Бетонот е најкористениот ресурс на Земјата произведен од човекот. Неопходен материјал во градежништвото, доминантен елемент во креацијата на многу светски познати архитекти. Но, за климатските активисти, бетонот е еден од најнепожелните материјали, бидејќи процесот на производство на цемент учествува со 7% во вкупните глобални емисии на стакленички гасови. Токму затоа, ургентно е потребна декарбонизација на цементната индустрија, со цел да се ...

Наградата за архитектура ПОРТА 3 2022 година се додели на архитектите од Одделението за архитектура и од Одделението за урбанизам при Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ. За состојбите во професијата разговараме со Претседателката на КОАИ, М-р Кристинка Радевски. М-р Кристинка Радевски, родена битолчанка, работи и живее во Скопје веќе 18 години. Архитектонскиот факултет го завршила на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ ...

Архитектонското студио Foster + Partners во 2009 година беше избран да го испорача проектот за Центарот за изклучителност на Универзитетот DY Patil за да прими 3.000 студенти, вклучувајќи ги правниот и економскиот факултет. По четиринаесет години, овој голем комплекс лоциран во Нов Мумбај, област во заливот Мумбај, е завршен. Десеткатницата е дизајнирана да ги опслужи наставните методи и етосот на универзитетот, обезбедувајќи висококвалитетни ...

Еволуциски, морските птици не морале да развиваат способност за избегнување на објекти на море. Но, изградбата на ветерните паркови на вода доведе до голем број удари во столбовите и лопатките, што се загрозува бројноста и опстанокот на одредени видови. Авторите на новото истражување предлагаат ветерни турбини во црно – бели пруги, тврдејќи дека тоа на птиците ќе им овозможи доволно рано да ги уочат турбините и да ги избегнат. Професорите ...

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Националната галерија, веќе традиционално, организира тематска изложба посветена на овој ден, воедно, преку овој настан, испраќајќи честитка до сите жени. Овогодинешната изложба, насловена „Мајчинство“- од колекцијата на Националната галерија, ќе биде поставена во просторот на Чифте амам, на 7 март во 19 часот. Изложбата претставува селектиран избор на македонски и странски автори, припадници на ...

Сликата на пионерот на апстрактното сликарство, рускиот сликар Василиј Кандински од 1910 година, наречена „Мурнау со црква II“ (“Murnau mit Kirche II”), минатата недела е продадена на аукција за 37,2 милиони фунти (44,6 милиони долари), што е нов аукциски рекорд за некое дело на овој уметник, објави аукциската куќа „Sotheby’s“. Уметничкото дело, масло на платно со димензии 96 на 105.5 сантиметри, неодамна им беше вратено на наследниците, на ...

Саботажите и експлозиите кои ги уништија гасоводите на Северниот тек, не само што ги заострија односите помеѓу Русија и Западот, туку покренаа и верижна реакција во морската средина која ризикува одредени загрозени видови како бакаларот, конечно да се потиснат преку работ. Ова го потврдува студијата подготвена од Research Square. Тоа е многу загрижувачко за Балтичкото море бидејќи според студијата, експлозиите ја влошиле состојбата на морското ...

Од сите проекти на Френк Лојд Рајт, има само еден осврнет кон океанот: г-ѓа Клинтон Вокер Хаус. Во Кармел Поинт, во близина на градот Кармел, Калифорнија, извонредниот дом штотуку беше продаден за неговата барана цена од 22 милиони долари, неверојатна цена по квадратен метар за областа, според Волстрит журнал. Френк Лојд Рајт ја проектирал истата, во форма на на лак на брод во вода што го користи гребенот. Иако во 1956 година објектот беше ...

Архитектонските студија Robert Hutchison Architecture и Хавиер Санчез Arquitectos соработуваа во проектот за домот кој обработува дождовна вода (La Casa que cosecha lluvia), кој се наоѓа во Темаскалтепек, во природен резерват, во планините јужно од Вале Браво, западно од Мексико Сити. Проектот беше номиниран за финалист на манифестацијата Simon Living Places во 2022 година. Во областа, како и во околниот регион на централно Мексико, водата ...

Оваа интересна куќа со површина од 1000 квадратни метри и неверојатен поглед на море и поглед на шума преку базенот, наречена е La Boyita и се наоѓа во Punta del Esteu, Уругвај. Возвишена и лежерна, La Boyita е луксузна летна резиденција на плажа сместена на шумливиот југоисточен атлантски брег на Уругвај. Осмислена и позиционирана да го подобри погледот, и истовремено да ги зашти надворешните области, резиденцијата зрачи со релаксација и ...

Архитектонска изложба на студентски проекти работени во рамки на Интегративното студио под раководство на Проф. д-р Михајло Зиноски на Архитектонски факултет -УКИМ Скопје, а во соработка со општина Центар. Изложбата ќе се одржи од 6-10 Март 2023, во КСП – Центар Јадро, Скопје. Отворањето е во понеделник (06.03.2023) во 20:00ч. Интегративно студио, 9 семестар 2022 / 2023 год. Тема: Архитектонско и урбанистичко решение за НОВ студентски кампус ...

Спречувањето на загубите на топлинската енергија генерално се занемарува како решение за енергетската криза. Всушност, вишокот на топлина генериран ширум Европа, би можел да го снабди речиси целиот континент со потребната топлинска енергија, без трошење на нови енергетски ресурси. Имено, извештајот кој неодамна го објави реномираната компанија Danfoss, проценува дека само во Европската унија вишокот на топлина е еднаков на 2.860 TWh годишно, што ...

Со доаѓањето на ChatGPT што го освои светот, сè повеќе можеме да слушаме дискусии за тоа како роботите ќе ги заменат луѓето и колкаво влијание ќе имаат вештачката интелигенција и другите нови технологии на пазарот на труд. Ова е дополнително засилено откако снимките од „целосно автоматизирани“ ресторани за брза храна во Америка станаа вирални. Иако вештачката интелигенција и другите видови автоматизација напреднаа, тоа не значи дека роботите ќе ...

И покрај претходните извештаи дека Apple ја откажал работата на телефонот iPhone SE 4, изгледа се поизвесно дека компанијата сепак го вратила во живот овој проект. Познавачите на состојбите велат дека овој модел ќе има OLED дисплеј кој по прв пат ќе биде имплементиран во компаниската буџетска линија телефони, како и 5G модем дизајниран од страна на Apple. Најверојатно телефонот ќе биде еден вид модификација на 6,1 инчниот iPhone 14 модел, а се ...

На неокласичниот Национален археолошки музеј во Атина, ќе се додаде проширување од набиена земја како дел од реновирањето, по проект на бирото David Chipperfield Architects Berlin. Музејот ќе биде проширен со 20.000 квадратни метри простор, како и со зелен парк на кровот наменет за јавноста. Изграден помеѓу 1866 и 1874 година, Националниот археолошки музеј е проектиран од архитектите Лудвиг Ланге и Ернст Зилер за да биде дом на праисториски и ...

На големиот сликар Петар Лубарда и неговото резонантно творештво ќе биде посветен месецов со извонредната изложба која вчера се отвори во Музејот на современа уметност – МСУ во Скопје. Делата на Лубарда се изложени во Скопје четврти пат. Последен пат биле изложени во сега веќе далечната 1998 година, исто така во МСУ заедно со делата на Петар Мазев. Не смее да заборавиме дека во Скопје е и едно од неговите најимпозантни дела „Раѓање на езерото“ ...

Нашето Скопје го прават скопските улици и плоштади, куќи, но пред сè го прават луѓето кои живеат во него, било да се родени тука или се дојдени од некаде. Секој жител на Скопје обележен е со некаков идентитет, одреден со координатите на куќата во која живее или живеел, со улицата во која куќата се наоѓа, со делот од градот во кој растел, дали е покрај Вардар, под Водно, во Карпош, Аеродром или Центар….! Обележен е со изгрејсонцата или залезите ...

Еколошки активисти во Осло, се собраа пред Министерството за нафта и енергетика, на протест поради ветерните паркови изградени на територија на која Лапонците традиционално се занимаваат со сточарство. Имено, изградбата и работата на две вакви електрани им наштетува на пасиштата за изрваси. Врховниот суд на Норвешка уште во октомври 2021 година пресудил дека ветерните паркови на поуостровот Фосен во централниот дел на земјата го загрозуваат овој ...

Единиците се распоредени на начин што овозможува широк поглед на пејзажот, природна светлина и отворени простори. Kengo Kuma and Associates (KKAA) се проектанти на резиденција со повеќе единици на планина со поглед на градот Сапоро, во Хокаидо, Јапонија. Комплексот се развива во хоризонтален распоред, а поединечните станбени единици се вгнездени во падината на ридот и поставени се во скалеста форма, спојувајќи се со пејзажот и топографијата. ...

Архитект Зорица Блажевска, професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје е добитник на наградата за животно дело ,,Андреја Дамјанов“ за 2022 година. Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, како признание за особени достигнувања и личен придонес во равојот на архитектурата и градителството. Дипломирала на Архитектонско-градежниот факултет, отсек архитектура во 1973 година во ...

На иконичната зграда очигледно и треба скапа реставрација, а локалните власти сметаат дека е поповолно да се урне. Гимназијата на профектурата Кагава во Такаматсу од 1964 година, дело на јапонскиот архитект Кензо Танге, добитник на наградата Прицкер, од 2014 година е под закана од уривање, по затворањето поради прокиснување на кровот. Локалниот гувернер, Тојохито Икеда, неодамна потврди дека објектот ќе биде урнат, што предизвика гнев и тага ...

Мартин Купер, човекот кој го измисли мобилниот телефон, ја прими наградата за животно дело на Светскиот конгрес за мобилни комуникации во Барселона, најголемиот саем за безжични комуникации во светот. Држејќи го во раце прототипот на првиот мобилен телефон наречен „цигла“ што го пронашол пред 50 години, Мартин Купер со оптимизам говереше за иднината на мобилната технологија, но и изрази загриженост за ризиците што паметните телефони ...

Чешкото студио Loom on the Moon ja претставува нова мултимедијална изложба, воведувајќи ве во околината на паркот Шато Лешна во градот Злин, кој ја одбележува неговата 700-годишна историја со презентација на инсталации со аудиовизуелен карактер во неговите градини во соработка со писателот Павел Косатик. Павел Косатик е чешки писател, сценарист и публицист. Неговата работа главно се фокусира на модерната историја на Чешка и Словачка. Автор е ...

Индија го одобри својот најголем хидроенергетски проект - Dibang Multipurpose Project, кој би требало да се гради во планинското североисточно подрачје кое граничи со Кина. Проектот ќе го развива компанијата National Hydroelectric Power Corporation (NHPC). Проектот за акумулационата хидроцентрала Dibang со инсталирана моќност од 2880 MW (12 x 240 MW) ќе се гради во округот Lower Dibang Valley во Arunachal Pradesh на реката Dibang. Рокот за ...

Пловечкиот фотонапонски систем во Графенверт е поставен на вкупно 14 хектари површина на две езера, создадени врз јамите за ископување на песок и шљунак. Годишно ќе произведува 26,7GWh електрична енергија, што е еквивалентно на потребите на околу 7.500 домаќинства во тој крај. Постапката во врска со овој проект е исклучително забрзан, соопшти германската компанија BayWa r.e. За само десет недели поставени се 45.304 соларни модули. Покриена е 42% ...

Најскапото шише вода на светот чини 4,6 милиони долари и сигурно ќе им ја задоволи жедта само на милијардерите. Иако основната животна потреба – како што е водата – и зборот „луксуз“ не треба да бидат во истата реченица, навистина живееме во свет во кој сè може да се случи. Спротивно на здравиот разум, најскапата вода на светот е содржина на блескаво уметничко дело и се продава за 4,6 милиони долари. Во принцип, водата за секое шише Acqua di ...

Овој модерен стол за лулање може да се пофали со оригинален дизајн и неверојатна удобност. Неговата лесна, минималистичка форма и материјали кои можат да се рециклираат го прават одличен избор за оние кои сакаат да додадат елегантен и еколошки допир на нивниот дом или отворен простор. Наречен ZHE, овој стол за лулање е елегантно и модерно парче мебел дизајниран со намера да ја задржи својата оригинална форма, но и функционалноста. ...

Дрвените ѕидови може да се преклопат од предната страна на оваа куќа на брегот на Костарика, отворајќи за спалните соби и просторите за живеење поглед на океанот. Ocean Eye House е проект на архитект од Сан Хозе, Benjamin Garcia Saxe, за семејство кое купило локација на западниот раб на полуостровот Никоја, свртен директно кон Тихиот океан. Ентериерот е проектирана како серија меѓусебно поврзани тераси кои обезбедуваат различни погледи на ...

Германскиот производител на автомобили BMW, објави дека планира значително да го намали јаглеродниот отпечаток на своите алуминиумски компоненти. Имено, алуминиумот сочинува една четвртина од емисиите на јаглерод диоксид (CO2) во синџирот на снабдување за електричните возила од средна големина, а на BMW му се потребни околу 600.000 тони алуминиум секоја година. Фабриката во Спартанбург во САД, од идната година ќе добива повеќе од 10% од ...

Во изминатите неколку недели сведоци сме на исклучителната хуманитарна трагедија во Турција и Сирија по трите силни земјотреси: двата во понеделник 6 фебуари 2023 (во 04:17 по локално време во Газиантеп со магнитуда 7,8 и во 13:24 во Кахраманмарас со магнитуда 7,7) и оној од понеделник 20 фебруари 2023 (во 20:04 часот во Дефне со магнитуда 6,4). За првиот земјотрес се смета дека бил со интензитет од XI степени според Меркалиевата скала, а бил ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
66%
1013
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
88%
1015
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1014
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.39
72%
1013
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
89%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.68
60%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
77%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
75%
1013
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
76%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52