Во Кутрал Ко, град во Патагонија со население од 35.000 жители, е поставена монументална статуа, висока 26 метри и тешка 70 тони, посветена на капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси. Автор на ова монументално дело е локалниот уметник Алдо Бероиса и го прикажува еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во дресот на аргентинската репрезентација, како клекнува со крената и стегната десна тупаница, а пред него се ...

Разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Швајцарија се одржаа во позитивна и конструктивна атмосфера. Техничките разговори за сите прашања ќе продолжат до крајот на неделата во швајцарското одморалиште Биргеншток, се наведува во заедничкото соопштение на Катар и Пакистан, кои посредуваат во разговорите. Во соопштението, кое го испрати Министерството за надворешни работи на Катар, се наведува дека вчера на разговорите на високо ниво, во ...

Британскиот премиер Кир Стармер денеска соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Тој рече дека утрово разговарал со британскиот крал Чарлс Трети за да го информира за својата одлука да поднесе оставка. Стармер побара од Лабуристичката партија да утврди распоред со отворање номинации за лидерство што ќе започнат на 9 јули и ќе завршат до летниот распуст. Тоа ќе значи дека нов лидер ќе биде назначен пред да почне со работа Парламентот во ...

Највисока температура од 49,8 степени е измерена во градот Омдије во Иран во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата Огимет, која од интернет собира податоци за времето од целиот свет. Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде се измерени минус 69,8 степени. Најмногу дожд наврна во Череповец, Индија – 428,6 мм, а најсилниот ветер дуваше на Антарктикот со брзина од 145,7 ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска го пофали државникот кој помогна Европа и Украина да станат побезбедни, по објавувањето на оставката на британскиот премиер Кир Стармер. „Станавте државник за две години – нешто што на некои лидери им требаат години за да го постигнат. Благодарение на вас, безбедноста во Европа и Украина се зголеми. Ви благодарам, драг Кир!“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс. ...

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 3,50 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 4 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 7 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС - 98, додека ЕУРОДИЗЕЛ ...

Полицијата најде четворица осомничени за проневерата на околу три милиони евра во Фудбалската Федерација на Македонија, по петиот се уште се трага. За еден од осомничените веќе е определен притвор, за другиот мерки на претпазливост. За другите двајца осомничени, судот утре ќе одлучува какви мерки ќе им определи. Во истрагата на Обвинителството осомничени се 18 лица и осум фирми, за проневери во ФФМ и перење пари, преку фиктивни услуги кои ...

Со солистички концерт на оперската певица Виолета Арсова, свечено отворено 41-то издание на Штипско културно лето. Организаторите најавија богата и разновидна програма, ќе има и настапи на странски уметници, што ќе донесе нови културни доживувања за граѓаните и посетителите. Публиката ќе има можност да ужива во концерти, театар, изложби и различни културни содржини за сите генерации, а влезот за сите настани ќе биде бесплатен. Штип од 22 јуни ...

Денеска се одржа годишна конференција на врховните судови од централна и источна европа, претседателот на Врховниот суд во Македонија истакна дека довербата во судството не може да се врати преку ноќ и работат на поефективно судство. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се сложи дека без финанси не може да има независно судство и смета дека штом државниот јавен обвинител гледал решение за оваа ситуација може да се очеува подобрување. ...

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски, денеска, во Скопје, учествува на годишниот состанок на управниот одбор на центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ. Центарот за извонредност во финансиите (cef), е водечка регионална институција и доверлив партнер за реформи, која им помага на земјите од југоисточна и источна европа во зајакнувањето на јавните институции, забрзувањето на реформите и унапредувањето на процесот на европска ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе има состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети и како што рече ќе им упати порака оти кризата завршува и дека граѓаните биле толерантни, поради што, како што истакна, сега е на ред тие да им се одолжат и ги намалат цените на производите, посебно основните прехранбени производи. Додаде дека нема да прифати никакво оправување за да не постапат така како што се очекува од нив. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува бензините да поевтинат за 2,5 до 3 денари, а дизелот за 7 денари, но оти конечната одлуката е на Регулаторната комисија за енергетика. На новинарско прашање дали се очекува стабилизација на цените на бензините по мировните преговори меѓу САД и Иран и откако низ Ормускиот теснец веќе поминаа 55 бродови, Мицкоски посочи очекува во периодов цената да се движи околу 80 долари за барел. - ...

На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Соларен саем во организација на Центарот за климатски промени со цел користењето на сончевата енергија и обновливите извори да се доближи до пошироката јавност. Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително и ...

Повеќе од 160 лекари, акушери, медицински персонал и други здравствени работници од цела Македонија ќе минат обуки за борба против корупцијата во јавното здравство. Целта на обуките е да се унапредат знаењата и вештините за препознавање, спречување и пријавување корупциски случаи и со тоа да се придонесе во изградбата на поправичен здравствен систем, информираа денеска од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ. ...

Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. А од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе ...

Египетскиот фудбалски репрезентативец, Мохамед Салах, ги сподели своите емоции по победата над Нов Зеланд остварена ноќеска со 3:1 во вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. – Неверојатно е. Не знам како да го опишам чувството со зборови. Ова е големо достигнување за сите играчи, за тренерскиот персонал, па се надевам дека ќе можеме да продолжиме вака во групата, да направиме историја и да ја поминеме ...

Поранешниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ призна дека заспал за време на натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2026 година помеѓу Белгија и Иран. Средбата се одржа синоќа во Инглвуд и заврши без голови, 0:0. - Во првото полувреме речиси заспав. Во второто полувреме всушност заспав. Нема многу што да се каже за тој натпревар, изјави Ибрахимовиќ за Фокс. Во последниот натпревар од групната фаза, Иран ќе игра против ...

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечер ќе биде отворена изложба на 50 автентични фудбалски дресови на успешни деца во светот од Тиквешијата и пошироко, кои се дел од приватната колекција на Николчо Делов. Колекцијата е сведоштво за упорноста, успехот и припадноста, приказни испишани преку спортот, пријателството и заедничката меморија. Изложбата е посветена на Андреј Лазаров и жртвите од пожарот во Кочани. Отварањето на ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека е одговорен за затворањето на Ормуската Теснина. - На крајот на краиштата, Доналд Трамп го стави чепот во Ормуската Теснина, не ние, но во наш интерес е да го отстраниме, рече Писториус во интервју за германскиот јавен сервис АРД. Германскиот министер додаде дека отворањето на Ормуската Теснина, или можноста за безбеден транзит низ ...

Иран и САД се согласија да формираат „група за управување со конфликти“ за да прекинат судирите во Либан, кои го слабеат сегашниот прекин на огнот на Блискиот Исток, соопштија посредниците Пакистан и Катар, цитирани од светските агенции. Информацијата ја соопштија посредниците во разговорите – Пакистан и Катар, кои во заедничка изјава наведоа дека новото тело ќе ги обедини сите релевантни страни, вклучително и либанските власти, со цел да ...

Египет ноќеска го победи Нов Зеланд со 3:1 во натпревар од второто коло по групи на Светското фудбалско првенство 2026. Оваа победа е прва за Египет на Светските првенства. Претходно имаа три нерешени резултати и пет порази. Исто така, тоа беше првпат Египет да губи на полувреме во натпревар од Светското првенство. Египет со четири бода од два натпревари е лидер во групата Г, Иран и Белгија имаат по два бода, последен е Нов Зеланд со еден ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека е одговорен за затворањето на Ормуската Теснина. - На крајот на краиштата, Доналд Трамп го стави чепот во Ормуската Теснина, не ние, но во наш интерес е да го отстраниме, рече Писториус во интервју за германскиот јавен сервис АРД. Германскиот министер додаде дека отворањето на Ормуската Теснина, или можноста за безбеден транзит низ ...

Експлозија во клучен терминал за извоз на природен гас во Катар во текот на ноќта предизвика пожар во кој беа повредени најмалку 54 лица, а 18 други се водат како исчезнати неколку часа подоцна, објавија светските агенции. Инцидентот во индустриската зона Рас Лафан би можел дополнително да ги наруши глобалните енергетски пазари, бидејќи Катар е еден од најголемите светски производители на природен гас. Земјата го запре производството додека ...

Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена ...

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд на Македонија во соработка со CEELI Институтот и со поддршка на Проектот на ЕУ за владеење на правото. Најавено е учество на претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна и Источна Европа, како и на Дејвид Кемпбел, виш окружен судија, претседател на ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во Скопје, ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board). Како што соопштуваат од владината прес - служба, средбата ќе се одржи во „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, а по состанокот во 11 часот, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот. Центарот за извонредност во финансиите ...

На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа преку видео објава сподели дека континуирано се чистат улиците на Скопје. „Улиците се перат континуирано, јавните површини се одржуваат, а градот добива поубав и поуреден лик“, истакна Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук, притоа нагласувајќи во коментарите дека се води сметка за сите улици во сите општини. Градоначалникот порача дека градот заслужува ред, чистота и грижа секој ден. ...

Иранската војска тврди дека повторно го затворила Ормутскиот теснец, САД негираат. Поради непочитување на првата од 14 те точки на договорот, а тоа е прекин на огнот на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, Техеран со предупредување - ќе бидат во опасност сите бродови што ќе се приближат до заливот. Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, пред да слета во Швајцарија, каде деновиве ќе се преговара за крај на војната, изјави дека не постојат ...

Прва директна средба помеѓу делегациите на САД и Иран со посредникот Пакистан по потпишувањето на рамковниот договор за прекин на конфликтот кој во наредните 60 дена треба да ги реши отворените прашања помеѓу Вашингтон и Техеран. Во иранскиот тим се претседатаелот на парламентот Галибаф, министерот за надворешни работи Абас Арагчи и гувренерот на Централната банка Хемати. Во американската делегација се потпретседателот Венс и специјалните ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.29
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
74%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
0.45
77%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Калај

46.54

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35