
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Тој фатален скопски ден, далечната 1963 покажа дека Скопје е кревок град. Оттогаш, со секој изминат ден Скопје се сеќава на трагедијата која го зафати нашиот град, но и на силниот светски наплив на солидарност кој го издигна Скопје во бастион на хуманизмот и обновата. По тој повод, на 26-ти јули (среда), во 21 часот, Младинскиот културен центар како институција која е дел од проектот за издигнување на пост-земјотресно Скопје, со пригодна ...
На неодамнешната посета на Загреб, во Музејот на Современа уметност, мојот поглед се запре на плакатот дизајниран за Првиот саем на научна фантастика одржан во 1972 година во претходната намена на музејот како Галерија на современа уметност. Дизајнерот на плакатот, Михајло Арсовски, дизајнирал изложбени постери за галеријата повеќе од една деценија и овој плакат бил награден со Златен медал на Меѓународната изложба на плакати во Варезе, Италија, ...
бев принесена жртва чисто лутање волчица во шумите во ноќта на телата Напуштената клада го убива сопственото светло. Заљубената птица ја возвишува песната. Толку волеви суштества во мојата тишина и ситниов дожд што ме следи. Дела и ноќи да ѝ дозволам на жедта да ми биде амблем да стои за единствениот сон никогаш веќе со љубов да не се храни бев принесена жртва чисто лутање волчица во шумите во ноќта на телата невин збор да се изговори. Превод: ...
По неодамнешниот успешен настап во галеријата „Амадлози ” на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами во Флорида, со изложбата „Предци”, македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин ќе се претстави во Букурешт. Во еминентната галерија „ Константин Бранкуши”, сместена во рамките на Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент, нашиот уметник ќе се претстави со нова поставка на изложбата „Табула Раса ”, на ...
Во визуелната цивилизација во која денес живееме се покажува дека врз создавањето на клучните современи планетарни симболи стрипот и графичката литература имаат поголемо влијание од, на пример, книжевноста. Иконографијата на стрипот денес ја проникнува не само поп културата. Иако стрипот извесен период во вредносна смисла се сметаше за најниска културна продукција, за шунд и евтина забава, во последните децении на минатиот век се случија ...
Минатото лето беше најтоплото во историјата на мерњеата во Европа. Жештините беа причина за речиси 62 илјади смртни случаи во вкупно 35 европски земји, а особено беа погубни за женската популација. Ова се резултати од студијата која неодамна беше објавена во списанието Nature Medicine, која ја спроведе меѓународен тим научници предводен од Институтот за глобално здравје од Барселона. Во текот на изминатото лето надлежните органи забележаа ...
Јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец на Земјата во последните стотици, ако не и илјадници години, им рече на новинарите во четвртокот Гевин Шмит, директорот на Институтот за вселенски студии Годард при НАСА, додека постојаниот топлотен бран пече делови од американскиот југ, пренесува Гардијан. Шмит ова го изјави на состанокот во седиштето на НАСА во Вашингтон на кој беа свикани експерти за климата и други лидери на агенцијата, вклучително ...
1. Првото извртување е дека гарантираат целосна безбедност на складирање на јаловината од процесот на вадење бакар и злато. Во нивна недамнешна објава се тврди следното, „Нема никаква основа за каква било грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана." „Никаква основа"!? Само со намера да се излаже јавноста се даваат вакви ветувања. Народната поговорка јасно предупредува кога се ветуваат "Кули и градови". 2. Второто ...
Вчера (20.07.23.) во културниот центар Бруталиск се одржа промоција на антологијата „Скопски Раскази”. Издавач е „Темплум", а книгата е објавена како 138 издание во едицијата Магма. Во антологијата, на 500 страници, се застапени раскази од 66 автор(к)и. Изборот го направија Никола Гелевски и Лидија Капушевска Дракулевска. На промоцијата говореа уредникот и приредувачот Никола Гелевски и новинарот и писател Ѕвездан Георгиевски (застапен во ...
За норвешкиот илустратор и графичар Бјорн Ли, кој живее и твори во Шкотска, неговите „цветни студии“ се начин да се поигра со обликот, шаблонот и симболот, без да се грижи премногу за композицијата. „Поточно, јас ги гледам како дводимензионални скулптури кои имаат одредена физикалност“, објаснува тој. Бидејќи илустрирањето е негова основна занимација, овие дела му нудат можност да истражува и да се изгуби во процесите на изработка без никаков ...
Во моментов во оптек се четири можни сценарија за непосредната иднина на глобалната економија. Три од овие четири сценарија носат сериозни ризици и потенцијално далекусежни последици за глобалните пазари. Најпожелно сценарио е „мекото приземјување“ кое може да се очекува ако централните банки на развиените економии успеат да ја намалат инфлацијата на два проценти и притоа не предизвикаат рецесија. Втора можност е „полумеко“ приземјување, ...
Уметницата Дарија Федорова (со уметничко име Dasha Plesen) од Москва интервенира во процесите на природно распаѓање, акцентирајќи ги текстурите и боите, поместувајќи ги границите на науката и уметноста. Федорова, како голем ентузијаст и експериментатор на ова поле ги врзува јадењата со мувла со разни бактерии и други организми пред да додаде дополнителни елементи како меки топчиња, шеќери и попрскувачи во пластичните садови. Овие произведени ...
Маор Зeбар е моден дизајнер, милинар, кој со изработка на шапки се занимава повеќе од 10 години. Овој дизајнер е вистински специјалист во уметноста на милинарството и неговата експертиза и изработка се врвни. Делата на Зeбар се инспирирани од секојдневната сценографија. Диорамите што тој ги создава претставуваат еден вид бегство, се појавуваат како контраст на понекогаш тешката животна реалност во која разиграните креации внесуваат магија. ...
Освалдо Сориано Зборувајќи начелно, или како што би му одговарало на легендарното Радио Ереван, во принцип, на голманите слава им носи несовладливоста во големите натпревари. Јашин, викан Црн пајак, па Бенкс оф Ингланд, Шилаверт (кој го чита Умберто Еко и кому овој му испраќа книга со посвета), мрднатиот Игита, голманот голгетер Сени, тоа се несомнени примери. Во принцип, да. Ама има еден голман кој, што се вика, светската слава ја стекнал ...
Во четврток (20.07.23.) во Бруталиск (Илинденска 38) во 20 ч. - промоција на антологијата Скопски раскази. По повод промоцијата на Окно пренесуваме еден расказ од книгата, од неодамна починатиот наш пријател Сашо Стефановски (кој се потпишуваше и како Џанго Помалиот). Нешто убаво сабајлево. Станав околу 6. Не се спие. Не знам како ми се чувствуваат другарите, ама јас бајаги растревожен, еве 3-4 дена. Не поминуе. Зиам точакот и прво на бурек, ...
Екстремните топлотни бранови во Европа, Северна Америка и Азија соборија рекорди во градовите околу северната хемисфера помалку од две недели откако Земјата ги забележа, како што велат научниците, најверојатно нејзините најжешки денови во модерната историја. Како што пренесува Њу Јорк Тајмс, температурите, кои погодија толку голем дел од светот одеднаш, беа потсетник дека климатските промени се глобална криза, поттикната од силите создадени од ...
Според извештаите на Амнести Интернешнл, иранската морална полиција ги прогонува жените што не носат хиџаб. Полицијата најави патроли за оние кои „инсистираат да ги кршат нормите“. Според Амнести, сè додека не се укинат сите оние закони и прописи во Иран, што се против човековите права, истото насилство што резултираше со смрт во притвор на Махса (Жина) Амини во 2022 година, ќе продолжи врз милиони други жени и девојки во Иран. Сепак, состојбата ...
Уметничкото движење Арт Брут со својот карактеристичен сензибилитет создава уметност надвор од уметничкиот систем, нарушувајќи го модернистичкиот канон со воведување креативен резултат кој се спротивставува на уредно поставените граници. Низ децениите, поборниците на Арт Брут докажале дека ова движење е од суштинска важност, а некои уметници и нивните дела се спротивставуваат на секаков вид на категоризација. Таков е случајот со Алехандро ...
Културниот Центар Бруталиск се вклучува во одбележувањето на значајниот јубилеј за Скопје со серија настани „Земјотресна Недела“. Започнувајќи со промоции на две книги, а завршувајќи со проекција на документарни филмови на денот на катастрофата, подготвена е и квалитетна музичка викенд програма, како и тематско земјотресно издание на познатиот бар квиз на Бруталиск. Во четврток, 20.07.2023 во 20ч. неделата започнува со промоција на антологијата ...
Кога ме гледаш очите ми се клучеви, ѕидот крие тајни, во страв ми се зборовите, песни. Само ти можеш моето сеќавање да го претвориш во вџашена патничка, неумолив оган. Превод: П. В. Алехандра Пизарник (шп. Alejandra Pizarnik; 1936—1972), родена како Флора Пизарник (шп. Flora Pizarnik), била истакната аргентинска поетеса и една од најзначајнијите латиноамерикански поетски личности во 20-иот век. Нејзиното поетско дело, кое за смета за ...
Живописниот јавен мултифункционален парк во градот Хорзов во Полска ги нагласува разновидните можностите за игра. Дизајниран од архитектонската компанија SLAS, проектот „Activity Zone“ се отвора како една голема бетонска површина со повеќе форми и структури, секоја со своја функција. Игралиштето и опремата за фитнес се пресретнуваат помеѓу уредните терени за топка, седиштата и зелените површини, вклучувајќи ги и веќе постоечките дрвја кои растат ...
По десетгодишни напорни тренинзи во лоши услови, на нерамни терени, 35 годишниот Агрон Хајредини од Тетово, лице со церебрална парализа од Специјалната олимпијада во Берлин се врати со златен медал. Првото место го освои во дисциплината скок во далечина од место. Во неговата категорија беше најдобар меѓу 16-те натпреварувачи ширум светот. Во Берлин се натпреварувал и на трка од 50 метри, на која за малку му „побегнала“ бронзата, па завршил на ...
Пренесено од Дојче веле Очигледно е дека битката против самите себеси ќе ја добиеме. Последните бројки од истражувањата на јавното мислење, но и амбиентот во општествениот дискурс, се прилично јасни – нашето општество се движи во обратен правец од оној кој го пропагираат светските современи вредности. Уморни од кризите, лути на политичките елити, незадоволни од животот, а притоа со сè помала толеранција за рационалното, и сè поголем апетит за ...
Приказната за Пинокио се заснова на погрешната претпоставка дека заедницата во која живее е генерално праведна, а тој е оној кој треба да се искупи за своите гревови. Ништо не е подалеку од вистината, иако ова на прв поглед не е забележливо во романот на Карло Колоди. Пинокио е навидум грешен и за да биде прифатен во оваа навидум праведна заедница, тој треба да ги прифати нејзините вредности, да исполни некои услови, да помине низ некои ...
Цела 2022 година беше во знакот на борбата против инфлацијата. Ја започна Bank of England во февруари 2022 година, а во март се придружи емисионата банка ФЕД на САД со зголемување на каматите, па следеше Европската централна банка во јули. Оттогаш каматните стапки знаат само за еден правец - нагоре. Притоа чуварите на валутите во борбата против инвлацијата не може да ги запре ништо, ни банкарската криза која прво во САД со Silicon Valley Bank ...
Сега да започнеме одново: поставката е јасна, Ти со белите, јас со црните фигури. На мојата страна мрачни сили се борат. Затоа моето битие, само по себе, е објава на војна; Сепак, ти отвораш; за потег во предност везден. Ме збришуваш, конечно, од таблата: Залудно ќе жртвував пион, фигура, Твоите планови не можам да ги надмудрам. Ме опколуваш, јажето се стега, Но со мене, мрачниот, не се мешаш: Ако ‒ да го одложам крајот ‒ направам рокада, Ќе ме ...
Јапонската уметница и дизајнерка Марико Кусумото обликува корали и морски суштества од меки влакна како полиестер, најлон и памук. Прицврстени на лелевите површини или вметнати во воздушестите џебови, самостојните скулптури и декори кои можат и да се носат се транспарентни креации на животни форми, а нивните нежни и деликатни композиции кореспондираат со кревкоста на темата. Оваа уметница кој живее и работи во Бостон има тенденција да ги ...
Пред неколку месеци „Коалицијата за заштита на децата и фондацијата Елеуса“, го донесе, со македонски превод, филмот на Мет Волш „Што е тоа жена?” Емитувањето почна од Струмица и проекциите продолжија низ други градови низ нашата земја. За Мет Волш и филмот слушнав и пред да го донесат кај нас. Мет е познат американски конзервативен политички коментатор, водител на The Matt Walsh Show и колумнист во Daily Wier. На неговиот твитер профил пишува: ...
Центарот за демократски транзиции (ЦДТ) од Подгорица денеска ја објави публикацијата „Цртежи и борби“ (Crteži i borbe), која истакнува одредени детали од историјата на југословенскиот стрип и на моменти од поширокиот терен на културата, за заедно да создадат преглед поврзан со три работи: стрипот, НОВ и Црна Гора. Автор на публикацијата е Лука Ракојевиќ, додека дизајнот го изработи Зоран Кардула (Cardula). Изданието е подготвено во рамките на ...
Фотографот Метју Стерн го измами интернетот со своите Al генерирани фотографии од порцелански камери со ретро дизајн, кои не постојат. Фотографот вели дека фантастичните камери ги генерирал користејќи ја апликацијата Midjourney пред да работи на нив во Photoshop. „На самата генерација ѝ треба помалку од една минута, она на што му е потребно повеќе време е да се создаде добар потсетник, бидејќи делот со обидите и грешките може да потрае со ...