерки полициските службеници констатирале дека бил под дејство ...
Во Основниот суд Кавадарци денеска беше одржано првото рочиште по обвинителен предмет за сомнеж за несовесно лекување на пациентка на возраст над 35 години од Кавадарци. Случајот датира од пред две години, а на денешното рочиште обвинетиот лекар се изјасни дека не се чувствува виновен по обвинението. Во текот на рочиштето беа сослушани и тројца сведоци. Следното рочиште е закажано за ноември, кога ќе бидат сослушани и останатите сведоци на ...
„Или си СДСМ или не си“, му порача денеска лидерот на опозициската партија Венко Филипче на поранешниот претседател на партијата Бранко Црвенковски, цитирајќи негова изјава како одговор на новинарско прашање да даде коментар за фотографијата која беше објавена на социјалните медиуми, а на која Црвенковски е со претставници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ. Филипче денеска на прес-конференцијата одговарајќи на новинарско прашање во врска со ...
Во Седиштето на НАТО во Брисел денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници, соопштија денеска од Министерството за одбрана. На состанокот министрите за одбрана се осврнале на повеќе теми поврзани со безбедноста. Тие заеднички ја потврдиле определбата за имплементација на обврските преземени на Самитот во Хаг во јуни ...
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ја посети депонијата „Дрисла“, каде што го најави почетокот на работите за изградба на заштитна ограда околу депонијата, проект со кој се реализира барањето на жителите на селото Батинци за заштита од кучињата скитници и расфрланите отпадоци. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити, во ...
КАМ, македонскиот број еден, завчера го прослави 30-годишниот јубилеј со свечен настан во Кисела Вода, на кој присуствуваа голем број граѓани кои уживаа во македонска музика и домашни производи. Настанот започна со отворање на нов 86. маркет во големото семејство на КАМ, кој воедно е еден од најголемите, со површина од 870 метри квадратни и проширен асортиман производи со висок квалитет, по ниски цени. Се наоѓа на улицата Христо Татарчев број ...
На 14.10.2025 во 12:10 часот во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријави дека на 15.09.2025 после 00:30 часот едно лице - такси возач не ја однел до неjзиниот дом, по што ја допирал по телото, а откако му се спротивставила, прекинал и ја однел до домот. Како што е пријавено, таа настанот го пријавила и во правното лице-такси компанија и лицето-возач бил отпуштен од работа. Се работи на ...
Албанската полиција привела жител на пограничното село Маќелари, поради шверц на стока од македонска територијата, како и царински службеници за помагање во делото. -Приведен е А.Ц.(42) жител на село Маќелари во чие возило „Опел" откриена е поголема количина детергенти и друга стока, прошверцува од Македонија, преку граничниот премин „Блато". Приведени се и двајца царински службеници, за корупција и злоупотреба на службената положба, соопшти ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 18 степени. Од Управата за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот лидер Владимир Путин, само неколку дена пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон. – Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добар однос. Веројатно сè уште го имаме. Не знам зошто продолжува со оваа војна, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Тој рече дека Путин едноставно не сака да го запре конфликтот со ...
Израел одлучи да го отвори граничниот премин Рафах помеѓу Појасот Газа и Египет, дозволувајќи хуманитарна помош во енклавата откако Хамас ги врати телата на четири починати заложници. Според израелската телевизија Кан, Израел ги откажал планираните мерки против Хамас, кои вклучуваа преполовување на бројот на камиони со помош на кои им е дозволено да влезат во палестинската енклава. Хамас пред два дена ги предаде последните преостанати заложници ...
Министрите за одбрана на НАТО и Европската Унија денеска се состануваат во Брисел на разговори посветени на заканата од Русија, зголемувањето на воените трошоци, развојот на европските одбранбени капацитети и поддршката за Украина. Ова е прв состанок на министрите од септември, кога НАТО започна нова мисија за подобра заштита на воздушниот простор на источните членки по серијата руски нарушувања на воздушниот простор. Меѓу темите е и ...
Израел го прекрши прекинот на огнот во појасот Газа, обвини Хамас. Израелско беспилотно летало пукаше врз жители кои ги проверувале нивните домови во источниот дел на квартот Шеџаја во градот Газа претпалднево , при што пет лица беа убиени изјави портпароллтто на Хамас. ИЗарелската војска вели дека интервенирале откако луѓето ја преминале жолтата линија, каде што израелските трупи се повлекле според договроот за првата фаза од планот на Трамп за ...
Македонскиот ракометен вицешампион Вардар со победа од 34:29 против Сесвете од Хрватска го стартуваше настапот во еврокуповите (Лига Европа). „Црвено-црните“ имаа водство во текот на целиот натпревар, а хрватскиот тим само еднаш имаше нерешен резултат 21:21. Ракометарите на Вардар поведоа со 3:0, а на полувреме предноста беше 19:15. На стартот од вториот дел „црвено-црните“ постигнаа уште два гола за 21:15, но потоа гостите направија серија од ...
Јон Дал Томасон е сменет од селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Шведска. Ова денеска го соопшти Фудбалската федерација на Шведска. „Управниот одбор на ФФШ донесе одлука да го прекине мандатот на Томасон како селектор на фудбалската репрезентација. Одлуката е донесена по слабите резултати во квалификациите за Светското првенство 2026“ е објавено на официјалниот сајт на федерацијата. Шведска е последна во групата Б со само ...
Македонската економија годинава ќе порасне 3,4, а следната 3,2 отсто. Меѓународниот Монетарен Фонд благо за 0,2 процентни поени, ја намали проекцијата од ланскиот октомври, и со вакви бројки нашата економија, заедно со Албанија и Косово ќе бележи највисоки стапки на раст во регионот. Инфлацијата, до крајот на годината ќе остане висока и според ММФ ќе изнесува 3,9, додека следната 3 отсто. Пониски цени можат да се очекуваат дури во 2030 та, кога ...
Почнува проектирање за целосна реконструкција на Железничката станица во Скопје, за ремонт на пругата Зелениково- Велес, како и за санација на неколку свлечишта и на мостот на Црна Река што се урна делумно во 2022 година. Активостите ќе ги спроведе ЈП Македонски железници инфраструктура во соработка со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет. Синиша Ивановски, директор на МЖИ Инфраструктура денеска изјави дека реконструкцијата на ...
Израелските власти бараат „напредок“ во предавањето на телата на 28-те загинати заложници од Појасот Газа до крајот на денов. Барањето следува по ослободувањето на сите 20 преживеани, но Хамас вчера врати само четири тела. Иако не поставила официјален рок, според порталот ynet, израелската влада очекувала сите тела да бидат предадени во рамките на договорот за прекин на огнот, кој предвидуваше враќање на сите заложници – живи и мртви – во ...
Европската комисија ги казни модните брендови „Гучи“, „Клое“ и „Леве“ со вкупна сума од над 157 милиони евра поради договарање на цени при препродажба, со што ги прекршиле на правилата за конкуренција на ЕУ. Како што соопшти Комисијата, нејзината истрага утврдила дека трите компании ја ограничувале можноста на независните трговци на мало со кои соработуваат да одредуваат свои онлајн и офлајн малопродажни цени за производите дизајнирани од ...
Светската здравствена организација (СЗО) повика на решителни политички мерки против алкохолот за да се спречат десетици илјади случаи на рак во Европа, се вели во соопштение објавено денеска. – Силните политики за алкохол се меѓу најпаметните инвестиции што можете да ги направите, наведоа Регионалната канцеларија на СЗО за Европа и Меѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРК) при претставувањето на сеопфатниот извештај за превенција на ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска објави дека нашата држава го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА: Национална ВИ Фабрика и Антена“ (AI Antenna Factory), кој се реализира со поддршка на Министерството и со финансиска помош од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPС. -Ова е капитален проект со историско и национално значење. Нова страница во ...
Целосно ќе се реновира железничката станица во Скопје. Планот е да се зачува основниот изглед, но со модерни елементи. Билбордите ќе бидат забранети, а ќе се отстрани и се што е доградено од првичниот проект. „Железничката станица не може да биде турбо-фолк хаб во државата. Може да има содржини од општествен интерес, нека има аптеки, некоја цвеќара, нека има комерцијални содржини кои се општо прифатени секаде во светот. Но, доградби како ...
Услови за поквалитетен живот на пензионерите, лицата со попреченост и ранливите категории граѓани на главниот град ветува кандидатот од ВМРО ДПМНЕ. Субвенционирано бањско лекување, 2500 денари помош за пензионерите со најниски примања, целосна инфраструктура за пристапност до институциите се дел од проектите со кои Ѓорѓиевски ја бара довербата од гласачите. Приоритет во програмата на кандидатката од СДСМ е целосна реформа на јавните ...
„Везилка“ е името на првиот Национален центар за вештачка интелигенција која треба да биде дел од европската мрежа на АИ фабрики со директен пристап до европските суперкомпјутер. Истражувачите, стартпаите и институциите ќе имаат можност да развиваат напредни решенија засновани на вештачка интелигенција. ФИНК доби проект од ЕУ вреден безмалку 6 милиони евра, кој вчера го најави и претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен. ...