Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
САД вчера воведоа нови санкции за кубанските државни компании, кои според аналитичарите најверојатно ќе ги заплашат странските инвеститори и ќе ја продлабочат економската криза. Според новите американски санкции, секој што обезбедува услуги за санкционираните кубански субјекти може да биде казнет и исклучен од американскиот финансиски систем. Санкции се воведени за пет кубански ентитети од кои три се поврзани со „Групо де администрасион ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, гостувајќи во емисија на американската телевизиска станица Фокс, изјави вечерва дека заедно со претседателот на САД Доналд Трамп ќе го врачат трофејот на победникот во финалето на Светското првенство. „Претседателот и јас ќе уживаме во финалето заедно и ќе му го врачиме трофејот на победникот, заедно секако“, рече Инфантино во емисијата „Фокс и пријатели“. Односот на Инфантино и Трамп е исклучително ...
Натпреварот на Светското првенство во 2026 година против Панама го одбележа 200-тиот настап на хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ за репрезентацијата. Четириесетгодишниот Модриќ игра за хрватската репрезентација од март 2006 година. На 200 натпревари, тој постигна 29 гола, направи 31 асистенција. Со својата репрезентација, Модриќ освои сребро на Светското првенство во 2018 година и сребро на Лигата на нации 2022/23. Само ...
Во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот во Битола наврнале 26 литри дожд на метар квадратен, во Демир Капија, 24, Виница, 21, Лазарополе, 17, Берово, 14, Крива Паланка,13, Гевгелија, 8, Скопје – Петровец, 2, а во Кавадарци, Крушево и Маврови Анови по 1 литар. Управата за хидрометеоролошки рабои (УХМР) информира дека денеска ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално ...
Неколку стотина граѓани на протест против Цементарница Усје. Побараа Министерството за животна средина да не и издава нова седумгодишна лиценца на компанијата бидејќи според Иницијативата „Стоп за Усје“ тоа би значело – нова лиценца по стари правила. Дополнително, од Министерството за животна средина побараа поголема транспарентност во процесот. Велат и дека тоа е целосно недостапно за граѓаните. Од Титан Усје, пак, велат дека во изминатите ...
Пазарниот инспекторат ќе направи компаративна анализа на цените на основните производи за да утврди во кој дел од синџирот на снабдување настануваат поскапувањата – кај производителите, добавувачите или маркетите. Премиерот Мицкоски најави дека ќе се споредат цените по кои производите биле доставувани до маркетите и цените по кои биле продавани на граѓаните. Ќе се анализира мај годинава со истиот месец лани. „Да видиме, што е тоа кое што тука ...
Владата го усвои ребалансот на Буџетот. Ќе има повеќе пари за капитални инвестиции, земјоделство, социјална заштита, образование и поддршка на општините. Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска вели дека измените се направени во услови на зголемена економска и геополитичка неизвесност во светот, но и покрај тоа македонската економија продолжува да расте. Во првиот квартал годинава економскиот раст изнесувал 3,1 отсто, а до крајот на ...
Денеска е најтоплиот ден регистриран во Франција од почетокот на мерењата во 1947 година, при што во западниот дел на земјата се соборени повеќе температурни рекорди – соопшти Француската национална метеоролошка служба. Националниот термички индекс, кој ја претставува просечната вредност на дневните и ноќните температури во 30 референтни метеоролошки станици, достигна 29,8 степени, според прелиминарните податоци објавени денеска. Оваа ...
Руската влада треба да преземе дополнителни мерки за ублажување на последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура на Русија – изјави претседателот Владимир Путин. Обраќајќи се на владина седница, Путин oceni дека Украина напаѓа цивилни објекти бидејќи губи територија на фронтот и додаде дека целта на нападите е нарушување на енергетското снабдување и на туристичката сезона во Русија. Претходно денеска Путин изјави дека ...
Премиерот Мицкоски го известил НАТО за дипломатската нота која излезе во јавноста за патувањето на неговата сопруга и син, во Пампорово Бугарија, оваа зима. Според премиерот се загрозила безбедноста на неговото семејство и претставува скандал во дипломатијата протекувањето на овие информации. Состојбата со односите со Бугарија се радикализира, наместо да има позитивен развој, вели премиерот. Во дипломатската нота во детали е опишана рутата на ...
Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски почина на 58 годишна возраст. Причините за смртта засега не се познати. Тој беше беше градоначалник во два мандати и позната политичка фигура во оваа општина. Илиевски беше оженет и татко на две полнолетни деца. Активно беше вклучен во областа на спортот, подржувач на голем број спортски настани и даваше големи придонеси во спортот. Премиерот Христијан Мицкоски со емотивна порака на социјалните ...
Во Светниколоско опожарени се околу 30 хектари житни култури. Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска информираше дека вчера околу 16:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека помеѓу селото Немањици и село Ерџелија, Свтиниколско, настанал пожар во кој била зафатена површина од околу 25 до 30 хектари житни култури, сопственост на повеќе физички лица. Во соопштението се наведува дека од Територијалната противпожарна едница (ТППЕ)- ...
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил напиша дека со огромна тага ја примил веста за ненадејната смрт на, како што посочува, „мојот драг пријател, колега и пред сѐ голем човек, Јовица Илиевски“. -Јоцо, сите сме во шок и неверување. Тешко е да се прифати дека повеќе не си меѓу нас, но уште потешко е да се најдат зборови за човек како тебе. Зад себе остави ведар дух, искрена насмевка, човечност и хумана мисија ...
Помеѓу Неготино и Демир Капија во моментов има силна нестабилност проследена со пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. УХМР информира дека централните и североисточните делови од државата се уште се зафатени со нестабилност. Управата соопшти дека попладнево во 17 часот невреме со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град имаше во регионите на Штип и Гевгелија и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати и да ги отвори вратите ако ги исполниле сите услови. Од Северна Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци. Тоа е нечуено и спротивно на основните вредности на ЕУ, порача шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и поранешен министер за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на ...
Продолжува острата реторика меѓу Трамп и иранскиот претседател и по потпишување на договорот за примирје. Иранскиот претседател на социјалната мрежа Икс напиша: „Преговорите со Соединетите Држави ќе напредуваат доколку постои „целосна посветеност“, а не изјави кои излегуваат надвор од договореното“. Коментарите на претседателот доаѓаат еден ден откако Трамп предупреди дека ќе направи се што е потребно, доколку Иран не се придржува до својата ...
Цените на нафтата продолжија да се намалуваат и денеска, откако инвеститорите видоа знаци за враќање на превозот низ Ормуската теснина и напредок во мировните преговори меѓу САД и Иран, пренесуваат светските агенции. Фјучерсите за суровата нафта од типот Брент поевтинија за 94 центи, или 1,22 проценти, на 77,7 долари за барел. Американската лесна сурова нафта поевтини за 77 центи, или 1,04 проценти, на 73,09 долари за барел. Двата главни ...
Заедничката европска валута, еврото, го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лек. Според официјалните податоци на Централна банка на Албанија, едно евро сега се менува за 94,3 леки, што е најниско ниво досега. Од почетокот на годинава, вредноста на еврото се намалила за 2,6 отсто во однос на албанскиот лек, додека во споредба со истиот период минатата година, 3,8 отсто. -Тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април годинава изнесуваше 48.779 денари, а во однос на април минатата година е повисока за 7.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 27 проценти, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, ...
За 36,9 проценти се зголемиле приходите од туризмот во Грција во периодот од јануари до април годинава, а пораст има и на бројот на посетители, кои биле за 27,1 отсто повеќе споредбено со истиот период лани, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Приходите од туризмот за Грција за првите четири месеци од годинава достигнале 2,79 милијарди евра, пораст од речиси 37 проценти, што се должи како на ...
Полициски службеници синоќа лишиле од слобода две лица од Скопје, откако во возило кое го управувале и поседувале се пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, а возачот управувал без возачка дозвола. -На улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, синоќа околу 22:50 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Мирковци, извршиле ...
Претседателот Гаши ја реафирмираше честитката на изборот на претседателката Доцова на 52. Народно собрание на Република Бугарија и ја потенцираше неопходноста за продолжување на дијалогот на парламентарно ниво, посебно имајќи ја предвид конструктивната улога на парламентарната дипломатија во зајакнувањето на довербата и разбирањето меѓу двете соседни земји. Во таа смисла, укажа дека двата парламенти може да обезбедат дополнителни канали на ...
Девет пријави за семејно насилство биле евидентирани за 24 часа на територија на државата. Како што информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи, четири лица биле лишени од слобода, а со две е извршен службен разговор. Синоќа во 19:43 часот во СВР - Скопје, 37-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот сопруг Б.К., со кого биле во бракоразводна постапка, упатувал закани кон неа. Синоќа во 19:05 часот ...
За да се гарантира безбедна туристичка сезона, албанската полиција ќе соработува и со хомологни структури во соседните земји. -Меѓународната полициска соработка за летото ќе биде со Македонија, Косово, Црна Гора и Италија. Нашата полиција ќе обезбеди заеднички патролни служби, со овие земји, чии полицајци ќе доаѓаат во нашата земја, а се во интерес на туристите. Заедничките патроли ќе бидат долж крајбрежјето но и на најфреквентните патни ...
Утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло. ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби втората награда за Управување со квалитет во јавниот сектор која денес, под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“. Титулатата прворангирана институција ја доби Министерството за дигитална трансформација. На настанот беше истакната важноста на професионалната, ефикасна и транспарентна јавна администрација, како клучен столб во процесот на ...
Националната фабрика за вештачка интелигенција - ВЕЗИЛКА утре ќе биде официјално претставена. ВЕЗИЛКА е воспоставена во рамки на Европската заедница за пресметување со високи перформанси (EuroHPC JU – European High Performance Computing Joint Undertaking) и ко-финансирана од Европската унија преку програмата Horizon Europe. Проектот го координира Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” ...
Апелираме до корисниците на канализациониот систем во град Скопје да се однесуваат одговорно и совесно, бидејќи истиот не претставува место за одлагање на секаков тип на отпад, алармираа попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје на Фејсбук. Од јавното претпријатие информираа и за теренски работни активности за одржување на канализационата мрежа што се одвивале во текот на денов. - ЈП „Водовод и канализација“ - ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на отворањето на Состанокот на високи претставници во рамките на Прашкиот процес за миграциски дијалог, кој денес и утре се одржува во Скопје, со учество на претставници на државите членки, меѓународните организации и партнерските институции вклучени во управувањето со миграцијата и азилот. Во своето обраќање, како што информираат од МВР, министерот Тошковски истакна дека ...