Директорот на компанијата „Ренфе“, која е задолжена за железничкиот сообраќај во Шпанија, поднесе оставка, бидејќи за 258 милиони евра се купени возови кои се преголеми за тунелите на пругата меѓу Астурија и Кантабрија. Бидејќи набавката на некомпатибилни возови предизвика бурни реакции во јавноста, оставка поднесе и државната секретарка за сообраќај. Плановите за модернизација на железничкиот сообраќај во северна Шпанија беа објавени пред три ...
Откако пукна резилот беа отпуштени по еден висок функционер од компанијата задолжена за возовите, Ренфе, и од компанијата задолжена за инфраструктурата, Адиф, а деновиве оставка поднесе и државниот секретар за транспорт. За да се корегира грешката возовите ќе треба од ново да се дизајнираат, а нивното пуштање е закажано најрано за 2026. Премиерот на Шпанија порача дека како надомест во двата шпански региона возењето до тогаш ќе биде бесплатно. ...