Пекарската индустрија се закани дека нема да произведува леб доколку Владата ја донесе мерката за замрзнување на неговата цена на 33 денари. – Ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот, изјави денеска Горан Малишиќ, престедател на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија по состанокот во Стопанската комора на Северна Македонија. Во саботата министерот за економија Крешник ...

Еден од најважните фактори кои придонесуваат за климатските придобивки од четиридневната работна недела е намалувањето на неопходното патување, се вели во анализа што ја објавува „Би-Би-Си“. Во 2011 година, Сајмон Арсел и другите тројца ко-основачи на тогаш младата консултантска компанија за животна средина Тајлер Гранџ во Обединетото Кралство одлучија на сите свои вработени да им дадат еден слободен ден месечно под услов да работат волонтерска ...

Често слушаме од успешни претприемачи дека „претприемачите се раѓаат“. Ако до сега не верувавте во ова, по приказната за четиринаесетгодишното девојче од Австралија, ќе поверувате. Имено, оваа девојка по име Пикси на 14 години успеала да издејствува еден од условите за пензија во својата земја – кеш. Пикси првично почна да прави лакови пред три години, а потоа отиде чекор понатаму и се проби во светот на играчките. Почнала да заработува повеќе ...

Женскиот фудбалски клуб Арсенал ги зголемил платите за речиси 30 %, покажуваат најновите објавени податоци. Меѓутоа, целиот тим и понатаму значајно помалку заработува од поединечни машки играчи. Вкупната плата за сезоната 2021-22 била 4,3 милиони фунти, што ја дава просечната бројка од 98,000 фунти за фудбалерките и персоналот вон теренот. ФК Арсенал рекол дека сака да „ја развива женската игра на одржлив начин“. Имено, овие бројки ја ...

Заинтересираност има од страна на работниците да донесат нови работници во светиниколските текстилни конфекции АД „Мода“ и ДОО „Камотекст“, а затоа да добијат парична награда од 5.000 денари. Но, менаџерот на АД „Мода“, Ангел Димитров вели дека им доаѓа пред сè неквалификувана работна сила. Доаѓаат пред сè луѓе за рачна работа, кои не се нафаќаат да работат на машина, кои немаат искуство во машинска работа. Значи не сме целосно задоволни од тоа ...

Властите најавија дека деновиве ќе ја замрзнат цената на лебот. Таа нема да изнесува повеќе од 33 денари. Мерката ја најави министерот за економија, Крешник Бектеши. „Во вторник ќе се замрзне цената на белиот и полубелиот леб и нема да биде над 33 денари. Ќе следнат и нови одлуки за замрзнување на цените. Ова е прв чекор во замрзнување на цените на производите наведени во одлуката на Владата. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се ...

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од март ќе изнесува 20.175 денари. Ова значи дека граѓаните со минимални плати добиваат повисоки плати за над 2.000 денари, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата. „Секоја ...

Наспроти најплатените работници во земајва, каде како што објави Фактор убедливо на врвот се работниците од сектор „воздухопловен транспорт“ со 94.537 денари плата. Наспроти нив работниците кој се најдоа во групата топ пет најниски плати, треба да работат четири месеци за да земат колку што добиваат претходно споменатите за само еден месец. Еве ја листата на топ пет најмалку платени работници: Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на ...

Повеќе од 600.000 граѓани ја напуштиле Босна и Херцеговина во последните десет години, покажуваат неофицијалните податоци на Унијата за одржливо враќање и интеграција во Босна и Херцеговина. Од година во година расте бројот на луѓе кои ја напуштиле државата. „На крајот на 2021 година нашите волонтери забележаа заминување на 484.996 граѓани. На оваа бројка треба да се додаде фактот дека во 2022 година кантоните Посавина и Западна Херцеговина ...

Македонија има 705 вработени во болници на 100,000 жители во Европа, покажува графикот на „Рефлектор“. Со тоа е на последното место. Некои од податоците се од 2018/19, а некои од 2020 година, зависно од тоа кога биле евидентирани од Европскиот завод за статистика. Прва на листата е Швајцарија со 2,649 вработени во болници на 100,000 жители. После неа следуваат Обидинетото Кралство (2,248), Норвешка (2,201) и Малта со 2,130. Од регионот, најмногу ...

Потребата од комплетно нов закон за работни односи е одамна утврдена, но измените кои се прават мора да се одраз на современите трендови на пазарот на трудот и динамичните односи меѓу работната сила и работодавачите, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија. За да има задоволни работници потребно е да постојат здрави компании кои ќе работат во економско и деловно опкружување каде ќе има рамноправни услови за сите деловни субјекти. ...

Лекарите и медицинскиот персонал на Клиниката за кардиохирургија на Универзитетската болница Ниш викендов повторно работеа прекувремено за да ги намалат листите на чекање за кардиохируршки интервенции. Тие за два дена извршија 22 интервенции и ова е веќе петти викенд што го работат, доброволно без никаков надомест поради дополнителните часови. – И овој викенд, петти по ред, опериравме пациенти од листата на чекање. За прв пат не работевме во ...

Германскиот производител на хемикалии БАСФ во петокот објави дека планира да укине 2.600 работни места за да ги намали трошоците откако последниот квартал од 2022 година ќе го затвори со загуба. Нето загубата на BASF во четвртиот квартал изнесува 4,8 милијарди евра, објави компанијата. Во истиот период од претходната година работеше со нето добивка од 898 милиони евра. Добивката пред камати и даноци (EBIT) пред посебни ставки е за 69,6 отсто ...

Недостиг на лекари, медицински персонал, хигиеничари, но и друг стручен кадар е еден од најгорливите проблеми, кој веќе една деценија се провлекува низ македонскиот здравствен систем. Во Клиничката болница-Штип за само еден до два месеци си заминале 30 вработени. Во моментов, болницата работи со сто вработени помалку од предвидената бројка или тоа се сто испразнети работни места, открива во интервју за МИА директорот на Клиничката болница во ...

Средната возраст на населението на ЕУ лани била 44,4 години, што е зголемување за 2,5 години во споредба со 2012. Во Северна Македонија, пак, просечната возраст е 41,1 година, а една децени претходно била 36,4, покажуваат податоците што ги објави Евростат. Најмладо население во ЕУ има Кипар со просек од 38 години, а најстаро Португалија (46,8) и Италија (48 години). Во периодот од 2012 до 2022 година, средната возраст на населението се зголемила ...

Пензијата од 3.000 евра е сон на многу работници во Германија. Но, за да оствариш пензија од 3.000 евра треба да заработуваш многу повеќе од просечната плата според сегашните прогнози. Доколку сега сакате да добивате бруто пензија од точно 3.000 евра месечно, според сегашната регулатива ќе треба да соберете 83,29 пензиски поени на запад од државата и 84,46 пензиски поени на исток. Како што објаснуваат германските медиуми, за 45 години стаж треба ...

Психијатар тврди дека промената на работното место на секои десет години е клучна за да се чувствувате исполнети. Насир Гаеми, професор по психијатрија во медицинскиот центар „Туфтс“ во Бостон, верува дека успехот му е најголема пречка на успехот. Тој смета дека луѓето што се чувствуваат удобно на работното место може да престанат да напредуваат и на крајот да се чувствуваат неисполнети. Според Гаеми, за да се напредува, треба да се менува ...

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е подготвен да разговара со претставниците на пекарската индустрија кои бараат од државата да ги субвенционира платите на пекарите, во спротивно најавија поскапување на лебот. Битиќи вели дека до него нема стигнато такво барање, но дека е подготвен за разговор со сите стопански гранки. – Сметам дека како и сите други барања, треба да се разговара со сите стопански гранки, но сметам дека државата ...

Сметам дека за компаниите кои не го почитуваат џентлеменскиот договор меѓу Владата и стопанските комори за намалување на цените на нивните производи, не треба да важи мерката за набавка на електрична енергија по субвенционирана цена, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Доколку нема објективни причини за тоа да не бидат намалени цените и покрај субвенционираната цена на електрична енергија, тогаш нормално дека нема да добиваат ...

Германската компанија „Гересхајмер“ денеска ја претстави изградбата на својата втора фабрика во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 за производи од медицинско стакло и шприцеви за вакцини и во која ќе се вработат 180 лица и каде што просечната плата ќе изнесува над 1.000 евра. Станува збор за инвестицијата од над 126 милиони евра што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на тирзовите во државата, а со досегашните ...

Потребни се 40 вработувања на неопределено време на машиновозачи за да можеме да функционираме, со оглед на тоа дека голем дел од нашите колеги ќе заминат во пензија, вели Тони Димовски, Претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија. Бараат и зголемување на бодот на платите за 30 %. Тој со нас сподели податок дека нив дневно им се потребни 24 машиновозачи за патничките и товарните возови. А, со оглед на тоа дека голем дел од нивните ...

Сте добиле отказ од работа и сега сте во ситуација во која не знаете што да правите. Имате наплив на негативни емоции, мислите дека не сте доволно квалитетни. Надоаѓа депресијата… Ова се работи со кои се соочуваат речиси сите луѓе. Ретко кој не бил отпуштен од работа, дали поради тоа што можеби не се покажал како доволно добар или од деловни причини (технолошки вишок). Токму поради ова, редакцијата на порталот Работник ѝ се обрати на Билјана ...

Американскиот технолошки гигант Мета планира да отпушти илјадници работници како дел од реформата на организациската структура. Мета, која ги поседува платформите Фејсбук и Инстаграм, се подготвува за реорганизација и намалување на големината на компанијата, што може да влијае на илјадници работници. – Компанијата планира да постави и дел од своите менаџери на пониски позиции за да се поправи организациската хиерархија. Се очекува некои ...

Патниците во странство сè повеќе бараат нови, исполнети искуства од патувањето, а во 2023 година трендот уште повеќе ќе се интензивира. Веќе не се задоволни со опциите за одмор, тие сакаат да најдат место каде што ќе можат вистински да живеат како локални жители и да ја впијат автентичната култура и чувството на местото каде што дошле да го истражат. Според новото истражување на водечкиот авиопревозник во Исланд, Icelandair, некои дестинации се ...

240,000 вработени имале полза од бенефитите кои произлегуваа од Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување. Ова, за порталот Работник, го истакна првиот човек на Бизнис Конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков. Идејата да се воведе вакво законско решение била нивна, посочи тој и истата била базирана на законското решение од Република Српска. Но, кај нас овој Закон, кој бил донесен во 2019, од страна на ...

Заради големиот интерес за обука и полагање регулаторот на осигурителниот пазар АСО идната седмица ќе распише оглас за обука и полагање за овластени актуари. На осигурителниот пазар секогаш му е потребен искусен и овластен актуар, а парите не се проблем. Платите на искусните актуари надминуваат 100.000 денари во осиурителната индустрија. Во светот на финансиите на глобално ниво актуарството е една од најпосакуваните 20 професии. Актуарот е ...

Македонија се соочува со дефицит на здравствени работници. Голем е одливот на медицински сестри, односно пет до шест илјади ја напуштиле земјава последниве три до пет години. Согласно податоците од Комората на лекари, како што беше нагласено на протестот пред Клиничкиот центар кој се одржа вчера, 2 200 лекари во последните три години ја напуштиле државата. Здравствените работници деновиве го кренаа својот глас за повисоки плати, затоа што, како ...

Фирмите имаат обврска во име и за сметка на инфлуенсерот да го пресметаат и платат персоналниот данок, додека инфлуенсерите имаат обврска да си проверат во даночната пријава дали е сè платено како што треба. Кога инфлуенсерите и јутуберите рекламираат производи или услуги од домашни фирми треба да имаат склучено договор за повремено или привремено вршење на услуги или авторски договор. За секоја реклама треба да има договор и секој исплатувач ...

Откако отпушти две третини од работната сила, првиот човек на Twitter, Илон Маск, ги собра преостанатите вработени во компанијата во седиштето во Сан Франциско и им кажа дека отпуштањата се завршени, но тоа наводно не е точно. Минатата недела беа отпуштени десетици вработени во Twitter во одделенијата за продажба и инженерство, вклучително и едно кое директно му рапортира на Маск. Оваа информација ја открија извори од компанијата, но ја ...

Цела Европа се соочува со недостиг на работна сила и во висококвалификуваното и во пониското стручно образование. Три четвртини од работодавачите во ЕУ прифаќаат потешкотии во наоѓањето работна сила како во Хрватска така и во Европа. Поради хроничниот недостаток на работници со потребните вештини, Европската комисија ја прогласи 2023 година за година на вештини. На подрачјето на Далмација недостасува целиот спектар на занимања: од градежништво ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1013
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
0.56
62%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
59%
1010
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
48%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.4
54%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
69%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
45%
1011
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
56%
1011
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
2.24
47%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
58%
1009
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52