Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави важни информации за навивачите во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан. Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот, а според последните информации влезници има уште само за западната трибини, додека за јужната и за северната влезниците се продадени. Соопштението на ФФМ во целост: „Ги повикуваме навивачите да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги одреди стартните 11 за вечерашниот дуел со Казахстан во Скопје. На вечерашниот натпревар поради повреда ќе отсуствува Висар Муслиу. Дуелот со Казахстан на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе го почнат: Димитриевски – Стојчевски, Велковски, Зајков, Алиоски – Илиевски, Алими – Миовски, Барди (капитен), Елмас – Ристовски. На клупата за резерви се наоѓаат: Илиев, Шишковски ...

Прегратки солзи и овации. Вака денеска изгледаат Израел и Газа откако почнаа со ослободување на затвореници како дел од договорот за прекин на огнот. Хамас утрово ги ослободи и последните 20 живи израелски заложници, додека во текот на денот се очекува предавање на телата и на останатите 28 починати заложници. За возврат Израел треба да ослободи речиси 250 притворени Палестинци и 1700 лица од затворите, меѓу кои има и 20тина деца. Речиси ...

Лансирањето на ракетите „Томахавк“ од Украина ќе бара вклучување на американски специјалисти, поради што евентуалната испорака на овие ракети во Киев и нивната употреба би можеле да имаат лош крај, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, на брифинг. -Навистина, работата со вакви сложени ракети ќе бара вклучување на американски специјалисти во процесот во секој случај. Ова е очигледен факт. Ова е споменато и во изјавата на ...

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица повика на „итна суспензија на договорот“ додека телата на сите убиени заложници не бидат вратени од Газа. Претходно денеска, групата соопшти дека ѝ било кажано оти денеска ќе бидат вратени само четири тела, соопштение кое подоцна го потврди и Хамас, именувајќи ги. -Кршењето на договорот од страна на Хамас мора да предизвика сериозна реакција од израелската влада и медијаторите. Договорот мора ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот за прекин на огнот во Газа. Пред да го потпишат, Трамп изјави дека „документот опфаќа многу правила и прописи, како и многу други работи, и е многу сеопфатен“. Додека го потпишуваше документот, тој рече: „Ова трае 3.000 години, можете ли да верувате? Овој пат ќе трае“. – Ова е неверојатен ден за светот – рече Трамп, додавајќи ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон в петок, каде што се очекува двајцата лидери да разговараат за оружје за Киев во војната против Русија, првенствено ракети „Томахавк“ со долг дострел. Во изјава за новинарите во Киев, Зеленски рече дека споделил со американскиот претседател „визија“ за тоа колку американски ракети „Томахавк“ ѝ се потребни на Украина ...

Најголемиот технолошки саем во светот „Gitex Global“ го избра Белград за домаќин на првиот саем на оваа престижна организација во Југоисточна Европа, кој ќе се одржи под името „Gitex AI Serbia“ во 2027 година за време на специјализираната изложба „Expo 2027“. Оваа одлука беше донесена денес на отворањето на 45-от по ред саем Gitex Global во Дубаи и ја потврдува позицијата на Србија како растечки центар на иновации и нови технологии во овој дел ...

Албанскиот премиер, Еди Рама, на отворањето на Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан, што денеска и утре се одржува во Тирана, изјави дека „Западен Балкан не е проблем што треба да се реши, туку решение што чека да се интегрира“, апелирајќи „да го претвориме Западен Балкан во брза лента за трансформација на Европа“. -Ова е пораката на новиот хоризонт, дека следното поглавје од конкурентноста на Европа не треба да се пишува само во Брисел или ...

Бојан Јовановски познат како Боки 13, е осуден на пет години затвор во повтореното судење за случајот „Меѓународен сојуз“. Според пресудата на Кривичниот суд, Јовановски е огласен за виновен за две кривични дела – измама и перење пари. Со ветување дека ќе обезбеди државно земјиште за изградба на старечки домови, од двајца бизнисмени успеал да земе над еден милион евра. Парите наместо за ветените објекти, завршиле во рацете на Јовановски. Тој ...

Чистотата денеска во фокусот на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Центар. Герасимовски заедно со работниците чистеше диви депонии кај скопско Кале. Инвестициите во образованието ќе продолжат, ветува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба. Стефковски ако добие мандат, вели дека ќе се фокусира на модерен образовен систем. Сотир Лукровски најавува нова градинка, но и реконструкција на постоечките во Карпош. Струмица да остане ...

Преку реализација на 17 проекти Скопје ќе стане првиот целосно дигитален, модерен и транспарентен град – најавува кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Со дигиталната трансформација сите јавни претпријатија и седници на советот ќе бидат електорнски достапни. Ѓорѓиевски најави поддршка и на младите и ослободувањето од комуналии за млади брачни парови до 40 години. - Практичната имплементација на Визијата за урбан развој на ...

Стопанската комора на северозападна Македонија ги презентираше своите барања и предлози на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидати за градоначалници од партијата. Како што кажа првиот човек на комората, главните проблеми им се поврзани со претпријатијата под капата на Градот Скопје, за кои рече дека не функционираат како што треба. „Исто така и за Индустриската зона Визбегово, имаме сериозни проблеми кои треба да се решат. Сигурно го видовте ...

Мицкоски останува на ставот дека предвремени избори, независно од резултатите на локалните избори, ќе нема. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека вакви избори бараат само партиите кои немаат што друго да понудат за изборите на 19 октомври. Кандидатите на коалицијата предводена од ДУИ нема ден да не спомнат предвремени избори. Вчера Османи, кој е и потпретседател во партијата на Ахмети, на својата промоција за Чаир, повторно каажа дека пораката што ќе ...

Разрешениот директор на Неврологија немал активна лиценца за работа, потврдија од Лекарската комора. Истата му истекла на 15 март годинава, а барањето за продолжување го поднел дури минатата недела. Откако во петокот се појавија снимки како доктор Игор Кузмановски во домашни услови меша бела прашкаста материја и коментира за квалитетна дрога, од Комората информираат дека ги разгледуваат сите аспекти и прибираат информации и документација од ...

Како политичка партија го ставаме државиот интерес пред партиските емоции, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање од што ќе зависи дали по локалните избори ќе се одржат и предвремени парламентарни на што повикаа опозициските партии. Според Мицкоски, жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори. Премеирот, по средбата со претставници на Стопанска ...

Европската комисија денеска најави проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во седум земји членки и шест партнери на ЕУ, меѓу кои и во Северна Македонија. Во соопштението се посочува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана најави проширувањето на фабриките за вештачка интелигенција во Северна Македонија и Србија. - Можам да објавам дека ќе ги отвориме нашите фабрики ...

Владо Петров – главниот инспектор за сообраќај во Кочани, кој веќе неколку години бил во пензија, првоосомничен во случајот „Пулс“ за наводни неправилности при издавање на дозвола за паркинг – почина синоќа. Според неофицијални информации, тој починал од срцев удар, најверојатно како резултат на огромен стрес. Петров беше во првата група осомничени полициски службеници затоа што го дал својот потпис за согласност за паркинг. „Денес за жал ...

Продолжува трендот на зголема фрекфенција на граничнот премин „Блато“ на македонско - албанската граница кај Дебар, каде во периодот јануари-септември минале над милион патници, што е историски рекордна бројка. -Во период од јануари до септември на на ГП „Блато“ остварен е проток на вкупно 1.072.646 патници што е зголемување за 74 отсто, споредено со истиот период минатата година, кога таа бројка изнесуваше 616.838 патници. Најголем проток има ...

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Росоман порача дека граѓаните на 19 октомври ќе го кажат своето мислење, за што е сигурен дека тоа ќе биде референдумско заокружување на бројот 9 и огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. - Во кампањата треба да направиме и еден рекапитулар на се она што е сработено во изминатиот период и да се нацртаат контурите на тоа што треба да се работи во периодот којшто следи и како владата ...

Денеска (13.10.2025) во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.Г. и Л.Г. од Гевгелија. Имено, во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено оружје. Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен е ...

На пет часа пред почетокот на квалификацискиот наптревар за СП 2026 меѓу Македонија и Казахстан, сите влезници за јужната и северната трибина се целосно распродадени. Од Фудбалската федерација на Македонија информираат дека слободни билети има само за западната трибина. Влезот на источната трибина е бесплатен за младите фудбалери од Детската лига, фудбалските школи и младинските категории, како и за учениците од основните училишта кои ќе ...

Ракометната федерација на Македонија предмалку објави дека денеска на 72. годишна возраст почина поранешниот селектор на македонската машка ракометна репрезентација Илија Темелковски. „Почина Илија Темелковски – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот. Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник , Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја исклучува можноста САД да ѝ испратат крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина, што, според него, би можело да изврши притисок врз Русија и да придонесе за завршување на војната. Говорејќи пред новинари во авионот „Ер форс уан“ на пат кон Блискиот Исток, Трамп рече дека ќе разговара со Москва и ќе праша: „Дали навистина сакаат ‘томахавки’ да одат во нивна насока? Не мислам дека сакаат.“ ...

Со учество на над 2.000 војници од 14 земји членки на НАТО денеска започнува двонеделна воена вежба насловена „Непоколебливо пладне“, насочена кон тестирање на капацитетите на Алијансата за нуклеарно одвраќање. Во најголемиот дел вежбата ќе се одржува во воздухопловната база „Фолкел“ во Холандија и над Северното Море, но во неа ќе бидат вклучени и неколку други воени капацитети низ Европа, вклучително и во Белгија. Целта на „Непоколебливо ...

Во Албанија од денеска воведена е привремена забрана за употреба на електрични тротинети, кои се сметаат за опасност и извор на несреќи и доколку тоа не се почитува, овие средства ќе бидат одземени. Веста ја објавија министерката за внатрешни работи Албана Кочиу и директорот на државната полиција Илир Прода. „Спроведовме детална анализа на овој феномен и заклучивме дека употребата на овие возила предизвикува непосреден ризик за јавната ...

Последните 13 живи заложници кои беа држени од Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, јавуваат израелските медиуми. Претходно денеска беа ослободени седум киднапирани Израелци, што значи дека после 738 денови заробеништво, Хамас веќе не држи живи заложници во Газа. Некои од заложниците успеале да остварат краток видеоразговор со своите семејства непосредно пред ослободувањето, а снимките од ...

Хамас утрово започна со ослободувањето на преостанатите израелски заложници кои ги држеше од 7 октомври 2023, со што се исполнува една од клучните точки од мировниот план за Газа, во чие создавање посредуваше Доналд Трамп. Во прв момент беа пуштени седуммина од 20-темина живи заложници, чии имиња беа објавени од Израел, кои прво му беа предадени на Црвен крст, кој потоа ги префрли во дел од Газа што е под контрола на Израел. Тие потоа ќе бидат ...

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.941.996 и е намален за 1,72 проценти во однос на последниот квартал лани, а зголемен од 0,62 проценти во однос на истиот квартал од претходната година. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) заклучно со март годинава имале 1.588.395 претплатници, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации. ...

Судот смета дека не се контрадикторни вештачењата на одбраната и Обвинителството за психичката состојба на обвинетиот Раде Трајковски Штикли и ги одби наводите на одбраната дека тој не е способен да го следи судењето на главна расправа за случајот за трговија со дрога „Штекли“. Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, пред почетокот на денешното рочиште информираше дека се одбива приговорот на одбраната дека обвинениетиот не е ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.83
89%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.1
98%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
89%
1028
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Кобалт

58.42

Цинк

3.04

Иридиум

145787.60

Калај

43.15

Платина

62683.26

Бакар

10.93

Сребро

2105.58

Рутениум

29192.88

Паладиум

53788.20

Злато

139298.91

Родиум

258813.51

Алуминиум

2.92