Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни, но со помал интензитет. Бројката на загинати се искачи на 235, а регистрирани се 4.300 повредени. Втор ден по големиот потрес каков што Венецуела не памети во последниот век, сликата е траорна. Двата последователни земјотреси направија пустош, урнати се згради, дефекти на електричните мрежи, паднаа и комуникациските мрежи. Спасувачките екипи деноноќно трагаат по преживеани. Голем дел од ...

Посебни термини за капење за жени и девојки во градскиот базен во Тетово. Жените и девојките базенот ќе можа го посетуваат во среда и сабота во временски период од 08:30 до пладне. Сегрегација или еднаквост? Раководителот на секторот за јавни дејности во општина Тетово Назми Даути во телефонски разговор ни кажа дека барањето дошло од граѓаните на Тетово, без да прецизира кои и колку граѓани барале посебни термини за девојките и жените и дали ...

Жителите на делчевското село Косевица реагираат дека не можат да добијат одобрение за сеча на опожарени шумски површини за кои тврдат дека се во нивна сопственост. Велат дека, и покрај тоа што располагаат со скици и документација за парцелите, од нив се бара физичка делба и исполнување на дополнителни административни процедури, што, според нив, го отежнува остварувањето на нивните права. Тие обвинуваат дека постојат двојни аршини и дека ...

Голем мјузикл со повеќе од 100 уметници ќе ја одбележи 35-годишнината од независноста на Македонија. Надлежните го претставија третиот голем проект од програмата за прослава, кој ќе се изведува во 15 градови низ државата. Режијата е доверена на Дејан Пројковски, а главната улога ќе ја толкува Игор Џамбазов. Покрај мјузиклот, за кој други детали не беа објавени, 35 години независност ќе бидат прославени и со настапот на Дејвид Гета на ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, соопштија од УХМР. Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има ...

Вчера (25.06.2026) околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници од Мобилниот тим при Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани. При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, ...

Во процес се преговорите и се надевам дека до крајот на оваа недела ќе ги имате информациите, одговори министерот за култура и туризам Зоран Љутков на новинарско прашање дали се точни неофицијалните информации дека и тој ќе биде опфатен со реконструкција на Владата. На прашањето дали има желба и натаму да го води ресорот, Љутков одговори дека процесот е на средина, а тој секогаш ќе стои зад културата. -На средина сме на процесот. Како што ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска оствари средба со Бојан Илиевски, победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд 2026“. Таа му упати искрени честитки за постигнатиот успех, потенцирајќи го неговото достоинствено претставување на Македонија на регионалната музичка сцена, информираат од Општината. На средбата било истакнато дека Кисела Вода претставува средина од која произлегуваат бројни ...

– Репрезентацијата на Холандија ја постигна и втората победа на Светското првенство откако ноќеска го совлада Тунис со 3:1, додека во вториот дуел од групата Јапонија и Шведска одиграа 1:1. Холандија дојде до брзо водство против Тунис откако Елиас Скхири во 3.минута постигна автогол, а Брајан Броби во 7.минута зголеми на 2:0. На почетокот на вториот дел Хазем Мастури намали на 2:1, а конечниот резултат го постави Јан Пол ван Хеке во ...

Репрезентацијата на Еквадор направи сензација совладувајќи ја Германија во последното коло од група Е со 2:1, додека на вториот дуел Брегот на Слоновата коска (БСК) го победи Курасао со 2:0. На дуелот во Њујорк, Германија поведе веќе во 2.минута со голот на Лирој Сане. Но, дека се подготвени за изненадување фудбалерите на Еквадор покажаа со изедначувањето во 9.минута преку Нилсон Ангуло. Голот за победа и трето место и можност за пласман во ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил 40-дневна кампања против Русија со цел да ја принуди Москва да ја заврши војната. – Одобрив 40-дневна операција за да се изврши притисок врз државата агресор да ја заврши војната, објави Зеленски на платформата Телеграм. Украина со месеци спроведува бранови напади со среден и долг дострел врз цели во Русија или области под руска контрола, главно насочени кон нафтената ...

Бројот на жртви од двата последователни силни земјотреси што ја погодија Венецуела се зголеми на најмалку 188, изјави денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Според најновите податоци од веб-страницата каде што се пријавуваат исчезнати лица по земјотресот, речиси 40.000 луѓе се пријавени како исчезнати, пренесува Скај њуз. Родригез рече дека 1.520 повредени лица се хоспитализирани, а дека 200 лица се ...

Бројот на загинатите, во двата големите земјотреси што ја погодија Венецуела, се искачи на 235, изјави министерот за здравство Карлос Алварадо. Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез наведе дека над 1.500 повредени луѓе се хоспитализирни. Тој додаде дека земјотресот делумно или целосно разурнал 250 згради. Околу 4.300 луѓе се повредени, а повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати. Привремената претседателка ...

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун надгледуваше тестирање на систем за повеќекратно лансирање на ракети и на самоодна хаубица од 155 милиметри. – Модернизацијата на програмите за оружје на Северна Кореја е насочена кон автоматизација, способност за долг дострел и суперпрецизност. Целта е да се обезбеди способност за одбрана на јужната граница, посочи Ким. Тој присуствуваше на тестирањето на новата верзија на 240-милиметарски систем за ...

Во акција на црногорската полиција и американското Федерално истражно биро (ФБИ) вчера во Котор е уапсен припадник на Иранската револуционерна гарда Амир Барати, обвинет од САД за хакерски напади со кои е оштетена американската инфраструктура за 3,4 милијарди долари. Приведениот 39-годишен Барати е државјанин на Турција и на Иран, против кого во Високиот суд во Њујорк се води кривичната постапка поради кибер и организиран криминал. Во ...

Со цел да се намали ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus, која е отровна и опасна за консумација и нанесува голема штета на опремата на рибарите, но и да се заштити морскиот екосистем и да се поддржат приходите на рибарите, министерот за земјоделство и храна на Грција Маргаритис Схинас соопшти дека грчките рибари ќе добиваат по 5,33 евра за килограм уловена риба, а пилот програмата ќе се спроведе во јужниот дел на Егејското море ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју по повод две години од мандатот на владата, истакна дека позади провокациите кои се случија изминатиот период станува збор за организирана бугарска кампања во нашата држава, кои имаат за цел промоција неприфатливи работи, преку еден или двајца политички ликови, се вели во соопштението од Владата кое МИА го објавува интегрално. „Ниски страсти и организирана кампања која овој период е ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална ...

Собранието денеска треба да ја почне 108-та седница, а потоа да ја продолжи 106-та пленарна седница. Пратениците треба да гласаат за Дополнетиот предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за високи раководители, Дополнетиот предлог на закон за користење на енергијата од обновливи извори и Дополнетиот предлог на закон за оружјето, сите во второ читање. На предложениот дневен ред е и Предлог на закон за изменување и дополнување ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе присуствува на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, кое ќе се одржи во кампот за обука на Министерството за внатрешни работи во Лазарополе. На настанот, како што информираат од МВР, обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал и министерот за одбрана Владо Мисајловски Министерот ...

Тесла планира да вработи дополнителни 1.000 работници за својата единствена европска фабрика, во околината на Берлин, соопшти денеска овој американски производител на автомобили,јави ДПА. Тесла, која е во сопственост на американскиот технолошки магнат Елон Маск, изјави дека планира од октомври да го зголеми производството на возила во германската фабрика на 7.500 неделно. Планираните нови вработувања доаѓаат покрај дополнителните 1.000 ...

Бродскиот сообраќај низ Ормуската Теснина покажува први знаци на нормализација, покажаа денешните анализи на специјализираните организации за бродски сообраќај што ги пренесува ДПА, иако, се додава, неизвесност се уште има околу мините за кои се наведува дека иранските сили ги поставиле во овој клучен воден пат. Давателот на услуги во бродскиот сообраќај -Kpler, вчера изброи 70 транзити низ морезуот, изјави портпаролот на провајдерот, ...

Се стравува дека илјадници Венецуелци загинале денеска во двата силни земјотреси што го погодија главниот град Каракас и околните области, заробувајќи луѓе под урнатините на зградите и предизвикувајќи силни потреси. Земјотресот со магнитуда од 7,2 степени на пладне погоди област на околу 100 милји западно од Каракас, а помалку од една минута подоцна следеше потрес со магнитуда од 7,5 степени, според Геолошкиот завод на САД. Службите за итни ...

Граѓаните во Источна Македонија најмногу пијат лекови. Анализите на Фондот за здравствено осигурување покажуваат дека во овој регион лани секој осугуреник земал 18 кутии на апчиња во аптека. Секоја година расте и бројот на реализирани рецепти па во 2025 имало 27 милони и 334 илјади рецепти што е за 8 проценти повеќе од 2023. Метформинот со 2 милиони рецепти е терапија која е на врвот заедно со диазепамот и лекови за срце и крвен притисок. ...

Родителите на жртвите во „Пулс“ го напуштија денешното судење за пожарот во кочанската дискотека.. Ги налути барањето за изземање на обвинителката поднесено од адвокатите.. Таа според одбраната, доказите за тоа како Пулс добила лиценца за работа од министерството за економија, ги презентирала селективно и пристрасно.. „Ние, родителите на овие млади убиени деца, ја напуштивме денеска судницата, односно денешното рочиште, бидејќи сме ...

Нерешени имотни прашања, милиони евра за неискористени кредити и спорни вработувања – ова се дел од наодите во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на МЕПСО во 2024 година. Ревизорите утврдиле дека компанијата нема чисти документи за добар дел од мрежата. Од вкупно 112 далекуводи, за повеќе од половина нема имотни листови, а нерешени остануваат и 33 големи трафостаници кои МЕПСО ги користи заедно со ЕВН. Поради овие ...

Нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за најавената реконструкција на Владата, откако вчерашната средба на партнерите заврши без конечен епилог за прераспределба на министерските фотелји. Иако според неофицијалните информации, Игор Филков треба да го напушти ресорот правда за тој да му припадне на Вреди, додека ЗНАМ како компензација би го преземал земјоделие, нема конечен договор. Од партијата официјално потврдуваат дека разговорите ...

Во следните 5 дена македонскиот парламент треба да ги донесе сите закони од реформската агенда за да се стигне со рокот кој го постави Брисел , 30 јуни. Собранискиот спикер Гаши очекува на седници до понеделник да поминат сите законски решенија и да се постигне политички договор за Изборниот законик, а од тоа зависи и исполнувањето на Планот за раст. Дел од законите се во второ читање и амандманска расправа пред конечно гласање на пленарна ...

Вербален дуел меѓу опозицискиот лидер Филипче и премиерот Мицкоски на седницата за пратенички прашања по повод половината од мандатот на Владата. Додека Филипче и Мицкоски си разменуваа квалификации, пратениците со довикувања и аплаузи ги бодреа своите лидери. „Ќе излезете ли и ќе им кажете на граѓаните, отворено и искрено, дека потфрливте и дека ништо од ветувањата не исполнивте? Вашиот резултат по две години е една голема нула – нула за ...

Жителите на долненските села Заполжани и Новоселани одржаа мирен протест затоа што во тек е реализација на изградба на пат од селото Заполжани до одрени парцели во полето во должина од 2,5 км. Според жителите апсурдно е оправдувањето на општината за оваа инвестиција дека со тоа во иднина ќе се поврзат општините Долнени и Кривогаштани затоа што доколку вистински тоа било намерата немало да се почне со асфалтирање од сред поле туку требало ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Злато

130856.75