Потпретседателот Фатмир Битиќи, во интервју за ТВ Шења, изјави дека од осамостојувањето на државата па се до последните пет години, многу малку е кажано и направено за економијата во земјава, а фокусот е ставен на политиката затоа што во неможноста да се создаде благосостојба за населението, преку политиката јавноста е дефокусирана. Во Владата има консензус дека нема табу теми во економијата, рече потпретседателот Битиќи и додаде дека секое ...

Резултатите од пробниот период на четиридневната работна недела воведен во Велика Британија, како и одговорите на учесниците во експериментот, покажуваат дека има неколку причини зошто четиридневната работна недела е подобра од моменталната ситуација – една од овие причини е подобар сон. Од вкупно 2.900 вработени кои учествувале во експериментот, 40 отсто од нив изјавиле дека за тоа време имале помалку проблеми со спиењето или несоница, ...

Македонските иселеници кои живеат и работат во ЕУ во 2021 година испратиле во земјава 325 милиони евра, покажуваат податоците на Евростат. Вкупно, од членките на ЕУ преку лични трансфери во други земји кои не се дел од Унијата биле испратени 37,7 милијарди евра. Истовремено во ЕУ како прилив од странство се влеале 13 милијарди евра. Најголем одлив има од Франција 12 милијарди евра, од Италија 6,5, од Шпанија 6,3 и од Германија 6,1 милијарда. Од ...

Демократската унија за интеграција го исполни и даденото ветување пред граѓаните за зголемување на просечната плата и тоа за рекордно време, година и пол пред даденото ветување. Просечната исплатена плата во декември 2022 година изнесуваше 34.364 денари што е за 14,8 отсто повеќе во однос на платата исплатена во декември 2021 година. Демократската унија за интеграција преку многу одговорни економски политики и во време на најголемата светска ...

„Ербас“ планира да вработи 3.500 луѓе во Германија оваа година. „Околу 1.900 од нив ќе бидат потребни за изградба на цивилни авиони, 1.100 во воениот и вселенскиот сектор и околу 500 во фабриката за хеликоптери“, изјави вчера директорот за производство, Марко Вагнер. „Пред сè ќе бидат потребни електричари, механичари и кабински работници, но и специјалисти, експерти за сајбер безбедност и програмери за горивни ќелии и хибридни погонски системи“, ...

Четириест и осум пријави се поднесени минатата година за мобинг на работно место, од кои 33 во јавниот, а само 15 во приватниот сектор. Овие бројки сугерираат на фактот дека мобинг или вознемирување на работно место постои ама ретко се пријавува. Вработените стравуваат дека тоа негативно ќе влијае врз нивното идно работење, истакнаа експертите и учесниците наденешната конференција на која се презентираа резултатите од „Истражувањето за начинот, ...

Во предизборната кампања на Коалицијата Можеме предводена од СДСМ, партијата и тогашниот нејзин лидер, Зоран Заев пред граѓаните ветуваа раст на платите, односно дека мандатот во 2024 ќе го заокружат со минимална плата од 20.000 денари и просечна плата од 34.000 денари. Тоа ветување се надоврзуваше на ветувањето од парламентарните избори од 2016 кога СДСМ ветуваше дека до 2020 година просечната плата ќе изнесува 500 евра, односно 30.000 денари. ...

ТИРЗ ја започнува годинава, исто како што ја заврши 2022, со позитивен тренд на извоз и зголемување на бројот на работни места. Компаниите во ТИРЗ во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години. Во споредба со јануари 2022 извозот е зголемен за 11 отсто, односно за 9 отсто повисок од 2021, и за 45 проценти во однос на истиот месец 2020 година. Позитивниот тренд на раст продолжува и во однос на ...

Европската Комисија му забрани на персоналот да ја користи кинеската апликација „Тик-ток“ од безбедносни причини, по најновиот пример на растечките тензии меѓу Пекинг и Западот, јавуваат медиумите во регионот. Западните влади, според написите, се вознемирени од доказите дека кинеските технолошки компании и помагаат на Комунистичката партија и нејзините разузнавачки служби да собираат огромни количини на податоци ширум светот – со посебен фокус ...

Министерството за економија ќе предложи да се укине мерката за субвенционираната струја за компаниите. Според првичните податоци на институциите, 60 до 70 проценти од компаниите од прехранбениот сектор што ја користат оваа мерка не ги намалиле цените и не го испочитувале договореното. Мерката за субвенционирана струја ќе остане да важи за училиштата и јавните комунални претпријатија. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека се работи на ...

Мажите кои учествуваат во најголемиот светски проект – четиридневна работна недела, поминувале повеќе време со своите деца, велат организаторите. Во текот на шест месеци, започнувајќи од јуни минатиот месец, околу 2,900 работници во 61 компании во Обидинетото Кралство работеле 80 % од вообичаеното работно време, за иста плата, но со ветување дека ќе го дадат својот максумум во работата. Како што пишува CNN, најголемиот број на компании кои ...

„Пари“ бара одговор: Има ли државата капацитет за е-општество и за борба против хакерите? Просечната плата во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности во декември минатата година била 88.192 денари и е за пет проценти поголема во однос на истиот месец лани, покажуваат новите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е втора најголема просечна плата во државата, зад платите во воздухопловниот транспорт, каде што ...

Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) на својата деветта седница ја разгледа Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес” изработена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Седницата ја предводеше претседателот на НСЕИ, пратеникот Александар Николовски, а со свои дискусии и сугестии учествуваа: Гордана Сиљановска-Давкова, пратеничка и членка на НСЕИ; Фиснике ...

Младите сакаат квалитетни работни места кои нудат можности за развој на вештини и треба да бидат соодветно платени. Законот за работни односи треба да ја регурила работата од дома, а флексибилното работно време ќе донесе бенефити и за младите и за работодавачите. Исто така, е потребно да се реализира ветувањето за намалување на персоналниот данок од 10 на нула проценти за вработените во ИТ секторот, како и платена пракса и волонтирање. Ова се ...

На ден 22.01.2023 година на прес пред МВР презентиравме дека се спрема напад и црно сценарио кон СПМ, за да по секоја цена се сопрат синдикалните активности и запознавање на јавноста каде во изминатиов период без влакна на јазикот објективно упатувавме критики за лошото работење и менаџирање на министерството за внатрешни работи. Ќе повториме и сега спротивно на Закон иако тоа е забрането и МВР не може да се меша во работата и дејствувањето на ...

Здравствените работници денеска ја користат паузата за протест преку кој бараат да се потпише Колективен договор за израмнување на платите според последната корекција на минималната плата од 2022 година, како и неисплатениот регрес. Синдикатот на Клинички побара состанок со Владата, со цел да се реши проблемот со покачувањата на платата. Пациентите што ќе дојдат нема да бидат вратени, потенцираат од синдикатот. Освен синдикатот на клинички, со ...

Државниот завод за статистика денес објави дека просечната исплатена нето-плата по вработен за декември 2022 година, изнесува 34.364 денари. И покрај тврдењата на СДС дека го остварила клучното ветување за раст на просечната плата до 34.000 денари, реалната плата е многу пониска, поради инфлаторните движења. Иако е зголемена за 14,8 отсто во споредба со претходната година, поради инфлацијата во декември која изнесува 18,7 отсто, реалната ...

Северна Македонија е предводник меѓу државите од Западен Балкан во спроведување на рамката на политики Гаранција за млади, која овозможува младите лица до 29 години кои не се вработени, да се вклучат во некоја од активните програми за вработување. Гаранцијата за млади од 2014 година е главната рамка на политики во земјите членки на ЕУ за вработување на младите. Македонското искуство во спроведувањето на Гаранцијата за млади беше презентирано ...

Без разлика дали барате работа, па допрва треба да преговарате за висината на вашите месечни примања или пак веќе долго време работите и сметате дека заслужувате покачување на платата, на ваквите ситуации не треба да им се плашите, туку треба да знаете како да се справите со нив. Преговарање за прва плата Доколку сте дојдени на прво интервју, не спомнувајте ја платата, освен ако немате силна причина за тоа или доколку работодавачот не ве праша ...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска имаше работна средба со делегација од Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан (КИФ), предводена од новиот претседател Лулзим Рафуна. На средбата стана збор за планираните активноси на КИФ кои оваа година ќе бидат насочени кон подобрување на конкурентноста на компаниите во регионот за водење на бизнис на единствениот пазар на ЕУ и на трети пазари, ...

Дајте отказ и побарајте работа што ќе ве исполнува и нема да ви предизвикува дополнителни грижи, па дури и ризици по здравјето. Ова се најчестите знаци дека сте заглавиле на работно место што не ви одговара: Не напредувате Со години сте на истата позиција. Не напредувате, ни хиерархиски, ниту во поглед на стекнување нови вештини и знаења. Тоа е јасен знак дека работата што ја имате не ве мотивира и не ве исполнува. Работата ви станала рутина ...

Во специјалната кампања што се води против легалните игри на среќа во Северна Македонија очигледно веќе не се штедат ниту финансиски средства, ниту логистика. Должни сме да ја предупредиме јавноста дека „свиркачи“ ни доставија информација дека одредени центри на моќ, кои имаат бизнис интерес да се затворат легалните игри на среќа во Северна Македонија, служејќи се со манипулација ќе се обидат да внесат немир кај родителите на учениците за да ...

Општата констатација на бизнис секторот е дека даноците во Македонија не се многу високи, а тоа се должи на рамниот данок. Претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров ја потврдува оваа констатација, објаснувајќи дека и кај данокот на личен доход и кај данокот на добивка стапката е иста (10%). Сепак, според него, постои проблем во тоа што во државата најмногу се оданочени платите, додека имотот и ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 34.364 денари и во однос на декември 2021 година, е зголемена за 14,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија за 20,4 проценти, Уметност, забава и рекреација 20,2 отсто и Административни и помошни ...

Вицепремиерот Фатмир Битиќи вчера се обрати на настан за доделување на стипендии за додипломски студии во организација на фондацијата „Албиз”, а во обраќањето рече дека компаниите во земјава се жалат дека огромен број од невработените немаат соодветни квалификации и поради тоа не се конкурентни на пазарот на трудот. „Апелирам дуалното образование да биде клучот на нашиот процес на учење, бидејќи ова е проблематика која не можеме да ја адресираме ...

Вработените на Клинички утре излегуваат на голем протест. Револтот за актуелните состојби во јавното здравство ќе го искажат за време на паузата од 10-10.30 во кругот на комплексот, за да не трпат пациентите и да нема санкции за здравствените работници. Да не се повтори доцнењето на платите, што поскоро да се реализира договореното од пред два ипол месеци за зголемување на платите и средба со Премиерот се главните барања на Самостојниот синдикат ...

Фејсбук статус на Кристина Ампева: Кога работниците за време на короната ги оставаа на законски и незаконски начин на улица, посебно жените, иако државата даваше помош кон фирмите, кажав дека ќе заврши короната еден ден, а работниците ќе паметат. Ќе вратат. Не бев разбрана сериозно. Сега нема работници. Не ги ценевте со децении, им дававте мизерни плати и никакви услови за работа. Си игравте со човечки судбини, егзистенција и велевте ако не ви ...

Воведувањето на четиридневна работна недела без намалување на платите води до позадоволен персонал и зголемен приход за работодавците, покажува најновата британска студија, пишува Тајмс. Поголемиот дел од вработените изјавиле дека имале пониско ниво на стрес и исцрпеност на работа, како и дека земале помалку боледувања во анализираниот период, додека работодавците забележале зголемување на приходите и напредок во задржувањето на персоналот без ...

Содржина За добар дел од луѓето, Шпанија веројатно е „ветената земја“: било да ги посетуваат тапас баровите во Мадрид, да уживаат во уметноста и културата во Барселона или, едностано, да ги впиваат сончевите зраци на Канарските острови. Поради тоа, стигнува добра вест за сите работници на далечина кои бараат промена на средината. Тие сега можат да живеат и работат во Шпанија, ако ги исполнуваат условите на нејзината програма за виза. Визата е ...

Владата на денешната 131-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за февруари, која ќе почне од 27 месецов. -Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24 февруари, а е препорачано деловните банки да обезбедат на пензионерите да може да располагаат со февруарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.51
36%
1011
weather icon

Белград

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
42%
1011
weather icon

Загреб

25ᴼ / 23ᴼ
3.09
46%
1010
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
35%
1012
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.95
38%
1011
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
45%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.63
47%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
38%
1010
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
50%
1010
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
47%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
67%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52