
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Првиот број на списанието за стрип ЛИФТ („врзувач на светови“) излезе во јануари 1995 година, на 80 страници А5 формат. Во издание на Темплум, уредник беше Пандалф Вулкански (псевдоним на Никола Гелевски). Првата година излегоа пет свески од списанието. Следните години, од 1996 до 2001 излегоа уште седум свески. Еве го импресумот на првиот број: Главен и одговорен уредник: Пандалф Вулкански Графички уредник: Небојша Гелевски Компјутерска ...
Компаниите кои имаат историја на кршење на законите за работни односи и разбивање синдикати добија повеќе од милијарда евра неповратни средства од Европската комисија во последнава деценија, се наведува во извештајот на Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУЦ) која ја нагласува нужноста од поставување социјални услови за добивање јавни пари. Меѓународната конфедерација на синдикатите на 30 јуни го објави овогодинешниот Глобален индекс на ...
Скопје го владее коалиција составена од Левица, ДУИ, ГРОМ и Зелен Хуман Град, а предводена од Данела Арсовска и нејзиното крило во ВМРО-ДПМНЕ… За две години во Скопје не е купено ниту едно ново комунално возило, не е поставен нов контејнер или канта, не е набавен ниту еден нов автобус, или воведена нова услуга од градските сервиси. Интервју со Никола Наумоски, граѓански активист и поранешен шеф на кабинетот на претходниот градоначалник на Град ...
ноќни движења не можам да ти напишам песна има премалку самогласки во твоето име за да опстане во песна какви се всушност тие имиња што завршуваат на согласка што гребе мешавина од тон и шум секако, би ти напишала песна само не знам од каде да почнам ноќта кога исчезна во станот почнаа неконтролирано да никнуваат ѕидови а јас не можев да станам од кревет не можев да ги спречам одлучував во име на сите присутни предмети премногу одговорност во ...
Велосипедизмот секогаш бил препознат како најлесниот начин за стигнување до одредени дестинации преку сите годишни времиња. Со својата едноставност, брзина и лесност на користење, велосипедот се издвојува како идеално превозно средство за градското живеење. Доколку сте во градска средина, гужвите во сообраќај, претоварените паркинг места и гужвите можат да бидат голем проблем. Но, со велосипедот, овие предизвици стануваат минато. Возењето со ...
Судијата Рудолф Картлајн Горе, на ложата, високо над мене, седи англиската кралица. И таа и уште деведесет илјади луѓе заедно со неа ја гледаат мојата драма. Моите помошници, Унгарецот Иштван Жолт и Швајцарецот Готфрид Дајнст, дотрчуваат до мене, јас им покажувам дека сум мирен и дека нема да се откажам. А себеси си велам: Рудолф Крајтлајн, ова ќе го пребродиш или нема да те биде, Рудолф Крајтлајн. Нема таков притисок под кој ќе ја промениш ...
Милан Кундера (Брно, 1929) ја напушти Прага во 1975 година и емигрираше во Париз. Се прослави со романот Шега (прво издание 1965 година во Прага), а својата книжевна генијалност ја потврди со низа дела кои се одликуваат со интелектуална сложеност и книжевна виртуозност. Од романот Бавност пишува на француски јазик. Дела на чешки јазик: романи - Шега (1975); Животот е другаде (1970), Проштален валцер (1971), Книга за смеата и заборавот (1978), ...
Западен Балкан е регион со (пре)големо количество историја по жител, а склоноста на живеење во минатото, поттикнувана од светот на политиката, оневозможува нормален живот на граѓаните, кои треба да бидат свртени кон иднината. Наскоро ќе има ново одбележување на „воено-редарствената“ операција Олуја од август 1995 година, што е само потсетник колку историјата се присвојува на начин што ќе им одговара на нејзините интерпретатори: во Хрватска ...
Со децении научниците веруваа дека првобитните луѓе имале поделба на работата: мажите главно ловеле, а жените биле задолжени да собираат. Ова гледиште не било ограничено само на академици. Често се користело за да се каже дека мажите и жените денес треба да се држат до наводните „природни“ улоги кои ги открило првобитното човечко општество. Една нова студија сугерира дека визијата за првобитните мажи како ексклузивни ловци, едноставно e погрешна ...
На 11 јули во Софија, во најрепрезентативниот изложбен простор на Националната академија за ликовни уметности, галеријата „Академија“, беше отворена групната ликовна изложба „Средба од десетти вид“, на која со свои дела учествуваат: Гордана Вренцоска, Дејан Иванов – Маргуш, Јана Манева-Чупоска, Беди Ибрахим, Маријана Иванова, Перица Георгиев – Пепси, Павел Целкоски, Марјан Ѕингаров, Иво Пецов, Ненад Микиќ, Зоран Мише, Момчил Мирчев, Свилен ...
Би сакал да не те биде. Ваква каква што си, малку е. Ако и ти беа напишани некои писма, Сметај дека станувало збор за грешка. Би сакал да ја нема. Да не биде таква. Ионака само фантазијата Можеше да ја исткае таква. Сега знам: не те бев видел јасно. Таква е вообразбата. Како и би можело да биде, вистина, Изгледно нешто што се завршило. Не остана никаква рана, Ниту е болно нејзиното отсуство. И ниту јас станав помалку ‒ Мене и без неа ме нема. ...
Воведни белешки за поимот на антиродовите движења (стратегии, агенда и извори на финансирање) Што е антиродово движење? Во периодов сведочиме на активно организирање на Македонската православна црква и другите верски заедници против родовата еднаквост и против правата на ЛГБТИ луѓето. Доминира нарацијата дека имаат должност да се мобилизираат за да се заштити семејството и децата, со што се креира морална паника заснована на говор на омраза и ...
Во последниве 10 години се забележани најголеми климатски промени. Најзасегнати се земјоделците и стопанствениците чие производство зависи од природата. Се проценува дека до 2030 година само најголемите светски земјоделски и прехранбени компании би можеле да загубат 150 милијарди долари поради климатските промени, според извештајот на „Race to Zero“, глобална кампања за справување со климатските промени, поддржана од ОН. Истражувањето дава увид ...
Бидејќи индустријата на смртта има монопол на традиционалните церемонии, од кремирање до погреб, независните дизајнери повторно ја реосмислуваат оваа клучна фаза за да ги задоволат новите социјални, еколошки и духовни потреби. Тактилна перцепција, Лиса Мерк Со Тактилна перцепција, Лиза Мерк дизајнира дрвена урна во која се поставени десетици мали урни. Нивната форма, големина и текстура се менуваат, но содржината останува иста. Внатре стои ...
Многу ми значеше тоа што проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ се посветил на мојот текст „Црквата како глас на надеж и пророчки знак?“ објавен на „Окно“. Нашето познанство и пријателствување се одвива повеќе од две децении. Како христијански теолози од две различни конфесии сме разговарале на многу теми. Колку што јас се сеќавам или барем мислам, нашите различни толкувања на библиското и на христијанското наследство биле конструктивни и со заемно ...
Меѓу белешкиве, сè поретки, Една заслужува да биде сочувана; Нема веќе да одолговлекувам, Согледувам, и ова на добро ќе излезе. Долго време, дали знаеше, јас бев ти ‒ ако не знаеше, не чини; ако знаеше, уште полошо ‒ На крајот, благодарение на страниците кои Не ти ги пишував тебе, и јас станував јас во сè помала мера. Да не се биде, и тоа за двајца, никогаш толку работа Не сум имал: да не бидеш наместо некој ‒ и тоа постојано! Но морам да се ...
Неодамна во едицијата „Старо купувам“ на Темплум излезе малата антологија ПЕСНИ ЗА ДРВЈА. Акварелите на Симонида Филипова - Китановска ги илустрираат песните на: Славко Јаневски, Ива Дамјановски, Владимир Мартиновски, Стојан Тарапуза, Олга Арбулјевска, Зоран Анчевски, Рајко Јовчески, Влада Урошевиќ, Николина Андова Шопова, Видое Подгорец, Пандалф Вулкански, Јован Стрезовски, Евгенија Шуплинова, Матеја Матевски, Анте Поповски, Димитар Башевски, ...
Пералната во Белата Палата „укључена“ на вриење. Како детергент за перење сомневање за криминал се користи – македонскиот идентитет. Не треба да има никакво сомневање дека изјавата на Мицкоски дека „спомениците и сите проекти од т.н. проект Скопје 2014 година се создаваа со огромна љубов и патриотски чувства на чинителите“ е инспирирана, или, уште полошо, претходно издиктирана и искоординирана со Будимпешта со цел да се изрелативизира ...
Натрапниците и манипулаторите во инженерското опкружување, доминацијата на личниот над заедничкиот интерес и транзицискиот земјотрес кој овозможи да се изградат нови урбанистичко-архитектонски киклопи,се дел од темите за кои разговаравме со проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет на УКИМ. Тој говори и за ударот на климатските промени врз инфраструктурата, соодветно на тоа и за потребата од менување на стандардите за проектирање ...
На 11.07.2023 (вторник) во 20 часот во НУЦ "Куќа на Уранија" - МАНУ во Охрид ќе биде отворена изложбата на стари фотографии насловена "Охрид 1940 - 45". Изложбата "Охрид 1940 - 45" претставува ретка можност да се видат фотографии од Охрид снимени во период од 1940 до 1945 година од фотографот Јонче Поп Стефанија (1915, Охрид - 1983, Охрид). Фотографиите се изработени од оригинални негативи, на архивска хартија и истите се од колекцијата на ...
Работата како ѓубреџија на Балканот се смета за срам, но во светот е една од најплатените и најценетите работни места. Дури е прилично тешко да се добие таква работа и покрај тоа што не е потребна посебна професионална подготовка. Изгледа сите освен нас знаат колку е важно да се нема ѓубре. Покрај тоа што свеста на луѓето за овој проблем е на високо ниво, и градските власти знаат колку е тоа важно. Во Данска платата на луќето кој се грижат за ...
Маж пијаница одненадеж доаѓа дома и се вовлекува во креветот покрај жена му и нејзиниот љубовник. „Драга, толку сум пијан што ми се чини дека од под јорганот излегуваат шест нозе“, вели тој. „Не грижи се“, одговара жената. „Оди до вратата и повторно погледни оттаму“. Мажот станува, оди до вратата, па се врти кон креветот: „Во право си, сега ми олесна. Има само четири!“ Можеби вицот е вулгарен но пружа едно значајно согледување. Начелно очекуваме ...
Проф. д-р Горан Марковски Извор: Дојче Веле Натрапниците и манипулаторите во инженерското опкружување, доминацијата на личниот над заедничкиот интерес и транзицискиот земјотрес кој овозможи да се изградат нови урбанистичко-архитектонски киклопи,се дел од темите за кои разговаравме со проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет на УКИМ. Тој говори и за ударот на климатските промени врз инфраструктурата, соодветно на тоа и за потребата ...
Кога еднаш ќе ме прекрие темнина, И во темнината кога нема да се наоѓам себе, Напипувајќи го просторот слепо, глупо, И кога снеможен ќе се струполам, без вера ‒ Ќе можам ли тогаш себе да се препознам, Или и понатаму ќе барам некој друг; И во мене нема моето јас, туку тие ќе недостасуваат, Кога веќе, конечно, нема веќе да можам да бидам никој; И како што таму ќе лежам, или ќе лежи некој, Ќе можам ли да видам толку јасно, како сега, Промислувајќи ...
Воркохолик иде на одмор на Ажурна обала. Срцето ми се крши од работа. Тоа одмор да ти било голема работа бе! Имам видено 10 саати спиење како се влечат по улица и 2 саати сонување како прават живот. Пристанав ради исправност, прилегнав ради рамноправност. Стапалата ме одржуваат во жив ôд. Воркохолик иде на одмор на Ажурна обала. Што и да си, во Турција сКушадаси. Сѐ што треба за колоната во која возиш да почне да се движи побрзо е да се ...
Ори Тор е илустратор и видео аниматор кој живее и работи во Тел Авив. Неговото мото е: никогаш не правете подготвителни скици или прогнози во однос на она што го креирате, секогаш импровизирајте! Преку психоделични визуелни елементи, Ори Тор ја развива својата практика на користење на случајното и неочекуваното. Иако е попознат по своите анимирани гифови, Toр сега создава халуцинирани слики кои циркулираат помеѓу импровизацијата и фантазијата. ...
Во градот Скопје постојат многу мостови кои ги поврзуваат различните делови на градот. Точниот број на мостови може да варира поради градежните проекти и промените во градската инфраструктура. Колку го познавате Скопје? Проверете дали ги знаете сите мостови на реката Вардар во главниот град. Мостот „8-ми Септември“ (Мост „Октомвриска револуција“) ги поврзува населбите Карпош и Момин Поток Мостот Близнаци е изграден во обновата на постземјотресно ...
Меѓу клучните обележја на современиот партиски живот спаѓа третманот на „гласачкото тело“ како пазар. Вообичаено партиите ангажираат агенции за истражување на пазарот и потоа тие им соопштуваат што мислат гласачите за одредени теми. Програмите се формулираат и позиционираат на пазарот земајќи ги предвид размислувањата на гласачите. Таквиот пристап на Пи Ар фетишизмот страда од клучен проблем кој би можел да се дефинира и како напуштање на ...
Одеднаш, влезе Директорот. Станавме и додека стоевме растреперени, Директорот пред нас истурка главучесто момче, го смести на празното седало до мене и замина. Момчето имаше крупни очи, маслосана костенлива коса и немирен поглед. Со денови ја вртеше главата кога ќе му го видев опулот. Секогаш доаѓаше прв во класот, а последен си заминуваше. Но, не пишуваше кога предаваа, а ако пишуваше, најчесто чкрташе разноразни фигури. Кога требаше да ...
Со внимание го исчитав текстот напишан од раката на мојот долгогодишен пријател и драг соговорник од редот на протестантските теолози, г. д-р Коста Милков, со наслов „Црквата како глас на надеж и пророчки знак?“ Ќе морам да признаам дека читајќи го текстот се најдов затечен, бидејќи очекував дека ова е последното прашање околу кое би спорел со неговиот почитуван автор. Не затоа што изнесените ставови радикално се разликуваат од моите – сѐ уште ...