Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во Франција 74 луѓе се удавиле од 18 јуни, досега, додека земјата продолжува да се справува со топлотен бран и екстремно високи температури што ги оптоваруваат службите за итни случаи и здравствениот систем, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез. Тој за весникот „Паризиен“ изјави дека повеќето давења се случиле во нерегулирани и небезбедни области за пливање, како што се реки, езера и бари, додека смртни случаи се ...
Франција од 24 јуни досега регистрираше околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното поради топлотниот бран, соопшти денеска Националната агенција за јавно здравје, предупредувајќи дека реалниот број на починати ќе се зголеми. „Од 24 јуни, регистрирани се околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, покажуваат привремените бројки споредено со смртните случаи регистрирани во претходните месеци“ – феномен што ги погодува главно луѓето ...
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси е најефикасен по натпреварите по групи на Светското фудбалско првенство 2026. Триесет и деветгодишниот Меси постигна шест гола во групната фаза – хет-трик против Алжир (3:0), два гола против Австрија (2:0) и еден гол против Јордан (3:1). За време на турнирот, Меси стана најдобар стрелец на сите времиња во историјата на Светските првенства, со 19 гола. Второто место во трката за голови на Светското ...
Бројот на загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела се зголеми на 1.430, најмалку 3.238 лица се повредени, додека 3.142 семејства останаа без своите домови, соопшти денеска претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, објави Cи-Ен-Ен. Тој додаде дека по двата главни земјотреси што ја погодија Венецуела во средата, земјата била погодена од најмалку 430 последователни потреси. Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени ...
САД извршија нови воздушни напади врз иранските складишта за ракети и беспилотни летала, како и врз радарските станици лоцирани по должината на брегот на Иран, како одговор на уште едно кршење на договорот за прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран. Ова синоќа на социјалната мрежа „Трут Соушл“ го објави американскиот претседател Доналд Трамп, откако вчера танкер за нафта беше погоден од граната во Ормуската теснина. „Американските авиони ги ...
Кувајт и Бахреин соопштија дека Иран синоќа ги нападнал со ракети и беспилотни летала, откако САД извршија напад врз Исламската Република. Кувајт и Манама ги осудија иранските напади, иако не беше веднаш јасно дали е предизвикана некаква штета. Претходно, Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека нападнала „инфраструктура за надзор, комуникациски системи, цели за воздушна одбрана, складирање беспилотни летала и можности за ...
Единаесетгодишно дете е извлечено живо од урнатините на Карабаледа, на северот од Венецуела, три дена по смртоносните земјотреси што го погодија регионот, објави привремената претседателка на земјата, Делси Родригез. – Пред неколку минути, 11-годишно дете беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела, напиша Родригез на Икс, приложувајќи кон својата порака видео од спасувањето на детето. Новороденче ...
Иранскиот паравоен корпус на Гардата на исламската револуција соопшти дека синоќа ги нападнал Бахреин и Кувајт и се заканил дека „целосно ќе ги запре“ преговорите со САД доколку Вашингтон продолжи да извршува напади врз Иран. Во соопштение објавено од државниот весник „Иран“, Гардата посочи дека ја нападнала Петтата флота на американските поморски сили, како и воздухопловната база „Ал Асад“ во Кувајт. „Но, непријателот знае дека кршењето на ...
Голем студентски протест наречен „Сè се гледа на Видовден“ ќе се одржи денеска во Краљево. Централниот дел од програмата е закажан за 18:00 часот на градскиот плоштад. Студентските организации и Студентите во блокада го објавија точниот распоред и локациите на сите активности за денеска. Вторпат, студентското движење ќе го одбележи празникот Видовден, претходно во 2025 година, голем протест се одржа на плоштадот Славија во Белград. Се ...
Хрватска ноќеска ја победи Гана со 2:1 во третото коло од групната фаза на Светското првенство 2026. Петар Сучиќ го отвори резултатот во 31. минута. Дефанзивецот на Гана, Дерик Лукасен, постигна гол во 73. минута, а десет минути подоцна Никола Влашиќ по асистенција од Лука Модриќ ѝ ја донесе победата на својата земја. На другиот натпревар од последното коло во Л-групата, Англија ја совлада Панама со 2:0. Англија го освои првото место со ...
Со одигрување на последните натпревари од групната фаза, познати се сите учесници во плејофот на Светското фудбалско првенство 2026. Последни кои обезбедија учество во нокаут фазата се Австрија и Алжир, кои одиграа нерешено 3:3 во нивниот натпревар од 3. коло од групната фаза. Австрија, со 4 бода, заврши втора во групата Ј и ќе игра против Шпанија додека Алжир ќе се соочи со Швајцарија. Двојки за 1/16 финалето: Германија – Парагвај Франција ...
Автопатот Прилеп - Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, напиша утрово вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговата Фејсбук-страница. - На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој - додава Николоски. Тој истакнува дека со овој автопат, патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3 - 3,5 ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Според најавите, температурата ќе се движи од 20 до 38 ...
Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и соорганизација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Сонцето од Кутлеш“ - Скопје денеска пред Споменикот на децата бегалци во Паркот „Жена - борец“ ќе се одржи традиционалното одбележување на 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 и 78-годишнината од прогонството на децата ...
Со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународно поетско читање „Мостови“, вечер на Мостот на поезијата завршува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На манифестацијата, на холандската поетеса Анеке Брасинга ќе и биде врачен „Златниот венец“, највисокото фестивалско признание. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата ќе и ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на својот говор пред Собранието, каде се одржa митинг под слоганот „Србија, едно семејство“, нагласи дека ова се неговите „последни денови и недели како претседател на Републиката“. „За мене, ова е веројатно последен пат да ви се обратам како претседател на Републиката. Верно и служев на мојата земја 14 години. Ја сакам Србија повеќе од се друго на земјата. Никогаш не ме интересирале туѓите ...
Посебно тело треба да управува со заштитата на Охридското езеро .Научната фела смета дека наместо да се префрлаат ингеренциите околу грижата ова независно тело формирано од експерти би изготвувало менџмент планови за преземање на чекори за решавање на горливите проблемите со кои години наназад се соочува природниот басен. Со примена на вакон модел на управување на нешто што се развивало скоро два милиони години и претствува лабараторија на ...
Националната фабрика за вештачка интелигенција „Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето. Министерот за дигитална трансформација Андоновски вели дека првата задача ќе биде дигитализација на македонскиот јазичен корпус, а од есен системот ќе почне да се користи и во здравството, енергетиката, земјоделството и јавната администрација. „Во ерата на вештачката интелигенција, малите јазици немаат право на пасивност. Ако не е инвестирано ...
Од први јули стапува на сила целосна забрана за движење во шумите низ земјава, а владата веќе донесе одлука и за прогласување на кризна состојба поради зголемениот ризик од пожари. Казните за граѓаните кои без дозвола ќе бидат затекнати во шумските предели изнесуваат и до 2 000 евра. МВР најавува жесток одговор на терен. За лов на пироманите веќе се активирани дронови, а МВР го засилува и електронскиот надзор во критичните точки. -Во однос на ...
Потврден денга вирус кај пациент кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Станува збор за импортиран случај кај 42 годишен маж од Бангладеш кој дошол во Македонија да работи. Од комарец бил каснат додека бил дома каде и му се појавиле првите симптоми. Кога пред два дена допатувал во земјата, имале систематски преглед од фирмата што го ангажирала и поради неговата здравствена состојба го упатиле на скопските клиники. Директорот ...
Додека домашните возачи внимаваат да не направат сообраќаен прекршок, туристите со странски таблички минуваат низ нашата територија без грижи дали ќе бидат уловени од камерите на Сејт сити. Системот ги евидентира возилата со странски таблички, но нема способност да им го открие идентитетот на сопствениците на возила кои прават прекршоци, ниту е најден начин како да им ги достават казните. Дека циркулираат голем број на странци, особено во ек ...
ЗНАМ не добил понуда да го прифати министерството за земјоделие во замена за позицијата во правда, тврди претседателот на партијата Димитриевски. Што е ставено на маса помеѓу него и премиерот Мицкоски вели ќе стане јасно во вторник до кога треба да заврши и процесот на преговарање. Не се откажува од Минчев и Филков кои според него постигнале резултати, но конечна одлука ќе носела партијата. Со околу 50 функционери во сите ешалони, ...
На македонските откупувачи засега не им требала домашната пченица, затоа што наводно имале залихи од лани. Ова на земјоделците им било соопштено на состанокот кој се одржал пред неколу денови во Министерството за земјоделство. Жетвата треба да започне за неколку денови, а земјелците велат дека ваквите ставови се само тактизирање за да пченицата се купи по мизерни 10 денари за килограм, а не по 16 денари како што барале тие. Сета надеж ...
Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. МИА Авионска дезинсекција против ...
Со силно темпо се работи на Вардариште. Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека, но, сигурно, заминува во историјата, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата фејсбук-страница. -Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од ...
Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 920, а повредени се над 3.300 лица. Повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати. Спасувачките екипи и граѓаните водат трка со времето за да стигнат до преживеаните. „Досега, повеќе од 4.000 лица беа погодени од катастрофата. Вкупно 383 згради се оштетени, вклучувајќи и едносемејни и повеќесемејни куќи“, рече претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. ...
Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран што ја зафати Европа, предупредија експертите од швајцарската служба за мониторинг на глечерите ГЛАМОС. Според податоците на ГЛАМОС, се очекува сезонскиот снег и мраз, наталожени во текот на зимата, целосно да се стопат до понеделник, што би претставувало втор најран „ден на губење на глечерите“ откако се водат мерења. Експертите предупредуваат дека ...
Блискиот Исток е на чекор до отворен воен судир. Шест американски борбени авиони погодија радарски инсталации и складишта за ракети во Иран, како одговор на нападот со дрон врз сингапурскиот голем товарен брод „Евер Лавели“ во теснецот. САД предупреди дека на насилството ќе се одговори со насилство. Реакцијата од Техеран пристигна експресно.Со беспилотни летала беа нападнати американски воени цели во Бахреин, што предизвика жесток револт во ...
Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина Касандра, на првиот крак на Халкидики ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети на плажите, како чадори, лежалки и сл, бидејќи во спротивно ќе бидат тргнати и ќе се третираат како отпад, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината, на Фејсбук објавија „Известување за отстранување“ во кое се повикуваат посетителите најдоцна ...
Според најновите податоци од Европскиот завод за статистика – Евростат, Србија е меѓу европските земји со најниско ниво на потрошувачки цени, кои изнесуваат околу 62,5 проценти од просекот на Европската Унија. Само во одредени држави од регионот е поевтино, како што се Бугарија, Романија и Северна Македонија, додека највисоки цени се забележани во Исланд, Швајцарија, Норвешка, Данска и Ирска, пишува денеска Политика. Сепак, економистите ...