
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Предвидувањата се дека новиот бран во понеделник на Сардинија и Сицилија може да донесе температури до 45 степени Целзиусови, новите рекорди ќе се поставуваат како што ќе почне преку Медитеранот да се префрла топлината од северноафриканското време. Едно од предвидувањата е дека Европа месецов ќе го пробие историскиот рекорд од 48,8 степени Целзиусови, додека Светската метеоролошка организација порача дека екстремното време најверојатно ќе стане ...
Популарниот ЧетГПТ е базиран на системи за машинско учење, но тие системи се водени од човечки работници, од кои многумина не се платени нималку сјајно. NBC обелодени дека OpenAI, стартапот зад ЧетГПТ, ангажира армија нископлатени луѓе за сортирање и обележување на податоци кои се користат во обуката на четботот. Тие тоа го прават за 15 долари на час, што е минималец во некои сојузни држави. „Ние сме мануелци, но немаше да постојат напредни ...
Заклучокот на научниците е дека перформансите на ВИ моделите зад ГПТ-3,5 и ГПТ-4 „значително се разликуваат“. Плус „мултимодал“ моделот на 4-ката кој разбира слики и текст, на тестовите „имал се полоши резултати како што одминувало времето“. ГПТ-4 во март имал 97,6% прецизност во идентификување на прости броеви, споредено со 2,4% во јуни. Иако стојат на резултатите што ги добиваат, научниците не можат да објаснат зошто тоа се случува. И пред ...
Додека ѕидовите со фрижидери за замрзната храна се под синџир, добар дел од останатите полици се заштитени со пластични прегради исто така под клуч. И ако ова порано се правеше за скапи пијалаци и парфеми, сега под клуч се производи како паста за заби и хартиени марамици. Дел од маркетите објаснуваат дека секој ден полнат полици со производи како кармин или лак за нокти, и секој ден крадци ги празнат истите полици. Некои пак крадат храна која не ...
Комисијата ќе го продаде документот на чување во Швајцарската федерална архива на подолг период од вообичаените 30 години „за да се осигураат високи нивоа на доверливост на истрагата.“ Со истрагата ќе бидат опфатени активностите на швајцарската влада, финансискиот регулатор и централната банка се до итното преземање на Кредит Свис од УБС во март годинава. Ова е само 5-та ваква истрага во историјата на модерна Швајцарија, а парламентарците кои ќе ...
„Најголем проблем кога влегуваме во рововите е прескокнувањето на сите лешови што веќе се таму од последните момци што влегле - ова се работи што не се забораваат,“ објаснил Бирн. Кога разговара со Скај њуз, Бирн веќе се пакува да си замине дома по инцидентот што тој го нарекува „последната капка“. Тој добива наредба со својата единица да освои руски ров, и заедно со уште 40 соборци е истоварен во близина на првата фронтовска линија. Таму се без ...
Др. Клаузер е еден од водечките светски авторитети за квантна механика, проучување на материјата и светлината на субатомско и атомско ниво. Во 2010 година ја доби наградата Волф за физика, втора најпрестижна награда за физика по Нобеловата награда. Неговите коментари ќе помогнат да се фрли дополнително сомневање врз и онака неточното но распространето тврдење дека 99% од научниците се согласни дека луѓето се главен фактор за климатски промени. ...
Ганг, кој стана министер во декември минатата година, го нема во јавност од 25 јуни, што се објаснува со комбинација од службени и приватни проблеми. Сомнежите околу Ганг почнаа кога тој не се појави на самитот на АСЕАН во Џакарта, што кинеското министерство за надворешни го оправда за „здравствени проблеми“. Во Џакарта патуваше претходникот на Ганг, Ванг Ји, кој таму имаше средба и со американскиот министер за надворешни работи, Антони Блинкен. ...
Предупредувањето доаѓа од портпаролот на украинската армија, Серхи Херевати, и според него руските сили на северот се составени од 100.000 војници, над 900 тенкови, 550 артилериски системи и 370 ракетни системи. Тие веќе почнале со гранатирање на Купјанск со по 500 проектили на ден. Купјанск е град на некои си 100 километри пред Харков, кој Украинците ги ослободија во офанзивата во септември минатата година. Изјавите на Черевати се потврдени и ...
По спектакуларниот старт и рекордното поминување на границата од 100 милиони нови корисници, последните бројки покажуваат дека Тредс моментално има 23,6 милиони активни дневни корисници, споредено со пикот од 49 милиони. Истите луѓе зад бројките на Тредс, Симиларвеб, тврдат дека просекот на Твитер е 109 милиони дневни корисници. Во врвот на користењето, најголем број од корисниците се на Андроид и од САД, а најдолг просек на користење на ...
Објектот веќе некое време се влече низ локалната администрација откако во 2020 беше одбиен предлогот тој да се претвори во џамија со капацитет за 1.000 верници. По ново, тој во себе освен место за молитва ќе има и исламски центар. Дел од критиките околу отворањето џамијата доаѓаат и од исламските верници за кои е проблематична локацијата која се наоѓа во област полна со барови што служат алкохол, ноќни клубови, геј локали и стриптиз барови. Азиз ...
Иако поддршката била најмала кај младите, сепак анкетата спроведена од француската Цњуз, покажала согласност со идејата низ сите генерации. Најмногу наклонетост кон укинувањето на државјанството имале конзервативците и десничарите, со 91% од испитаниците. Тоа што изненадило била поддршката од 56% од лицата со либерална и левичарско убедување. Единствена група која мнозински била против ова се симпатизери на крајно левичарската Непокорена ...
Неколку месеци по почетокот на војната Русија и Украина потпишаа договор со Обединетите нации за продолжување на извозот преку Црното море, со кој беа извезени вкупно 33 милиони тони житарки. Со договорот Русија гарантираше безбеден премин на бродовите преку Црното море товарени со украински житарки. Како дел од договорот во Турција беше основан Заеднички центар за координација, кој ги проверуваше и монтиорираше бродовите. Со договорот беа ...
Бројките што ги пренесува Њујорк тајмс се од високи американски и европски функционери, и во нив се вклучени и сериозни западни оклопни возила (тенкови и борни коли), кои требаа да бидат клучни за украинската победа врз Русите. По првичните загуби, Украинците успеваат да ја намалат стапката на уништена опрема на 10%, зачувувајќи поголем дел од оружјето за главниот дел од офанзивата. Драстичното намалување на загубите делумно се должи на промена ...
„Знам пријател кој по грешка ги изел и три дена халуцинираше,“ и „мислиш дека одиш право а одеднаш паѓаш на страна,“ се дел од искуствата од јадењето на оваа печурка што локалците ги споделуваат со Си-ен-ен. Минатата година Ботаничкото друштво на Јунан, провинцијата во која расте печурката, во списокот на отровни печурки од провинцијата ја додаде и сортата што и била послужена на Јелен, џијан шу чинг. Ваквото категоризирање предизвикало дебата ...
На самитот во Вилнус оваа недела, лидерите на НАТО порачуваа дека иднината на Украина е во НАТО. Шупливи зборови. Коминикето на НАТО, објавено подоцна, го потопи секое ветување за членство во море од предуслови. Водачите на НАТО ќе ѝ упатат покана на Украина за членство во НАТО: - само по завршувањето на војната; - само ако „сојузниците се согласат и условите се исполнети“; - само ако се задоволни со „напредокот на Украина во однос на ...
Следниот месец ќе се случи развој на настаните за кој малку се зборува а може да заврши со огромни последици за јавниот интернет простор ширум планетата. 25 август 2023 година е датумот до кој големите платформи за социјални медиуми ќе треба да започнат целосно да се усогласуваат со Законот за дигитални услуги на Европската унија или DSA. ДСА, меѓу многу други работи, ги обврзува сите „Многу големи онлајн платформи“ (VLOP - Vеry Large Online ...
Кореспонденцијата што се бара од него е на телефон што тој не го користи од мај 2021, а во исто време тој не се сеќава со „100% сигурност“ кој е пинот на уредот на кој се наоѓа Вотсап апликацијата. До минатата недела Џонсон се обидуваше законски да го спречи предавањето на уредот, тврдејќи дека материјалот е „недвосмислено нерелевантен“. Британската влада имаше рок до 16 часот овој понеделник да и ги предаде сите материјали на истрагата, меѓутоа ...
Анализата што ја пренесува Вол стрит журнал покажала дека сега Иран сам почнал да ги реплицира деловите за дронови кои некогаш биле купувани од странство. „Иранска компанија изгледа развила способност да ископира два дела кои се користат во дроновите а кои порано доаѓаа од јапонски производители на електроника,“ го пренесува Вол стрит журнал заклучокот на британскиот КАР (Conflict Armament Research) кој ги проучува дроновите во Украина. Ова е ...
Во средата ниту еден од играчите на Пауербол не успеа да ја погоди добитната комбинација (23, 35, 45, 66, 67 и дополнителен број 20) па премијата за следното извлекување од 750 стигна до 875 милиони долари. Последен пат Пауербол се падна на 19 април, на ливче купено во Охајо, со награда од 252,6 милиони долари. Од тогаш има 35 извлекувања по ред без ниту еден добитник. Сегашната награда е шести по големина џекпот во историјата на играта. ...
Се работи за најголемата побарувачка на пари од есента 2022 кога Русија објави дополнителна воена мобилизација, која исто така предизвика паника и започна бран на имиграција од земјата. Од Централната банка порачуваат дека вадењето пари не ја нарушило монетарната политика на земјата но и дека тоа ќе биде земено предвид во одлучување на идното работење со комерцијалните банки. Бунтот на Вагнер истовремено ја сруши рубљата на најниско ниво во ...
Британскиот министер за одбрана, Бен Волис, и американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливен, му порачаа на Зеленски дека и тој и неговата држава треба да покажат малку повеќе благодарност за помошта што ја добиваат од Западот. Прво Волис порача дека „без разлика дали тоа ни се допаѓало или не, луѓето сакаат да видат малку благодарност“, дополнително критикувајќи го Зеленски дека има навика со барањата за ново оружје да ги третира ...
Највпечатливиот дел од презентацијата до која доаѓа Вор зоун, покажува дека капацитетот на кинеските бродоградилишта е 23.250.000 тони, наспроти американскиот капацитет од 100.000 тони, или разлика од 232,5 пати Презентацијата ја има разликата и меѓу сегашната и идната состојба на американската и кинеската морнарица (PLAN - People's Liberation Army Navy). Па ако во 2020 разликата била 60 пловила во корист на Кина (категорија која опфаќа се од ...
Поранешниот претседател за глобални вести и забава, Џеси Анџело, за една година (крај на мај 2022 - почеток на мај 2023) наплатил 815.254 долари од Вајс. Друг менаџер, Кори Хаик, наплатил 726 илјади долари, Дејзи-Огер Домингез, директорката на кадрово била со плата од речиси 750.000 долари, а Субрата Де, заменик претседателката за вести, наплатила 779.000 долари. Освен редовните плати менаџерите на Вајс земаат и бонуси во ранг од 50 до 150 ...
Комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, коментирајќи ја одлуката на Макрон да изгаси дел од социјалните мрежи за време на немирите во Франција, објасни: „Кога има содржини што шират омраза, содржини што повикуваат, на пример, на револт, што повикуваат на убивање и палење возила, тие се должни веднаш да ги избришат овие содржини.“ Бретон тука го цитира Законот за дигитални сервиси на ЕУ кој треба да почне да важи во Унијата од 25 ...
Извештајот главно опишува како администрацијата на Бајден не доволно го испланирала военото повлекување од Авганистан и како не успеала да го предвиди хаосот што се случи. Меѓу хајлајтсите од извештајот кој го подготвува Стејт департментот се: - Немало доволно разбирање на највисоко ниво за можните најлоши сценарија и колку брзо истите можат да се случат. - Иако предвидувањата варираат, се до падот на Кабул, најголем дел од процените се дека ...
Дел од арсеналот на Бајден го пренесува Аксиос според кои американскиот претседател често знае да избувне со викање и пцовки на своите соработници. „Приватната избувливост покажува многу покомпликувана слика на Бајден како менаџер и претседател, наспроти неговиот внимателно одгледуван имиџ на добродушен чичко кој сака Рејбан очила и сладолед,“ пишува Аксиос. Дел од соработниците дури веруваат дека за Бајден би било многу подобро доколку тој ...
Се работи за случај во кој земјоделец одговорил на текст порака во која компанија му понудила да откупи 86 тони лен по цена од 12,73 долари за бушел. Купувачот на земјоделецот по порака му испратил и слика од договорот, барајќи од него „да му го потврди договорот за лен“. Земјоделецот на ова му вратил емоџи од палец нагоре. Кога дошло време за испорака земјоделецот не го исполнил својот дел од договореното и не испорачал лен, главно затоа што во ...
„Ги повикувам сите овие држави кои прават Турција да чека пред вратата на Европската унија повеќе од 50 години. Прво, дојдете и отворете го патот за Турција во Европската унија, па ние ќе го отвориме патот за Шведска, исто како што направивме за Финска,“ порачал турскиот претседател. Првата реакција на портпаролот на владата на ЕУ беше дека зачленувањето во НАТО и ЕУ се различни процеси, и дека секоја земја кандидат е оценувана врз основа на ...
Дипломатскиот притисок што Украина моментално го врши не е само колку за галама, туку нејзината желба да биде дел од НАТО се очекува да биде централен дел од дебатата која ќе се води на НАТО самитот во Вилнус. Самото тоа што влегувањето во НАТО доаѓа со ветување од Алијансата дека сите сојузници ќе се борат и ќе загинат еден за друг „подразбира многу реална можност за војна (вклучително и нуклеарна војна) со Русија“. „Токму можноста за ваков ...