Државната изборна комисија (ДИК) досега одобрила барања за акредитации за 591 странски и 658 домашни набљудувачи за локалните избори закажани на 19 октомври, соопшти попладнево претседателот на Комисијата Борис Кондарко. Кондарко информира дека бројката на пријавени лица кои ќе гласаат од дома – болни, немоќни, изнемоштени лица во општинските изборни комисии е околу девет илјади на ниво на цела територија за земјава. Соопшти дека по добивање на ...

Ова за СДСМ не се избори за спас на Македонија, туку избори за спас на нивните лични кариери. Тие се уплашени од одговорност и затоа ова тесна мала група која што ја има киднапирано СДСМ, ја држи цела држава Македонија во грч. И како такво, јас ова го разбирам како потценување на гласачите и директна уцена врз цела држава, рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски од митингот во Свети Николе. Мицкоски се осврна и на трката ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска имал „многу позитивен и продуктивен“ телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. – Му честитав на претседателот Доналд Трамп за неговиот успех и договорот за Блискиот Исток што успеа да го обезбеди, што е извонредно достигнување. Ако војната може да се запре во еден регион, тогаш сигурно и другите војни можат да се запрат – вклучително и руската војна, напиша Зеленски на ...

Израел и Хамас го почитуваат договореното во Египет – примирјето во Појасот Газа продолжува а израелските трупи се повлекоа на договорените линии. Прекинот на огнот им овомзожи на десетици илајди Палестинци да почнат да се враќаат во своите домови во северниот дел на енклавата, каде што се соочуваат со сцени на огромно уништување. „Скалата на уништување, како што можете да видите, животот во градот Газа стана невозможен. Нема начин да се живее ...

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако првата фаза на прекинот на огнот стапи во сила претходниот ден. – Повеќе од половина милион лица се вратиле во Газа (Сити) од вчера, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана, службата за спасување која работи под надлежност на Хамас. На снимки објавени од светските медиуми се гледаат Палестинци кои ...

На 10.10.2025 во 13:00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го приведоа А.К.(43) од с.Горно Оризари, велешко, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на ...

Со положување на свежо цвеќе на високи државни делегации на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман јосифоски Питу и Могилата на Непобедените денеска во Прилеп се оддаде почит на 84 години од подигнувањето на востанието против фашистичкиот окупатор. Се одрѓа и свечена седница на која премиерот Христијан Мицкоски повторно потенцираше дека е потребен целосемн ресет нанашиот систем доколку сакаме да бидеме функционална држава. Мицкоски рече ...

На 10.10.2025 во 18:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар, сопственост на С.Ж. од Гостивар, при што одзеле околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра. По извршување на делото лицата побегнале со патничко моторно возило “бмв х3” без регистарски таблички. Веднаш е постапено по пријавата и во 19:00 часот на ...

Поранешниот амбасадор на САД во Белград Вилијам Монтгомери во интервју за Данас вели дека ситуацијата во регионов „станува потенцијално насилна и нестабилна“. „Постојат многу ситуации, особено во Косово, но и во Босна, каде што луѓето се многу лути едни на други и може да избувне насилство, и тоа е мојата поента, и затоа мислам дека треба да обрнеме поголемо внимание на тоа. Искрено, Западот …имаат други проблеми на кои треба да се фокусираат. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува заложниците што ги држи палестинското движење Хамас во Газа „да се вратат“ дома в понеделник. Американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа посочи дека, покрај живите заробеници, на Израел ќе му бидат вратени и најмалку 28 тела на починати заложници. Трамп додаде дека планира да го посети Каиро, по што ќе се обрати пред израелскиот Кнесет (Парламентот), пред да се врати во САД во ...

Државното обвинителство денеска информира дека во текот на ноќта и утринава од Основното јавно обвинителство од Гостивар се издадени повеќе наредби со цел откривање на сторителите кои вчера извршија грабеж во златара во близина на малиот пазар во Гостивар. Разбојништвото се случи вчера попладне, а случајот беше пријавен во полиција во 18:45 часот. Четворицата максирани лица со автоматско оружје го извршиле разбојништвото по што побегнале со ...

Денеска (11.10.2025), полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди" управува службено возило „шкода" со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии. Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција го претстави еден од седумте столбови на неговата изборна програма - „Скопје – град на слоеви, град на култура“. -Скопје е град што има историја, карактер и душа. Град што многу пати бил погоден, но секогаш успевал да се издигне, да се обнови и да продолжи напред. И секогаш, токму културата била таа што го чувала неговиот дух. Денес, кога ...

На 10.10.2025 околу 22:00 часот во с.Спас, дебарско, во близина на гранична линија со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Блато забележале неколку лица кои се обиделе да криумчарат жив добиток. При обид да ги спречат во намерата, полициски службеник во воздух испукал неколку предупредувачки куршуми, но лицата се дале во бегство и го оставиле добитокот, а полицискиот службеник кога ...

На 10.10.2025 во 21:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода М.П.Ј.(30) од с.Волковија, гостиварско, постапувајќи по пријава од менаџерка во казино во Гостивар дека при контрола во казиното констатирала дека во касата фали промет од 816.297 денари и дека вработената М.П.Ј. си префрлила електронски кредит и ги потрошила парите со кои играла на апаратите. Таа е задржана во полициска станица и по ...

Ревитализација на скопското Кале, Аквадуктот, Старата чаршија и Скупи најавува кандидатиот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓиевски. Заштитата и развој на културното наследство, вели, дека е еден од кчлучните столбови во неговата програма. Кандидатот на владејaчката партија ВМРО-ДПМНЕ во Илинден пак, ветува нови проекти во училиштата. Кандидатката на СДСМ за Скопје, пак, и денеска со ветување дека системот за брз транспорт ...

Нови сомнежи за вмешаност на поранешни фукционери од СДСМ во привилегиите што ги добивал газадата на кочанската дискотека Пулс отвара порталот Плусинфо, објавувајки пораки добиени од истрагата за пожарот во кој настрадаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Како што наведува порталот, се работи за текстуални пораки добиени преку анализа на телефонската комуникација на обвинети во случајот за Пулс, а кои покажуваат индиции за некаква вмешност ...

Во грабежот на златарата во Гостивар, разбојниците одзеле 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра. Од Министерството за внатрешни работи велат дека четирите лица со маски и автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница која е во сопственост на С.Ж. од Гостивар, а по извршувањето на делото побегнале со автомобил „бмв х3“ без регистарски таблички. Петнаесетина минути по пријавата, на регионалниот пат Мавровска крстосница ...

Судот му го замени куќниот притвор со ефективен притвор на газдата на “Марковски компани”, кој се сомничи заедно со неговата фирма за злоупотреба на јавни набавки во РЕК Битола. Откако Јавното обвинителство се жалеше на одлуката на судот за куќен притвор, поради можно бегство на Борче Марковски, одлуката беше преиначена. Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот ...

Министерот за здравство во понедленик ќе назначи нов директор на Клиниката за неврологија откако вчера експресно го разреши професорот Игор Кузмановски, по објавената снимка на социјалните мрежи на која се гледа како меша бела прашкаста материја и коментира за квалитет на кокаин. Од министерството не одговорија на прашањата што е наведено во решението за разрешување, ниту дали ќе побараат од надлежните органи истрага после објавеното видео. ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите впечатоци по синоќешното реми со Белгија. Натпреварот во Гент заврши нерешено 0:0, со освоениот бод, нашата репрезентација го задржа првото место на табелата во пресрет на последните два натпревари од квалификацискиот циклус за Светското првенство 2026. -Можам да бидам задоволен од играта во одбрана, но не и во организација на играта. Извлековме максимум од ...

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален граничен Систем за влез/излез (ЕЕС), кој според очекувањата на Европската комисија би требало да го поедностави и забрза процесот на премин на граничните премини. Сепак, постои загриженост дека воведувањето на ЕЕС во пракса, барем во почетокот, ќе предизвика застои и поголеми гужви при пасошките контроли. ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе го засили притисокот врз Москва, јави ДПА. -Канцеларот му вети (на Зеленски) дека Германија ќе ја продолжи својата поддршка и ќе ја прошири соработката во одбранбената индустрија, изјави владиниот портпарол Штефан Корнелиус. Корнелиус додаде дека Германија, заедно со своите западни партнери, ќе го засили притисокот врз Москва. На ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина, како и ограничувања за извозот на технолошки производи. „Дознавме дека Кина зазела исклучително агресивен став во трговијата и испратила крајно непријателско писмо до светот, со кое најавува дека од 1 ноември 2025 година ќе воведе широки контроли на извозот за речиси сите производи што ги произведува – и за некои ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека добил телефонски повик од новата добитничка на Нобеловата награда за мир, венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо. -Лицето што всушност ја доби Нобеловата награда денеска ми се јави и ми рече: Ја прифаќам во ваша чест, затоа што Вие навистина ја заслуживте, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, без притоа да го спомне името на Мачадо. -Многу убава работа, додаде ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните подрачја ќе има услови за локален слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната ...

Изборната кампања за Локалните избори 2025 година се интензивира пред молкот што започнува во петок на 17 октомври на полноќ и гласањето на 19 октомври. Политичките партии и коалициите одржуваат митинзи, средби со граѓани, а активни се и на социјалните мрежи. Низ 80-те општини и особено во Градот Скопје се забележливи и големи билборди со кандидатите за градоначалници. Независните кандидати ја реаизираат кампањата, генерално, со ...

Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во 1941 година во Прилеп и Куманово. Со ова започна востанието против фашизмот и борбата за ослободување на македонскиот народ. Празникот годинава ќе биде одбележан со свечена академија во Прилеп и доделување на истоимената награда во Скопје. Свечената академија под мотото „На вистинската патека, за татковина со иднина“ ќе се одржи во Центарот за култура ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 11 Октомври во која повикува на обединетост и слотеност. -Живееме во тегобно време на војни и воени закани, срамни за 21 век. Битисуваме оптоварени со суштински проблеми во остварувањето на правото, правдата, хуманоста и солидарноста. Исправени сме пред нови предизвици, несвојствени за демократијата. Од нас се бараат илинденска и партизанска зрелост, мудрост и храброст во ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека има доволно време за Москва и Вашингтон да се договорат за продолжување на договорот за намалување на нуклеарното вооружување Нов СТАРТ за уште една година, „ако има добра волја“. Путин истакна дека се надева оти Русија и САД ќе се согласат да го продолжат Договорот од 2010 година за уште една година. Нов СТАРТ (Strategic Arms Reduction Treaty) е потпишан во 2010 година и е последен ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.83
89%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.1
98%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
89%
1028
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Алуминиум

2.92

Бакар

10.93

Сребро

2105.58

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Платина

62683.26

Злато

139298.91

Паладиум

53788.20

Родиум

258813.51

Цинк

3.04

Кобалт

58.42

Калај

43.15